Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Бесник Џемаили, кој е член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), е новиот заменик-претседател на Антикорупциска. На позицијата ќе остане шест месеци, а на истата дојде согласно принципот на ротација, со кој редоследот е утврден според азбучниот ред на презимињата на членовите на Антикорупциската комисија. Беше избран едногласно од страна на членовите на ДКСК. Мандатот на актуелната заменик-претседателка Софија Спасова ...
Откако вчера за уставен судија беше избрана претседателката на Апелациониот суд Скопје, Мери Дика Георгиевска, денеска Судскиот совет на седница го избра судијата Зоран Герасимовски за вршител на должност (в.д.) претседател на Судот. За изборот на Герасимовски гласаа девет членови на Советот. За позицијата беше предложена и судијката Тања Милева, која доби два гласа. Герасимовски во 2005 година станал судија во Основниот суд Тетово, а од 2017 ...
Електронскиот систем за прекршоци „Безбеден град“ почна да функционира во дел од Општина Деберца, на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа. Информацијата ја соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде велат дека камерите на “Безбеден град“ наскоро ќе почнат да работат и на сообраќајниците во Охрид и регионот. Таму уредите се веќе поставени и привршуваат нивната техничка проверка и тестирања. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...
Група пратеници во македонското Собрание поднеле Предлог-закон за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка, со кој меѓу друго се предвидува Законот за јавни набавки да не се применува за Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028 година“, формирана од Град Скопје, за да го спроведе проектот. Во предлогот меѓу друго стои дека “за набавките на стоки, услуги и работи ...
Т Арена официјално го започнува своето ново поглавје. Од денеска, најголемата спортска сала во Македонија, којашто функционира во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, започнува да работи со ново име, нов визуелен идентитет и визија да биде водечка дестинација за најголемите музички, спортски и културни настани во земјата, информираат од Македонски Телеком. Почетокот на новата сезона во Т Арена ќе биде одбележан со голем музички ...
Групацијата Лимак го назначи Санџак Курт за нов генерален директор на Лимак Скопје, информираат од таму. Како долгогодишен професионалец и носител на раководни позиции во интернационалната групација Лимак, тој ја презема оваа функција по повеќе од две децении богато искуство во управување со комплексни инфраструктурни, енергетски и градежни проекти, реализирани во Туркије, Албанија, Северна Македонија и Саудиска Арабија, посочуваат од таму. ...
Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, сопственик на Марковски компани, кој го доби назад пасошот од страна на Основниот суд Струга, откако дал гаранција од над 5 милиони евра, ја напуштил Македонија, објави порталот 360 степени. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Дал гаранција од над 5 милиони евра: Вратен пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски Како што е познато тој има компании и имот во Србија, а порталот објави дека земјава ја напуштил на граничниот ...
Стопанска банка АД Скопје во првите шест месеци од година остварила добивка пред оданочување од 1.408.503 илјади денари, соопшти Банката преку Македонската берза. Во однос на истиот период од минатата година таа е пониска за 30%, а како што велат од таму тоа е резултат првенствено на регулаторните и пазарните услови, односно глобално намалените каматни стапки и каматни приходи, провизии од платниот промет и меѓународните трансакции, како и ...
Коста Котески, членот на Управниот одбор (УО) на Реплек АД Скопје купи нови акции на компанијата. Како што информираа од таму преку Македонската берза, тој купил 10 акции. Сега поседува вкупно 450 или 0,17% од вкупниот број на акции на Реплек. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Коста Котески купи, Настел повторно продаде акции на Реплек Владимир Пецовски купи нови акции на Реплек Коста Котески и Сава пензиски фонд купија нови акции на Реплек, Настел повторно ...
Во врска со Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“, со кој меѓу друго се предвидува Законот за јавни набавки да не се применува за Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028 година“, формирана од Град Скопје, за да го спроведе проектот, регираа од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Да троши пари без тендери Фондацијата која ќе го ...
