Времето за вечера кај секој човек зависи од многу фактори работни смени, секојдневни обврски, физичка активност, семејни активности и замор. Затоа, не постои едно „совршено“ време што би им одговарало на сите. Нутриционистите посочуваат дека не постои универзално правило кога точно треба да се вечера. За просечна, здрава личност, нема голема разлика дали вечерата е во 17 или во 18:30 часот. Најважно е времето да одговара на личниот распоред и ...

Здружението на приватните гинеколози и акушери предупреди дека примарната гинеколошко-акушерска здравствена заштита се соочува со сериозни проблеми поради недефинирани стандарди и нејасни договорни обврски. Лекарите истакнаа дека ваквата состојба создава хаос и неправедно ја префрла одговорноста врз нив наместо институционално да се уреди. – Недефинирани се стандардите за бројот на потребни прегледи, индикациите за прегледи. Прегледи има ...

Премиерот Христијан Мицкоси денеска повторно порача дека Владата ќе поддржи и ќе примени договор за повисока плата помеѓу работниците и работодавачите истакнувајќи дека за минималната плата мора да постапува по закон. – Понудивме зголемување на платите на административните службеници за 40-ина проценти, ССМ го одби покачувањето! А во делот на минималната плата ние мораме да постапуваме според законот. Ќе има зголемување и нивелирање. Првиот ...

Следната недела, Сојузот на синдикати на Македонија почнува со блокади, а останува и одлуката за генерален штрајк доколку не се зголемат платите. Оттаму упатија отворен повик до Владата да дојдат во понеделник во зградата на ССМ и да го потпишат колективниот договор со кој платите ќе се зголемат веќе од февруари. – Го повикуваме претставникот на Владата во понеделник да дојде во ССМ и да го потпише колективниот договор со кој ги зголемува ...

Македонските превозници вечер во 20 часот ќе се повлечат од блокадите на товарниот дел од граничните премини, одлучи попладнево на состанок Aсоцијацијата Макам-транс“, откако Европската комисија донесе одлука за носење нова стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи, за престојот 90 во 180 дена во шенген-зоната. Со тоа, по речиси четиридневен застој ќе се нормализира товарниот сообраќај на ...

Неисплатениот регрес за годишен одмор на вработените во средните училишта во Гостивар вчера се најде во Собранието како пратеничко прашање упатено кон министерката за образование Весна Јаневска, според која проблемот лежи во прекумерноста на наставниот кадар, а го има и во други општини. „Министерството за образование и наука во 2025 година кон општина Гостивар има исплатено блок дотација за финансирање на средното образование во износ од 320 ...

Со започнувањето на вториот дел од Супер лигата, Кошаркарскиот клуб Гостивар веднаш влегува во клучната фаза од сезоната 2025/26, во која, со оглед на позицијата на табелата, целта е јасно дефинирана – опстанок во Првата кошаркарска лига и продолжување на прволигашкиот статус. За гостиварци, ова е деветта сезона меѓу најдобрите од камбекот по сезоната 2016/17. Низ годините, клубот играше значајна улога во домашната кошарка, но актуелната ...

Вчера (29.01.2026) во 12:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „Павле Аврамоски“ во Гостивар, возило удрило во 13-годишна малолетничка од Гостивар, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. „Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Гостивар. Извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа на ОВР Гостивар и се преземаат мерки за пронаоѓање на ...

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и услови за повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 0 до 9 степени. Според синоптичарите, утре (сабота) ќе владее променливо време со периоди на облачност и сонце. Максималната дневна температура ќе достигне 8 ...

Кошаркарската федерација на Македонија го именуваше Жозеп Мариа Берокал за нов селектор на машката сениорска репрезентација, при што за првпат во историјата националната селекција ќе ја води странски тренер. Берокал е искусен шпански тренер со повеќе од 35 години искуство, од кои 21 во професионалната кошарка и 14 години во Евролигата. Во кариерата има освоено 21 трофеј, меѓу кои и две титули во Евролигата, а работел во девет држави и 13 ...

Намалена видливост до 70 метри и појава на магла утрово има на патниот правец Тетово – Гостивар, информира АМСМ. На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај с.Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. На останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини ...

