Во рамки на распитот на осомничениот за палењето на автомобилите на бугарската Амбасада, 44-годишниот И.Д. од Скопје, се проверува и со кого комуницирал периодов. Информацијата денеска ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски, кој кажа и дека распитот се уште траел и дека се одземени неговите уреди за комуникација. Како што е познато тој го призна кривичното дело и заврши во притвор. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 8-дневен притвор за осомничениот за палењето ...

Палењето на автомобилите на бугарската Амбасада е во фокусот на јавноста, а осомничениот И.Д. (44), го призна кривичното дело, заработи кривична пријава за предизвикување општа опасност и заврши во притвор. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 8-дневен притвор за осомничениот за палењето на автомобилте на бугарската Амбасада За него откако ќе заврши распитот, во кој се проверува и со кој комуницирал периодов, ќе има и обвинение и судење по брза постапка. ПОВРЗАНИ ...

Синоќа на градскиот стадион „Младост“ во Струмица владејачката ВМРО-ДПМНЕ го славеше својот 36. роденден. На прославата присуствуваа бројни функционери и симпатизери на партијата. Свое обраќање имаше и лидерот на партијата, премиерот Христијан Мицкоски, имаше и музичка програма, со помош на алатки на вештачка интелигенција беа прикажани и анимирани сцени од историски личности, како и документарец за партијата. Фото/видео: Мицкоски/Фејсбук ...

За да се заштити, Европската унија (ЕУ) на идните членки планира да им „залепи“ клаузули во нивните договори за пристапување кои ќе имаат за цел да осигураат дека откако ќе бидат примени, ќе ги следат европските правила како членка пет, 10 или 15 години потоа. Информацијата вчера ја соопшти еврокомесарката за проширување, Марта Кос. Тие неколку години нема да имаат право да одлучуваат за прашања поврзани со буџетот, безбедноста и надворешната ...

Грција ќе го олеснува протокот на границите со нови сообраќајни ленти и контролни точки, како и со привремено суспендирање на контролата преку системот за влез и излез (ЕЕС). Ова го најави заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, надлежен за областите Македонија и Тракија, Константинос Гиулекас. Во однос на Граничниот премин Евзони, тој истакна дека додека не се заврши модернизацијата, таму нема да има голема флексибилност, но се ...

Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИ10, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, УНИ Банка АД Скопје, Македонски Телеком АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје и Реплек АД Скопје, информираа од Македонската берза. -Согласно ...

Народната банка ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 4% на 4,25%. Одлуката, како што информираат од таму, се заснова на најновите податоци и информации и согледувањата за ефектите врз домашната економија од светските случувања. „Во однос на сегментите коишто се клучни за монетарната политика, од почетокот на годината беше забележана поголема побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, што услови поголемо ...

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши најавија дека турската компанија „Џаво отомотив“ ќе инвестира 20 милиони евра во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово, при што ќе бидат отворени 500 работни места. Компанијата произведува безбедносни системи, контролни кабли и механизми за водечките светски производители во автомобилскиот сектор. „Станува збор за браунфилд инвестиција, односно ...

„Реплек“ АД денеска беше домаќин на амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Македонија, Метју Лосон, кој оствари работна посета на компанијата и се запозна со нејзините производствени капацитети, развојни планови и извозни активности, информираат од таму. -За време на посетата, менаџерскиот тим и генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецовски, ги презентираа резултатите од развојот на компанијата во ...

Од Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп преку Македонската берза информираа дека по претходно поднесена отставка и донесена одлука од страна на органот на надзор за констатирање на истата, престанува функцијата на Озрен Марјановиќ како член на Управниот одбор (УО) на Друштвото. Според официјалната страна на Друштвото во УО остануваат Бошко Андов, кој е претседател на УО и генерален менаџер, Весна Ѓорчева, член, и Татјана Димов, член. ...

Во годишниот извештај за работењето лани, ПроКредит банка АД Скопје, објавен преку Македонската берза, меѓу друго, информира дека на Управниот одбор (УО) му се исплатени вкупно 33.78 милиони денари по основ на бруто плати од кои сите се со фиксен надоместок, а дополнително се исплатени и 15 илјади денари како варијабилен надоместок. На вкупно 28 лица со посебни права и одговорности им исплатени вкупно 60.83 милиони денари за бруто плати, а ...

