
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Автобус на ЈСП денеска се запалил на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Општина Бутел, а во моментот кога се запалил, немало патници. Автобусот, како што вели директорот на ЈСП Драги Кушовски, прво се расипал, по што била повикана сервисна служба од Претпријатието, но додека таа да стигне возилото се запалило. Според неофицијалните информации, до запалување на автобусот дошло поради неисправна електрична инсталација. Директорот вели дека ...
Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“, во соработка со Кинотеката на Македонија, го претстави новоизведениот монументален мурал пред Кинотеката на Македонија на актерот Мето Јовановски, уметничко дело на авторите Евгенија Трајковска и Драган Илиќ, а ја промовира и единствената награда „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот. Советот на фестивалот „Преку езерото“ и Кинотеката на ...
По скандалозниот перформанс на отворањето на Олимпијадата во Париз, во кој учесниците наводно ја прикажуваа библиската сцена од Леонардо да Винчи во неговото сликарско дело „Тајната вечера“, во пародична верзија, се јавија уметнички критичари и други експерти кои тврдат дека всушност не станува збор за Тајната вечера од библиската сцена, туку за „Пир на боговите“, сцена која потекнува од грчката митологија. Референцата на церемонијата на ...
Aна Котевска, ученичка во специјалната германска паралелка при гимназијата ,,Јосип Броз Тито” од Скопје е овогодинешна апсолутна победничка на Интернационалната oлимпијада по германски јазик „ИДО 2024″ која минатата недела се одржа Гетинген, Германија. Ана Котевска ја освои златната медала во категоријата на натпреварувачи на Б2 Ниво. Среќното прво место (јазични нива Б2,А2 и Б3) таа го сподели со Махек Кан од Бангладеш и Рајона Иброхимова од ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност, особено во планинските подрачја каде ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 33 до 40 степени. UV=8 Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе ...
Со зурли и тапани беше најавена манифестацијата „Галичка свадба“. Невестата Стефана Димитрова се појави на прес-конференцијата во носија стара околу 150 години од нејзината прабаба. Зетот Даријан Кочоски е пресреќен што годинава токму тој е галички зет иако нема галичко потекло. Стефана потекнува од с. Галичник од фамилиите Чаловски и Веновски и повеќепати била дел од оваа манифестација облечена во носија. Течат последните подготовки, а момчето ...
Во време кога целиот свет се собра кај францускиот претседател Емануел Макрон за отворањето на 33. Олимписки игри во Франција, нашата претседателка Гордана Сиљановска Давкова реши да остане дома иако на овие Олимписки игри учествуваат шест македонски натпреварувачи. Таа не е во Париз да ги бодри, а нејзиниот кабинет соопшти дека не отпатувала од принципиелни причини, сакајќи симболично да укаже на тоа дека државните пари треба да се трошат за ...
Вкупно 1.225 килограми нектарини од увоз се уништени поради присуство на пестицид хлорфирипос, кој e забранет за употреба во ЕУ и во САД. Освен тоа, инспекторите за храна спречиле и на трпезите на потрошувачите да заврши и конзевирана туна по потекло од Тајланд поради зголемено присуство на хистамин, како и 319 килограми кравјо сирење во кое имало бактерија ешерихија коли. Колку е штетен пестицидот хлорфирипос и што тој може да им направи на ...
Сместен во живописниот предел над селото Битуше, скитот посветен на “Светите Кирил и Методиј”, деновиве повторно беше омилената дестинација за четириесетина млади луѓе, кои беа дел од летната програма за деца и младинци, иницирана од епископот Антаниски, г. Партениј. Со негов благослов, овие прекрасни млади души, преку меѓусебна дружба, едукативни работилници и интерактивни предавања, како и преку неизоставните игри и рекреација, се запознаа со ...
Од политичката партија Аваја реагираат на ребалансот на буџетот со што се намалуваат и финансиските средства наменети за таргетираните јавни политики од Стратегијата за Ромите. Се кратат финансиските средства од приоритетните области на вработувањето, социјалната политика и здравството, велат од Аваја. Во областа на домувањето и комуналната инфраструктура во ромските маала, каде што условите за живеење се далеку полоши, наместо зголемување на ...
