Тревис Гингер, наставник по Земјоделство од американската сојузна држава Минесота, одгледал тиква тешка тон и 121 килограм. Тој победи на натпреварот којшто секоја година се одржува во Калифорнија. Американските медиуми известуваат дека 51. Светско првенство во тиква се одржало во заливот Халф Мун, јужно од Сан Франциско. Учествувале земјоделци и одгледувачи од различни делови на земјата, пренесува „Коустсајд њуз“ (Coastside News). Победникот ...

Од денеска, без официјално отворање, во Музејот на современата уметност – Скопје може да се погледне изложбата „Откривања: Дела од шпанската колекција на МСУ – Скопје“ Kуратори се: Владимир Јанчевски, Благоја Варошанец и Ива Димовски. Исто така, дел од тимот на МСУ кои работеа на изложбата и на каталогот се и Јулија Манојлоска, Јадранка Милчовска, Љупчо Иљовски и Нада Прља. Со оваа поставка сe одбележуваат 30 години од воспоставувањето на ...

Најновиот филм на Тамара Котевска, „Патување пеш“ ќе се прикажува на уште пет светски филмски фестивали, соопштија денеска од „Охо продукција“. Како што се појаснува во соопштението, покрај новите потврдени прикажувања во официјалната селекција на уште пет фестивали во светските метрополи Токио, Лос Анџелес, Лондон, Париз и Фолкстон, се најавува јапонска, но и домашна дистрибуција на филмот. – Филмот е во официјална селекција на Фестивалот на ...

Општина Аеродром деновиве го почнува спроведувањето на есенската дератизација за уништување на глодачите на целата нејзината територија, информираат од Општината. При дератизацијата ќе бидат опфатени 3.000 шахти, со 9.000 мамци, а ќе бидат вклучени сите основни училишта и градинки во општината. Есенската и пролетната дератизација, велат од Општина Аеродром, претставуваат мерка за заштита на населението од појава и ширење болести што ги ...

Платата во ЈП Улица и патишта – Скопје не е исплатена за месец септември на вработените иако постои информација дека Град Скопје на ЈП Улици и патишта пред десетина дена префрлил повеќе од 40 милиони денари, реагираа со соопштение до медиумите. вработени во ЈП Улици и патишта. Како што наведуваат во соопштението, новоназначениот ВД директор, Ванчо Умленски, наводно го преземал компјутерот од секторот за Финансии и сите средствата ги пренасочил ...

Како дел од ЕУ проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“, утре во хотел Лимак со почеток во 9 часот ќе се одржи конференција Обезбедување на одржливост на реформите за подобрување на образовниот систем“. Модератор на конференцијата ќе биде Валентин Нешовски, експерт за комуникации во проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на ...

Национална конференција „Вработена Ромка = Независна Ромка“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, во рамки на проектот „Вработена Ромка=Независна Ромка“. Проектот е финансиски поддржан од шведската фондација Kvinna till Kvinna, чија главна цел е долгорочно зголемување на учеството на Ромките на пазарот на труд, преку унапредување на националните и локалните политики за вработување. На ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79, ...

Девет лекови вредни девет милиони евра, меѓу кои за висок притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција, стануваат дел од Позитивната листа. Како што информира денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, станува збор за девет генерици претставени преку 87 лекови. – Се работи за 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања што имаат активна регистрација во нашата држава, девет генерици претставени преку 87 лекови. Помеѓу нив, опфатени ...

Граѓаните да пратат фотографија и локација од бездомните кучиња на кои им е потребен третман и згрижување, доколку забележат дека животните немаат ушна маркица што значи дека не се третирани досега. Ова е апел на Ана Агро, прифатилиштето за бездомни кучиња во Тетово кое од минатиот месец почна со работа со цел решавање на проблемот со бездомни животни. -Ве известуваме дека граѓаните можат да пријават бездомно куче без ушна маркица на следниот ...

Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 49 пожари на отворен простор, од кои во моментов 12 се активни, седум се под контрола, 30 се изгаснати, соопшти ЦУК. Активни пожари: 1. Општина Македонски Брод 1: Јасен – Белица (борова шума); 2. Општина Кочани и Општина Македонска Каменица: с.Пресека– с.Цера (борова шума и папрат); 3. Општина Ресен: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на ...

