
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



На Твитер, Илон Маск сподели интересно видео создадено со помош на вештачка интелигенција, а станува збор за модна ревија на која главни ѕвезди се политичките лидери. Ревијата ја отвора папата Франциск, кој е во слично издание како на фотографиите со вештачка интелигенција кои претходно станаа вирални, на кои тој носи преголема бела јакна и има бела чанта во раката. Едно од највпечатливите изданија секако е она на Владимир Путин, кој на оваа ...
Медитеранот можеби ве потсетува на луксузни одмори и вкусни оброци, морска храна и бескрајни песочни плажи, но ова море станува сѐ позагадено, пишува CNN. Повеќе од 87 отсто од Средоземното Море, кое се протега од Атлантскиот Океан до Африка, Европа и Азија, е загадено со микропластика и други загадувачи, вклучувајќи токсични метали и индустриски хемикалии, според извештајот на Светскиот фонд за природата од јули 2024 година. (WWF). На глобално ...
Помалку пари за гасификација, за патна инфраструктура, за изградба и реконструкција на училишта. Повеќе средства за железница, нова милионска ставка за општините, за дигитализација. Пред пратениците е новиот ребалансиран Буџет, прв со потпис на новата влада. Во дел од ресорите има позначајни поместувања во Развојниот буџетски дел со кој се опфатени капиталните инвестиции. Порталб.мк во првиот дел на анализата ги става „под лупа“ ресорите кои ...
Времето денеска ќе биде сончево со променлива облачност, а во попладневните часови наместа со со повремен дожд и грмежи, информираат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, додека максималната ќе достигне од 31 до 38 степени Целзиусови. УВ=8. Во Скопје времето ќе биде сончево и умерено облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 23, а максималната ќе достигне до 37 Целзиусови ...
Освен зголемениот дефицит во Буџетот, државата од месецов ќе биде позадолжена за дополнителни педесетина милиони евра кои ќе бидат обезбедени преку издавање на државна обврзница, која Министерството за финансии ја издало на 11 јули, а рокот за доспевање е 11 јули 2039 година и 15 години. Во четврток ребалансот на Буџетот ќе се најде на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет, а треба да биде усвоен најдоцна до првата недела од ...
Топлотниот бран што го зафати главниот град ги натера скопјани да се разладуваат на секаков можен начин. Изминатиот период беше значително зголемена потрошувачката на вода, бидејќи оние граѓани кои не заминале да се разладуваат на езеро, планина или море, во домашни услови се разладуваат наводнувајќи ги дворовите, полнат базени… Но, само оние кои имаат доволно вода за тоа. Поради зголемената потрошувачка на вода во Скопје, Јавното претпријатие ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за јули изнесува 60.570 денари и во споредба со јуни трошоците се зголемени за 245 денари. Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека според новата методологија на пресметување на синдикалната кошничка, со изнајмен стан од 60 кавдарати трошоците се зголемуваат на 75.945 денари. Вообичаено, најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22.008 денари, додека ...
Младиот Јан Стојановски го освои првиот златен медал за Македонија на 8. Европската олимпијада по физика, која од 15 до 19 јули година се одржуваше во Кутаиси, Грузија. „Не се сомневавме дека ќе го донесе првото историско злато од оваа олимпијада, имајќи ги предвид неговото знаење од физика како и досегашните освоени награди на олимпијадите по физика: сребрен медал на 7. Европска олимпијада по физика минатата година во Хановер, Германија, ...
Според информациите со кои расплага директорот на ЈСП, Драги Кушовски, во моментов на улица нема неисправни автобуси на градското претпријатие. Така вели во интервју за ТВ Телма, кое доаѓа во месец во кој еден градски автобус се запали, друг се излизга на жардиниера, синдикатот обвини дека во промет се пуштаат неисправни возила, а редакцијата на „360 степени“ објави две истражувачки стории – дека е истечено каско осигурување за возилата на ЈСП и ...
Македонија има голем број села, кои изобилуваат со природни убавини, но и споменици на едно минато време. Во тој пејсаж се надополнуваат густата дабова шума и ридовите на Плакенска планина, врвовите на Илинска Планина и Бигла, пасторален живот исполнет со задоволства што ги дава природата, се уште далеку од цивилизацијата. Такво е демирхисарското село Слошетица, кое е родно место на нашиот книжевен великан Петре М. Андреевски, но и дом на далеку ...
