
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Татјана Димитровски изјави дека по допрен глас оформиле предмет во однос на патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон на Самитот на НАТО и испратиле допис до Генералниот секретаријат на Владата со барање да им биде доставена целокупната документација. – ДКСК има надлежност да проверува како се трошат парите од буџетот на државата, односно од даночните ...
Прво задолжување на државата од речиси 48 милиони евра на домашен пазар по формирањето на новата влада. Денеска на Македонска берза излегуваат нови државни обврзници со рок на враќање од 15 години. Министерството за финансии ја издало пред една недела. Според информацијата од берзата, овие хартии од вредност се без девизна клаузула. Емисијата е со вредност од 2.947.340.000 денари (47,87 милиони евра). Издадени се 294.734 обврзници со единечна ...
Приходите во Буџетот се проектирани на 5,17 милијарди евра, за околу 130 милиони евра повеќе од основниот Буџет. Сето тоа во услови на намалена економска активност годинава, односно со проектиран раст на домашниот бруто производ од 2,1 отсто наместо првично проектираните 3,4 отсто. Владата стокми ребаланс на Буџетот кој ќе тежи рекордни 5,89 милијарди евра (постојниот е околу 5,5 милијарди евра), со огромен буџетски дефицит кој од 585 се ...
На температури кои надминуваат 40 степени цистерната на ЈП ПОЦ освен наутро започна да ги мие улиците и навечер. Градоначалникот на Општина Центар смета дека освежувањето на жешкиот асфалт и миењето на прашината е исклучително важно за граѓаните и пешаците, а миењето во ноќните часови ја отстранува насобраната нечистотија и штетните бактерии и вируси особено покрај контејнерите кои на високи температури брзо се размножуваат. Вчера вечер ...
Поради порастот на температурите во летните месеци станува неподносливо да се живее во европските градови. Пристапот до разладени домови и објекти отпорни на климатските промени, како паркови и базени, не треба да биде ограничен само на оние што можат да си ги дозволат. Епохалните топлотни бранови, година за година, станаа новото нормално во Европа. Како што е случај со болестите и со природните катастрофи, иако жештината сите нè засега, ...
Пациентите можат самите да се прегледаат, особено да посветат внимание на експонираните делови – лице, глава, ушни школки, раце, нозе, грб. Тоа е првиот чекор што го советуваме, кога ќе забележат промена која им е различна, нова да се јават кај првиот дерматовенеролог. Следува макроскопски преглед да се види промената. Со дермаскоп се гледа структурата на промената и врз основа на тоа се прави разлика дали е бенигно, малигно, што понатаму, вели ...
По којнае кој пат пред советниците на Советот на Град Скопје се најде предлогот за набавка на нови еколошки автобуси, но овојпат видоизменет, без обврска за кредитно задолжување на Градот, туку со средства од градскиот буџет. Предлогот го достави и образложи градоначалничката Данела Арсовска која посочи дека дури по изјавата во медиумите на претседателот на Советот, Трајко Славески разбрала кој е проблемот поради кој две и пол години советниците ...
Целиот Балкан и делови од Источна Европа се под топлотен бран од почетокот на јули, а се предвидува дека горештините ќе траат уште две недели, пишува метеоролошката служба Severe Weather Europe (СВЕ). – Ова е историски топлотен бран со дневни температури кои го надминуваат прагот од 40 степени Целзиусови. Најинтензивен е на Балканскиот Полуостров и во Источна Европа. Морињата во медитеранскиот регион исто така стануваат жешки и на места ...
Моментално се одвива најмасовното гасење досега на пожарот кај Неготино, кој се прошири и на планината Серта. Во моментов четири хеликоптери и ер трактори вршат гаснење на пожарот и од воздух, на планината Серта од неготинска страна. Пожарот што избувна во средата околу 10.30 часот е се уште активен и денеска се гасне од земја и воздух. Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов во изјава за МИА нагласи дека се прават максимални напори за ...
