
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Полициски службеници од ОВР Гостивар, вчера на 04.02.2025, во 09.30 часот го лишиле од слобода 25-годишниот Ш.Ш. од Гостивар, по пријава дека во заедничката семејна куќа, поради нарушени односи, истурил запалива течност и се обидел да ја запали, но бил спречен од неговиот брат Н.Ш.(26). Ш.Ш. е приведен и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Увид на местото извршила ...
Според официјалната статистика објавена од државната Агенција за вработување, на листата на невработени на гостиварското подрачје заклучно со декември минатата година, регистрирани се се вкупно 7.386 граѓани. Во однос на образованието на лицата, евиденцијата на невработени е разнолика, односно има граѓани кои немаат никакво образование, но и високообразовани со факултетски дипломи и магистерски титули. На списокот невработени евидентирани се ...
Во светот на модерната технологија, квантните компјутери претставуваат револуционерен чекор напред. Овие уреди ветуваат дека ќе го трансформираат начинот на кој ги решаваме најсложените проблеми, отворајќи нови можности во областа на науката, безбедноста и индустријата. Како работат квантните компјутери? Традиционалните компјутери користат битови, кои можат да бидат во состојба 0 или 1. Квантните компјутери, пак, работат со кубити – квантни ...
На Клиниката за трауматологија при ТОАРИЛУЦ за првпат во државата е изведена сложена интервенција кај пациент со скршен лакт и фрактура на главата на радиус во лакотниот зглоб. Со успешната процедура е постигната стабилизација на зглобот и враќање на целосните движења. Оперативниот тим го предводеше трауматологот д-р Игор Мерџаноски, заедно со д-р Александра Танеска и д-р Александра Горѓоска. Анестезиолошката поддршка ја обезбеди д-р Александар ...
Во Очното одделение во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар се воведува втора смена. Од установата информираа дека овој чекор е преземен имајќи ги предвид барањата на пациентите за офталмолошки услуги и доволниот број медицински персонал. „Од денеска директорот на болницата д-р Бесник Зеќири, во соработка со персоналот на амбулантата за офталмологија, донесоа одлука оваа амбуланта да биде на располагање на пациентите и за време на втора ...
Следната недела ќе биде објавен втор повик со кој ќе бидат поддржани капитални инфраструктурни проекти на општините, откако Владата денеска на седница ја почна постапката за повикот со којшто ќе бидат на располагање средства во износ до 15 милијарди денари. – Критериумите за учество во најголем дел ќе бидат исти како и за првиот, но и олеснети во поглед на рокот за поднесување документи и за почнување на постапката за јавна набавка. Ќе се ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека во измените на Законот за електронски комуникации кои се влезени во собраниска процедура, предвидено е да се забранат нелегалните онлајн игри на среќа. -Во Законот за електронски комуникации предвидуваме една измена каде што со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа, или онлајн коцкарници. Во Македонија лиценци за приредување онлјан игри на среќа нема ниту една ...
Бараме итно вработување на медицинските лица кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување, изјави денеска на прес-конференција, Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“. Бешлиовска информираше дека Унијата имала реакции од медицински сестри од целата држава, на кои им биле прекинати договорите за работа на дело. Не им било ...
Управата за јавни приходи информира дека согласно Законот, исплатата на средства за скенираните сметки во периодот октомври – декември 2024 година ќе се реализира во тек на месец февруари. Од УЈП укажуваат на најчести грешки кои го одложуваат процесот на исплата, со цел граѓаните навремено да реагираат доколку има потреба. Како најчести грешки се наведени: погрешно внесена трансакциска сметка, внесена трансакциска сметка на друго лице, наместо ...
Во земјава денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на ...
Намалена видливост од 70 до 100 метри поради појава на магла има на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и Маврово, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Со одлука на Министерот за здравство Арбен Таравари, за нов директор на Општата болница Гостивар е именуван д-р Бесник Зеќири. Денеска во присуство на раководителите на одделенија и сектори на болницата беше извршено официјалното примопредавање на функцијата од страна на поранешниот директор, д-р Арѓент Муча. Тој им се заблагодари на сите присутни за досегашната соработка и му посака успех на новоименуваниот директор во управувањето со оваа ...