Трет ден се гасне пожарот на врвот Буковиќ, на планината Влаина, атар на село Негрево, општина Пехчево. За гаснење на пожарот како што информираа од Доброволното противпожарно друштво „Пехчево” денеска вклучени се повеќе помагатели за што изразија голема благодарност за нивната помош. -За гаснењето де заслужни нашите херои од ДПД ,,Пехчево”, ДПД Кочани, ДПД-Виница, ТППЕ Берово, ТППЕ-Кавадарци, заедно со Шумска полиција. Потоа вработени во ...

Во сообраќајната несреќа што се случи вчера кај Блаце, во која загина едно лице, а едно е повредно, учествувале автобус на ЈСП Скопје со број 81 и два автомобила при што еден од возачите избегал од местото. Како што соопшти МВР, вчера околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на патот Шуто Оризари – Горно Оризари со сервисна улица која го поврзува патот со ул. „Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу ...

Триесет и двегодишен скопјанец утрово е приведен бидејќи со запаливо средство опожарил мотоцикл сопственост на неговата мајка. – Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје утрово во 5:00 часот го лишиле од слобода А.М. (32) од Скопје, бидејќи се сомничи дека околу 3:30 часот, по претходна расправија со неговиот 55 – годишен татко, во дворот од семејната куќа со запаливо средство опожарил мотоцикл сопственост на ...

Општина Кисела Вода ќе отвори нова градинка во Потстаница. Со донесена одлука од Владата на Република Македонија, Општина Кисела Вода правно го презеде управувањето со објектот кој претходно припаѓаше на ЈЗУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје, соопштуваат од Општина Кисела Вода. Оттаму наведуваат дека објектот во наредниот период ќе претрпи темелна реконструкција и ќе биде уреден според сите стандарди кои се бараат за една ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево денеска поднела кривична пријава против Д.Т.(57) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, казниво по член 227 став 5 од Кривичниот законик. Како што соопштија од МВР, пријавениот во повеќе наврати, на 15.07.2024, на 30.07.2024, 02.08.2024, на 05.08.2024 и на 07.08.2024 во ...

Без електрична енергија денеска од 11 до 15 часот ќе бидат корисниците од Горно-Долно Соње, Ракотинци, Јаесен, Атинци, Варвара, Говрлево, Брезница, Каменоломи, Јаболци, Дражилово, Црн Врв, Малчиште и Елово во општина Сопиште. Според известување од ЕВН Македонија АД, во периодот од 9 до 15 часот денеска струја ќе немаат и корисниците од Зелениково, Таор, Студеничани, Морани, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, ...

Во гаснењето на големиот пожар кој од вчера беснее кај дебарското село Татар Елевци, денеска се вклучени и два „ер трактори“, кои со вода се снабдуваат од Дебарско Езеро. – Во договор со Центарот за управување со кризи, и Дирекцијата за заштита и спасување, во гаснењето на пожарот се вклучија и два „ер трактори“ и се надеваме истиот во текот на денов да го ставиле под контрола. Бидејќи имаше опасност да се прошири до селото, најпрво гасневме на ...

Од вкупно 46 пријавени проекти, „МСУ- Скопје ремек дела за сите” е единствен македонски проект, избран уште во првиот повик за грантови од „Фондот за културно наследство на Хедли за Југоисточна Европа“ за 2024 година, преку „Балканската мрежа на музеи“ (BMN). Членовите на стручната евалуациона комисија едногласно заклучија дека МСУ- Скопје е еден од водечките музеи во државата и затоа е од суштинско значење музејот да започне со трансформација ...

Унгарската Влада ќе испрати три противпожарни возила како помош за Македонија во справувањето со пожарите. Ова го потврдил унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во разговор со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски, пренесува унгарскиот портпарол Золтан Ковач. „Со летните топлотни бранови жал ни е што слушаме за огромни шумски пожари во нашето пошироко соседство. За жал нашите северномакедонски пријатели сега се соочуваат со ...

Сребрен медал освои Петар Мирчевски од прилепската гимназија „Мирче Ацев“, а бронзен – Марио Ванчоски од гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип на 56. Меѓународна олимпијада по хемија која утре завршува во Ријад, Саудиска Арабија. Успешно се претставија и средношколците Иван Костевски од „Славчо Стојменски“ од Штип и Елена Живаљевиќ од гимназијата „Јахја Кемал“ од Скопје. Ова е прво сребро за Македонија на светскиот натпревар. Ментори на тимот ...