Француската прехранбена компанија „Гурме“ поднесе барања до пет служби задолжени за безбедност на храната, меѓу кои и до Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА), за добивање овластување за продажба на паштети од гускино месо произведено во лабораторија. Компанијата, чие седиште е во Париз, денеска соопшти дека покрај до ЕФСА, поднела барања и до управите за безбедност на храната на Велика Британија, Сингапур, САД и Швајцарија, за ...
Германија и Турција се судрија околу традиционалниот специјалитет „донер кебаб“, а Берлин се жали на обидот на Турција популарната улична храна да добие заштитен статус во ЕУ, како што е шпанската серано шунка или неаполска пица. Спорот околу специјалитетот започна во април кога Турција поднесе барање за регистрирање на името „донер“ како „загарантиран традиционален специјалитет“ низ Европа, што значи дека етикетата може да ја користат само ...
Скопје денеска се сеќава на уништувачкиот земјотрес од, за некои, далечната 1963-та, а тие што го доживеале, преживеале , но и изгубиле роднини, пријатели и домови, се уште се сеќаваат како да било вчера. Земјотресот што го погоди Скопје на 26 јули, 1963 година, е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија, со измерени 6,1 степени според Рихтеровата сеизмичка скала. Земјотресот траел 20 секунди, со помали потреси до 5 ...
Со меѓусебни обвинувања во чие време се трошеле повеќе народни пари и забелешки да не се крати од буџетите на одредени институции помина денешниот прв ден од расправатаза Реблансот на буџетот на собраниската Комисија за финансирање и буџет. За пратениците од парламентарното мнозинство, ребалансот е за спас на државата затоа што средствата во Буџетот биле планирани само за првите шест месеци од годината и фалат пари за обврски што треба да се ...
Унгарија позајми една милијарда евра од кинески банки претходно годинава, соопшти унгарската Агенција за управување со долгови, во момент кога членката на ЕУ се соочува со тешка финансиската ситуација. Договорот не е јавно објавен, но, како што пренесуваат медиумите, Унгарија зела тригодишен заем од кинески банки на 19 април. – Со заемот од една милијарда евра со Кинеската развојна банка, Експорт-импорт банката на Кина и со унгарската филијала ...
Употребата на спортот како платформа за помирување, надминување на конфликти и обновување на дијалог се нарекува спортска дипломатија. Оваа форма на дипломатија стана поинклузивна, модерна и значително поефективна во последните години, за разлика од традиционалната дипломатија, која обично е резервирана за акредитирани дипломати од министерствата за надворешни работи. Оваа практика се базира на концептот на „мека моќ“ и се однесува на влијание и ...
Сингапурскиот пасош штотуку е прогласен за најмоќниот патен документ во светот во кварталното рангирање на пасоши со најголемо меѓународно влијание. Следни пасоши кои се приближуваат до глобалната популарност на Сингапур се пасошите на Јапонија, Германија, Франција, Италија и Шпанија, кои заедно го заземаат второто место и чии граѓани можат да уживаат безвизно патување до 192 дестинации. На третото место на ранг листата следат Јужна Кореја, ...
Аеродромот во Франкфурт, најпрометниот во Германија, утрово привремено ги прекина летовите поради протести на аеродромот, соопштија аеродромската служба и германската полиција. Се молат патниците да не доаѓаат на аеродромот и да го проверуваат статусот на нивниот лет“, соопштија од аеродромската служба на платформата Х. „Поради акција на климатски активисти, привремено е прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Франкфурт“, изјави ...
Истрагата против Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, е завршена. Судската процедура против Палевски сега влегува во нова фаза, при што тој има право на увид во доказите собрани против него во рок од две недели. Ова овозможува судењето за него да започне во септември. Судењето на останатите обвинети за истите настани е закажано за 30 јули и е заведено под број К1339/24. Сè уште не е јасно дали ...