Итно стопирање на донесувањето на Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“, по скратена постапка, бара Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара од македонското Собрание. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Да троши пари без тендери Фондацијата која ќе го спроведува проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“, предлагаат пратеници -Со предложениот Закон ...
Денеска во македонското Собрание претседателката на Апелациониот суд Скопје, Мери Дика Георгиевска, беше избрана за нов уставен судија. За нејзиниот избор гласаа 64 пратеници, а немаше “против“ и “воздржани“. По изборот таа даде и свечена заклетва. Таа е дипломиран правник на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Освен во Апелација работела и како адвокат, а била и судија во Основниот суд Скопје II. ПОВРЗАНИ ...
По бурата од негативни реакции во јавноста Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“, со кој меѓу друго се предвидува Законот за јавни набавки да не се применува за Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028 година“, формирана од Град Скопје, за да го спроведе проектот, истиот е симнат од дневен ред и тој ќе се најде на седница во Собранието по одморите. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...
Арбен Фетаи, поранешниот вицепремиер за добро владеење кој беше во фокусот на јавноста бидејќи два месеци не одеше на работа, по што поднесе оставка, стана специјален пратеник на Македонија за Европската унија (ЕУ) во Брисел, Белгија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е вицепремиерот Арбен Фетаи, кој си поднесе оставка Тој е именуван од страна на Владата за специјален претставник на Владата во Постојаната мисија на земјава при ЕУ во Брисел. За новата ...
Атлантик Група во првите шест месеци од 2026 година оствари приходи од продажба во износ од 618,8 милиони евра, што претставува раст од 10,6 проценти во однос на истиот период минатата година, потврдувајќи ја отпорноста и флексибилноста на својот деловен модел во динамичниот пазар. Компанијата бележи и значителен раст на добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) која достигна 59,1 милиони евра, што е зголемување за 16,7 проценти, ...
Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ги отфрлаат тврдењата на ЈП „Комуналец“ – Гостивар дека две години чека согласност за поставување на водоводна инфраструктура. Од ЈПДП велат дека причината за неиздавањето на одобрението е неисполнување на законските процедури од страна на Општина Гостивар. Од таму информираат дека во февруари 2024 година Општина Гостивар поднела барање за водоводна мрежа, по што на 26. април истата година ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Комисијата за заштита на конкуренцијата, на сметката на основен буџет за 2024 година, информираа од таму. -Со извршената ревизија, изразивме мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година за сметката на основен буџет и за усогласеност со ...
Во врска со конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Комисијата за заштита на конкуренцијата, ја информираме јавноста дека ревизијата се однесува на работењето на Комисијата во текот на 2024 година, односно на период што го опфаќа работењето на претходниот состав на Комисијата, соопштија од Комисијата. – Актуелниот состав на Комисијата, по преземањето на функцијата, затекна сериозни институционални и организациски ...
На 28. јули 2026 година се одржала редовна седница на Извршниот одбор на Народната банка за поставеноста на монетарната политика. По зголемување на основната каматна стапка во јуни, на оваа седница Извршниот одбор одлучил да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4,25%, информираат од Народна банка. Одлуката се заснова на најновите макроекономски показатели и оцените за ризиците од домашното и надворешното окружување, посочуваат од ...
Алмир Даути е назначен за нов в.д. директор на јавното претпријатие (ЈП) „Комуналец“ Гостивар, откако в.д. директорката Артана Асани, заврши во притвор поради загадената вода во гостиварскиот водовод. Даути има 49 години и над 15 години работи во ЈП “Комуналец“ Гостивар. Последниве седум години, како што информираа од Општината раководел со Одделението за комерција во јавното претпријатие. Тој е дипломиран економист. Заедно со Асани во ...
