Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Како што веќе објави еМагазин, паневропски дисконтен ланец Pepco влегува на македонскиот пазар. Својата прва продавница во Македонија ќе ја отвори на 18. јуни во Капитол мол во Скопје. Засега е планирана и продавница и во Рамстор мол. Станува збор за дисконтен ланец за разновидни производи, кој е присутен во 19 земји со повеќе од 4.000 продавници и опслужува 36 милиони потрошувачи секој месец. Повеќе инфо ОВДЕ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Pepco доаѓа во ...
Собранието на акционери на Адинг АД Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Висината на дивидендата по акција е 42 денари нето дивиденда или 46,6662 денари бруто. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 23.06.2026 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои се најголеми акционери во Адинг Адинг ги објави платите на менаџментот Собранието на акционери на Адинг АД Скопје донесе одлука за исплата на ...
На издавачот Вабтек МЗТ АД Скопје и на издавачот Неметали Огражден АД Струмица, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Македонската берза, им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на целосни материјали за собранието на акционери во рок од два дена од свикувањето на седницата на собранието на акционери, со што издавачите не постапија согласно член 39, став 5 од Правилата за ...
На седница на Централниот комитет (ЦК) на владејачката ВМРО-ДПМНЕ беа избрани нови членови на ЦК. Како што информираа од таму за нови членови на ЦК се избрани Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев. Лефков и Јованчев се актуелни пратеници на партијата, Стефковски е пак актуелен градоначалник на скопската општина Гази Баба. Повеќе детали за ЦК на партијата ОВДЕ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои се старо-новите претседатели на општинските комитети ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) повикува поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици за организирано учество во гаснењето на претстојните пожари на отворен простор и шумски пожари. Потребни се кандидати со најмалку петгодишно полициско, армиско или пожарникарско искуство, да се здрави и во добра психофизичка кондиција соодветна на нивната возраст, независно дали се во пензија или од други причини ја ...
Синоќа во македонското Собрание, како и што се очекуваше, не помина интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Со интерпелацијата се бараше и негова оставка. За истата „за„ гласаа само 21 пратеник, а “против“ беа 62. Истата ја поднесоа пратениците од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, предводена од партијата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Интерпелацијата за мене е неиздржана, вели ...
Поранешниот градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на 2. јули треба да оди во затвор за да ја отслужи затворската казна од една година за случајот поврзан со изградбата на зградата на Општината. Неодамна казната му беше потврдена од Апелациониот суд Скопје. Бидејќи пет месеци помина во куќен притвор за одлежување му остануваат околу седум месеци. Казната за која е осуден правосилно треба да ја одлежи во затворот Скопје ...
На седница на Централниот комитет (ЦК) на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, освен што беа избрани нови тројца членови на Комитетот, беа избрани и реизбрани и претседатели на општинските комитети на партијата. Станува збор за 30 претседатели во изборните единици (ИЗ) 4 и 5. Од ИЗ 4 старо-нови претседатели се: 1. Росоман – Ѓорѓи Крстевски 2. Демир Капија – Андон Дрнев 3. Неготино – Павлинче Честојнова 4. Кавадарци – Тони Нешковски 5. Гевгелија – Димитар ...
За нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска во македонското Собрание беше избрана Катерина Зајковска. За неа „за„ гласаа 56 пратеници, а еден беше „против“. Таа е дипломиран економист и магистер по сметководство, финансии и ревизија. Доаѓа на местото на Цвета Ристовска, која поднесе оставка. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Која е Цвета Ристовска, членката на Антикорупциска, која поднесе оставка Каков имот пријавила Цвета ...
Обвинителката Наташа Крстева Цалева и понатаму ќе раководи со Вишото јавно обвинителство Скопје, одлучи денеска на седница Советот на јавните обвинители. Таа останува вршител на должност (в.д.) шефица на Обвинителството, а за првпат беше избрана на таа функција во декември лани. Мандатот од шест месеци и завршуваше утре. Беше избрана едногласно, а ќе остане на позицијата додека не се избере нов шеф. Обвинителката Наташа Крстева Цалева и ...
