Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Од Алта банка АД Битола преку Македонската берза информираа дека согласно одлуката за именување донесена од страна на Надзорниот одбор на Банката и добиената согласност на Извршниот одбор на Народна банка, Александра Радевска, е повторно именувана за член на Управниот одбор на Банката. Во УО на Банката се и Зарије Коралија и Стефан Николиќ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Колкав надоместок имале членовите на менаџментот на Алта банка Битола лани Алта банка ...
еМагазин ексклузивно споделува детали за еден од најголемите актуелни градежни проекти во Македонија. Станува збор за комплексот Берово Грин Гејт (Berovo Green Gate), а деталите за еМагазин ги сподели сопственикот Горан Јордев. Јордев е и косопственик на Дик Фагус во Печхево, Stip City Mall и Stip City Taxi. Инвестиција од над 10 милиони евра Се работи за инвестиција вредна над 10 милиони евра, која ќе се реализира во четири фази. Молот, кој ...
Горан Мисовски е реизбран за претседател на Нова социјалистичка партија (НСДП). Мисовски беше реизбран на Седмиот конгрес на партијата кој се одржа вчера во Скопје. Како што информираа од партијата на Конгресот биле избрани и 70 членови на Централниот одбор и девет членови на Надзорниот одбор. Фото: НСДП Горан Мисовски е реизбран за претседател на Нова социјалистичка партија (НСДП). Мисовски беше реизбран на Седмиот конгрес на партијата кој ...
Членот на поширокото обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски, Раде Ристовски, кој ја претепа сопругата, доби условна казна. Информацијата ја соопштија од Основниот кривичен суд Скопје, од каде велат дека тој признал вина и добил казна затвор од една година и шест месеци, доколку во наредните три години стори друго кривично дело. Како што информираа од Основното јавно обвинителство, Ристовски ја тепал сопругата и ја давел пред нивната ...
Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој два месеци не доаѓаше на работа, на Фејсбук, соопшти оти си поднел оставка и истата му ја доставил на премиерот Христијан Мицкоски. На позицијата беше две години како кадар на поделената Алијанса за Албанците, а во објавата меѓу друго вели дека придонел за “реформи што имаат за цел зајакнување на отчетноста, транспарентноста и владеењето на правото“ и дека работел со максимална посветеност. За ...
Како што и се очекуваше со стартот на сезоната на одмори, дополнително се влошува состојбата по аеродромите на земјите членки на Европската унија (ЕУ), поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) во Шенген зоната. Европското здружение на аеродроми – АЦИ Европа соопшти дека анкетирало 45 аеродроми во 20 земји-членки на ЕУ, а резултатите покажале дека системот предизвикува редици и до три и пол часа. Повеќе аеродроми пријавиле ...
Собранието на акционери на Оилко КДА Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Истата ќе се исплати од кумулативната акумулирана добивка од претходните години. Вкупниот бруто износ изнесува 182.813.760 или околу 3.000.000 евра. Висината на дивидендата по акција е 240 денари бруто. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Оилко лани со зголемена добивка За менаџментот на Оилко лани 7,7 милиони денари за плата и ...
Собранието на акционери на Макпетрол АД Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда, соопшти Друштвото преку Македонската берза. За таа намена се обезбедени 467.285.280 денари бруто. Висината на дивидендата по акција е 4.620 денари бруто. Последен ден за тргување со право на дивиденда е 12. јуни. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Макпетрол лани со зголемена добивка Андреја Јосифовски купи нови акции на Макпетрол Саша Лекиќ купи нови акции на Макпетрол ...
Собранието на акционери на Македонски Телеком АД Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда, соопшти Друштвото преку Македонската берза. За таа намена се обезбедени 2.494.931.182 денари бруто. Висината на дивиденда по акција е 28,93 денари бруто. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој има поголеми приходи, Македонски Телеком или А1 Македонија? Колкави надоместоци имале владините преставници во Одборот на директори на Македонски Телеком лани Кој е Александар ...
Од 45 мостри од млеко и млечни производи, кај 10 оператори утврдено е дека анализираните примероци не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи, односно, со тестирањата констатирано е дека во производите има помал процент на млечни масти од декларираното, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). „Кај еден оператор со храна, со лабораториско тестирање на мостра од одземените 22 килограми ...