Актуелниот претседател на САД Џо Бајден вчера објави дека ја повлекува својата кандидатура на изборите закажани за во ноември и ја поддржа потпретседателката Камала Харис како кандидатка на Демократската партија, пренесува Радио Слободна Европа. „Иако имав намера да барам повторен избор, верувам дека во најдобар интерес на мојата партија и земја да се откажам и да се фокусирам исклучиво на исполнување на своите должности како претседател до ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. UV=8 Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава ...
Ребалансот на буџетот влезе во Собрание. Со ребалансот на буџетот се предвидува јавниот долг на државата годинава да достигне рекордни 9,2 милијарди евра, односно 68,2 проценти од бруто домашниот производ. Ребалансот предвидува буџетската дупка годинава да се зголеми за нови 180 милиони евра. Намалени се очекувањата за раст на економијата од 3,4 на 2,1 отсто. Според текстот на ревалансот, се крати од здравството, финансиите и одбраната, се ...
Скопје од година в година е се понаселен но и се попосетуван град, а тоа најмногу се забележува по сообраќајните метежи кои станаа скопско секојдневие. Покрај застоите поради државни делегации, поради градежни зафати или сообраќајни несреќи, сообраќајот во Скопје дополнително го комплицираат и несовесни возачи, кои возат, паркираат, претекнуваат каде сакаат и како сакаат. За само неколку минути камерата на 24инфо „улови“ десетици прекршоци ...
Во изминатото деноноќие биле евидентирани вкупно 35 пожари на отворено од кои 23 се изгаснати. Како што информира ЦУК, се уште активни се пожарите меѓу селата Драгоево и Селце и селата Пухче и Пиперово во општина Штип, пожарот кај армискиот полигон Криволак во правец на штипското рамниште, а од неготинска страна е ставен под контрола, како и пожарот кај селото Бадилен во општина Ново Село. Активни пожари има и меѓу селата Габровник и Мокрени и ...
Во Велес и околината има поголем број диви депонии. Надлежните велат не може да се даде прецизна бројка, бидејќи иако ги чистат, повторно никнуваат. Ги има на повеќе локации, во градот, надвор од него, а токму дивите депонии се една од причините за пожари, кои се актуелни деновиве поради високите температури. Од Општината за МИА посочуваат дека секоја година од 2021 се спроведува генералка викенд, но сепак проблемот со дивите депонии останува. ...
Во државите на Балканот деновиве се бележи рекордно висока цена на електричната енергија Големопродажната цена на електричната енергија на пазарот во Македонија во вторникот достигна цена од 691,11 евра за мегават-час, што во тоа време беше најскапо во Европа, покажуваат податоците на веб-страницата „Енерџифлукс“. Во тој период (вторник во 20 часот), пазарната цена на струјата во Бугарија и во Грција чинеше 650 евра, во Србија 693,16, во ...
Се поголем број влади и институции тврдат дека зад големиот технолошки дефект што ги погоди компаниите и системите ширум светот, не стои хакерски напад, а виновникот го наоѓаат во софтверот на компанијата за кибер безбедност CrowdStrike. Светските авиокомпании, аеродромите на најмалку четири континенти, здравствените системи, банките, телекомуникациите, медиумите и други компании, институции и организации денеска се соочуваат со потешкотии во ...
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов вчера заврши на инфузија откако вдишал чад при гаснењето на пожарите. Оваа вест на својата Фејсбук страна ја објавија пожарникарите од Струмица кои му меѓу другото му се заблагодарија и за наградата од 10 илјади денари за секој припадник на противпожарните едници. „Ниту фотографии ниту видеа и прес конференции, Градоначалникот Костадинов беше рамо до рамо со нас пожарникарите и несебично помагаше ...
Повеќе од 12 часа делови од Скопје, особено делови од Ново Лисиче се без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град. Засега нема официјална информација кога домаќинствата ќе добијат струја. Според информациите објавени синоќа причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија се два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“. Екипи на Општина Аеродром вчеравечер работеа на ...