Илјадници граѓани пред сè млади луѓе и студенти, синоќа во Скопје се собраа на мирен протест изразувајќи ја својата поддршка за Фросина Кулакова и сите жртви од сообраќајни незгоди. Извикувајќи во еден глас граѓаните, меѓу другото, побараа „правда за Фросина“, „правда за жртвите“, „оставка“ и „затвор за Васил“. Протестот започна на булеварот „Партизански одреди“, на местото каде што беше прегазена Фросина кај Универзална Сала, продолжи преку ...
Адвокатите во Србија од денеска стапуваат во еденмесечен прекин на работата, што ќе трае до 4 март, одлучи Адвокатската комора на Србија (АКС) на вонредно собрание. Секретарот на комората, Немања Јоловиќ. потврди дека Адвокатската комора на Србија (АКС) на своето вонредно собрание го усвои предлогот за едномесечен прекин на работата, почнувајќи.од 3 февруари. Адвокатите од Шабац предложија да се воспостави минимален работен процес неопходен за ...
Поголеми ингеренции на комуналниот надзор во општините, комунална полиција и можност да се отповикуваат градоначалниците со референдум. Ова се дел од новините предвидени со измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа за кои денес се дебатираше во Гостивар. Во настанот учествуваа министерот за локална самоуправа Златко Перински, градоначалникот на Гостивар Ваљбон Лимани, претставници на други полошки општини, невладин сектор и ...
Руската армија во јануари зазеде уште 430 квадратни километри украинска територија и се приближува до логистичкиот центар Покровск, покажуваат податоците на американскиот Институт за проучување на војната. Повеќе од 80 отсто од напредувањето на руската армија минатиот месец е во регионот на Доњецк, каде руските сили се обидуваат да го заземат градот Покровск. Руските сили сега се на само два километри од важниот логистички центар, кон кој се ...
Прополисот е еден од најмоќните природни лекови, познат по своите лековити својства и позитивното влијание врз здравјето. Тој претставува природна и ефикасна заштита за усната шуплина, горниот респираторен тракт, желудникот и дебелото црево. Без разлика дали се користи во капки или спреј, неговите својства се исклучително корисни. Прополисот е цврст пчелен производ кој настанува со преработка на растителен нектар. Има пријатен ароматичен мирис, ...
Правда за Фросина мора да има и случајот на Фросина на никој друг да не му се повтори, порача денеска Росица Кулакова, сестрата на прегазената девојка на протестот во Кавадарци. Побара одговорност и од таткото на возачот и ид судијката Даниела Алексовска-Стојановска. Кулакова истакна дека општеството е огледало на вредностите што ги носат оние кои го водат, а децата се најчистиот одраз на своите родители. – Не може да се очекува чесно и ...
Еврото падна на почетокот на неделата поради зголемената загриженост поради ескалацијата на трговскиот спор меѓу Соединетите држави и неколку други земји. Курсот се намали во текот на ноќта на 1,0141 долари, што е најниско ниво од ноември 2022 година, пред малку да се опорави на 1,0245 долари утрово, сè уште повеќе од еден цент под вредноста во петокот навечер. Еврото е под притисок по изборот на Доналд Трамп за американски претседател на ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за еден, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе ...
Можно е да се постигне и поголема минимална плата од 450 евра ако Владата помогне преку социјалните придонеси, велат работодавачите. Тие денеска, пред седницата на Економско-социјалниот совет (ЕСС), изјавија дека секое покачување што ќе го издвојат во износ од 1 000 до 9 000 денари треба да биде помогнато во рок од една година од Владата преку социјалните придонеси, а понатаму, со зајакнување на економијата, да има шанси да се исплаќа од нивна ...
