
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Дека една студенска ревија не мора секогаш да го носи предзнакот на само „покажи и кажи“, туку е заедничко образовно искуство кое ги прикажува талентот за дизајн и продукција на настан, покажа традиционалната годишна ревија на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ која се одржа на 26 јуни во амбиентот на киното „Милениум“. Пригодно избраниот простор на одржување на ревијата беше во склад на зададената овогодишна тема која гласеше „Модата и ...
Вински музеј Кавадарци е посетен од околу 13.500 посетители за неполни четири години, информираше денеска директорката Весела Честоева. Таа истакна дека во овој летен период најголем дел од гостите се од различни делови на светот. – За првата половина од оваа година имаме евидентирано околу 1.600 гости од земјава и странство, лани бројот на посетители изнесуваше околу 3.500, соопшти Честоева. Таа нагласи дека расте интересот за посета на овој ...
Истражувањето направено од Центарот за граѓански комуникации, покажа дека ниту една општина не ги спроведува јавните набавки со високо ниво на заштита од корупција. Поголем дел од општините, односно 43, како и Градот Скопје, се со ниско ниво на антикорупциски перформанси во јавните набавки. На дното, со 31 проценти остварени перформанси се Кратово и Гостивар, а на врвот, со 70 отсто е Кавадарци. Општините кубураат во вработени кои имаат положен ...
Акропол во Атина, една од најпосетуваните древни знаменитости во светот, нуди специјални приватни тури со стручно водство за 5.000 евра, а овој предлог уште минатата година предизвика жестоки контроверзии. Синдикатот на работниците на археолошкиот локалитет изрази противење на приватните тури промовирани од Хеленската организација за развој на културните ресурси, поврзана со грчкото Министерство за култура, кои ги заобиколуваат вообичаените ...
Во периодот од 1 јули до 30 септември во Хрватска се плаќаат поскапи патарини. Компанијата „Хрватски автопатишта“ одлучи и годинава сезонските цени да ги зголеми за 10%. Сезонското зголемување на цената на патарините не важи за камионите и автобусите. Цената на патарината на автопатот А1 на делницата од Загреб до Карловац ќе изнесува 2,80 евра наместо досегашните 2,50 евра, додека цената на делницата Загреб – Дугопоље се зголемува. на 26,40 евра ...
Кинеските автомобилски марки до крајот на деценијата ќе заземат една третина од светскиот пазар на автомобили. Кинезите тогаш ќе продаваат девет милиони возила надвор од нивната матична земја, проценува консултантската компанија “Alix Partners” во извештајот објавен во вторник. Во Европа, кинеските производители ќе украдат значителен дел од колачот од европски, јапонски и корејски брендови, велат авторите на студијата. Трошоците за производство ...
Нов закон што им дозволува на бабите и дедовците да добиваат платено родителско отсуство додека се грижат за своите внуци до три месеци во текот на првата година на детето почна да се применува во Шведска. Шведскиот парламент го одобри минатиот декември владиниот предлог за трансфер на родителски додаток. Тоа се случува 50 години откако Шведска стана прва во светот која воведе платено родителско отсуство за татковците, а не само за мајките. ...
Лесата или своевиден висечки мост од сајла отсекогаш била атракција кај Тиквешко Езеро, најстарата постоела и пред езерото како втора по големина вештачка акумулација во државата. Имено, своевремено, жителите на селото Клиново, преку леса ја поминувале Црна река, за да стигнат на другата страна каде што имале ниви и стада, но и до градот Кавадарци. До пред некое време леса по која се одеше постоеше на реката Блашница, што извира од планината ...
Владата вчера на седница ја задолжи Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да почне постапка за враќање на оградата на владината зграда, која веќе еднаш беше поставена. „Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опкружен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена“, ...
Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје тврдат дека долгот кон нив е огромен и дека дел немаат земено пари од јануари. Денеска на прес-конференција побараа финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила. До петок како предупредување ќе возат само до 10 часот изутрина, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. -Превозниците се задолжени на сите бензиски пумпи. Дел од превозниците имаат и ...
