Родителската љубов е безусловна, чиста, искрена и неспоредлива. Даниела Шерман-Лазар ја издигнува љубовта на мајките и татковците кон нивните деца со текст кој освои многу нејзини следбеници. Талентираната мајка на две деца честопати пишува за мајчинството и е хит меѓу родителите. Твоите родители секогаш ќе те сакаат повеќе: од твојот партнер, од твоите најблиски пријатели, отколку што ти ги сакаш нив, од сите. Бидејќи иако тие луѓе те сакаат ...

Брус Вилис вчера наполни 69 години. Актерот, кој страда од фронтотемпорална деменција, доби слатки честитки од сегашната и поранешната сопруга. Ема Хеминг, која со него стапи во брак во 2009 година, сподели фотографија на која Брус држи една од нивните две ќерки и напиша: „Исто како тебе, ние едноставно го обожаваме. Она што не го знаеш, но можеби можеш да си го замислиш е дека неговата прегратка е најбезбедното место на целиот свет. Тој е ...

Данијела Мартиновиќ пееше од душа на првиот концерт во Македонската филхармонија. На сцената во Скопје, 52-годишната хрватска пејачка заблеска во црна креација со разголен грб. Талентираната ѕвезда ги изведуваше своите хитови, а сите присутни пееја заедно со неа. „Ви благодарам за љубовта“ – напиша Мартиновиќ по концертот. Шармантната пејачка објави албум со фотографии од концертот организиран од Авалон Продукција. Фотографии: Данијела ...

Градскиот парк е омиленото место за голем дел од нас. На стариот влез од паркот, од десната страна ќе Ве импонира убавата градина на Меѓународното училиште „Максимилијан“. Лоцирано во рамки на најубавиот зелен појас во Скопје, а училиштето овозможува мотивирачка средина за најмладите. Тука учениците учат преку практични примери, игра, а учествуваат и во голем број на национални и меѓународни натпревари, спортски активности, хуманитарни акции и ...

Приказната на Елизабета и Тони Трајковиќ ќе им влее надеж на сите оние кои се соочуваат со потешкотии при зачнување на бебенце. Парот од Велес се бореше со неплодност 21 година пред конечно да се израдува на прекрасна ќеркичка. Брачните партнери долги години се обидувале да зачнат по природен пат, но за жал не успевале, па желбата да станат родители се обидоа да си ја остварат по пат на инвитро оплодување. Елизабета потенцира дека најпрво мора ...

Што претставува ергоспирометријата и која е предноста на ергоспирометрискиот тест во однос на стандардниот стрес тест? Д-р Анѓушева: Кардио-пулмонален стрес тест (СРЕТ) т.н.р. ергоспирометрија е тест со кој се мери работата на срцето во корелација со белите дробови за време на физички напор. За разлика од стандардниот стрес тест, пациентот оди на трака или вози статичен велосипед, при што му е поставена дополнителна апаратура. Таа опфаќа: апарат ...

Здравко Чолиќ и Лепа Брена за првпат заедно настапија на сцената и направија вистински музички спектакл. Публиката на Копаоник уживаше додека 72-годишниот пејач и 63-годишната пејачка ја изведуваа „Pusti, pusti modu“. Видеото од настапот брзо стана хит на социјалните мрежи. „Легенди“, „Најдобри“, „Две икони“, „Милина за очите“ – се само дел од коментарите на нивните обожаватели. Чолиќ и Брена настапија заедно на фестивалот „Kopaonik Music Week“ ...

Блогерка го снима своето секојдневие за да покаже како изгледа животот со ендометриоза и за да ја зголеми свеста за ова заболување кое засега 1 на 10 жени. Ема Максвел сподели видео кое за брзо време стана вирален хит. Во него, таа покажува како изгледаат нејзините денови кога се соочува со неиздржливи болки, подуеност и неможност да ги извршува секојдневните обврски. @endometriosisem taking it moment by moment #endometriosis #adenomyosis ...

Сергеј и Кристина Четковиќ прославија сребрена свадба. Црногорскиот пејач и неговата сопруга направија забава за да ја одбележат 25-годишнината од стапувањето во брак. 48-годишниот музичар и неговата сакана сопруга пристигнаа на прославата во гламурозно-елегантни стајлинзи. Сергеј носеше класично одело, додека Кристина заблеска во светкава сребрена креација. View this post on Instagram A post shared by SERGEJ ĆETKOVIĆ (@cetkovics) Сергеј и ...

Врската на Џиџи Хадид и Бредли Купер станува сè поцврста. Парот за првпат беше фотографиран додека си разменуваше бакнежи во јавност. 28-годишната манекенка и 49-годишниот актер изгледаа заљубено за време на вечера со пријатели во Њујорк. Џиџи изгледаше шармантно со нова пократка фризура. „Бредли и Џиџи се вистински среќни. Одлично си поминуваат заедно, добро им оди како пар и имаат здрави кородителски односи на двете страни“ – рекол извор ...