Се почести се поплаките од граѓаните за нередовното собирање на сметот од градските улици кој освен што е извор на непријатна миризба, на овие температури може да биде извор и на зарази. Покрај контејнерите за комунален отпад, неретко такви места каде се натрупува отпад се и контејнерите за селекција на отпадот од пакување на Пакомак. Во врска со ова прашање, од Пакомак не информираа дека тие соработуваат повеќе од 14 години со Градот Скопје и ...
Врз основа на поднесено писмено известување од МВР-СВР Скопје Одделение за увиди на сообраќајни незгоди, за настан во кој возач на автобус на ЈСП Скопје на 8 јули изгубил контрола врз возилото за јавен превоз, отишол во лево и удрил во бетонска жардиниера на булеварот “Гоце Делчев”, при што со телесни повреди биле евидентирани возачот на автобусот и двајца патници, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет и презема дејствија за ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го повикува Град Скопје редовно да го чисти ѓубрето во општината особено за време на високите температури. Герасимовски алармира дека вреќи и купишта ѓубре има на многу делови во општината од кои се шири неподнослива миризба. „Вреќи и куп ѓубре околу контејнерите не само што е лоша слика за гледање туку на овие високи температури тоа е потенцијална зараза и неподнослива смрдеа. Минатото лето ...
Граѓаните кои секојдневно се возат во автобуси се сведоци за состојбата на возилата, и на „државните“ и на приватните, но немајќи друга подобра алтернатива мора да ги користат такви какви какви што се. Бараат барем автобусите да бидат редовни. На пеколни жештини скопјани и понатаму чекаат дури и по еден час автобус, а потоа кога конечно ќе го дочекаат се возат во неклиматизирани возила, препотени и изнемоштени. Ретки се автобусите каде има ...
Земјите од регионот сè уште се под метеоролошки предупредувања за топлотен бран, цела Црна Гора и Босна и Херцеговина се во „црвена фаза“, како и делови од Хрватска, а предвидените температури на места ќе достигнат и над 40 Целзиусови степени. Кога станува збор за Хрватска, најтопло утрово беше во Дубровник, 27,5 степени. Хрватските метеоролози прогнозираат дека горештините ќе продолжат и во вториот дел од неделата, особено на Јадранот, додека ...
Здружението на медицинските сестри, техничарите, акушерките и стоматолошките сестри „За нас“ будно го следи случајот на тримесечното бебе со модринки по прегледот на Детската клиника и очекува виновникот за целата ситуација дека ќе се посочи со име и презиме. Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението „За нас“, денес повика пред да се посочи вина кај кого било да се почекаат податоците од стручната комисија формирана да го истражи ...
Од денеска почнува да важи целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Така предмалку соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, при што додадоа дека владиниот ресор ја одобрил ваквата мерка по барање на ЈП „Национални шуми“. „Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор“,соопштија од ...
Климатските промени во нашиот регион ќе предизвикаат уште повисоки температури, суши, поплави, но и спротивни екстреми, предупредуваат климатолозите. Многу делови од светот се борат со катастрофални пожари во последните недели, а Балканот е меѓу оние кои се најтешко погодени. Огнот уништи огромни области во Турција и Грција, додека пожарите, во помала мера, беснеат и во Северна Македонија, Косово, БиХ и Хрватска. Прогнозираните температури на ...
Пожарот на планината Серта е активен на три локации, а тежок пожар има и во Ново село, во близина на границата со Бугарија на планината Огражден. За справуввање со пожарите стаса помош од Турција, хеликоптер и ер трактори, кои веќе гасат во Ново село, додека еден полициски хеликотер гаси на Серта, информира денеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. „Од копно гасат пожарникари, вработени во јавни комунални ...
Средното стручно образование е поатрактивно за упис на идните средношколци, отколку гиманзиското. Во првиот уписен рок за учебната 2024-2025 година соодност на запишани ученици е околу две третини, наспроти една третина, односно 73,8 отсто се запишани во стручните училишта, а само 26,2 отсто во гимназиите во земјава. -Во двете пријавувања вкупно се запишаа 15.481 ученици, од кои 11.428 ученици во стручно и 4.652 во гимназиско образование, велат ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. UV=10 Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен. Како што ...
