ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
31.07.2023
Грција и понатаму „ветена“ туристичка земја
Автор: Goce Author

Грција и понатаму е „ветена“ туристичка земја – викендот на граничните премини Богородица и Стар Дојран влез и излез оствариле над 50.000 патници.

Од петокот од 10 часот до вчера истото време на граничните премини Богородица и Стар Дојран на излез и влез во државата поминале над 51 илјада патници.

Како што соопштија од МВР, на ГП Богородица влез и излез оствариле 38.950 патници, од кои 14.456 се македонски државјани, а 24.494 странци.

На ГП Стар Дојран влез и излез оствариле вкупно 11.960, од кои 4.772 македонски државјани, а 7.188 странски државјани.

Тоа значи дека во или од Грција транзитирале близу 20.000 граѓани на Македонија.

Според информацијата од МВР, во моментот времето на чекање е половина час.

Според информацијата од АМСМ од утрово, заради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез во државата и на ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу еден час.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Отворени пријавите за пасивни учесници на Интернационалниот студентски конгрес по медицина
Признание „Ацо Шопов“ за Китанов и Мојсова – Чепишевска