Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Скопје вчера беше домаќин на второто издание на Croatia осигурување бизнис трка 5K, најмасовната корпоративна спортско-рекреативна манифестација која на едно место обедини повеќе од 50 компании, институции и организации од Македонија. На кејот пред Acibadem Sistina, 750 вработени од финансискиот сектор, ИТ индустријата, телекомуникациите, фармацијата, логистиката, производството, јавните институции, дипломатските претставништва и невладиниот ...
Новите туристички модели стануваат сѐ попопуларни, а во последниов период е особено во подем MICE туризмот, специјализирана форма на деловен туризам што ги обединува професионалните настани, конференциите, корпоративните средби, како и наградните патувања за вработени и партнери, со туристички и луксузни искуства. Туркије, пак, продолжува да се издвојува како една од најатрактивните MICE дестинации во светот, обезбедувајќи им на ваквиот тип ...
Македонија и официјално ги започнува преговорите за укинувањето на роамингот со земјите на Европската унија (ЕУ). Имено Европскиот совет соопшти дека го одобрил почетокот на преговорите за неговото укинување со земјава, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Моделот познат како „роаминг како дома“, ќе им овозможи на граѓаните од Македонија да остваруваат телефонски повици, да испраќаат пораки и да користат мобилен интернет ...
Македонскиот ИКТ сектор продолжува да биде еден од најсилните двигатели на економскиот раст во државата, достигнувајќи вкупни приходи од 1,77 милијарди евра во 2025 година и извоз од 676 милиони евра, покажуваат податоците презентирани на првиот македонско-грчки „Digital Bridge & Business ICT Forum“, организиран од МАСИТ и грчката асоцијација SETPE. Анализата на состојбите во македонската ИКТ индустрија беше презентирана од Дамјан ...
Недостигот на стручен кадар сè почесто се наметнува како едно од клучните прашања за идниот развој на индустријата, особено во секторите каде што практичното знаење, техничките вештини и директното искуство се незаменлив дел од професионалната подготовка. Според податоците на European Training Foundation, младинската невработеност во Македонија во 2024 година изнесувала 29%, додека 22,6% од младите биле надвор од образование, вработување или ...
Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, продолжуваат да бележат рекордни нивоа на двоцифрен пораст на бројот на патници. Во првите пет месеци од 2026 година, во периодот јануари – мај, двата македонски аеродроми опслужија 31,2% повеќе патници отколку во истиот период во 2025 година, или вкупно 1,6 милиони патници (1.580.932), ...
Деловните врски на „Алкалоид“ со компаниите од Јапонија датираат од 1978 година, кога беше воспоставена соработката со корпорацијата ,,Фуџи филм“. Тогаш, со лиценца од овој партнер, беше пуштена во употреба фабриката за производство на рендген-филмови, со што „Алкалоид“ стана еден од само двата лиценцирани производители на вакви филмови во Европа. Делегација на Амбасадата на Јапонија во Скопје, предводена од Н.Е. амбасадорката Сецуко ...
Акцијата на ОКТА АД Скопје има најголем раст во мај, покажува билтенот на Македонската берза. Акцијата на Макошпед АД Скопје пак бележи најголемо опаѓање. Еве кои се другите акции со најголем раст и пад за тој период: ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Колкав промет е остварен со акциите на Комерцијална, Македонски Телеком и Алкалоид, најтргуваните во мај Акцијата на ОКТА АД Скопје има најголем раст во мај, покажува билтенот на Македонската берза. Акцијата на ...
Денеска во црногорското крајбрежно одморалиште Тиват, ќе се одржи нов Самит ЕУ-Западен Балкан. На истиот ќе учествуваат лидерите на земјите од Западен Балкан – Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, а Македонија ќе ја преставува премиерот Христијан Мицкоски. Истиот се одржува под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската унија и Западен Балкан“, а главните теми ќе бидат проширувањето на Унијата и Планот за ...
Од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) информираа дека согласно своите надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по сопствена иницијатива отвориле предмет во врска со злоупотребите констатирани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во 2024 година. Од таму велат дека предметот е отворен поради потребата од проверка ...
Одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, нудела гаранција во пари и имот за да тој не оди во притвор за случајот со злоупотреба при јавна набавка во Царината и за поткуп. Но, тоа не били прифатено, па тој доби притвор од 30 дена. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ По 30 дена притвор за Стефан Богоев и другите осомничени за злоупотреба при јавна набавка и за поткуп Неговата одбрана најави и дека ќе ја обжали одлуката на Основниот ...
Во рамки на Самитот на Западен Балкан во Тиват, премиерот Христијан Мицкоски разговарал за уставните измени на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон и и со претседателката на Комисијата, Фон дер Лајен. „Уставните измени кои ги прифати претходната Влада беа тема на разговорот, но нашиот став е тој, ние заслужуваме многу повеќе од потпросечни политички медиокритети, како што беше претходната влада, да ни ја креираат европската ...
Шеесетото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, ќе започне вечерва во 19 часот со изложба 60 години „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Станува збор за хибридна изложба на артефакти од долгогодишната традиција на фестивалот. Во неа ќе се следи приказната за фестивалот визуализирана со конкретни сведоштва за луѓето и настаните што ги обележале овие години фестивалски живот. Изложбата е поддржана од „Витаминка“ ...
Македонската универзитетска репрезентација ги привршува последните подготовки пред настапот на Светското универзитетско првенство во карате, кое од 8 до 13. јуни ќе се одржи во Бразилија, во организација на FISU. На шампионатот се очекува учество на околу 1.500 студенти-спортисти од повеќе од 40 земји, што го прави еден од најсилните универзитетски спортски настани во светот. – Нашите каратисти изминатиот период работеа интензивно на ...
Преспанскиот Регион претставува вистинска лабораторија на отворено, што јасно го потврдуваат и тековните теренски истражувања на биолошката разновидност кои Македонското еколошко друштво (МЕД) ги спроведува во соработка со локалните заштитени подрачја како дел од проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа“, финансиран од Европската унија (ЕУ) во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“. Долж крајбрежјето на Преспанското Езеро е веќе отпочнат ...
Емотивни сцени беа забележани во прилогот на телевизијата Open TV, во кои семејството на трагично загинатиот фудбалер Аган Асани од Черкезе го посети младиот Давид Докмановиќ, кој со натпис на својата маица го посвети постигнатиот гол токму на Аган. Во знак на благодарност и почит за неговиот гест, семејството на Аган дојде во домот на Давид и му ја подари фудбалската топка со која Аган играл, претворајќи ја средбата во момент исполнет со ...
Финансискиот криминал брзо се менува, а вештачката интелигенција сега се наоѓа и во срцето на заканата и во срцето на одговорот. Длабоките лажни видеа и аудио-содржини, измамите со лажно претставување, автоматизираните лажни пораки за кражба на податоци и синтетичките идентитети го прават криминалот пообемен, поубедлив и потежок за откривање. Поради тоа, тимовите задолжени за усогласеност низ финансискиот сектор сè повеќе се оддалечуваат од ...
Во Хрватска од 1. јуни стапија на сила нови царински правила, согласно регулативата на Европската унија (ЕУ), кои освен за транспортерите, се однесуваат и на граѓаните кои патуваат таму, пренесуваат регионалните медиуми. Па така, полнолетните патници можат да внесат до 40 цигари, еден литар жесток алкохолен пијалак со повеќе од 22% алкохол или два литри пијалаци со пониска алкохолна содржина, четири литри вино и до 16 литри пиво. Во делот на ...
Бројот на работници во индустријата во април годинава е намален за 2.3%, споредено со истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во април 2026 година, во однос на април 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.8%, во секторот Преработувачка индустрија за 2.2%, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1%. Според главните индустриски ...
Успешно заврши првиот македонско-грчки „Digital Bridge & Business ICT Forum“, кој денеска во Скопје обедини повеќе од 130 претставници на компании, институции и организации од Македонија и Грција, со фокус на создавање нови деловни партнерства, размена на знаење и отворање можности за заеднички настап на регионалните и европските пазари, информираат од МАСИТ. Во рамки на форумот беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и грчката ...
