Виена се смета за еден од најубавите градови во светот за посета, но и за непобедливо најдобро место за живеење. Австрискиот главен град е прогласен за најдобар град за живеење во светот трет пат по ред на годишното рангирање на „Economist Intelligence Unit“ (EIU), пренесува „CNN“. „EIU“, сестринска организација на „The Economist“, рангира 173 градови низ светот според бројни значајни фактори како што се здравјето, културата и животната средина, ...

Американскиот претседател се состана со семејството во Кемп Дејвид по катастрофалната дебата минатата недела Семејството на Џо Бајден го повика да остане во трката по катастрофалниот дебатен настап минатата недела, според извештаите во американските медиуми, додека високи демократи и донатори изразија огорченост од тоа како неговиот персонал го подготвил за настанот. Претседателот се собра со своето семејство во Кемп Дејвид во неделата, каде што ...

Христијан Мицкоски денеска од Бутел ја коментираше изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер, која рече дека нема репреговарање на Договорите од Преспа и со Бугарија за влез во ЕУ. „Договорот од Преспа ние кажавме уште пред многу години дека е реалност, и дека е дел од уставниот и правниот поредок на Република Македонија и не треба да се има дилема, а што се однесува до уставните измени, кои се дел од францускиот предлог кој е додаток ...

Градот Скопје е добитник на награда од Младинскиот климатски акциски фонд, за отворањето и успехот на првата јавна биотехнолошка лабораторија во Македонија и регионот на Град Скопје со поддршка на УНДП и УНИЦЕФ, кој Градоначалничката Данела Арсовска го претстави на COP28 Локалниот самит за климатски активности. Град Скопје е добитник на награда од 50.000 долари за иницијативи предводени од младите за рециклирање или намалување на отпадот, од ...

Откако излезните анкети покажаа дека екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Лепен постигна историска победа во првиот круг од парламентарните избори, Ројтерс ги презентира можните сценарија за вториот круг од изборите во Франција, на 7 јули. Како функционира тоа? Изборите за 577 пратенички места во Националното собрание на Франција се одвиваат во два круга. Право на глас имаат 49 милиони гласачи. Во изборните единици каде што ...

Како што информира постојаниот претставник на Унгарија при ЕУ, Балинт Одор на прес-конференција во Брисел на која ја презентираше унгарската програма за претседавањето со блокот, Будимпешта има седум приоритети. Унапредување на политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан, зајакнување на заедничката одбрана и подобрување на европската конкурентност, се трите врвни приоритет на претседавањето на Унгарија со Европската Унија во ...

Личните интереси настрана и одлуки што ќе бидат за општото добро на сите – членовите, граѓаните и државата. Ова го вети д-р Венко Филипче кој синоќа беше избран за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори. „Многумина сакаат да ја видат СДСМ клекната и поразена. Се надеваат дека партијата нема да опстане и се ситат на изборниот пораз. Ветувам дека ќе го вратиме достоинството на партијата, а они кои се надеваат на лоша иднина на партијата, длабоко ...

Сметките на потрошувачите на електрична енергија на регулираниот пазар, односно на домаќинствата и на малите потрошувачи, од денеска до крајот на годинава, за најголем дел од потрошувачите, ќе бидат повисоки за 0,4 отсто. Одлуката за минималното зголемување на цената во четвртокот ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Како што посочи претседателот на РКЕ Марко Бислимоски по носењето на одлуката, цената на електрична енергија за ...

Во Македонија се вози брзо, без дозвола, на црвено и под дејство на алкохол. Овие прекршоци се помеѓу најчестите фактори за незгодите со тешки последици. Анализата на МИА покажува дека возачите често не носат појас, паркираат на недозволено место и користат мобилен телефон додека управуваат со возилото. Ова ја отсликува сообраќајната култура кај нас која надлежните ја оценуваат како ниска. МИА го анализираше вкупниот број на дел од прекршоците ...

Зголемениот временски период на чекање на граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од државата е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија, информираат од Министерството за внатрешни работи -Воедно, Ве известуваме дека граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба, ...

Заврши чистењето на четвртиот лот од малата депонија со линдан во ОХИС. Во периодот од март до јуни ископани се 450 тони на HCH отпад и 250 тони земја контаминирана со линдан. Целата количина е спакувана во специјализирани буриња во кои ќе се транспортира на конечно уништување. Од Министерството за животна средина информираат дека 240 тони линдан ископани од четвртиот лот се веќе извезени, додека остатокот ќе биде извезен до крајот на месецов. ...