Дејвид Гета и Џесика Ледон го добија првото заедничко дете. На 56-годишниот диџеј и неговата 32-годишна девојка им се роди синче кое го доби името Сајан. Среќниот пар објави слатка фотографија со новороденчето за да ја сподели веста за неговото раѓање. „Љубовта е во воздухот. Добредојде Сајан“ – напишаа тие. Дејвид и Џесика ја открија веста за бременоста во ноември минатата година, кога се појавија заедно на црвениот тепих на „Latin Grammy ...

Ексклузивен италијански моден накит од асортиманот на Chapter 3, годинава е дел од модните презентации во рамки на традиционалното издание на Деновите на италијански дизајн. Врвни парчиња накит креирани со изострена стилска прецизност и беспрекорен дизајн од брендовите: Rebecca, Rue des Mille, Valentina Ferragni и Rosato, од новата пролетна колекција на Chapter 3, го нагласија уникатниот моден израз на модните ревии на светско познати ...

Во динамичниот свет, стабилноста и понатаму останува една од најважните придобивки. Токму затоа Шпаркасе Банка АД Скопје е фокусирана на грижа за своите клиенти, на нивното финансиско здравје и добросостојба, постојано подобрувајќи ги производните понуди. Една од најголемите поволности што Шпаркасе Банка им ја нуди на клиентите е фиксната каматна стапка, токму во време на зголемена несигурност и растечки тренд на каматите. Затоа, Шпаркасе Банка ...

Бела Хадид за првпат се појави на јавен настан со новото момче Адан Бануелос. 27-годишната манекенка го поддржа 34-годишниот каубој на натпревар во јавање коњи во Арлингтон, Тексас. Таа носеше црна каубојска капа и светкав топ со кожена јакна и кожени панталони додека навиваше за Адан. Бануелос ја одбрани титулата шампион, а Бела му честиташе за победата. Бела и Адан поттикнаа гласини дека се во врска во октомври минатата година, кога беа ...

Сијамски близначки, кои неколку месеци по раѓањето беа успешно раздвоени, сега го прославија својот прв роденден. Телата на малите Ела и Елиза биле споени во пределот на абдоменот и тие морале да живеат така до 4-месечна возраст. Тогаш, била извршена ризична 6-часовна операцијата за нивно раздвојување. Слатките девојчиња денес се во добра здравствена состојба и сè уште се неразделни. „Постојано се една покрај друга. Постојано се една покрај ...

Добриот изглед најчесто е во гените, а тоа го докажуваат и Кристи Тарлингтон и нејзината ќерка Грејс. Поранешниот супермодел, кој во 90-тите години го освојуваше модниот свет, сними модна кампања со 20-годишната ќерка. Веднаш по објавувањето на фотографиите започнаа да се редат коментари за сличноста во нивниот изглед. Слободно може да се каже дека Грејс е копија на својата славна мајка. Фотосесијата на 55-годшната манекенка и нејзината ќерка е ...

Пред два дена беше направена беше мултиорганска трансплантација на органи во којашто еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, а двајца пациенти добија бубрези. Најмалку четири животи беа спасени благодарение на хуманоста на семејството на младиот битолчанец Пеце Аврамовски, кој како херој си замина од овој свет. Покрај овие четири пациенти, во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да ...

Светскиот ден на бубрегот претставува глобална кампања, која има за цел да ја подигне свеста за важноста и грижата за бубрежното здравје. Се одбележува од 2006 год секој втор четврток во месец март. Кампањата за 2024 год. се фокусира на подигање на свеста за унапредување на рамноправниот пристап на нега и оптимално медицинско лекување на бубрежно болните. Важноста од еднакво бубрежно здравје за сите Се проценува дека бубрежните болести ...

Кристи Бринкли сподели лоша вест со своите фанови за да ги охрабри да прават редовни здравствени прегледи. Во пост на Instagram, 70-годишниот супермодел напиша дека ѝ бил дијагностициран рак на кожата на лицето. Кристи поминала низ операција за отстранување на зафатената област и е среќна што ракот бил откриен во рана фаза. „Добрата вест за мене е што рано го откривме базалиомот (базоцелуларниот карцином). Имав одлични доктори кои го отстранија ...

Ако беше жив, Петре Прличко вчера ќе наполнеше 117 години. За да го одбележи денот на неговото раѓање, внук му Игор Џамбазов напиша емотивна објава. Македонскиот шоумен објави заедничка фотографија од „Волшебното самарче“ и за својот дедо напиша: Денес ќе наполнеше 117 години. И малку ќе му беа. Толку многу го сакаше животот. Малку повеќе го сакаше филмот. А најмногу театарот. Јас му бев на солидното шесто место. Но, научив од него работи кои ги ...

Џенифер Лопез е неуморна. 54-годишната актерка го објави трејлерот за новиот филм „Atlas“. Во него, таа влезе во улогата на Атлас Шеперд, „брилијантна аналитичарка на податоци со длабока недоверба во вештачката интелигенција (AI)“ која има мисија да го спаси човештвото. „Единствената надеж за да ја спаси иднината на човештвото од AI е да ѝ се довери“ – стои во описот на Netflix. „Atlas“ е снимен во режија на Бред Пејтон. Погледнете фотографии од ...