Здружението на пациенти Ретко е да си редок од Охрид и овој февруари, во рамките на седмата сезона од проектот ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ 2025, Ве запознаваат со ретките болести од кои заболува населението во охридско – струшкиот регион, со застапеност на истите низ различни градови во Македонија, со надеж дека преку овие нови 28 ретки дијагнози сите заедно ќе успееме да го кренеме гласот за проблемите со кои се соочуваат лицата со ретки ...
Викендов што измина на гостиварското подрачје регистрирани се два случаи на напади од бездомни кучиња. Како што информира СВР Тетово вчера (2.02.2025) во 11.45 часот во ОВР Гостивар, 57 годишниот гостиварец М.Е. пријавил дека во Долна Бањица бил каснат од куче скитник. Исто така вчера во 17.20 часот во ОВР Гостивар, 61 годишната гостиварка М.С. пријавила дека претходниот ден околу 13.30 часот, во градскиот парк во Гостивар била касната од куче ...
Трет консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа ќе се одржи денеска во Младински центар (Youth and Community Center) во Гостивар. Настанот ќе го отвори министерот за локална самоуправа, Златко Перински, а меѓу учесниците ќе бидат дел од експертскиот тим кој е вклучен во процесот, проф. д-р Александар Спасеновски, проф. д-р Гордан Георгиев и проф. д-р Мемет Мемети. На настанот, како што се наведува во ...
Четириесетина изложбени панели со детали од животот на малата Ана Франк и нејзиното семејство од Втората светска војна, се поставени во холот на средното општинско училиште-гимназија Гостивар.Изложбата која беше отворена денес, носи наслов „Ана Франк – Историја за денес“, а целта е младите да се запознаат со животниот пат на Ана, да црпат инспирација од непоколебливиот и нескршлив дух на девојчето, како и да се поттикне дискусија за настаните од ...
Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно со повремен слаб локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 0 до 8 степени. Утре (вторник) ќе се задржи променливо облачно време со локални слаби врнежи, кои поради продор на постудена воздушна маса ќе бидат претежно од снег. До среда ќе дува умерен ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека идните квоти за трошоците за одбраната на членките на Алијансата ќе бидат значително над два отсто од бруто домашниот производ (БДП), објавија денеска германските медиуми. „Велт“ го пренесува неговото став дека одлука за тоа ќе биде донесена во наредните месеци. Руте рече дека партнерите од НАТО во следните месеци ќе одлучат за конкретните детали на ова прашање, имајќи го предвид, пред се, ...
Лејкерс и Маверикс предизвикаа возбуда во НБА, откако ЕСПН во неделата рано наутро објави дека тимовите завршиле со трејдот со кој Лука Дончиќ ќе биде испратен во Лос Анџелес, а Ентони Дејвис во Далас. Покрај трејдот во кој се вклучени двете ѕвезди, Лејкерси се согласија да ги добијат Макси Клебер и Маркиф Морис, додека Маверикс ќе го добијат Макс Кристи и пик од првата рунда на драфтот во 2029 година, според извештајот. ЕСПН објави дека Јута ...
Во Албанија од денеска почна примената на одлуката за новата цена на електричната енергија, која е пониска за 10,5 отсто, објави вицепремиерката, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку. Според неа корист од оваа мерка се очекува да имаат 1 милион и 70 илјади претплатници или речиси 95 отсто од домаќинствата. “Домаќинствата кои ќе потрошат до 700 киловатчасови месечно ќе плаќаат 8,5 лека по киловатчас. Оние кои ќе ...
Паша Локум, познат и како Султановата слатка сарма, е неодолив десерт со богата чоколадна текстура и кокосова арома. Овој лесен рецепт комбинира кремаст пудинг, шлаг и кокос, создавајќи совршена слатка завршница за секоја пригода. Брзо се подготвува, а резултатот е вистинско гурманско задоволство што ќе ги освои сите! Потребни состојки Подготовка: Во тенџере ставете шеќер, брашно и какао и измешајте. Додадете малку млеко, повторно измешајте сè и ...