
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Наскоро ќе почне судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. На обвинителна клупа ќе седнат Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите: В.М., Б.В. и В.К. обвинети за по две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл. 22 од КЗ и чл. 123 ст. 2 т.1 и т.4 в.в со чл. 22 од КЗ ...
Три жени се повредени денеска во сообраќајната несреќа, која се случи кај ТЦ „Мавровка“, откако автобус на ЈСП излета од коловозот. Од Итната медицинска помош изјавија дека пренеле три жени во Градската болница односно Клиниката „Свети Наум Охридски“. Според нив, сите три биле со полесни телесни повреди, а едната од нив се жалела на болки во ногата. На местото на сообраќајката е излезена полицијата, која врши увид, а повеќе детали најавуваат за ...
На традиционалниот датум за отворање на фестивалот „Охридско лето“, 12 јули, во 21 часот, во прекрасното здание на Античкиот театар, заедно со оркестарот на Филхармонијата ќе настапи светската музичка ѕвезда, виолинистот Џулијан Рахлин, кој наедно ќе се претстави и како диригент. На програмата се познатиот Концерт за виолина и оркестар во e-moll оп. 64 од германскиот композитор Феликс Менделсон, како и класичната Увертира-фантазија „Ромео и ...
Политичарките во државава се многу поизложени на штетни наративи за разлика од нивните машки колеги, а стереотипите кон жените во политиката, сексизмот и мизогинијата се само некои од причините поради коишто говорот на омраза и навредите во јавниот простор се поизразени и почести. Политичарките во Северна Македонија се соочени со сексизам, навреди и дискриминација во медиумите и за време на јавните настапи. За време на избори, политичарките ...
Државниот инспекторат на Хрватска ја повлече од пазарот јодираната морска сол произведена од Котањи, поради идентификувани пластични честички, настанати при мелењето сол. Како што е наведено на веб-страницата на Хрватската агенција за земјоделство и храна, производот не е во согласност со Регулативата 178/2002 за воспоставување на општите принципи и услови на законот за храна, формирање на Европската агенција за безбедност на храна и ...
Денеска почна да се поставува металната ограда околу зградата на Владата. Пет дена откако на владина седница беше донесена одлука зградата пак да се огради, екипи од утрово ја местат оградата. „Со оглед на тоа што објектот на Владата е опкружен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на Министерството за внатрешни работи, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да започне постапка за враќање на оградата ...
Општина Центар дава целосна поддршка на петицијата потпишана од жителите што живеат во непосредна близина на клубот Интермецо и останатите локали лоцирани на „Народен фронт”. Станарите бараат ефективна интервениција на МВР и Државниот пазарен инспекторат и останатите институции за да им се реши проблемот со гласната музика, нарушениот ред и мир, дивеењето и отежнатиот сообраќај на делот од улицата каде се наоѓаат угостителските објеки. „Ние, ...
И покрај честите соопштенија од скопски комуналец за чистење на депонии создадени крај контејнерите, купишта ѓубре, отпад, кабасти предмети, шут и што уште не, се оставаат крај контејнерите. И не само крај контејнерите. Ваквите депонии се и најгрдата слика на Скопје. Апелите, заканите со инспекции, не помагаат. „Во текот на изминатиов викенд, ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно се соочи со тенденциозно загрозување на животната средина и ...
Летото за многумина е најубавиот период од годината. Период на летните годишни одмори, на уживање со најблиските покрај море или езеро. Сонце, лесна летна облека, шетање во природа, уживање во убава храна. Летото е дефинитивно период кога сакаме да се опуштиме по напорната работа и барем малку да заборавиме на работата и обврските. Да се дружиме со пријателите и семејството да уживаме во моментите. За жал летниот одмор е многу краток, и брзо ...
Културно Информативниот Центар – Скопје, објавува конкурс и ги повикува сите уметници од различни области да конкурираат за манифестацијата „Звукот на Скопје“ за 2024 година. Заинтересираните страни во еден ворд документ треба да поднесат апликација со куса биографија, опис на проектот и евентуални материјали во врска со проектот (слики, фотографии, линкови и сл.). Потребната документација треба да се испрати на e-mail адресата info@kic.mk со ...