Министерство за внатрешни работи информира дека одобренијата за патувања на деца до 14 години за странство, ќе се издаваат и во сабота, до 12 часот. „Како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања кои се очекуваат во наредниот период, шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), во наредниот ...
Алијанса за Албанците се преименува во Албанска лига, а Зијадин Села едногласно е реизбран за претседател на 5. партиски конгрес. Села најави сoздавање ограноци, нивно зајакнување, стабилизација, создавање на сите движечки структури на таков начин што Албанската лига ќе стане силна. „Албанската лига нема да седи со скрстени раце на овие тенденции за напаѓање на нашите права, напротив, ќе одговориме со напад. Бадентер во Уставниот суд, секој ...
Реконструкција на Владата биле една од темите на Централното собрание на Влен кое денеска ја одржа првата седница по формирањето на партијата. „Во таа насока беше отворена дебата за перформансите на носителите на јавни функции, со цел евентуалните промени да придонесат за поголема ефикасност, одговорност и побрза реализација на обврските преземени пред граѓаните. Централното собрание направи и анализа на досегашната работа на Влен. Се ...
На Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје е донесена одлука за исплата на дивиденда за 2025 година, информираа од таму преку Македонската берза. За оваа намена се обезбедени 2.195.790.831 денари бруто. Висината на дивидендата по акција е 2.571 денари бруто. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 09.06.2026 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ НЛБ Банка ги објави платите на Управниот одбор Колкави надоместоци имале членовите на НО на НЛБ ...
Собранието на акционери на Мермерен комбинат АД Прилеп донесе одлука за исплата на дивиденда за 2025 година, соопшти Друштвото преку Македонската берза. За таа намена се предвидени 461.186.827 денари. Износот на бруто дивиденда за обична акција изнесува 1,60 евра (1 евро = 61,50 денари). Последен ден на тргување со право на дивиденда е 09.06.2026 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како работел Мермерен комбинат лани Јасна Ажиевска реизбрана за член на ОД ...
Групацијата за производство на цигари, во рамките на Здружението на производители на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Македонија, го цени фактот што во текот на подготовката на Предлог-законот за заштита од употреба на тутунски производи и сродни производи беше овозможена инклузивна комуникација со предлагачот на законското решение, при што дел од доставените забелешки, ставови и укажувања на деловната заедница беа земени ...
Новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова, порача дека Македонија треба да се фокусира на исполнување на преземените обврски кон Европската унија (ЕУ), а не на барање конфликт со Бугарија. За телевизијата БНТ, Петрова изјави дека Бугарија нема намера да отстапи од барањето за уставни измени, бидејќи не станувало за билатерален спор, туку однос меѓу земја кандидат и ЕУ. Бугарската министерка рече и дека тонот од ...
Бизнисменот Трифун Костовски, кој е поранешен градоначалник на Град Скопје, како и поранешен пратеник на СДСМ, најави враќање во политика. Тој на својот Фејсбук профил најави дека ќе формира партија и ги повика граѓаните да му се приклучат. -Ги повикувам сите искусни и неискусни мои сограѓани кои имаат желба Македонија да опстои како држава во која ќе создадеме иднина за нашите поколенија, да размислат и да се приклучат кон ваквата моја ...
Македонско-грчката граница вчера повторно го отсликуваше она што ќе се случува во екот на туристичката сезона. Долги колони возила, метеж, нервозни патници и поттик туристите за ова лето да размислуваат за алтернативи, како би можеле да избегнат губење денови по границите. Грција, која што е една од најпогодените земји од воведувањето на новиот ЕЕС систем за влез и излез во Шенген зоната, најавува воведување на нови мерки со цел олеснување на ...
Третиот Регионален состанок на засегнатите страни на FSC® се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина од 20 до 22. мај 2026 година, настан важен за подигнување на стандардите во шумарскиот сектор и поттикнување на одржливоста на добавувачките ланци во земјите од регионот Адриа Балкан. Повеќе од 40 експерти за шумарство, истакнати членови од академската фела, претставници на институции и невладини организации, како и други професионалци, се ...
