ДИЦ (Државен испитен центар) останува во штрајк, по два неуспешни состаноци со надлежните министерства, со што останува под прашалник полагањето Државна матура. За ДИЦ не бил прифатлив предлогот од Министерството за финансии за зголемување на платата од околу 1000 денари. Вработените во ДИЦ имале неуспешен состанок со МОН во четвртокот. Денеска тие побараа од МОН да го измени календарот за полагање на државна матура. Велат дека нема да ги ...

Ќе продолжиме со состаноците со институциите кои треба да проценат кои се потенцијалните ризици од употребата на ТикТок и што има материјал на платформата, во начинот на негова употреба од учениците. Јетон Шакири – Министер за образование и наука Ако во институциите на безбедност се потврди дека неколку ТикТок видеа од ученици се процени како лоша причина за употреба на платформата, заедно со МИОА и АЕК и другите институции, ќе ги разгледаме ...

Министерството за образование и наука (МОН) денеска информираше дека на eлектронските адреса за пријавување насилство prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk изминатите два дена пристигнале околу 10-тина пораки. Дел од нив, како што посочија од МОН се однесуваат на врсничко насилство, а некои се од поранешни професори, со сугестии како да се превенира и намали насилството меѓу децата и младите од училишна возраст. School photo ...

Сојузот на средношколци излезе со неколку предлози за да се превенираат или избегнат негативни ефекти по случувањата во Србија. Image by Freepik Полицијата засилено да ги обезбедува училиштата до крајот на учебната година, канцелариите на училишните педагози да бидат отворени за средношколците за тет-а-тет средби, летниот распуст да биде искористен за изготвување протокол за нов модел на работа на стручните служби и обуки на соработниците, а да ...

Забрана на TikTok и други социјални мрежи кои поттикнуваат насилство ќе побара пратеничката од ЛДП Моника Зајкова. Оваа најава доаѓа по трагичните случувања во Србија, каде во два дена беа убиени 16 лица, од кои првиот случај беше во основно училиште во Белград. Според Зајкова, ЛДП ќе поднесе повеќе иницијативи, кои се однесуваат на најостра контрола на издавањето и поседувањето на огнено оружје, проверка кој се поседува оружје, контрола и ...

3 мај е денот на слободата на медиумите. Слободата е подобрена, но се уште има многу да се работи, беше констатацијата на двете најголеми новинарски здруженија – Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). На заедничката прес конференција, меѓу другото, беше истакнато еден важен аспект – дека новинарите и медиумите надвор од Скопје се пред изумирање. Новинарот на гоце.мк и ...

„Како креатори на образовните политики, Министерството за образование и наука (МОН) заедно со Владата на Република Северна Македонија и сите други засегнати институции и установи, согласно своите надлежности веднаш започнуваме со ревидирање на воспитната компонента на образовниот систем, механизмите за детекција на предизвици и формите на поддршка на учениците и семејствата“, информираат денес од МОН. Photo by Taylor Wilcox on Unsplash ...

„Средноленд“ е настан кој од 2 до 6 мај се одржува на плоштад Македонија во Скопје, а на него ќе се престатавт талентирани средношколци од скопските училишта. Денеска (02 Мај 2023) на Плоштад Македонија, Културно-информативниот центар (КИЦ), Младинскиот културен центар (МКЦ) и Градски парк – Школка во Скопје, организираат средношколски настан СРЕДНОЛЕНД. Настанот кој оваа година се одржува од 02-06 Мај за првпат, има за цел да ги промовира ...

Државна матура во Македонија последните години не може да помине без проблеми – годинава на помалку од месец до испитите, штрајкот во ДИЦ ги комплицира работите. Веќе недела трае штрајкот на вработените во Државниот испитен центар кој е задолжен за спроведување на државната матура. На средношколците овој исклучително важен документ им е неопходен за продолжување на образованието на некој од универзитетите. Тие се надеваат дека неизвесноста ќе ...

Штрајкот на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) го прекина меѓународното истражување ТИМСС, во кое требаше да учествуваат вкупно 4.500 ученици од Македонија. Овој процес, во кој требаше да се види какви се знаењата на нашите ученици по предметот математика и по други предмети од областа на природните науки, е врзан со рокови и мора да се реализира до крајот на учебната година, додека се децата на училиште. Но, штрајкот за поголеми ...

Владата на вчерашната седница го усвои Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик чиј предлагач е Министерството за култура. Со Предлог-законот се предлага да се прошират областите во кои задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Ќе се прошири опсегот на задолжително лекторирање на текстовите што се објавуваат, како и документите издадени од институциите. Задолжително лекторирање врши само ...

