Општина Гостивар најави дека и годинава ќе организира бесплатна Летна школа со различни активности за основците, со цел децата да бидат ангажирани во текот на летните месеци. Предвидени се: ликовни активности, ракомет, кошарка, кик-бокс, рециклирање и мајчин јазик за децата на иселениците. Пријавувањето на учениците се врши во управите на училиштата во кои посетуваат настава почнувајќи од денеска (4 јуни) до 10 јуни. Летната школа пак ќе се ...

Како и секоја година, така и годинава, Општина Гостивар ќе организира Летна школа, успешен проект што се реализира веќе петта година по ред, со цел децата да бидат ангажирани во текот на летните месеци. – Имајќи предвид дека во овој период во државава престојуваат и децата на иселениците, за нив ќе бидат организирани и курсеви по мајчин јазик – соопштија од Општина Гостивар. Оттаму додаваат дека Летната школа ќе ги опфати следните предмети и ...