Оливија Ман води тешка битка. Холивудската актерка сподели дека минатата година ѝ бил дијагностициран рак на дојка. 43-годишната филмска ѕвезда во изминатите 10 месеци минала низ четири операции, меѓу кои и двојна мастектомија. Лошата дијагноза, актерката од „X-Men: Apocalypse“ ја добила во февруари 2023, а деталите ги откри во Instagram пост. „Во февруари 2023, во обид да бидам проактивна за моето здравје, направив генетски тест кој проверува ...

Кејла Ицинес ја подигнува свеста за ендометриозата. Март е месец за зголемување на свеста кај луѓето за оваа состојба која се јавува кај 10% од жените во репродуктивна возраст. Австралиската фитнес ѕвезда сподели фотографија направена по лапароскопијата преку која откри дека ја има оваа состојба. Сега таа сака да им помогне и на други жени кој секој месец страдаат од неподносливи болки, а кои не знаат што им е. Поради нејзиниот голем број на ...

Шерон Стоун зрачи со сензуалност и во седмата деценија од животот. 66-годишната актерка мамеше воздишки додека чекореше на црвениот тепих на оскаровската забава на Vanity Fair. На настанот во Беверли Хилс, ѕвездата од „Basic Instinct“ изгледаше фантастично во гламурозна креација од модната куќа Del Core. За изгледот на Шерон задолжен бил стилистот Парис Либи, кој во нејзиниот стајлинг додаде накит од Gismondi 1754, чантичка од Carolina Herrera и ...

Второто дете на турските актери Бергузар Корел и Халит Ергенч наполни 4 години. 41-годишната ѕвезда од серијата „1001 ноќ“ му го честиташе роденденот на малиот Хан со фотографии направени по неговото раѓање и му напиша слатка порака. Корел сподели дека нејзиниот син се роди на 8 март 2020 година, непосредно пред почетокот на пандемијата. „Се роди за 3 минути и сите нè насмеа. Оние кои те чекаа тој ден не веруваа дека си роден. Оние кои со солзи ...

Лени Кравиц доби своја ѕвезда во Холивуд. 59-годишниот пејач го прими признанието во присуствуво на неговата ќерка Зои, нејзиниот вереник Ченинг Тејтум и бројни соработници. На откривањето на 2.774-тата ѕвезда на Патеката на славните, Кравиц имаше сладок момент со Зои, која одржа говор во чест на татко си. „Ја имав честа да те познавам долго време и морам да речам, тоа што сум твоја ќерка е една од најубавите авантури во мојот живот. Бидејќи ...

Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски изминатиот викенд направија голема свадбена прослава во Скопје. Музичкиот пар, кој настапува заедно во различни градови од нашата држава, сними свадбена фотосесија, а официјалните фотографии од прославата ги објави фото-студиото SaYes Wedding Photography. View this post on Instagram A post shared by SaYes Wedding Photography (@sayeswedding_photography) Фотографии: SaYes Wedding Photography И стилистот ...

Македонски Телеком ја започнува кампањата „Да направиме место“ со којашто поттикнува и инспирира отвореност и меѓусебно разбирање коишто се важни за вистинско поврзување. Денес, преку дигиталните технологии, ние сме поврзани повеќе од кога било. Но со години наназад живееме во несигурност и криза, ја губиме довербата во другите, вербата во подобра иднина, се изолираме и се затвораме, и сè посклони сме кон конфликти и нетолеранција. Според ...

Џоан Колинс непрекинато покажува дека за добар стил не се важни годините. 90-годишната актерка пленеше со софистицираност на црвениот тепих на забавата на Vanity Fair, која се одржува секоја година по спуштањето на завесата на Оскарите. Ѕвездата од „Династија“ за оваа пригода избра зелена креација со доза гламур, која ја надополни со блескави обувки. Во центарот „Wallis Annenberg“ во Беверли Хилс, Џоан беше придружувана од 59-годишниот сопруг ...

Сузана Турунџиева го прослави својот 55-ти роденден на забава со најблиските. На социјалните мрежи, македонската пејачка и водителка сподели фотографии на кои позира со двете ќерки Лора и Матеа. Турунџиева изгледа одлично во црвен фустан со реси на ракавите. Таа пееше и славеше, а доби подароци со ликот на Фрида Кало. „Љубовта е единственото нешто кое се множи кога се дели... Неизмерно сум благодарна за сите прекрасни луѓе, кои го прават убав ...

Првата

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
78%
1030
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
61%
1032
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.66
83%
1026
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
92%
1031
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
0.89
84%
1026
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
100%
1028
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 5ᴼ
2.68
97%
1025
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
75%
1031
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1026
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15226.00

Рутениум

15850.32

Калај

29.90

Сребро

1011.48

Злато

89636.05

Бакар

8.64

Паладиум

31314.83

Платина

32150.32

Родиум

149500.97

Цинк

2.73