
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Прв пат по една деценија ,,Netflix’’ губи претплатници. Компанијата соопштила дека изгубила 200 илјади претплатници во 2022 година. Ова се должи на подигање на цените во најголемите пазари, во САД и Велика Британија, каде падот на претплатници е околу 600 илјади. Воедно и војната во Украина и повлекувањето од Рускиот пазар, довела до дополнителни 700 илјади прекинати претплати. Гоце.мк – Дали би плаќале повисока цена за ...
Од 1 мај годинава неколку категории на граѓани ќе имаат можност да користат бесплатен превоз со воз. Тоа се млади до 27 години, пензионери, средношколци и студенти. Владата објави во кои термини овие граѓани ќе можат да користат бесплатен превоз во железничкиот сообраќај. Согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република ...
Најдолготрајниот случај на заразен пациент со ковид трае, верувале или не, 505 дена! Photo by Medakit Ltd on Unsplash Невозможно е со сигурност да се знае дали се работи за најдолготрајната инфекција со коронавирус, но, како што истакнува д-р Лук Благдон Снел, со вкупно 505 дена, дефинитивно е најдолгиот пријавен и документиран случај досега. Д-р Снел, експерт за заразни болести во Фондацијата Гај и Сент Томас, Националната здравствена служба на ...
Синоќа во БиХ се регистрирани околу 30 земјотреси кои оставија трагични последици. Покрај материјалните последици, земјотресот зеде и човечка жртва. Pic from Mostar 30 km away from Stolac #earthquake pic.twitter.com/6NJBE5bU5b — MadaraAdonis 🐝 🇽🇰 🇦🇱 #HIVESZN (@adonis_madara) April 22, 2022 Градот Столац е најтешко погоден. Врз семејната куќа на младата девојка Елмира Сефо, паднала карпа која се одвоила од блиската планинска падина. ...
Системот на Андроид ги предупреди жителите за земјотресот неколку секунди пред да се случи. Kорисниците на мобилни телефони биле предупредени за тоа што ќе се случи и добиле насоки како треба да постапат. Photo by: addreso.co pic.twitter.com/4nMQaokDso — Silvana (@Silvana71376830) April 23, 2022 Сепак Андроид овој систем го тестирал во 2020 година. Со оглед на тоа што земјотресите може да бидат чести и последиците да бидат катастрофални, ...
На последната анкета поставена на сајтот на гоце.мк на поставеното прашање „За колкава плата би останале да живеете во Македонија“ голем дел одговорија дека планираат да се иселат независно од платата, а најголем дел од нив или 30,5% одговорија дека нема да останат за плата која е под 1000 евра. Резултатите од анкетата се следните 30.5% – Не би останал/а во Македонија за плата под 1000 евра 25.2% – Планирам да се иселам ...
Недостатокот на масло за јадење е проблем во целиот свет. Поради оваа светска криза, познатиот ланец на ресторани, го менува начинот на кој ги подготвува своите пржени компири. Наместо 100% сончогледово масло за јадење Мекдоналдс воведува и масло од репка. Маслото во кое ќе се пржи познатиот помфрит од Мекдоналдс сега ќе биде мешавина од репка и сончоглед. Photo by Mak💛💙 on Unsplash Сончогледовото масло ќе сочинува само мал дел од мешавината, ...
Денот на планетата Земја денеска се одбележува во целиот свет, со потсетување дека владите во државите, како и сите жители на планетата имаат најголема одговорност за нејзино зачувување. Фото: farmersalmanac Министерството за животна средина и просторно планирање со порака за денот на планетата Земја: „За овој роденден на нашата планета која е и наш единствен дом, Министерството за животна средина и просторно планирање упатува порака и ги ...
Велигден е еден од најзначајните празници во христијанската вероисповед. Па, по повод овој празник, на локално ниво се организираат бројни настани за да се одбележи мирот и спокој кој го носи Велигден. Многу од настаните се со хуманитарен карактер, а останатите ја истакнуваат креативноста и слогата меѓу сограѓаните. Групата Хуманитарни акции во Македонија по повод празникот додели 400 посни оброци на загрозените категории како и пакети со ...
Премиерот Димитар Ковачевски денеска изрази оптимизам дека може да се најде заедничко решение со СОНК за барањата на наставниците и воспитувачите. Но, потенцира и дека СОНК треба да биде искрен пред членовите дека Владата уште од првиот ден е отворена за преговори и за разговори, а исто така и дека кажале дека разговори не се водат под уцена, туку се водат низ дијалог. „Ние ја покачивме минималната плата и постои законски рок од 6 месеци ...