СВР Тетово соопшти дека вчера (28.01.2026 година) во 14:55 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.Ј. (52) од Добридол, поради основано сомнение декa претходниот ден во ПО Галате лажно пријавил тешка кражба, извршена во неговата куќа во Добридол, каде наводно, според пријавеното, непознати лица влегле преку прозорец од тоалетот и одзеле злато и пари. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ...

За некого навика наследена од бабите, за други спас по непроспиена ноќ. Чаша расол, односно вода од кисела зелка, на празен стомак и денес кај многумина звучи необично. Сепак, овој стар „народен лек“ опстојува со децении – бидејќи организмот често реагира побрзо отколку што се очекува. Расолот не е чудотворен напиток, но умерената консумација може да има јасни и мерливи ефекти: од побрзо разбудување, преку подобро варење, до полесна ...

Постапките за одземање на лиценца за било која дејност и за било кој сектор се строго пропишани во Законот за енергетика и сето тоа е преточено во Правилникот за лиценцирање. На истиот начин како што сме ги воделе постапките за компанијата која што е посочена, во истиот период се водени исти постапки, со исти рокови и за останати компании, не само во делот на секторот за нафтени деривати, туку истото го правиме и во секторот за електрична ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М. Б., претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето од чл. 353 ст. 4 в.в ст. 1 од Кривичниот законик. Како што инфорираат од Управата, пријавениот М. Б. во ...

На денешната седница на Советот на Општина Гостивар, четврта по ред, беа донесени повеќе одлуки за финансиска поддршка на спортски клубови. Најмногу средства, 6 милиони денари, ќе се издвојат за фудбалскиот клуб „Арсими“ од Чегране, кој се натпреварува во првата фудбалска лига на Македонија. „Овој клуб има 50 години историја, изграден е од граѓаните, дијаспората, навивачите, и иако доаѓа од Чегране, го претставува Гостивар и целата општина и ...

Неисплатениот регрес за годишен одмор на вработените во средните училишта во Гостивар се покрена како прашање на денешната седница на општинскиот Совет. Садри Салиу од советничката група на Националната алијанса за интеграција побара објаснување од надлежните општински сектори околу причините кои довеле до проблемот со доцнење на исплатата на К-15. „Бараме образложение од секторите каде е проблемот, зошто е пролонгирана исплатата на К-15 во ...

Националниот парк Шар Планина преку соопштение ја информира јавноста дека на територијата на паркот во моментов е присутна висока лавинска опасност (степен 4), особено во деловите од планината на надморска височина над 1.700 метри. Од паркот појаснуваат дека зголемениот ризик е резултат на специфична комбинација на временски услови – температурата на воздухот, правецот и јачината на ветерот, како и снежните врнежи во изминатите денови. Овие ...

Вчера (28.01.2026 година) во 10:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.Ш. (34) од Чегране, поради сомнение за обид за разбојништво истиот ден во 09:40 часот во финансиско друштво во Гостивар, информира СВР Тетово. „Според пријавата на вработената, маскирано лице влегло во објектот и со закана со пиштол побарало пари, но по активирањето на паник-тастерот, се дал во бегство. Тој е задржан во полициска ...

По кратко боледување, вчера (28 јануари) почина Костадинка Палазова, жената со глас на славеј од Гостивар, доајен на македонската народна песна. Останува да биде запаметена по плодната кариера во која има снимено околу триста народни песни, со сите три оркестри на Македонската радио телевизија. Работела и со Големиот народен оркестар на Пеце Атанасовски, Чалгиите на Илми Баки, соработувала со Кочо Петрески, со Драги Митев, Миодраг Јашаревиќ ...

Министерството за внатрешни работи потсетува дека граѓаните треба да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед. – На посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 8 до 17 часот, граѓаните може да поднесат барање за промена на контакт-податоците што ги доставиле при регистрација на ...

Судиите денеска на непосредни избори гласаат за нов член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението. Право на глас имаат сите 418 судии запишани во Судскиот изборен именик. Гласањето започнува во 8 часот и трае до 15 часот во изборните места во сите судови во земјава, по што на јавна седница се објавуваат резултатите. На кандидатската листа Судиите на непосредни избори ќе гласаат за еден ...