Од Градот ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.Град Скопје информира дека утре, на 4 јули, ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци. Авионското прскање ќе се спроведе во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција, односно земјеното прскање ќе се реализира во текот на утрешниот ден. Доколку временските услови не го ...
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека на бројот 112 биле добиени пријави за 16 паднати дрвја, три оштетени возила, седум кабли откачени од бандери, три откачени и оштетени кровови Паднати дрвја, оштетени автомобили, откорнати кровови се дел од штетите предизвикани од пладневното невреме со силен ветер кое зафати делови од Скопје. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека на бројот 112 биле добиени пријави за ...
Силниот ветер кое попладнево дивее во Скопје собори дрво кај Европски универзитeт и повреди жена која веднаш била пренесена на скопските клиники. На местото на несреќата излезени се скопските пожарникари и полициски екипи. Поради паднатото дрво сообраќајот се одвива отежнато. Жената на околу педесетина години не е во животозагрозувачка состојба, потврди за МИА, доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје. – Наша екипа со помош на ...
Неколку денови по формирањето на Владата, продолжуваат смените на директори на органите од државната управа. Како што дознава 24инфо.мк, членот на Извршниот комититет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски ќе биде новиот директор на Фондот за здравствено осигурување. Александар Пандов, истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на патриотскиот инститтут, ќе раководи со Управата за извршување на санкциите. Гоце Димовски, претседател на општинскиот комитет ...
Од 2013 до 2021 година од земјата во просек се отселувале по 2.500 високообразовани лица за чие образование државата годишно инвестирала околу 5 милијарди денар, тоа значи дека Македонија губи дури 8,34 отсто од Бруто општествениот производ секоја година како резултат на масовниот одлив на мозоци од земјата – утврди Државниот завод за ревизија во најновиот извештај за мерките што ги презеле владите досега да се спречи оваа појава. Според ДЗР, ...
Екипи на ЈП Водовод и канализација – Скопје во изминатите денови и утрово се на терен и спроведуваат дополнителни акции за чистење на сливниците и шахтите, особено на критичните точки во Скопје, поради прогнозата за врнежи од дожд и засилен ветер. Претпријатието соопшти дека покрај редовното одржување на атмосферската канализација, тимовите распределени по реони работат на рачно и машинско чистење на сливниците и шахтите за да се овозможи ...
Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), оваа година остана само со еден, откако двајца исполнија услови за старосна пензија. Авио-одделението на Дирекцијата е сѐ уште нефункционално и покрај предупредувањата на директорот на ДЗС Беким Максути дека „дополнителен предизвик ова лето ќе биде справувањето со шумските пожари“. Во разговор за МИА, Максути вели за да се вратат двајцата обучени пилоти, ДЗС бара од ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. UV=9 Во Скопје сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за локална ...
Со документарниот филм на Руди Валдез, „Карлос“, претставува портрет на Сантана и како јавна и приватна личност, од дете во Мексико па се до најголемите стадиони на светот е посветен на големата гитарска легенда Карлос Сантана, синоќа во 21 часот во киното „Мирно лето“ во Кинотеката, почна филмската програма на јубилејносто 10. издание на фестивалот „Скопје синема сити“. Карлос Сантана е легендарна личност во светот на музиката. Познат по својот ...
Од 3 до 7 јули на плажата Сараиште во Охрид ќе се одржи претпрограма за седмото издание на „Beach Film Festival“ кое е најавено во периодот од 17 до 21 јули. Оваа година земјата во фокус на фестивалот е Шпанија, со поддршка од шпанската амбасада, а најавени се филмови за сите возрасти кои ја опишуваат моменталната состојба на светот, современите проблеми, миграциите, правата на децата, семејствата и врските. Проекциите на претпрограмата ќе бидат ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани и шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, денеска во просториите на Министерството за европски прашања одржаа протоколарна средба. На прес-конференцијата по неа, Муртезани направи мал лапсус при читањето на напишата изјава пред медиумите. Имено, наместо Дејвид Гир, новиот министер го претстави својот гостин како познатиот холивудски актер, Ричард Гир, по што набрзо беше ...
