Лионел Меси се врати на фудбалскиот терен само неколку дена по смртта на неговиот татко Хорхе, приредувајќи емотивна сцена во Мајами. Аргентинецот во неделата го погреба својот татко, кој ден претходно почина на 68-годишна возраст по долго и тешко боледување, а веќе во четвртокот повторно беше на теренот во дресот на Интер Мајами. Меси по враќањето од Аргентина немаше одработено ниту еден тренинг, па неговото појавување во составот беше ...

По оставката на Дејан Станковиќ, Црвена Звезда тргна во потрага по нов шеф на стручниот штаб, а меѓу имињата кои се појавија како можни наследници е и Рафаел Бенитез. Искусниот шпански стратег е една од опциите што ги разгледува раководството на „црвено-белите“. Засега нема официјална потврда дека е постигнат договор или дека преговорите се во напредна фаза. Бенитез зад себе има исклучително богата тренерска кариера. Тој ги предводеше ...

Евролигашот Баерн Минхен продолжува да го засилува ростерот за новата сезона, а најновото име во германскиот клуб е Маржон Боучемп. Американскиот кошаркар пристигнува од Филаделфија 76ерс, со пристојно искуство од НБА лигата. Управата не ги објави деталите од договорот со 25-годишниот крилен играч, кој во Минхен треба да донесе дополнителна енергија и квалитет на двете страни од теренот. „Баравме играч кој може да влијае на играта на повеќе ...

Лос Анџелес Лејкерс имаат нови сопственици, а сумата за која е реализирана продажбата е неверојатна - дури 12,5 милијарди долари! Според „ESPN“, станува збор за најскапата продажба на спортска франшиза во историјата. Контролниот пакет во клубот го преземаат американските бизнисмени Џош Кушнер и Боб Ајгер, кои најавија дека нивната цел е да ја продолжат традицијата на еден од најпознатите спортски брендови во светот. „Како големи навивачи на ...

Управата на Интер е на чекор до ангажман на Џед Спенс од Тотенхем. Двата клуба се во напредни преговори за трансферот на англискиот дефанзивец, а договорот би можел да биде постигнат за сума од околу 30 милиони евра. Спенс веќе ги договорил личните услови со италијанскиот гигант и е отворен за преселба во Милано. Интер во него гледа идеално решение за позицијата на десната страна, особено по заминувањето на Дензел Дамфрис во Реал Мадрид. ...

Францускиот репрезентативец Френк Ниликина има нов клуб. 27-годишниот кошаркар официјално потпиша за Париз Баскет, со што се враќа во француската кошарка. Ниликина пред два месеци го раскина договорот со Олимпијакос, каде што минатата сезона во Евролигата просечно постигнуваше 4,5 поени по натпревар. Во грчкото првенство имаше подобар учинок, со просек од 8,4 поени. Во досегашната кариера францускиот бек настапуваше и за Партизан, Њујорк ...

Ракометарите на Охрид го добија „езерското дерби“ против Струга со 24-37 (13-16) во првото коло на Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Пружи домаќинот одличен отпор во првото полувреме, дури и долго водеше, а потоа се распадна играта и на површина исплива квалитетот на противникот. Домашната екипа на турнирот тргна подобро од фаворизираниот ривал. Стружани отворија одлични и поведоа со 4-2, а се одржуваа во водство до 7-6. Потоа ...

Дезире Дуe беше најдобриот поединец на Суперкупот на УЕФА меѓу ПСЖ и Астон Вила. Францускиот офанзивец постигна гол и одигра клучна улога во победата на парижаните од 2-1. Дуe го постигна вториот гол за ПСЖ во 61. минута, а покрај погодокот, имаше и асистенција при погодокот на Квича Кварацкелија. Освен тоа направи доста клучни додавања и повеќе опасни офанзивни акции со кои постојано ја загрозуваше одбраната на Астон Вила. Техничката група ...

Фудбалерите на ПСЖ го одбранија трофејот во УЕФА Суперкупот, откако на мечот на „Ред Бул Арената“ во Салцбург беа подобри од Астон Вила со 2-1 (1-1). Апсолутниот фаворит го искористи фактот што тимот од Бирмингем беше „десеткуван“ без неколку важни играчи, па успеа да го надигра противникот и да стигне до вториот трофеј во ова натпреварување. ПСЖ рано ја презеде контролата, а Квича Кварацкелија во 20. минута донесе предност (1-0) по одземена ...

Францускиот кошаркарски клуб Асвел го потврди ангажманот на Нејт Сестина, кој во новата сезона ќе настапува за тимот од Лион. 29-годишниот американски крилен центар во Асвел пристигнува од Олимпија Милано, каде што ја помина минатата сезона. Францускиот клуб не ги објави деталите од договорот, но потврди дека Сестина ќе биде дел од екипата во претстојната сезона. Welcome Nate Sestina ! LDLC ASVEL est heureux d’annoncer la signature de Nate ...