Од свадбените традиции што се одржуваат за време на целокупната свадбена свеченост во селото Галичник најмногубројни и најзначајни се оние во куќата на момчето, бидејќи во неа ќе живеат младоженците. Поради тоа и тие се најкарактеристични од овој семеен церемонијал поврзани со многу обреди и симболи, особено со култот на врховното божество, култот на предците, како и со церемонијалот иницијација. Тие имаат цел да му обезбедат среќа и ...
Во моментот активни се осум пожари низ територијата на државата: кај Неготино во атарот на селото Кањалево, Ново Село, на Огражден, Гевгелија -кон Кожуф, Прилепско, с. Црнилиште, Штипско меѓу селата Драгоево и Селце, Конче с.Горно И Долно Лаповиќ, општина Велес с.Јаболчиште и општина Штип помеѓу с.Драгово и Селце. „Дел од силите се се уште на терен, но како што паѓа ноќта се повлекуваат, а некаде според процена на пожарникарите ќе се остават ...
Неформалните работници во Северна Македонија сочинуват 11.8% од вкупно вработените лица, но половина од нив се концентрирани во земјоделството, од кои доминантен дел се неплатени семејни работници. Други два важни сектори за неформалните работници се градежништво и трговија. Тие обично работат во мали фирми, функционирајќи како самовработени лица или неплатени членови на семејството, често заработувајќи плата под минималната. Овој вид работници ...
Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, прогнозира за денес Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне во западните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степена. Индексот на ултравиолетовото зрачење ќе биде 10. Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена ...
За многумина безнадежно место од каде треба да се бега што подалеку, струшкото село Луково за велешанката Елена Весова Колоска е место за мир и позитивни вредности. Како дипломиран професор по латински јазик, која живеела и работела во Скопје, не сакајќи животот да и се сведе на повторувачко и монотоно урбано битисување, со сопругот, кој е по потекло од Луково, одлучиле да го променат начинот на живот и да и се вратат на природата и традицијата. ...
Во текот на летната сезона, оставањето на одредени предмети во вашиот автомобил може да биде ризично и опасно не само за вас, туку и за вашиот автомобил. Додека летото е во полн ек, еве што треба да избегнувате да чувате во вашиот автомобил во текот на најтоплиот период од годината, пишува „Калибер карвош“ (Caliber Carwash). Пластични шишиња Шишиња со вода, шишиња за бебиња и други пластични садови не смеат премногу долго да стојат во врел ...
Во изминативе години, граѓаните на Македонија станаа сведоци на многубројни критики од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон претходната влада на СДСМ, особено во однос на транспарентноста и користењето на државните ресурси. Тие беа најгласни за патувањата на ќерката на поранешниот премиер Димитар Ковачевски во Ватикан, но и САД. Сепак, најновите случувања сугерираат дека истите практики кои беа критикувани сега повторно се појавуваат под новото раководство. ...
Итната медицинска помош бележи интервенции за 10 до 15 колапси дневно, како и интервенции за зголемен број на сообраќајни незгоди. – Викендов, имаме интервенирано на 10 сообраќајки, од нив седум, во петокот. Колапси на јавни места – работно место, автобуска станица, автобуси и така натаму, паднати по скали, се вкупно 15 интервенции, од кои повеќето се во работен ден, поточно во петокот имавме вкупно осум интервенции, вели во изјава за МИА доктор ...
Со театарската претстава „Безгрешна – Immaculata “ на Словенечкиот народен театар од Марибор вечерва започнува драмската програма на годинешното 64. издание на фестивалот „Охридско лето“. Монодрамата на актерката Наташа Матјашец Рошкер ќе се одигра во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Драматизацијата и адаптацијата се на Ливија Пандур и Томаж Пандур, сценографијата на Марко Јапељ, а костимографијата е дело на Лео ...
Светските лидери го осудија пукањето врз републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, инцидент што ја разбранува предизборната кампања во САД и ги зголеми стравувањата од дополнително политичко насилство. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш „недвосмислено“ го осуди она што ФБИ го опиша како обид за атентат. „Генералниот секретар недвосмислено го осудува овој чин на политичко насилство. Тој ги испраќа своите ...