На денешното рочиште за пожарот во “Пулс“ во Кочани од Основното јавно обвинителство презентираа докази за агенцијата „Рубикон Секјурити солушнс“, која ја обезбедуваше т.н. дискотека. Истите како што презентираа од Обвинителството се однесуваат на начинот како се обезбедувал објектот, за дозволата за работа на агенцијата, нејзините вработени, а доказите вклучуваат и материјали обезбедени од извршени претреси во канцеларии и возила поврзани со ...
Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15. јуни. „Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, 1. јуни. Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се ...
Горан Мисовски и понатаму ќе ја води Нова социјалистичка партија (НСДП). ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Горан Мисовски реизбран за претседател на НСДП Нов мандат за претседател доби на Конгресот на партијата. еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија кога станал пратеник. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Горан Мисовски, кој е реизбран за претседател на НСДП Каков имот пријавил На свое име пријавил недвижен имот во Центар. Вози “киа“. Има и ...
Денеска почнува Светското првенство во фудбал. Истото ќе трае до 19. јули. Ќе се игра во три земји – САД, Мексико и Канада. Натпреварите ќе се одржуваат во 11 градови во САД, три во Мексико и два во Канада. Оваа ќе биде прво светско првенство кое се игра во три држави и на кое учестуваат 48 земји. Македонија не е меѓу нив. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ МРТ за првпат нема да го пренесува Светското првенство во фудбал Фото: Унсплеш Денеска почнува Светското ...
Наместо четири до пет недели како што првично најавуваше американскиот претседател Доналд Трамп, војната во Иран, која се прошири на целиот Блиски Исток трае повеќе од три месеци. Истата започна на 28. февруари. Војната ја започнаа САД и Израел, кои го нападнаа Иран, кој пак ја прошири истата, напаѓајќи воени цели на САД и Израел во регионот, но и цивилни, во Саудиска Арабија, Кувајат, Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Либија… Истата ...
Македонски Телеком, Министерството за дигитална трансформација и Британскиот совет започнуваат партнерство за „Училишта на 21 век – Фаза 2“, проект насочен кон развој на дигитални вештини кај учениците, информираат од таму. Проектот ќе трае од мај 2026 до јули 2027 година и ќе опфати ученици на возраст од 9 до 10 години и наставници од одделенска настава кои ќе работат на критичко размислување, решавање проблеми, програмирање, сајбер ...
Од втората делница од железничката пруга кон Бугарија се завршени 36%, а напредокот кај конструктивните работи е 31%, информираше денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Станува збор за железницата на потегот Бељаковце–Крива Паланка, која е дел од стратешкиот НАТО Коридор 8, кој ја поврзува Македонија со Бугарија и Црното Море. Проект опфаќа изградба на три нови станици – Кратово, Романовце и Гиновце, 29 мостови, ...
Македонска берза АД Скопје го објави финанискиот извештај за работењто лани, а во него меѓу друго ја објави и акционерската структура заклучно со 31. декември 2025 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Хрватската држава влегува во Македонската берза Најголем акционер е Загребската берза. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Колкава плата лани имала директорката на Лотарија на Македонија Како работела Македонската берза финаниски лани Македонска берза АД Скопје го објави ...
Во македонското Собрание денеска беше констатирана оставката на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи. Оставката ја поднесе на 1. јуни, откако претходно повеќе од два месеци не одеше на работа. Остана непознато дали за тој период земаше плата. Беше кадар на Алијансата за Албанците. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Каков имот пријавил вицепремиерот Арбен Фетаи, кој поднесе оставка Колкава плата земаше вицепремиерот Арбен Фетаи, кој поднесе оставка Кој е ...
Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој учествува на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), во Софија, Бугарија, пред почетокот на истиот, меѓу друго порача дека Македонија има не само цел да стигне до фаза на отворање на пристапните преговори со Европската унија (ЕУ), туку и успешно да ги затвори истите. Но, за да го постигне тоа, како што кажа, важно е Македонија да знае ...
Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која учествува на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, Бугарија, меѓу друго порача дека е потребно оживување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз коишто пред три децении беше воспоставен овој процес. Повтори дека процесот на проширување на Европската унија (ЕУ) мора да се темели на Копенхашките критериуми, а напредокот во ...
Како што беше познато и од порано, уставните измени за внесување на Бугарите во македонскиот Устав не се единствениот услов за тргање на ветото од Бугарија и почнувањето на преговорите на Македонија со Европската унија (ЕУ). Тоа го кажа македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова по вчерашната средба со нејзината бугарска колешка Илијана Јотова на маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се ...
На Бугарија, членка на Европската унија (ЕУ) и стави вето за монетата од 2 евра посветена на бугарската азбука. Името на земјата не е објавено, а како што што пренесуваат бугарските медиуми, монетата е блокирана според документи што циркулираат во Советот на ЕУ. Истата требаше да се објави периодов со планиран тираж од еден милион парчиња, ама тоа не може да се случи во сегашната форма без целосно одобрение од институциите на ЕУ. Европски ...
Случајот со узурпацијата на локалитетот „Камени кукли“ или “Куклица“ во Општина Кратово од страна на приватни лица, кои подолг период наплаќале влез за јавен споменик на природата, тврдејќи дека истиот е во нивна сопственост, е како вест од рубрика “верувале или не„. Имено здружението “Извор“ формирано од Милош Димитровски и неговата ќерка Стојна Димитровска Боотх им наплаќало влез на домашни и странски туристи, а како што информираа од ...
Македонската универзитетска карате репрезентација го освои првиот медал на првиот натпреварувачки ден од Светското универзитетско првенство во Бразилија. Најзаслужен за тоа е Стефан Стојановиќ во категоријата +84 кг, кој прикажа одлични борби и уште еднаш потврди дека припаѓа на самиот светски врв. Стојановиќ беше на чекор до финалето, но во полуфиналната пресметка претрпе пораз во последните секунди од мечот, пропуштајќи голема можност да се ...
Расте интересот за помирни патувања на глобалната туристичка сцена. Ако минатата година вакви искуства барале 22 отсто од туристите, годинава дури 26 проценти од нив се интересирале за мирен, наместо за динамичен одмор, говори Извештајот на Европската комисија за перспективите на туризмот. Брзото темпо на урбаниот живот се смета како главна причина што луѓето за својот одмор сѐ повеќе одбираат патувања со побавно темпо, а неколку села во ...
НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд, информираат од таму. Ова значајно национално признание се доделува за најдобрите практики и иновативни решенија што организациите ги применуваат за унапредување на благосостојбата на своите ...
Македонска берза АД Скопје го објави финанискиот извештај за работењето лани, а во него меѓу друго ја објави и годишната бруто платата и наградите за извршниот директор, Иван Штериев. Тој лани по тие основи зел 6,4 милиони денари. За неизвршните членови пак по тие основи биле исплатени 2,3 милиони денари. Неизвршни членови на Одборот на директори на Берзата се Тони Стојановски, претседателот на Управниот одбор НЛБ Банка АД Скопје, кој е ...
Собранието на акционери на Технокомерц АД Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда, соопшти Друштвото преку Македонската берза. За таа намена се предвидени 980.850 денари бруто. Висината на дивидендата за акција е 50 денари бруто. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Зделка на Технокомерц со Лидл му донесе зголемена добивка во првите девет месеци од годинава Собранието на акционери на Технокомерц АД Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда, соопшти ...
Одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, како и што најави, поднела жалба за неговиот притвор од 30 дена кој го доби од Основниот кривичен суд Скопје, на барање Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое го води случајот во кој е осомничен. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ По 30 дена притвор за Стефан Богоев и другите осомничени за злоупотреба при јавна набавка и за поткуп Според телевизијата ТВ ...