На 12 јули во Брајчино ќе се одржи Вечер на македонска музика посветена на Мирко Попов кој минатата година беше иницијатор на оваа сесија која сѐ уште се памети. „Мирко, не е веќе меѓу нас…🖤 но споменот на нашето пријателство и на таа прва вечер на македонски шлагери, нема да се заборави. Да ја славиме македонскат музика во негово име, во негов спомен и сеќавање…„ велат организаторите. Настанот е во склоп на MEET PRESPA, традиционалниот летен ...
Австријка која отишла да ја посети Хрватска не можела да си поверува кога ја видела сметката во ресторан во Ровињ. Само за три Аперол Шприц морала да плати 36 евра, додека вкупната сметка била 437 евра. Тоа значи дека цената на еден Аперол изнесува дури 12 евра. Високите цени на Аперол Шприц неодамна предизвикаа гнев кај клиентите во Германија, па дури и во најскапиот град на таа земја – Минхен. Според t-online.de, на пример, Аперол чини „само“ ...
Со дефиле на 50 гајдаџии од цела Македонија на возраст од 5 до 95 години, синоќа на летната сцена на плоштадот Александрија во Прилеп беше отворен 50-тиот, јубилеен Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Преку 250 изведувачи на изворниот мелос во првата и во втората фестивалска вечер, во Прилеп и на Рудина, Долнени ја презентираат љубовта спрема фолклорните традиции. Речиси 80-годишниот Здравко Андонов од Ињево, Радовишко од ...
„Недела на дизајн во Скопје” – фестивал кој со години го третира индустрискиот дизајн и дизајнот на производ, ќе се одвива од 6. до 10. ноември во Јавна соба, Мала Станица и Литература – Дајмонд мол, но претходно следат и низа активности, работилници и предавања. Оваа година темата на “Неделата на дизајн во Скопје” е „Чиста мобилност”, а се најавува изложбен дел за компании, викенд „pop up market”, панел дискусии, работилници, стручни дизајн ...
Неодамна до нашата редакција пристигнаа фотографии на кои се гледаат големи отворени дупки на коловозот, непрписно затворени шахти, тротоари претворени во паркинзи, големи отворени дупки на коловозот итн. Овие фотографии се направени на потегот од полициската станица Пролет, дел од нив се и кај зградата на ЗОИЛ Македонија, потоа на улицата улицата „Стив Наумов“ (поранешна Ленинградска) која денес се вика „Славко Јаневски“. Општина Кисела Вода и ...
Метео анализа на Славчо Попоски. Од овој викенд територијата на Македонија повторно ќе биде под влијание на топол бран од Африка и истиот ќе предизвика позначителен пораст на температурите на воздухот, а времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека ...
Гужви и долго чекање на граѓаните на линии каде не сообраќаат најголемиот дел од автобусите на приватниот јавен превоз. Скопјани и денеска се соочија со редуциран превоз на приватните превозници. Хаосот и метежот за место во автобус започна вчера по 10 часот кога приватните возачите ги паркираа автобусите. Граѓаните ги обвинуваат институциите за проблемот.. Скратениот превоз беше во знак на револт поради неплаќањето на долгот за трошоците на ...
Соња Танеска Денеска беа објавени резултатите од државната матура, испити од чии оценки зависи иднината на секој средношколец, но како што е редот во оваа чудесна земја ирелевантно е тоа што начинот на спроведување и оценување е тотално хаотичен, повторно главен фокус и главна фалба на Државниот испитен центар е дека фатиле 268 препишувачи кои замислете и покрај „строгите контроли“ успеале да внесат мобилен телефон. Да не се разбереме погрешно ...
Ја доби Гајдата на Пеце и го разлеа единствениот звук на Рудина, Долнени, како некогаш, кога се огласувале 150-тината гајдаџии во Долненскиот крај. Бобан Анакиев од Кочани ја доби Гајдата на Пеце во 2022 година на 48-то издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ што се одржува во Прилеп и на Рудина, Долнени. Анакиев и свири, и изработува народни инструменти. Гајди, кавали, а и кеманиња. Занаетот го учел од народни ...
Во срцето на старото градско јадро, препознатлива по својот изглед Куќата на Робевци ја чува историјата на семејството Робевци, но и на цел охридски регион. Репрезент на старата охридска архитектура, трикатно зданије изградено од двајцата браќа Анастас и Ангеле како двојна братска куќа. Првично изградена на два ката, но откако била запалена и изгорена до темел во 1861 година, две години подоцна била обновена од Анастас и најстариот син на ...