Брајан Маџо испиша историја во финалето на УЕФА Суперкупот, откако 17-годишниот напаѓач на Астон Вила постигна гол против ПСЖ и стана најмладиот стрелец во историјата на ова натпреварување. Маџо се најде на вистинското место во завршницата од првото полувреме и го совлада голманот на ПСЖ за 1-1. Маџо својот деби-гол во Суперкупот го даде на 17 години и 212 дена, па откако стана најмлад дебитант го надмина и Патрик Клајверт. Холанѓанецот во ...

Пол Погба повторно се соочува со неизвесна иднина, откако Монако донел одлука да ја прекине соработката со францускиот фудбалер поради новата повреда. Погба минатото лето пристигна во клубот како слободен играч и потпиша договор до јуни 2027 година. Сепак, неговиот период во Монако беше далеку од идеален. Поради честите повреди, за тимот одигра само шест официјални натпревари, со вкупно 115 минути на теренот. Според француските медиуми, ...

Европскиот првак ПСЖ прв стигна до гол на натпреварот во УЕФА Суперкупот против Астон Вила. Средбата на „Ред Бул Арената“ во Салцбург беше отворена по дваесет минути игра со голот на Квича Кварацкелија. Грузискиот крилен фудбалер покажа колку лесно може да дојде до гол, па по додавање од Дезире Дуе тргна во мини-слалом. Кварацкелија упати прецизен удар на поблиската статива и го матира голманот Бизот. Вреди да се напомене дека за овој дуел ...

Лионел Меси со емотивна порака на инстаграм се прости од својот татко Хорхе Меси, кој почина на 68-годишна возраст по долго боледување. Тоа беше прво јавно обраќање на аргентинската фудбалска ѕвезда по загубата на човекот кој целиот живот беше негов најголем поддржувач, но и долгогодишен претставник и менаџер. Меси во својата порака се присети на последните месеци од животот на татко му, нивниот секојдневен контакт, Светското првенство и ...

Чави Хернандез ќе биде нов селектор на холандската фудбалска репрезентација. Поранешниот тренер на Барселона денеска постигна и официјално го потпиша договорот со Фудбалската федерација на Холандија. „Лалињата“ го промовираа Шпанецот кој потпиша договор до 2030 година и целта е да ја води репрезентацијата на следното Светско првенство. За Чави Хернандез ова ќе биде прв селекторски ангажман во кариерата, откако досега работеше исклучиво како ...

Ракометарите на Вардар го совладаа Прилеп со 39-29 во првото коло на Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Натпреварот на на игралиштето крај женската плажа понуди две слични полувремиња во кои фаворитот ја оправда својата улога. Имаше Вардар контрола во текот на целиот натпревар, иако прилепчани добро отворија и успеваа да парираат. Првото поосетно водство „црвено-црните“ го направија некаде по десет минути игра и дојдоа на 8-3. ...

Стадионот во Салцбург е распродаден за дуелот од Суперкупот на УЕФА меѓу европскиот првак Пари Сен Жермен и победникот на Лига Европа, Астон Вила. „Светците“ на Луис Енрике ќе бркаат трофеј без Дембеле, Фабиан Руиз и Баркола од првата минута, а Унаи Емери е бел половина екипа. Баскискиот стручњак не може да смета на Мартинез, Колса, Воткинс, Бејли и Манзамби. Аклиуш ќе дебитира за првакот на Франција, а Абрахам и Гарначо и покрај најавите - ...

Шкендија по поразот од 2-1 на гостувањето кај Хибернијан на реваншот ќе брка пласман во плеј-офот за Конференциската лига на УЕФА на домашен терен, но во Скопје. На денешната прес-конференција освен тренерот Артим Положани своите очекувања ги изнесе и Александар Трумчи. „Атмосферата во тимот е позитивна. Природно по дербито со Вардар енергијата во тимот е поинаква. Успеавме да доминираме и да победиме, па поради тоа сме во добар моментум пред ...

Фудбалерите на Шкендија ќе се обидат да анулираат гол негатива од гостувањето во Шкотска во третото коло од квалификациите за Конференциската лига против Хибернијан. Пред реванш дуелот на прес-конференцијата се обрати шефот на стручниот штаб Артим Положани. „Ова е важен натпревар и може да не одведе до плеј-офот во Конференциската лига. Дефинитивно ќе биде тежок натпревар, противникот доаѓа од првенство каде што физичката подготвеност е ...

Генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, на денешната прес-конференција откри дека во декември ќе бидат одржани вонредни избори за раководните позиции во клубот. Терзиќ истакна дека одлуката е донесена и покрај тоа што во мај актуелното раководство доби нов четиригодишен мандат. „Го слушаме народот и донесовме одлука во декември да распишеме нови избори за раководните места во Црвена Звезда. Им испраќам порака на сите ...