Исламистот со потекло од Македонија, кој планираше напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена во 2024 година, е осуден на 15 години затвор. 21-годишното момче е осудено и за формирање на теприристичка ќелија. Покраинскиот суд во Винер Нојштат утврди дека тој имал намера да ги нападне фановите на американската музичка ѕвезда пред стадионот „Ернст Хапел“. Обвиниетиот изразил жалење и го признал планот за напад, а поводот била желбата за слава. ...
Во годишниот извештај за работењто за минатата година, кој е објавен преку Македонската берза, од Оилко КДА Скопје, меѓу друго информираат и дека управителот и комплементарите на Друштвото лани имале нето примања по основ на плата и надоместоци на плата, по основ на други права, како и по основ на награди во вкупен износ од 7.750.986 денари. Управител е Дејан Левески, а комплементари се Андреја Јосифовски и Саша Лекиќ. На членовите на ...
Од Кристал 1923 АД Велес преку Македонската берза информираа дека Собранието на акционери донело одлука за продажба на градежно-деловни објекти во сопственост на Друштвото. Друштвото продава имот во Скопје, Кавадарци, Куманово, Битола… Еве го целиот имот што е на продажба: Во одлуката стои и дека објектите треба да се продадат согласно позитивните прописи (по пат на јавна продажба или со непосредна спогодба) и според пазарни цени кои се ...
Еден од сопствениците на фирмата Про билдинг компани ДОО – Тетово, која е инвеститор на зградата која се гради на булеварот „Теодосиј Гологанов”, во близина на Католичката црква во скопската општина Центар, каде има свлечиште, е раководител на секторот Права во Центарот за социјални грижи во Тетово, објави телевизијата Телма. Станува збор за Абдуљвехап Хусеини, а другите двајца сопственици на фирмата се Трипун Крстевски и Ванчо Крстевски. ...
Владата го усвои Предлогот за измена на Законот за царинска тарифа, со кој се врши дополнително намалување на царинските стапки и нивно целосно усогласување со стапките за тие стоки кои се применуваат во Европската унија (ЕУ). Овие измени, како што информираа од Министерството за финансии, претставуваат продолжение на минатогодишните законски измени кои стапија на сила на 1. јули 2025 година, кога беше извршено намалување на царинските стапки ...
Вчера во Гевгелија се отвори Мега Шопинг Парк, еден од најголемите проекти во тој дел од земјата. Истиот се протега на 20.000 метри квадратни, а во него свои продавници имаат повеќе од 50 светски и домашни брендови. За отворањето од вчера до 31. мај има и музичка програма на кој настапуваат Северина, Иви Адаму, Кирил Џајковски, Тамара Тодевска, Никифор, Пајак и Слаткаристика. На повеќе од 2.000 метри квадратни пак има и детски забавен ...
Во Гевгелија почна да работи Мега Шопинг Парк, а истиот веќе го посетија илјадници граѓани. Се протега на 20.000 метри квадратни, а истиот е поделен на неколку зони – Fashion зона на површина од 12.000 метри квадратни, Home Decor и DIY зона на површина од 5.000 метри квадратни, ја има и најголемата боулинг зона во регионот – Bo Bowling & Gaming Arcade на површина од 2.500 метри квадратни, како и дел за храна – Gourmet Avenue. Истиот ...
Во Македонија извесно време се шпекулира дека поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, добил унгарско државјанство. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Колку пасоши има Груевски? Ваква информација, повикување се на извори во новата унгарска Влада, објави и унгарскиот медиум VSquare. Исто според медиумот го добил во 2022 година врз основа на „државен интерес на Унгарија“. Медиумот повикувајќи се на друг владин извор објави и дека тој и понатаму ...
По информацијата дека поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во 2022 година добил унгарско државјанство, а која ја објави унгарски медиум, се огласија од македонското Министерство за правда. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Груевски добил унгарско државјанство во 2022 година? Од таму велат дека без разлика на неофицијалните информаци во врска со неговиот статус во Унгарија, каде избега и стана политички азилант, Македонија ќе ја продолжи ...
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој стана политички азилант во Унгарија, откако избега од Македонија во 2018 година, не е само во фокусот на македонските медиуми. Деновие освен што унгарски медиум објави дека тој во 2022 година добил унгарско државјанство, друг анализира како работи и неговата фирма I.C.I.C. Kft во Унгарија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Груевски добил унгарско државјанство во 2022 година? Како што е познато таа ...