Утре во Штип се организира првата градска трка на 5 и 10 километри. Трката е во организација на Супериор Ранс, а помогната од голем број компании и институции. Меѓу медиумските покровители е и Гоце.мк каде на самата трка ќе доделува ваучери со кои луѓето ќе можат да си подигнат бесплатна маичка. Според Дејан Ѓошев, од организацијата Супериор Ранс, се е подготвено за 580-те тркачи кои утре ќе продефилираат во Штип. Во продолжение погледнете го ...

Денеска на полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури за избор на нов ректор на најстариот универзитет во земјата „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ). Согласно роковникот објавен на веб-сајтот на универзитетот, ќе се гласа на 30 мај, во периодот од 14 до 16 часот, на сите 23 факултети и 5 институти. Мета.мк дознава дека во трка за ректор за мандатниот период од 16 септември 2023 до 15 септември 2026 година, се деканот на Филозофски факултет ...

Велигденскиот донаторски концерт на Ротару клуб Штип и ДМУЦ Сергеј Михајлов резултираше со собрани над 300.000 денари. Средствата ќе бидат наменети за набавка на музички инструменти. Ротари клуб – Штип и ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ успешно завршија уште една хумана мисија – Велигденскиот донаторски концерт. Сепак, тоа е само една фаза, секако најважната во целиот проект, а сега ќе следи и обезбедувањето на инструменти за учениците во Средното ...

Еден средношколец од Луизијана добил повеќе од 170 писма за прием на факултет и му биле понудени повеќе од 9 милиони долари стипендии. Денис Малик Барнс, 16-годишен матурант во Њу Орлеанс, изјави за Си-Ен-Ен дека нема намера да поставува рекорди. „Како што аплицирав на повеќе колеџи и како што растеше бројот на позитивни одговори, со понуди за стипендии доколку влезам во нивниот колеџ, станав заинтригиран“, рече Барнс, додавајќи дека кога му ...

Печатеното издание на австрискиот весник Виенер Цајтунг, кој излегува од 1703 година, ќе престане да се печати по одлука на Парламентот. Австрискиот парламент усвои закон со кој се става крај на сегашната форма на дневниот весник со мнозинство гласови. Овој медиум во својата 320-годишна историја има известувано за разни настани – од младиот Моцарт до абдикацијата на последниот хабсбуршки монарх. Весникот беше во сопственост на Владата на ...

Кањонот Козјак на Козјачка река на планината Плачковица е цел на најновата акција на ДПС „Лисец“, која ќе се реализира во сабота, 29 април. Кањонот Козјак Од ДПС Лисец, овој настан го најавуваат на следниот начин: Најубавиот, Највеличествениот Кањон Козјак, во срцето на нашата преубава Плачковица. Кањон, кој ве остава без здив и на кој водoстојот во овој период е на завидно високо ниво. Езерца, големи и мали водопоади, вртлози од води, убави ...

Собраниските пратеници вчера ги изгласаа измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, со што овозможија да продолжи исплатата на средства за студентите по оваа основа, која престана во март. Според измените, субвенцијата за оброк од април изнесува по 140 денари дневно, наместо досегашните 120 денари. Студентите до крајот на оваа академска година средствата ќе ги добиваат на месечно ниво на своите трансакциски сметки. Според ...

Охридското езеро е во опасност од бетонизација. Охрид SOS објави фотографии од градежни машини кои бетонираат од албанска страна. „Додека албанските власти во извештајот доставен до UNESCO наведуваа некакви проекти за заштита на Охридскиот Регион, споделуваа фотографии од средби и настани, на терен деновиве се случува нешто друго. Се бетонира во Охридското Езеро, како што се гледа од фотографиите, но немаме повеќе детали. Машините се ...

Дипломите издадени во една од шесте земји од регионот: Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија, од надлежна високообразовна институција, ќе се признаваат во сите други, предвидува Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан. После ратификувањето на договорите во Собрание вчера истите излегоа во Службен весник и со тоа стапија во сила. Со потпишувањето на Договорот на претстојниот ...

Студентите ретроактивно ќе ги добијат средствата од зголемените стипендии за академската 2021/22 и дел од 2022/23. Сите ученици и студенти кои оствариле право на стипендија пред учебната односно академската 2021/22 година и доставиле анекси кон нивните договор за изедначување на стипендијата, ќе можат да потпишат спогодба со Министерството за образование и наука за ретроактивна исплата на разликата до зголемената стипендија за академската ...