Во текот на март 2022 година, Антарктикот доживеа рекорден топлотен бран но и невообичаено големи количества снежни врнежи на некои места, што ги збуни научниците. Photo by 66 north on Unsplash Ваквите екстремни појави се доказ дека животната средина на замрзнатиот континент се менува како што планетата се загрева. Научниците имаат многу прашања и малку одговори. Во текот на март 2022 година, мразот што го покрива Антарктичкото Море беше 26 ...
Владимир Путин ја казнил ќерка си и ја спречил да отпатува во странство, каде сакала да го прослави роденденот, јавуваат странските медиуми. Наводно тоа го направил од страв дека Марија Воронцова нема да се врати во Русија. Фото: Delfi „Путин одговори со категорично одбивање и ги зајакна мерките за заштита на неговата ќерка Марија. Според нашите информации, најстарата ќерка на претседателот не планирала да се врати во Русија“, ...
Комитетот за заштита на потрошувачите на Европскиот парламент усвои директива со која се воведува единствен полнач за сите електронски уреди. Photo by Lucian Alexe on Unsplash Директивата предвидува потрошувачите да не купуваат нов полнач или кабел за секој нов уред, туку да можат да користат еден USB-C полнач за сите мали и средни електронски уреди. Тие вклучуваат телефони, таблети, звучници, лаптопи, глувци, екрани, уреди за навигација, уреди ...
Европската фудбалска унија (УЕФА) соопшти дека започна продажбата на билетите за финалето на Лигата на шампионите. Продажбата на билетите ќе се одвива од 20 до 28 април во 14 часот преку официјалната веб-страница. Како и обично, најголем дел од билетите ќе можат да купат навивачите на двата тима кои ќе играат во финалето. На навивачите ќе им бидат продадени вкупно 52.000 билети, од вкупниот капацитет на стадионот „Стад де Франс“ кој ...
Организаторите на еден од четирите гренд слем тениски турнири, прославениот Вимблдон, се вклучија во осудата на руската агресија врз Украина. Како што претходно беше најавено, руските и белоруските тенисери се исфрлени од натпреварувањето. Официјалните лица на најголемиот тениски турнир на Вимблдон објавија забрана за учество на тенисерите од Русија и Белорусија на овогодинешниот турнир. Соопштението е од официјалниот сајт на Вимблдон, а како ...
Венеција е првото место кое ќе ви падне на ум кога ќе се спомнат гондоли и град на вода, но не е единственото такво место. Фото: Amaryroad Малото село Хитхорн, во Холандија, е вистинска атракција поради својата убавина, но движењето само по водни канали. Во ова идилично европско село се забранети автомобили, па многумина доаѓаат на еднодневен излет. Хитхорн е идилично село во холандската провинција Оверизел, кое привлекува туристи со своите ...
Ацо Шопов е академик, преведувач и еден од најголемите поети во Македонија. Роден е на 20 декември 1923 година во Штип, починал во Скопје на 20 април 1982 година. „ „ „ „ „ „ Во последната фаза, поезијата на Ацо Шопов е исполнета со интровертност и автобиографски елементи во која спаѓаат збирките: „Ветрот носи убаво време“, „Небиднина“, „Гледач во пепелта“. На 40 ...
Вечерва во 20 часот во Македонскиот народен театар во Скопје ќе настапи култната танцова компанија на Марта Греам од Њујорк. Ова е една од најстарите светски современи танцови компании. Марта Греам е вборена во една од уметничките икони на 20 век, во друштво на Стравински и Пикасо. Прогласена е за „Танчерка на векот“ од страна на списанието Тајм. Претседателот Форд ù го доделува на Марта Греам највисокото цивилно признание на ...
Официјалниот фотограф на Емануел Макрон објави низа на фотографии во очи на вториот круг на претседателските избори. На една од фотографиите Макрон позира во лежерно издание со раскопчана кошула, а во прв план се неговите влакнести гради. Странските медиуми објавуваат дека целта на овие фотографии е да се привлечат младите гласачи во Франција кои во првиот круг на изборите дале поддршка на нејзината противкандидатка Марин Ле Пен. Не требаше ...
Одлуката за недела да биде неработен ден можно е да падне на Уставен суд. Уставните судии веќе оформија предмет, но денес ја одложија расправата по двете иницијативи на Стопанската комора на Македонија. Инаку комората ги оспори измените во двата закони со кои се регулира недела неработен ден. Од комората сметаат дека овие одлуки се противуставни – ги кршат уставните начела на слобода на пазарот, владеењето на правото и начелото за ...