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, предупреди на тоа што веќе извесен период е и тема на Фејсбук, дека портали поврзани со Бугарија, водат хибридна кампања и шират дезинформации на социјалните мрежи со цел да се поткопи довербата во македонските институции, да се поткопе македонскиот идентитет и да се создаваат поделби во македонското општество. -Во изминатиот период се соочуваме со засилени и ...

44-годишниот И.Д., кој е осомничен за палењето на автомобилите на бугарската Амбасада, во пластично шише, наполнил бензин на бензинска пумпа во близина на Амбасадата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) 44-годишен И.Д ги опожарил дипломатските автомобили на бугарска Амбасада: Детали од МВР До булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов”, каде се наоѓа Амбасадата, дошол со автобус. Овие информации ги соопши Основното јавно обвинителство Скопје, кое побара ...

Антимакедонската фондација “Македонија“, чиј претседател, Виктор Стојанов, има доживотна забрана за влез во Македонија за во недела (21. јуни) најавува блокади на граничните премини со Бугарија. Од таму тврдат дека блокадите кои ќе траеле два часа биле кординирани со бугарското Министерство за внатрешни работи (МВР). Причината е опожарувањето на двата автомобили на бугарската Амбасада, а обвинуваат и за наводен прогон на Бугарите во ...

Репрезентативецот на Македонија, Вукашин Јовановиќ (-67 кг.). оствари историски успех, освојувајќи златен медал на Светското универзитетско првенство во боречки спортови што се одржува во Бразилија. Во финалниот меч, Јовановиќ се соочи со белгискиот натпреварувач Амин Абделмалки и по израмнета и тактички зрела борба славеше со резултат 2-2 (3-2 по судиско изјаснување), освојувајќи ја титулата Светски универзитетски шампион. Јовановиќ патот до ...

САД и Иран постигнаа прелиминарен мировен договор, а информацијата ја потврдија и двете земји, како и медијаторот – Пакистан. Сите детали од договорот за кој се најавува дека ќе биде потпишан во петок во Женева, Швајцарија, засега не се официјално познати, а тоа што го потврдуваат трите страни е дека целосно ќе се отвори Ормускиот теснец, чие нефункционирање донесе голема штета за земјите од Блискиот Исток, но и за целиот свет. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...

Binance е вклучен во категоријата за централизираните финансии на првата Fortune Crypto 100 листа, признание што ја позиционира компанијата меѓу највлијателните играчи кои денес го обликуваат екосистемот на дигиталните средства. Ова признание доаѓа во момент кога Binance сè повеќе ја шири својата улога надвор од класичното тргување со криптовалути и се поставува како поширока финансиска платформа изградена врз обем, безбедност и доверба од ...

По информацијата дека САД и Иран постигнале прелиминарен договор за завршување на војната, очекувано цената на нафтата падна. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ САД и Иран постигнаа мировен договор Цената на нафтата брент, по која се одредува цената на горивата и во Македонија, забележа пад од 4% на 84 долари за барел. Договорот, кој треба да биде потпишен во петок во Женева, Швајцарија, меѓу друго предвидува и целосно отварање на Ормускиот теснец, кој не ...

Украина и Молдавија денеска ги почнаа преговорите со Европската унија (ЕУ) по кластери, што значи формален почеток. Двете земји го отвораат првиот кластер „основи“ што ги опфаќа реформите на правосудството, владеењето на правото, демократските институции, јавната администрација и економските критериуми. Украина и Молдавија добија кандидатски статус за членство во ЕУ во 2022 година. Фото: Игор Бансколиев Украина и Молдавија денеска ги почнаа ...

Откако привлече повеќе од 1 милион посетители во 2025 година, проектот „Ноќни музеи“ и годинава, во периодот од 1 јуни до 1. октомври, ќе им овозможи на посетителите на Туркије да посетат 20 музеи и археолошки локалитети во вечерните часови. Овој проект има цел да го направи богатото културно наследство на земјата достапно и надвор од редовното работно време и да им понуди на посетителите уникатен начин да ги доживеат нејзините историски ...

Општина Охрид склучи договор за реализација на основен проект за мониторинг и управување со СКАДА системот за водоснабдитениот систем на град Охрид и изработка на ГИС системот, за интеграција на двата системи, со трговското друштво за производство, промет и услуги ГДИ експорт-импорт ДООЕЛ Скопје. Договорот е во вредност од 60.903.290 денари или 990.297 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 611 илјади евра склучи Општина Охрид со „Илинден“ Договор ...