Оваа година од 21-27 септември во Битола ќе се одржи јубилејното 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, соопшти на денешната прес конференција, директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамевски, кој го соопшти годинешниот лауреат на наградата за животен опус Златна камера 300. Бруно Делбонел е најновиот член во Клубот на великаните на „Браќа Манаки“. Изодувајќи го патот од лауреат на „Специјалната Златна Камера 300 за особен придонес во светската ...
Институциите најавуваат дека ќе биде казнет секој што поминал на црвено, возел со прекумерна брзина или непрописно паркирал. Што освен казни, ќе донесат прекршоците „уловени“ со камерите на системот „Безбеден град“? За да почнат да функционираат треба измени на Законот за безбедност во сообраќајот. Скопските возачи направиле над 5000 сообраќајни прекршоци за само два часа. Најмногу, за возење со прекумерна брзина регистрирале камерите поставени ...
Претежно сончево но променливо облачно време не очекува во текот на денешниот ден. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), услови за краткотраен дожд и ретки грмежи ќе има локално, главно на планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 9 до 19 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 20 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7. ...
Германската Фондација Југоисточна Европа денеска ќе одржи церемонија за доделување на годишната награда за новинари за 2024 година, чиј добитник е нашиот колега Џабир Дерала. Церемонијата за доделување на наградата ќе се одржи во германскиот парламент во присуство на претставници од парламентот, владата, медиумите и граѓанското општество. Церемонијата ќе започне во 18 часот со поздравниот говор на Мануел Саразин, претседател на Асоцијацијата на ...
Секоја година на 3 јули се одбележува Меѓународниот ден без пластични кеси. Насекаде околу нас постојано гледаме кеси кои се користени само еднаш, а се фрлени насекаде околу нас. Затоа и се поставува прашањето зошто ни е потребно нешто што се користи само еднаш? Меѓународниот ден без пластични кеси се одбележува од 2008 година, на иницијатива на организацијата Zero Waste Europe. Оваа глобална иницијатива има за цел да се елиминира употребата на ...
На граѓаните на Солун, Лариса и другите области во северна Грција им стигна предупредување во вид на СМС порака за итни случаи поради невремето што се очекува во текот на денов. Во пораката е наведено дека временските неприлики, како град и грмотевици се очекуваат во текот на денот, пренесува весникот Kathimerini. Во предупредувањето се наведува дека во текот на невремето би требало да се избегнува поминување под големи дрва и поставени знакови, ...
Оваа скопска населба е дел од Општина Центар и се наоѓа на падините на планината Водно. Настаната е во времето на урбанизацијата на Скопје со спојување на двете села Горно и Долно Водно. Денес таа е високоурбанизирана и елитна населба, која е густо населена со многубројните згради во погорниот дел на наслебата. Таа се граничи со населбите Црниче и Пржино од Општина Кисела Вода. Во населбата Водно живеат повеќе од 500 домаќинства. На крајто на ...
Во случај Џо Бајден да се откаже од претседателската кандидатура по лошиот настап на минатонеделната дебата со Доналд Трамп, поранешната прва дама Мишел Обама е единствената можност за демократите која според анкетите би го победила Трамп, покажува истражувањето на „Ипсос“. Мишел Обама, исто така, се наоѓа на врвот на листата на популарност меѓу регистрираните гласачи, додека Трамп и Бајден заостануваат зад неа за повеќе од 10 процентни поени. ...
Илјадници луѓе се собраа синоќа во Париз на повик на бројни медиуми, синдикати и здруженија да повикаат на гласање против екстремната десница на вториот круг од парламентарните избори што се одржува в недела. – Да се бара некои од нас да гласаат за политички противник на 7 јули е тежок чин, но неопходен ако сакаме да ја спасиме нашата способност за заеднички живот, истакнаа организаторите на протестите во Париз, повикувајќи се на сите изборни ...
И денеска времето ќе биде променливо облачно и посвежо, а во западните и јужните делови се очекува локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во Повардарието тој ќе биде засилен. Температурите ќе варираат и ќе достигнат од 24 до 31 степен. Од петок следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура ќе биде во пораст, а особено топло ќе биде во недела и во првите денови од следната ...