Ромелу Лукаку официјално ја продолжува кариерата во турската Суперлига. Белгискиот голгетер постигна договор со Фенербахче и по две сезони го напушта Наполи. Фенербахче и Наполи постигнале договор за трансферот на 33-годишниот напаѓач, а обесштетувањето ќе изнесува околу шест милиони евра, плус дополнителни бонуси. Белгиецот во Неапол пристигна во 2024 година од Челзи, но последната сезона беше тешка за него поради повредите и конфликтот со ...

Челзи продолжува со својата политика на ангажирање млади и перспективни фудбалери, а најновото име во проектот на лондонскиот клуб е Дастан Сатпаев. Казахстанскиот напаѓач денес наполни 18 години, со што и официјално беше реализиран неговиот трансфер од Каират Алмати. Лондонскиот клуб за неговиот потпис ќе плати околу четири милиони евра со бонуси, сума која претставува рекорд во историјата на казахстанската Премиер лига. Сатпаев со Челзи се ...

Македонскиот суперлигаш Работнички го продолжи договорот со капитенот и еден од најдобрите поединци во екипата, Виктор Ефремовски. Плејмејкерот имаше одлична сезона зад себе, беше лидер на тимот и просечно бележеше 22,2 поени во македонското првенство, додека во АБА2 лигата имаше просек од 11,2 поени за 26 одиграни минути во сезоната 2024/25. Во 2018 година беше прогласен за најдобар млад кошаркар од Кошаркарската федерација на Македонија, а ...

Голем скандал го потресе престојот на Сао Паоло во Боливија, откако тамошната полиција запленила 86,5 килограми марихуана во автобус кој бил ангажиран за превоз на експедицијата на бразилскиот клуб. Според информациите од бразилските медиуми, дрогата била пронајдена во четири вреќи во автобусот, кој бил запрен во близина на Кочабамба. Во акцијата биле приведени тројца возачи, а случајот го презела боливиската единица за борба против ...

Натпреварот меѓу Бодо Глимт и Унион Сент Жилоа во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите заврши со драматичен пласман на Норвежаните, но и со непријатни сцени по последниот свиреж. Бодо/Глимт славеше со 3-2 по продолженијата и со вкупни 6-5 обезбеди место во плеј-офот. Сепак, по натпреварот дошло до тензии на теренот и во тунелот кон соблекувалните. Според норвешките медиуми, еден фудбалер на Унион наводно удрил во лице член на ...

Иднината на Рафаел Леао повторно е тема во фудбалските кругови. Напаѓачот на Милан во последно време се поврзува со трансфер во Галатасарај, иако неговиот договор со италијанскиот гигант е со важност до 2028 година. И покрај тоа што секој преоден рок се појавуваат нови информации за негово можно заминување, Леао сега реши лично да реагира. Португалецот преку социјалните мрежи испрати јасна порака и посочи дека не сака други да зборуваат во ...

Напаѓачот Луис Суарез би можел повторно да го облече дресот на Уругвај, откако нов селектор на националниот тим стана легендарниот Диего Форлан. Форлан јавно ја отвори вратата за можно враќање на искусниот напаѓач во репрезентацијата. „Имам огромна почит кон Луис. Ако е достапен, зошто да не повикаме играч кој постигнува голови, има искуство и продолжува да се докажува од недела во недела?“, изјави Форлан на својата промоција како селектор на ...

Калчолигашот Рома официјално го потврди ангажманот на Нахуел Молина, кој во италијанскиот клуб пристигнува од Атлетико Мадрид. Аргентинскиот репрезентативец зад себе има четири сезони во дресот на мадридскиот клуб, а претходно настапуваше и за Удинезе. Во европскиот фудбал досега запиша 249 настапи и 19 голови. Молина има 28 години и е стандарден репрезентативец на Аргентина, за која досега одигра 65 натпревари. Со националниот тим ги освои ...

Ерлинг Халанд нема да ја добие капитенската лента на Манчестер Сити, а новиот тренер Енцо Мареска понуди интересно и необично објаснување за таквата одлука – норвешкиот голгетер постигнува премногу голови. По заминувањето на Бернардо Силва во Реал Мадрид, капитенската функција остана испразнета, а Халанд беше меѓу најсериозните кандидати за наследник на лентата. Сепак, Мареска има специфична филозофија која ја применувал и во Лестер и во ...

Аргентинскиот голман Херонимо Рули се враќа во Манчестер Сити, откако англискиот клуб официјално потврди дека се договорил со управата на Олимпик Марсеј. Рули потпиша двегодишен договор, со важност до летото 2028 година. Според британските медиуми, трансферот е вреден околу 1,7 милиони фунти. За 34-годишниот голман ова ќе биде втор престој на „Етихад“. Рули претходно беше дел од Сити во сезоната 2016/17, но тогаш не запиша настап за првиот ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
62%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
67%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32