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска одржа протест пред Работничкиот дом, Собранието, Стопанската комора и Владата, барајќи итно зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите плати за најмалку 6.000 денари. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов пред Работничкиот дом изјави дека „работниците повеќе нема да им се молат на Владата и газдите, туку ќе се борат за зголемување на платите“. – Денеска сме тука за ...

Ноќеска 35 минути после полноќ В.И. (39) од Гостивар, во ОВР Гостивар пријавила дека претходно околу 21:30 часот на улица „Тоде Богданоски“, нејзините две малолетни ќерки биле физички нападнати. „Според пријавеното, по претходна вербална расправија со нивна другарка, од куќата излегла мајката на нивната другарка, Ф.М., која ги нападнала, а користела и дрвен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, соопшти СВР Тетово. ...

Собранието на денешната 83. седница, со 83 гласови „за“ го избра Бојан Маричиќ за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). За потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови на Комисијата Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху. Во продолжение на седницата за членови на Комисијата и заштита од дискриминација пратениците ги избраа Лимко Бејзароски и Наташа Ахмед. Претседателот на ...

Кинески истражувачи претставија нов дрон наменет за специјални воени операции, кој е оспособен да управува со стандардна пешадиска автоматска пушка со речиси совршена точност. Експерименталното летало, развиено од компанијата „Wuhan Guide Infrared“ во партнерство со Академијата за специјални операции на кинеската армија, покажа извонредни резултати за време на последните тестирања. Како што е демонстрирано во реални услови, вооруженото летало ...

Судскиот совет на денешната седница го усвои извештајот на работната група од извршениот надзор на работата на Основниот суд Гостивар за постапувањето по предметот за осудениот Ремзи Мифтари од Гостивар, кој има повеќекратни незаконски одлагања на извршување на десетгодишната казна затвор за случајот „Дурмо турс“. Судскиот совет со девет гласа „за“ и два против на членовите Исамедин Лимани и Ханиф Зендели го усвои извештајот во кој комисијата ...

Општина Гостивар информира дека денес започна реконструкција на улицата „Борче Јовановски“ во централното градско подрачје. „Проектот опфаќа целосна реконструкција на патнaта делница во должина од 250 метри, со цел подобрување на урбаната инфраструктура, зголемување на безбедноста во сообраќајот и создавање подобри услови за пешаците и сите учесници во сообраќајот.“, соопштија од локалната самоуправа. Општина Гостивар апелира до граѓаните за ...

Вчера (27.01.2026) во 11:45 часот, од Итната медицинска помош во Гостивар било пријавено дека во Ургентниот центар бил донесен 17-годишник од Добридол во безсознание, како последица од труење со јаглероден моноксид. Како што информира СВР Тетово, по извршениот увид било утврдено дека малолетникот спиел во подрумска просторија, каде имало котел на пелети, а откако котелот бил вклучен, просторијата се исполнила со чад. Увид на лице место ...

Вчера (27.01.2026) во 15:20 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Мара Угриноска“ во Гостивар, патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(68) удрило во 55-годишната Н.Н., двајцата од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Н., констатирани во Општата болница Гостивар, информираше МВР. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар. Вчера (27.01.2026) во 15:20 часот во ОВР ...

Вера

6 дена - МРТ
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1007
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
1.03
68%
1011
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
7.72
47%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
3.09
66%
1009
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
4.84
61%
1010
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
46%
1013
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
6.17
89%
997
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
34%
999
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
6.69
44%
1003
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
61%
1012
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
3.09
52%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 14ᴼ
9.77
52%
1008
Currency

61.6317

Currency

53.3706

Currency

70.6441

Currency

36.7747

Currency

38.3017

Currency

66.6954

Currency

7.74081

Currency

0.65647

Currency

0.33594

Currency

0.52466

Currency

1.20084

Currency

0.57013

Сребро

2840.84

Рутениум

56199.51

Цинк

3.18

Злато

166450.52

Родиум

324722.54

Платина

63465.57

Иридиум

256711.96

Кобалт

45.39

Бакар

11.33

Калај

45.82

Паладиум

46895.77

Алуминиум

3.48