Од денеска на М-ТАГ лентите на патарините ќе може да поминуваат само корисниците со електронски тагови за плаќање. Со измените се укинува можноста за плаќање со М-КАРД на лентите наменети за М-ТАГ. Корисниците кои плаќаат со М-КАРД ќе треба да ги користат останатите ленти на наплатните станици, согласно нивната намена. Фото: Влада Од денеска на М-ТАГ лентите на патарините ќе може да поминуваат само корисниците со електронски тагови за ...

Во рамки на кампањата за вработување „Добра игра. Фер плеј“, Лидл Северна Македонија започнува со реализација на караван кој во текот на јуни ќе посети шест градови низ државата, информираат од таму. Првата средба со заинтересираните кандидати ќе се одржи утре, 16. јуни, во 11.00 часот во „Штип Сити Мол“ во Штип. Преку караванот, заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за отворените работни позиции во логистичкиот центар ...

Од вечерва на полноќ цената на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,50 денари, на бензинот Еуросупер БС-98 за 2 денари, а на Еуродизелот (Д-Е V) за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена Еуросупер БС-95 ќе биде 87,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 90 денари за литар, а на дизелот 87,50 денари за литар. Цената на Екстра лесното ...

Општина Охрид склучи договор за санација и реконструкција на постојни улици и пристапни патишта на подрачје на Општина Охрид (урбан дел), со трговското друштво за градежништво, производство, трговија и угостителство Илинден АД Струга. Договорот е во вредност од 34.606.686 денари или 562.710 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 611 илјади евра склучи Општина Охрид со „Илинден“ Договор од 731,7 илјади евра склучи Општина Охрид со Фабрика Карпош ...

Во индустриската зона Жабени во Битола почна со работа „Брејнчајлд“, фабрика за производство на опрема за спортови на вода и ветер. Станува збор за инвестиција од околу 11 милиони евра, а во фабриката се планира вработување за 230 лица. Фабриката располага со современа производствена хала со површина од 3.500 квадратни метри, изградена според современи еколошки стандарди. Компанијата пред пет години во Битола отвори Центар за истражување и ...

Две возила со дипломатски регистарски таблички кои биле паркирани пред бугарската Амбасада во Скопје, биле опожарени денеска околу пладне. Засега нема многу официјални информации, а според првичните неофицијални информации било опожарено едно возило, по што огнот го зафатил и тоа паркирано до него, и дека возилото било намерно запалено. Осуда за вандалскиот чин стигна и од Владата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Објавена снимка од палењето на ...

Владата најостро го осудува вандалскиот и недозволив чин на опожарување на возила со дипломатски статус во непосредна близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, информираат од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Опожарени две дипломатски возила пред бугарската Амбасада во Скопје -Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава. ...

Од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) потврдија дека двете опожарени возила пред бугарската Амбасада се во нејзина сопственост. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Опожарени две дипломатски возила пред бугарската Амбасада во Скопје Од таму најостро го осудува инцидентот и велат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот. -Министерството за ...

Бугарската агенција БГНЕС објави снимка од надзорните камери на бугарската Амбасада во Скопје, на која јасно се гледа како маж ги полива и го пали едно од дипломатските возила на Амбасадата и бега. Огнот од првото запалено возило го опожари и другото, се гледа на снимката. Опожарувањето се случи денеска околу пладне, а станува збор за возила „киа“ и „сузуки“, кои се делумно оштетени. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Опожарените возила се во сопственост на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.02
88%
1016
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
2.68
64%
1015
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.95
70%
1018
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.87
83%
1016
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.47
54%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.29
88%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
0.89
70%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
10.06
74%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
4.28
92%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
65%
1014
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
52%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
2.33
100%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.9512

Currency

72.4604

Currency

37.8462

Currency

38.2535

Currency

66.3497

Currency

7.95976

Currency

0.6879

Currency

0.33073

Currency

0.52407

Currency

1.14227

Currency

0.55961

Сребро

1888.57

Рутениум

53852.50

Калај

53.55

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Паладиум

40702.85

Родиум

263636.12

Злато

130879.26

Бакар

13.11

Платина

52052.06

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.17