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска, започна расправата за ребаланс на државниот буџет за тековната година. Предложениот ребаланс предвидува зголемување на вкупните трошоци на државата за 300 милиони евра, со што буџетот се зголемува на 5,89 милијарди евра. Ова зголемување го доведува дефицитот на 720 милиони евра, во споредба со претходните 585 милиони. Дополнително, предвидено е зголемување на приходите за околу 130 милиони ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со услови за повремен локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. UV=7 Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до ...
НУ Центар за култура и битолскиот Архив, во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ промовираа ретки фотографии од семејни прослави, свадби, крштевки, народни собири, селски слави и други настани од минатиот век снимени со камерата на браќата Манаки. Камерата на неуморните трагачи по уникатен кадар, браќата Манаки, биле сведоци на многу од овие збиднувања, почнувајќи од отворањето на своето студио во 1898 па се до смртта на Милтон во 1964 ...
-Добро е што земјите ќе треба да ги подобрат институциите, да го унапредат владеењето на правото. Не сум негативен за суштината на пакетот, бидејќи е добро да имаме повеќе соработка на регионално ниво и да ги внесеме земјите и во заедничкиот Европски пазар. Тоа е всушност најважната работа“, вели во интервју за Рацин.мк, извршениот директор на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, Марио Холцнер. Тој додава дека условеноста за ...
Претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска информира дека ќе иницираат постапка до надлежен орган против заменик-министер од претходната Влада за донесување на 189 решенија за распоредување на вработени за време на избори, кога се уште бил завршен изборот на Влада. Според Димитровска, наводите содржани во пријавата за сторени повреди на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интерес и изборниот законик ...
Независноста на судството и институционалниот капацитет за негова заштита од несоодветно влијание претставуваат сериозна загриженост иако Македонија спроведе неколку бранови на реформи во правосудството и усвои нова стратегија за правосудството со цел да се подобри независноста, ефикасноста и професионалноста на правосудниот систем, се наведува во годишниот Извештај за владеење на правото во ЕУ за 2024 година, подготвен од Европската комисија, ...
Многу земји маки мачат со непослушните возачи, како и со патниците во возилата. На пример, носењето појас во возилата е сè уште неразбирливо дејство за многумина, а последиците можат да бидат фатални во случај на судир. Ова особено се однесува на патниците на задното седиште во возилото, кои сè уште имаат навика да се возат без појас, со што се загрозуваат себеси и оние што седат пред нив. Поради оваа причина, Белгија подготви измени во својот ...
Управувачкиот комитет и препорача на Владата итно да се реорганизира системот за справување со кризи. Министерот Панче Тошковски вели дека идејата е ЦУК и ДЗС да се спојат во една институција. По бројните пожари во земјата коишто предизвикаа огромна материјална штета, се размислува за коренити промени во системот за справување со кризи. Една од опциите е спојување на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Центарот за управување со кризи ...
Пругата кон Бугарија е проект рекордер ветуван од сите политичари во нивните изборни програми. Со текот на годините премиери удираа камен темелници, ветуваа дека пругата станува реалност, се одвојуваа пари за тоа во секој државен Буџет, но потоа парите се пренаменуваа за други цели. Бугарија речиси го заврши својот дел од пругата, но не и Македонија. Овој проект беше во изборните програми и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Во март 2014 година Владата на ...
Да се преиспита одлуката недела и понатаму да остане неработен ден. Ова го побара првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески кој изјави дека има аргументи за да побара укинување на овој закон. Тврди дека не е направена анализа која ќе ја покаже исправноста на одлуката, бизнисите да не работат во недела. „Би сакал да се видам со синдикатите, ние имаме аргументи кои не ги криеме. За секој закон од системски карактер после шест месеци или ...
При гаснење на пожарот во старата штипска депонија, брзајќи да спречи проширување на огнот преку тревата кон блиската борова шума, командирот на штипските пожарникари Благој Ренџов паднал низ карпест дол и ги скршил двете раце. „Веднаш се упативме со колегите кон депонијата и почнвме со гасење. Видов дека е запалена сува трева и оди кон борова шума. Да не ја зафати шумата се обидев да се симнам низ долот, кој беше со карпи, стрмен дел и во еден ...