По ирско-американската компанија Аптив и американската Дура, уште една компанија ја напушта Македонија. Станува збор за германската компанија БМЗ, која произведува литиум-јонски батерии во зоната во скопски Илинден, а влезе на македонскиот пазар во 2024 година. Таа до крајот на годинава ќе го затвори погонот и ќе го сели производството во Полска. Информацијата за телевизија Телма ја потврдија и од компанијата и од Дирекцијата за технолошки ...
Од НЛБ Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека од страна на Народната Банка е издаденo решение со коe се издава претходна согласност за Тони Стојановски да биде повторно именуван за претседател на Управниот одбор на Банката. Новиот мандат ќе му биде четири години, сметано од 04.09.2026 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ НЛБ Банка ги објави платите на Управниот одбор НЛБ Банка ќе дели дивиденда од 2.571 денари Колкави надоместоци имале ...
Сопственикот на Алта банка АД Битола, Алта банка АД Белград, Србија, купи нови акции на македонската банка. Како што информираа од таму преку Македонската берза, Алта банка Белград купила девет акции. Сега поседува вкупно 372.123 обични акции односно 95,1777% од вкупниот број на обични акции издадени од Алта банка Битола. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како работела лани Алта банка Битола Алта банка Битола доби нов Надзорен одбор Кој е Давор Мацура, кој е ...
Рудници Бањани АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил нето добивка по оданочување од 3.093.00 денари, информираа од таму преку Македонската берза. Друштвото остварило вкупни оперативни приходи од 38.544.000 денари, од кои приходите од продажба изнесува 37.423.000 денари. -Во споредба со истиот компаративен период во 2025 година, приходите од продажба и на домашниот и на странските пазар се зголемени, поради зголемениот обем на ...
На сопственикот на Марковски компани, Борче Марковски, кој е еден од обвинетите во случајот со злоупотреби со јавните набавки во РЕК Битола, му е вратен пасошот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Борче Марковски, сопственикот на Марковски компани, за кого е поднесено обвинение за злоупотреби со набавки во РЕК Битола Истиот како што објави Независен му е вратен од страна на Основниот суд Струга, откако дал гаранција од над 5 милиони евра. -Според законот ...
Друштвото за меѓународен транспорт и шпедиција ЖАС АД Скопје продолжува да работи со загуба и се уште е со блокирана сметка од извршител. Како што информираа од таму преку Македонската берза во првите шест месеци од годинава Друштвото остварило загуба од 34.778 денари. Остварените вкупни приходи изнесуваат 42.645 денари и истите во однос на претходниот период бележат пoраст. -Истите се остварени со наплата по Решение од извршител, велат од ...
Македонски Телеком повторно го освои престижното Ookla® Speedtest Awards™ признание, потврдувајќи го своето лидерство со најдобрата мрежа во Македонија и во првата половина на 2026 година. Според најновите мерења, компанијата има најдобра мобилна и фиксна мрежа на пазарот и е добитник на наградите за најдобра мобилна мрежа, најбрза мобилна мрежа, најдобро мобилно гејминг искуство, најдобро мобилно видео искуство, како и за најдобра фиксна ...
НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети, информираат од таму. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната база и дополнително ја зацврсти својата финансиска позиција, потврдувајќи ја довербата на клиентите и својата стратешка улога во поддршката на населението, компаниите и ...
Откако во медиумите се отвори прашањето што се случува со проектот за реновирање на градскиот водовод во Општина Гостивар, се огласија од јавното претпријатие ЈП “Комуналец“ Гостивар. Од таму тврдат дека проектот бил околу 98% готов. -Според документацијата и информациите со кои располага ЈП “Комуналец“, околу 98 проценти од предвидените работи се реализирани и тестирани. За изведените активности постојат технички записи, извештаи и видео ...
Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот (Д-Е V) се зголемува за 4,50 денари, а на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со новата одлука цената на дизелот ќе изнесува 98,50 денари за литар, на бензинот Еуросупер БС-95, 93 денари за литар, а на Еуросупер БС-98, 95 денари за литар. Цената на Екстра лесното ...