Економиите на Западен Балкан треба колективно да инвестираат најмалку 37 милијарди долари во следната деценија за да ги заштитат граѓаните и имотот од сè поштетните ефекти на климатските промени, се заклучува во регионалниот Извештај за климатски промени и развој (CCDR) на Светска банка. Спроведувањето на соодветни мерки за одговор на климатските промени може да донесе огромни придобивки за Западен Балкан. Овие инвестиции би помогнале да се ...
Паднати дрвја, искршени гранки, по невремето проследено со силен ветер и дожд во Скопје.Поради силното невреме кое го зафати Скопје и дел од кровна конструкција заврши на далновод. “Да се известат дежурните служби дека од невремето во сред населба Хиподром на високонапонскиот далновод има закачен дел од кровна конструкција”, стои во објавата на социјалните мрежи. Кровната конструкција која ветрот ја оддува се заплетка во каблите од ...
Германската Асоцијација за Југоисточна Европа на 4 јули му ја додели наградата за солидарност за новинари за 2024 година на Џабир Дерала, новинар, писател, аналитичар, и активист за човекови права. Тој е претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода и главен уредник на медиумската платформа на организацијата. „Како соосновач и прв човек на истакнатата организација за човекови права ЦИВИЛ, основана во 1999 година, Дерала ја нарави организацијата ...
Иако денес многу луѓе имаат климатизери, не секој ги има. Многумина немаат ни привилегија да работат во климатизиран простор. Пред да станат вообичаени клима уредите, луѓето користеле различни методи за да се оладат во текот на топлите летни месеци. Дрвјата со дебели крошни даваа природна сенка. Температурата во сенка може да се намали за 15 степени или повеќе. Луѓето често одмараа во природна сенка во најтоплиот дел од денот. Некои дури и ...
Републиканците беа забележани како носат завои на своето уво во знак на поддршка на поранешниот претседател Доналд Трамп. Трендот започна по инцидентот на политичкиот митинг во Пенсилванија кога напаѓач отвори оган, повредувајќи го поранешниот претседател на десното уво и трагично убивајќи еден од присутните . Мотивот зад пукањето се уште се истражува. Трамп за првпат се појави во јавност по инцидентот на конвенцијата во понеделникот, ...
Советот на Скопје ги прифати сите 19 предлози за намалување на загадувањето на воздухот кои ги предложи првото Граѓанско климатско собрание на Скопје. Иницијативите се со различен рок на имплементирање, од неколку месеци до неколку години. Скопјани предложиле мерки како редовно миење на улиците, засадување на повеќе дрвја, подобрување на велосипедската инфраструктура и да се врати изнајмувањето велосипеди, но и долгорочни проекти како изградба ...
Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Татјана Димитровски изјави дека по допрен глас оформиле предмет во однос на патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон на Самитот на НАТО и испратиле допис до Генералниот секретаријат на Владата со барање да им биде доставена целокупната документација. – ДКСК има надлежност да проверува како се трошат парите од буџетот на државата, односно од даночните ...
Прво задолжување на државата од речиси 48 милиони евра на домашен пазар по формирањето на новата влада. Денеска на Македонска берза излегуваат нови државни обврзници со рок на враќање од 15 години. Министерството за финансии ја издало пред една недела. Според информацијата од берзата, овие хартии од вредност се без девизна клаузула. Емисијата е со вредност од 2.947.340.000 денари (47,87 милиони евра). Издадени се 294.734 обврзници со единечна ...
Приходите во Буџетот се проектирани на 5,17 милијарди евра, за околу 130 милиони евра повеќе од основниот Буџет. Сето тоа во услови на намалена економска активност годинава, односно со проектиран раст на домашниот бруто производ од 2,1 отсто наместо првично проектираните 3,4 отсто. Владата стокми ребаланс на Буџетот кој ќе тежи рекордни 5,89 милијарди евра (постојниот е околу 5,5 милијарди евра), со огромен буџетски дефицит кој од 585 се ...
На температури кои надминуваат 40 степени цистерната на ЈП ПОЦ освен наутро започна да ги мие улиците и навечер. Градоначалникот на Општина Центар смета дека освежувањето на жешкиот асфалт и миењето на прашината е исклучително важно за граѓаните и пешаците, а миењето во ноќните часови ја отстранува насобраната нечистотија и штетните бактерии и вируси особено покрај контејнерите кои на високи температури брзо се размножуваат. Вчера вечер ...