Велигден е празник кој се слави ширум светот и иако сите знаеме дека станува збор за православен празник, сепак има многу чудни традиции за славење. Погледнете дел од нив: Egg pattern photo created by atlascompany – www.freepik.com Најголемата кајгана во Франција Во понеделник на Велигден жителите од Хаукс се собираат, прават кајгана од околу 4.500 јајца во џиновска тава и го создаваат најголемиот омлет кој треба да нахрани околу 1.000 ...
Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“, вечер, во Националната опера и балет, со почеток во 20 часот, ќе го одржи традиционалниот голем Велигденски концерт. На овој гала концерт ќе биде изведена атрактивна играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата, на кои се создавало македонското фолклорно богатство. Со учество на целиот ансамбл, на концертот ќе можат да се проследат ...
Штрајкот на СОНК беше во фокусот на вниманието и пред почетокот на денешната дебата за Инклузијата во образованието, организирана од Народниот правобранител и МОН. Народниот правобранител Насер Зибери рече дека досега има неколку претставки по врзани со штрајкот, но сите се од родители кои реагираат зошто не можат да ги носат децата во градинка. –Има претставки, во насока на поплаки на родителите зошто не се во можност да ги носат децата ...
Најновата надградба за Ајфон вклучува повеќе од 30 нови емотикони, меѓу кои и оној кој предизвика многу реакции, а кој покажува – бремен маж! Apple, во обид да биде во тренд и да им понуди на своите клиенти нешто актуелно, како дел од новите надградби за iPhone уредите, понуди цел сет на нови емотикони, кој е полн со родово неутрални или трансродови слики. Според Wall Street Journal, „Apple“ во март објави нова надградба на ...
Регионалниот совет за соработка RCC ја лансира Регионалната награда за иновации за иновативни, скалабилни и пазарни решенија од Западен Балкан. Наградата има за цел да го поддржи економскиот развој на Западен Балкан преку прифаќање на дигиталната трансформација и поттикнување на еколошката одржливост. Целта на наградата за иновации „Пеперутка“ е да ја промовира иновациската култура во Западен Балкан преку прикажување на успешни ...
Хрватска е прва од екс ју државите која ќе го укине единствениот матичен број на граѓанинот (ЕМБГ), воведен во некогашна Југославија во 1976. Хрватското Министерство за внатрешни работи го стави на јавна расправа Предлог-законот за престанок на важење на матичниот број. Доколку законот биде усвоен, Хрватска ќе биде првата земја во поранешна Југославија која ќе престане да го користи единствениот матичен број. Предложениот закон содржи само два ...
НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип распишува Конкурс за драмски текст за деца. Жири комисијата ќе награди само едно дело. Наградата ќе биде во висина од 60.000 денари во бруто износ. Во наградата е вклучен и откуп на авторското право за изведување на делото во продукција на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип. Наградената пиеса ќе биде отпечатена во тираж од 100 примероци. Истата ќе биде инсценирана на сцената на НУЦК „Ацо ...
Рамиро Аланис од Флорида повторно го собори Гинисовиот рекорд, откако 292 пати во кино го гледал филмот за Спајдермен „Spider-Man: The Road Without Return“. Рамиро Аланис веќе има еден Гинисов рекорд, бидејќи во 2019 година бил на „најмногу кино проекции на истиот филм“, бидејќи го гледал The Avengers: The End of the Game 191 пати. Сепак, според извештајот на Гинисовата книга на рекорди, во 2021 година, неговиот рекорд ...
Не се наоѓате на МИТ Бостон, не сте на Стенфорд, не сте ниту на Институтот за Технологија во Калифорнија, туку сте на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, но сепак сте на еден елитен универзитет – вака го почна својот говор ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип на денешното доделување дипломи на докторите на науки од овој универзитет. Пред да ги прогласи за доктори на науки, ректорот на УГД Блажо Боев, ...
Недалеку од полската граница, лоциран во близина на чешкото одморалиште Долни Морава, висечкиот мост Skybridge ќе ја премости долината Млиничка и ќе биде долг 721 метар. Фото: Zpravy z moravy Мостот ќе биде вистинска атракција, самите фотиографии покажуваат дека нуди доживување и поглед кој остава без здив. Рекордно долгиот висечки пешачки мост треба да биде отворен на северо-источниот дел на Чешка следниот месец и треба да им овозможи на ...