Единствениот Македонец која ја добил стипендија PGSM за магистерски студии на познатиот универзитет Сорбона во Франција е младиот Лука Хаџи Јорданов. Овој универзитет на Шангајската листа е 4-ти во светот за студии по математика. Тој, исто така, аплицирал и бил примен на Оксфорд, 3. по ред на Шангајската листа за математика Лука се натпреварува по математика уште од осмо одделение и досега бил на околу 50 олимпијади. „На околу 30-тина имам ...

Топлотниот Африкански бран продолжува и во следниот период во Македонија, сепак, поради преместување на поладен атмосферски фронт на висина, за време на викендот очекуваме дестабилизирање на атмосферата. Токму ова ќе услови во Македонија да има локален развој на грмотевични облаци кои ќе предизвикаат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови и за појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични ...

И денеска, како и во изминатите неколку денови, маси и столови беа извадени пред застаклените делови на „Дион“, „Торос“, „Соул кичен“ и „Бела виста“ сѐ до првиот ред клупи на шеталиштето. Дали Општина Центар и Град Скопје имаат моќ да го спречат самоволието на кафеанџиите, на кои никогаш не им е доволно простор иако при реконструкцијата на кејот добија проширување на терасите за дополнителни 3,5 метри. По три години откако беше уреден Кејот „13 ...

Околу три ипол пати повеќе абортуси имало во 2023 година споредено со 2020 година на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, покажуваат податоците од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО). За четири години, на оваа Клиника имало вкупно 2.626 абортуси, а бројот секојдневно растел од 2020 година до 2023 година. Во 2020 година биле извршени 324 абортуси, во 2021 имало 554, во 2022 имало 615, а лани ...

Камениот Мост е симбол на Скопје. Тој е приказ на историската траекторија на градот, од античките времиња, преку средновековието, па се до денес. Тој ги преживеал земјотресите, војните и многуте промени кои го обликувале градот и останал симбол на трајност и врска меѓу минатото и сегашноста, Камениот Мост останува вечен сведок на времето и неразделив дел од душата на Скопје. Реката Вардар во центарот на Скопје ја премостува Камениот мост, еден ...

Јована Трифуновска од Тетово и Атина Рувинова од Охрид освоија бронзени медали на четвртата Европската олимпијада по информатика за девојки која од 21 до 27 јули се одржува во Велдховен, Холандија, соопштија од Здружение на информатичарите на Македонија (ЗИМ). Достоен резултат, како што соопштија оттаму, постигнаа и останатите две членки на македонскиот тим Сара Стефановска од Крива Паланка и Антонела Владева од Свети Николе. Тимот е предводен ...

Целосно изгоре мостот видиковец пред Смоларскиот водопад, кој пред еден месец беше реконструиран преку Центарот за развој на Југоисточниот Плански Регион (ЦРЈИПР). Мештаните од Смоларе се сомневаат дека пожарот е подметнат од несовесни граѓани или посетители во текот на вчерашниот ден, или пак е резултат на невнимание, а интервенирале и да не се прошири и по Беласица. „Некој ‘совесен’ сограѓанин ја запалил платформата на Смоларски водопад и ...

Во вторникот во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со умерен а претежно долж Повардарието и во источниот дел од земјата со засилен ветер од северен правец (над 60 км/час). Попладне ќе има услови за мала до умерена облачност, особено во планинските подрачја каде ќе има услови за краткотраен локален дожд. Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде висок 9. Утринските температури се во опсегот од 11 до 22, додека максималните ...

На територијата на Свети Николе фронтот на огнот е многу широк, но во овој момент населени места не се во опасност. Пожарот над Прилеп е ставен под контрола, информираат утрово од Центарот за управување со кризи. Во Свети Николе на терен се пожарникарите, а во приправност има доволен број на припадници на Армијата кои се вклучуваат по барање на локалните командири. Од воздух ќе делува еден армиски хеликоптер Ми 17 и три ер-трактори на ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
5.66
33%
1016
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
7.2
44%
1019
weather icon

Загреб

29ᴼ / 27ᴼ
1.03
46%
1022
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
37%
1016
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
5.8
27%
1013
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
3.09
51%
1022
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
7.72
36%
1010
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.63
24%
1012
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
11.83
26%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
4.63
49%
1014
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
5.66
39%
1020
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
7.72
35%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74