СДСМ ќе има нови лица, но ќе ги вратиме и искусните членови на партијата, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во гостување на Телма. ,,Мора да знаеме од каде доаѓаме, за да знаеме каде одиме. Потребни се нови и свежи лица, но исто така се потребни и искусни социјадемократи кои ќе се вклучат во креирање на политиките. Оној кој мисли дека треба сите да си одат и да се заборават на сметка на само нови луѓе воопшто не разбира како функционираат ...
На социјалната мрежа Фејсбук од пред два дена е објавено видео на кое се гледа како едно лице најпрво го отстранува македонското знаме и го закачува албанското знаме на јарбол поставен на врвот Голем Кораб. Видеото е објавено од Изет Шулку, на чиј профил пишува дека живее во албанскиот град Пешкопија. На него се гледаат уште две други лица како стојат покрај триаголниот јарбол додека Шулку ги заменува знамињата. „Македонското знаме не припаѓа на ...
Здружението „Заеднички вредности“ успешно го спроведе проектот „Премостување на дигиталниот јаз: подобрување на животот на жените во руралните средини“, чија цел беше да ги унапреди животните услови на жените во руралните области преку оспособување за употреба на дигитални технологии и подобрување на нивните вештини. Проектот се спроведуваше девет месеци, а во него учествуваа жени од Арачиново, Сарај, Теарце, Врапчиште, Јегуновце, Чучер-Сандево, ...
Така е тоа кога имате договор за Стратешки дијалог и кога дијалогот понекогаш, ако така налагаат околностите, треба да се прифати и како бесплатна лекција по реална и прагматична политика, колку и да се непријатни пораките во тие лекции. Или – дијалог. Се разбира дека „не е соодветно да коментираат изјави на нашиот стратешки партнер со кој државата гради соработка веќе изминатите три децении“, како што велат од владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, ...
Овие мистични надгробни споменици ги има низ цела Босна и Херцеговина, а ние посетивме два локалитета во Херцеговина. Првиот локалитет е во местото Посушје, каде се наоѓаат највисоките вакви споменици, а вториот во Дуго Поле во природниот парк Блидиње, каде на едно место се наоѓаат 150 стеќци. Природните феномени и историските локалитети во западниот дел на Херцеговина, областа околу Љубушки, Посушје, Мостар и природниот резерват Блидиње ...
Виена се смета за еден од најубавите градови во светот за посета, но и за непобедливо најдобро место за живеење. Австрискиот главен град е прогласен за најдобар град за живеење во светот трет пат по ред на годишното рангирање на „Economist Intelligence Unit“ (EIU), пренесува „CNN“. „EIU“, сестринска организација на „The Economist“, рангира 173 градови низ светот според бројни значајни фактори како што се здравјето, културата и животната средина, ...
Американскиот претседател се состана со семејството во Кемп Дејвид по катастрофалната дебата минатата недела Семејството на Џо Бајден го повика да остане во трката по катастрофалниот дебатен настап минатата недела, според извештаите во американските медиуми, додека високи демократи и донатори изразија огорченост од тоа како неговиот персонал го подготвил за настанот. Претседателот се собра со своето семејство во Кемп Дејвид во неделата, каде што ...
Христијан Мицкоски денеска од Бутел ја коментираше изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер, која рече дека нема репреговарање на Договорите од Преспа и со Бугарија за влез во ЕУ. „Договорот од Преспа ние кажавме уште пред многу години дека е реалност, и дека е дел од уставниот и правниот поредок на Република Македонија и не треба да се има дилема, а што се однесува до уставните измени, кои се дел од францускиот предлог кој е додаток ...
Градот Скопје е добитник на награда од Младинскиот климатски акциски фонд, за отворањето и успехот на првата јавна биотехнолошка лабораторија во Македонија и регионот на Град Скопје со поддршка на УНДП и УНИЦЕФ, кој Градоначалничката Данела Арсовска го претстави на COP28 Локалниот самит за климатски активности. Град Скопје е добитник на награда од 50.000 долари за иницијативи предводени од младите за рециклирање или намалување на отпадот, од ...