Бројот на наставници и соработници во македонските високообразовни установи во тековната академска 2022/2023 година изнесува 4.496, информираше вчера Државниот завод за статистика. Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип Од вкупниот број, 3.166 или 70,4 отсто се наставници, додека 1.330, односно 29,6 проценти се соработници во наставата. Податоците укажуваат и на речиси изедначена полова структура – бројот на наставнички и соработнички ...

Светската недела на имунизацијата во Македонија доаѓа во период кога значително е опадната довербата во вакцините, според податоците на СЗО. По повод одбележувањето на Европската недела на имунизација 2023, Министерство за здравство почна со теренски активности во рамки на широка кампања за промовирање на имунизацијата, што се реализира заедно со Светска здравствена организација и со финансиска поддршка од Европската Унија. Над 30 тимови од ...

Движење за чиста крв се промовира во Австралија, антиваксери ќе се свршуваат, венчаат меѓу себе, за да одржат „чиста крвна линија“. Некои Австралијци формираа групи за самци, фалејќи се дека сакаат да се свршат, да се венчаат и да имаат деца само со луѓе кои не биле вакцинирани, за да „одржат чиста крвна линија“. Премиерката Даниел Смит вели дека владата на Алберта ќе работи на заштита на правата на невакцинираните без ветената легислатива. Таа ...

Новиот учебник по предметот Историја и општество за петто одделение, сè уште се користи во наставата, иако уште од средината на декември лани, беа констатирани низа неточни информации и нелогичности. Иако за овој учебник реакциите во јавноста беа големи и имаше најава од министерот за образование и наука, Јетон Шаќири дека ќе биде повлечен ако се утврдат повеќе од 30 отсто грешки, учениците сè уште учат од него. Токму за ова, но и за тоа дека ...

Социјалните мрежи носат голем ризик, па оправдано се поставува прашањето како младите ги користат, колку се штетни, и колку ги злоупотребуваат. „Tik Tok “ скандалот во тетовската болница уште еднаш го вклучи алармот за тоа како и за што се користат социјалните мрежи во време кога дигитализацијата се развива со брзо темпо. Најмногу загрижува тоа какви слики гледаат на оваа социјална мрежа младите и децата, кои се поранливи на последиците што може ...

„Lemon8“ со 17 милиони преземања од лансирањето би можела да биде апликација која ќе го замени популарниот Tik-Tok ако дојде до негова комплетна забрана. Освежувањето што доаѓа од компанијата зад TikTok стана исклучително популарно во последниве недели. Бројот на корисници на апликацијата „Lemon8“ расте од ден на ден, додека се почесто се слуша прашањето – дали е потенцијална замена за „Tik-Tok“ во случај на целосна забрана или пак пристигна ...

Последно истражување кое се однесува на менталното здравје на младите, покажало дека едно од три млади лица во земјата има депресивни епизоди. Освен тоа, присутни меѓу младите како проблеми се и онлајн злоупотребите и булингот во училиштата. Фото: Мета.мк Ова беше истакнато на денешната дебата насловена како „Ментално здравје на младите и социјалните медиуми“ која се одржа на Филозофскиот факултет, на која присуствуваа и дискутираа членови на ...

Перцепцијата на јавноста за важноста од рутинската вакцинација на децата е намалена во Северна Македонија од почетокот на пандемијата на КОВИД-19. Ова го покажува новата анализа на податоци за 55 земји од светот – од кои 29 се наоѓаат во Европа и Централна Азија, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Анализата е дел од новиот глобален извештај „Состојбата на децата во светот“ на УНИЦЕФ. Фото: UNICEF Врз основа на податоци од 2021 година, ...

Предметот Етика во религиите останува изборен предмет во наставниот план за деветгодишното основно образование, за учебната 2023/2024 година, соопшти Министерството за образование и наука. „Согласно Концепцијата за основно образование, што етапно се воведува, во учебната 2023/2024 година освен задолжителни предмети има и два изборни предмети – втор странски јазик и слободни изборни предмети. Бирото за развој на образованието позитивно одговори ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
93%
1023
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
1022
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
94%
1021
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1024
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.48
85%
1021
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
100%
1022
weather icon

Атина

16ᴼ / 12ᴼ
1.34
82%
1018
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1021
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
95%
1020
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
86%
1021
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
7.2
94%
1018
Currency

61.5137

Currency

53.1363

Currency

69.8893

Currency

34.7026

Currency

37.9309

Currency

66.4036

Currency

7.4653

Currency

0.65657

Currency

0.34486

Currency

0.52534

Currency

1.25887

Currency

0.59991