Емоционалната интелигенција често се наведува како една клучна вештина за професионален успех, но се чини, исто толку е важна и во љубовта и односот кон партнерот воопшто. Кенди Виенс е авторка на книгата „Имунитет против исцрпеност: Како емоционалната интелигенција може да Ви помогне да изградите отпорност и да ја залечите Вашата врска со работата“ (Burnout Immunity: How Emotional Intelligence Can Help You Build Resilience and Heal Your ...

„Имаше полицајци на фестивалот Мери Џејн во Берлин, обезбедување на влез и излез. Самиот организатор на фестивалот ги охрабруваше посетителите да си ги донесат своите бонгови од дома, се пушеше насекаде во таа затворена зона. Консумацијата на канабис во јавни простори во државите каде што е легализирано не е дозволена, нема да те уапсат само ќе те прекорат. Обично тоа се прави во приватни простори, во домот или некаде со друштво каде што си ...

Општина Центар објави анонимен конкурс за избор на идејно решение за проектирање нова општинска зграда. Со изградбата на општинската зграда, старите и дотраени бараки во кои сега се наоѓа општинската администрација ќе се заменат со функционален, современ и рационален комплекс што треба да ги задоволи не само општинските, туку и реалните потреби на жителите кои гравитираат во овој простор. Идејното решение, покрај задолжителните критериуми за ...

Во најновата анкета на „Внимание“ ги прашуваме граѓаните, што мислат, дали се ближи ли крајот на светот? Мислењата се навистина поделени, како и во однос на прашањето: Дали ни се заканува Армакедон од трета светска војна или е веќе почната? „Крајот на светот се ближи некако често последниве години, никако да дојде“; „Армакедон веќе живееме, културолошки Армакедон“; „Против матриксот се бориме ние“, велат граѓаните. И на прашањето „Што е ...

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, за време на вчерашниот Европски совет ги информирал неговите колеги за прекршување на Преспанскиот договор од страна на претседателката, Гордана Сиљановска Давкова и премиерот Христијан Мицкоски. Мицотакис рече дека двајцата во пракса го игнорираат договорот и избираат да користат друго име, а не уставното за внатрешна употреба. Тој се закани дека ако Скопје продолжи со тоа, ќе го направи исклучително тежок, ...

Светското првенство во јадење коприва се одржува секоја година во Англија, a oваа година учествуваа околу 30 луѓе од различни делови на светот, меѓу кои Велика Британија, Холандија и Соединетите Американски Држави, пишува „Пункуфер“. На Светското првенство во оваа необична дисциплина, кое се одржа минатиот викенд на фармата за јаболковина во Вејтон во близина на англискиот град Бридпорт, беше поставен нов рекорд во јадење на сирова коприва. Том ...

Вчера во познатото грчко туристичко место Неа Флогита, било пронајдено изгубено тригодишно девојче од Србија, по кое претходно беше упатено апел дека е само и дека не може да ги најде своите родители. Девојчето било пронајдено од македонски државјанин, како што пренесуваат српските медиуми. На објава на Фејсбук групата „Grcka info“ биле оставени преку илјада коментари, а со помош на споделување и на мрежите и на медиумите, биле пронајдени ...

Силното невреме кое вчера попладне ја зафати скопската котлина, предизвика материјална штета, а повеќе пријави и известувања од граѓаните се добиени на Единствениот број за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во ЦУК, утрово во 03:22 часот, добиена е пријава за паднато дрво врз три возила, како и на коловоз на ул.„Разловечко востание“ бр.16 (Општина Карпош). Се наведува дека дрвото паднало поради силниот ветер и обилните ...

Самитот на Европскиот совет заврши во Брисел, каде лидерите на ЕУ ја предложија актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за кандидат за нов мандат на чело на ЕК, естонската премиерка Каја Калас за кандидат за Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, а поранешниот португалски премиер Антонио Коста за претседател на Европскиот совет. Именувањето на Фон дер Лајен и Калас на функцијата претседател ...

Гугл, наводно, создава нови чет-ботови со вештачка интелигенција базирани на познати личности и влијателни лица. Оваа идеја не е ништо револуционерно, бидејќи стартапите како Character.ai и компаниите како Мета веќе имаат слични производи. Познатите чат-ботови на Google ќе се напојуваат од семејството на јазични модели Gemini на компанијата. Google веќе се обидува да формира партнерства со влијателни и познати личности, а исто така работи и на ...