Витаминка АД Прилеп откупи 250 сопствени акции, информираа од таму преку Македонската берза. Сега компанијата поседува 3.180 сопствени акции, кои претставуваат 4,14% од вкупниот број на акции на Витаминка. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Витаминка ќе дели дивиденда по акција од 400 денари бруто 46,6 милиони денари за менаџментот на Витаминка лани Фото: Витаминка Витаминка АД Прилеп откупи 250 сопствени акции, информираа од таму преку Македонската берза. Сега ...
Генералниот директор на Реплек АД Скопје и претседател на Управниот одбор, Душан Пецовски, купи нови акции на компанијата, информираа од таму преку Македонската берза. Тој купил 200 акции. Сега поседува 32.150 или 12,40% од вкупниот број на акции на Реплек. Купувањето на акции од страна на менаџментот на компанија покажува дека тие веруваат во нејзиниот бизнис и перспективи. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Канцеларија со душа: Како изгледа канцеларијата на ...
Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје останува најтргувана акција на Македонската берза и во мај. Како што покажува билтенот на Берзата за тој период со неа е направен промет од над 131 милиони денари. Втора е акцијата на Македонски Телеком АД Скопје, со која е направен промет од 42,9 милиони денари, а трета акцијата на Алкалоид АД Скопје, со промет од над 30 милиони денари. Во првите пет најтргувани се и акциите на НЛБ Банка АД Скопје и ...
Царинската управа склучи договор за услуги за развој , имплементација и менаџмент поддршка при имплементација на нов систем НКТС фаза 6, со European dynamics SA. Договорот е во вредност од 54.600.000 денари или 887.805 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 420,2 илјади евра склучи Царинската управа со „Ремондис медисон“ Договор вреден 178,7 илјади евра склучи Царинска управа со Неотел Фото: Унсплеш Царинската управа склучи договор за услуги за ...
Напредокот на Македонија во однос на реформите на патот кон Европската унија (ЕУ) е недовелен, особено во делот на владеењето на правото, судските реформи и борбата против корупцијата, се вели во соопштението по изгласувањето на извештајот подготвен од европратеникот и известувач за земјава во Европскиот парламент (ЕП), Томас Вајц, од страна на Комитетот за надворешни работи на ЕП. Истиот сега треба да оди на гласање на пленарна седница на ...
Македонија за првпат со 174 гласа е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ОН) – ЕКОСОК, едно од водечките тела на светската организација. Таа ќе биде членка на Советот од 2027 до 2029 година. Изминатиот период Македонија стана членка на Советот за човекови права на ОН, како и на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје. Фото: Влада Македонија за првпат со 174 гласа е избрана за ...
Wolt пристигна во Охрид во најзабавниот и најдинамичен период од годината, кога градот на УНЕСКО повторно станува центар на летните случувања, туристите и долгите вечери покрај езерото. Почнувајќи од ова лето жителите и посетителите на Охрид ќе можат со само неколку кликови преку една апликација да нарачаат храна, производи од продавници и аптеки директно до нивната локација. Услугата е достапна во поголемиот дел од урбаното подрачје на ...
Kампањата на Македонски Телеком „Да направиме место за подобро да се поврземе“ креирана од македонската креативна агенција Saatchi&Saatchi дел од Publicis Groupe Macedonia, освои сребро во категоријата Strategy & Effectiveness на 5. Регионален фестивал на медиуми и креативни индустрии CIM Forum во Котор, информираат од таму. Кампањата беше финалист во уште три категории, Integrated Campaign, Strategy & Effectiveness и Positive ...
Винарската визба „Тиквеш“ доби уште едно значајно меѓународно признание за квалитетот и начинот на управување со своите лозови насади, откако лозовиот насад Лепово се стекна со „Платинест статус на извонредност“ во рамките на годишната евалуација спроведена од меѓународниот експертски тим на Perleuve, предводен од реномираниот агроном и истражувач Џовани Бигот, информираат од таму. Во конкуренција од повеќе од 2.200 мониторирани лозови насади ...
Македонската Соларна Асоцијација и Скопје Сити Мол по четврти пат го организираат Соларниот Саем- МАКСОЛ ЕКСПО, кој годинава ќе се одржи од 4 до 7 јуни во Скопје Сити Мол. Настанот ќе обедини повеќе од 25 компании од Македонија и од регионот, што ќе ги претстават најновите производи, технологии и решенија од областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. Посетителите ќе може да разгледаат широк спектар на соларна опрема, ...