На Олимписките игри во Париз, коишто ќе се одржат од 26 јули до 11 август, ќе учествуваат повеќе од 15.000 спортисти од 206 земји. Тоа, земајќи ги предвид и целокупните национални тимови, е огромен готвачки предизвик, а организаторите најавија дека 80 отсто од сите јадења ќе бидат направени од намирници и состојки што виреат токму на тоа подрачје. Покрај тоа, нешто повеќе од 60 отсто од храната ќе биде без месо, а 33 отсто се предвидува да биде ...

Многу луѓе имаат проблеми со болки во долниот дел на грбот. Иако повеќето ќе изберат да се одморат и да избегнуваат ненадејни движења за да избегнат болка, неодамнешното истражување покажа дека физичкото движење, особено одењето, може да помогне со овој проблем. Како што известува Psychology Today, сè повеќе истражувања покажуваат дека останувањето физички активни и избегнувањето на седентарен начин на живот ја намалува фреквенцијата на ...

Минатата година беше година за соларна енергија, бидејќи глобално беа додадени 447 GW нови соларни електрани – речиси двојно повеќе од 239 GW додадени во 2022 година, соопшти здружението SolarPower Europe. Вкупниот соларен капацитет во светот достигна 1,6 TW во 2023 година, а SolarPower Europe предвидува дека светот ќе достигне два теравати соларна енергија до крајот на оваа година. Соларната енергија развива најбрзо од сите обновливи извори на ...

Деновиве низ медиумите кружи добра вест дека повторно заживува идејата за воспоставвување на градски железнички превоз во Скопје. Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“- Скопје ја поздравува оваа идеја, бидејќи железничкиот градски превоз е докажано еколошко транспортно решение во борбата против климатските промени. Преку него се намалува зависноста од приватните автомобили, потребата од широки булевари и огромни ...

Вчерашното отворање на изложбата на фотографии од настапи на гитарскиот маестро Влатко Стефановски во „Мала станица“ беше вистинско културно случување. На јубилејното 10-то издание на фестивалот „Скопје синема сити“, кој веќе една деценија негува музички документарни филмови и посветено работи на одржување на урбаната сцена во градот, се претставија фотографии на Стефан Рајхл, Ангел Ситновски-Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и ...

Тромбозата е опасна состојба која се јавува кога крвните садови се блокирани од згрутчување на крвта. Тогаш постои опасност згрутчувањето на крвта да се откине и да го блокира протокот на крв до виталните органи. Сепак, постои навика која помага да се спречи формирање на згрутчување на крвта. Според кардиологот Дарина Курбанова, важно е да пиете најмалку литар и половина вода дневно и да се движите. „На секои 40 до 50 минути правете кратки вежби ...

Фестивалот на европската литература „BookStar“ 2024 денеска го објави визуелниот идентитет на своето 10-то издание, што годинава ќе се одржи од 30 септември до 3 октомври на повеќе локации во Скопје. Фестивалскиот слоган, кој секоја година креативно предизвикува на ангажман и размислување, е „Преобразба“ (The Metamorphosis), и е инспириран од делата на Франц Кафка. – Во годината кога се навршуваат сто години од смртта на еден од најголемите ...

Кинотеката на Северна Македонија соопшти дека во месец јули ќе бидат прикажани остварувања од нашата национална кинематографија, со постар, но и со понов датум на реализација. Како што најавија, ќе биде прикажан филмот „Жед“ на филмскиот и театарски режисер Димитрие Османли. Станува збор за втор долгометражен игран филм во продукција на Филмско студио – Скопје и на дистрибутерската куќа „Македонија филм“. Меѓу другото, во Кинотеката во јули ќе ...

ОРегулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека универзалниот снабдувач ЕВН Хоме соодветно го применил тарифниот систем при изготвување на одлука за нови цени, распоредувајќи ги трошоците по блокови на начин што цената на електрична енергија за 88% од домаќинствата кои се во прв и втор блок се зголемува за 0,4%. „За 88% од домаќинствата ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
36%
1011
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
51%
1011
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
6.69
57%
1014
weather icon

Софија

29ᴼ / 24ᴼ
1.54
33%
1011
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
1.19
27%
1010
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
2.06
71%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
5.66
42%
1009
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
45%
1009
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
37%
1009
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
35%
1010
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
54%
1012
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
8.75
44%
1008
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048