Под слоганот „Млади за млади“, вечерва со почеток во 20:30 часот ќе биде отворена Летната сцена „Славиша Кајевски“ со концерт на скопскиот бенд Funkshui и артистката Speysd. Летната сцена „Славиша Кајевски“ 2025 – проект кој по втор пат ја продолжува традицијата на културно оживување на нашиот град, продолжува со нов концепт и хуманитарна мисија – културата како двигател на солидарноста. Со овој проект, младите стануваат двигатели на ...

Исповед на една мајка,Јасмина Благојевиќ, која спасот од канцер за своето дете го пронашла во Бигорскиот манастир: „Почитувани, јас како мајка на едно дете кое од нигде никаде доби канцер, талкајќи по студените ходници на онкологија, со безнадежност, патот не одведе во Бигорски во прегратките на љубовта на Дедо Партениј и целото братство. Моето дете по молитвите на Дедо Партениј и целото братство е излечено и моето дете денес живее повеќе во ...

Д римерс ја преработија легендарната Лажливи Времиња на Венко Серафимов, која првично беше изведена од Армен и Безимени. После повеќе од 30 години ова уникатно музичко дело доби современ аудио запис. Авторот на оваа песна Венко Серафимов не го криеше своето задоволство од изработениот материјал: “Многу ретко па и скоро никогаш на своите дела им давам зелено светло во секоја наредна преработка, но конечно желбата после толку време ми се оствари ...

По спектакуларната турнеја низ Австралија, каде македонската дијаспора со недели зборуваше за неговите енергични настапи и искрена емоција на сцената, Борче Наумовски – познат како Министерот продолжува со својата мисија да ја разнесе македонската музика насекаде низ светот. Овој викенд неговата дестинација е Скандинавија, поточно Шведска, каде ќе одржи неколку настапи специјално наменети за нашите иселеници. „После Австралија, ми требаше краток ...

Министерството за спорт и Владата на Република Македонија одржаа свечена церемонија на која им беа доделени Национални признанија на истакнати македонски спортисти кои оставиле длабока трага во спортската историја на нашата земја. На церемонијата, министерот за спорт, Борко Ристовски, и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, им ги врачија признанијата на бројни спортски легенди од различни колективни спортови – фудбал, кошарка и ракомет. ...

Во Театарот „Антон Панов“ во Струмица вечерва во 20:00 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Синот“ од Флоријан Зелер, во режија на Благој Мицевски. Претставата е во чест на одбележувањето 30 години актерска дејност на Кољо Черкезов. Улогите ги толкуваат Кољо Черкезов, Михаил Велков, Јасмина Вучкова, Јулија Милкова, Ванчо Василев и Томе Витанов. Сценографијата е на Благој Мицевски, асистент на режија е Дејан Ангелов, драматург на ...

Бaрем од она што во моментов можам да го изјавам за јавноста, е тоа дека, до 17 јуни (вторник) во нашата Македонија нема да има поголема промена на времето, што значи дека останува претежно стабилното, суво, сончево и попријатно топло време. Сепак, не се исклучува можноста за сосема ретка појава на попладневен краткотраен дожд со ретки грмежи. За време на овој период, температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33/34 степени во ...

„Започнуваат работите за санација на покривот, поточно втората етапа – блокови 3 и 5 – од првата фаза за санација на рамната, непроодна тераса на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски – Скопје“, информираше министерот за култура и туризам Зоран Љутков при вчерашната посета на оваа национална установа. При неговата прва посета на оваа институција, која е ремек-дело на познатиот архитект Петар Муличковски, Љутков вети дека ...

Звездана Ангеловска е родена на 12 јуни 1970 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Владимир Милчин во 1993 година. Се дообразувала на Државната театарска академија на уметностите во Санкт Петербург, на отсекот за театарска режија во класата на Јуриј Красовски, каде што се стекнала со звањето магистер на театарските уметности во 2007 ...

Баба му на Свети Василиј Велики. Беше прекрасна во умот и во благочестието. Ученичка на Св. Григориј Неокесариски чудотворец. За време на гонењата на Диоклецијан го напушти својот дом и со мажот и Василиј, се криеја по шумите и пустините. Нивниот имот беше конфискуван, но тие не жалеа за тоа. Лишени од се освен од љубовта кон Бога, се населија во една прастара шума, во која поминаа седум години. По Божја Промисла кози се спуштаа од планините и ...

Храната не е само извор на енергија, туку и идентитет, удобност, рутина и прослава, сè завиткано во еден вкусен момент. Од пристигнувањето пред нешто повеќе од два месеци, Wolt ги задоволува желбите на скопјани со брзина, практичност и со стил. Ако некогаш сте ја отвориле апликацијата Wolt додека сте гладни, знаете како изгледа тоа: Толку многу опции, но што навистина луѓето најмногу сакаат да јадат? Ние ги имаме одговорите. Ги анализиравме ...

– По неколку турбулентни години кога речиси беше исфрлен од Холивуд, Џони Деп триумфално се врати во играта – Познатиот актер денес го слави својот 62-ри роденден Некогаш се сметаше за златно момче на Холивуд, но потоа стана антихерој. Но, историјата покажа дека „фабриката за соништа“ не би била она што е без таа противтежа. Или рамнотежа? Неколку пати во минатото, „лошите момци“ ги спасуваа „подвижните слики“. Стив Меквин, на пример. Или Хамфри ...

На 15 јуни, во големата сала на Националната опера и балет, нашата публика ќе биде сведок на уникатно аудио-визуелно патување низ најдобрите музички мигови од филмската кариера на еден од највлијателните композитори на нашето време – Кирил Џајковски. Концертот е распродаден, а публиката ја очекува вечер исполнета со емоции, рефлексија, носталгија и моќно музичко доживување! Првпат во живо, во придружба на голем филмски оркестар и врвни солисти, ...

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Забавните луѓе лесно ја креваат атмосферата – знаат кога да се шегуваат, како да ги смират другите и речиси секогаш имаат насмевка на лицето. Нивната енергија се шири брзо, а друштвото често ги повикува секогаш кога е потребен малку хумор и веселба. Според астрологијата, два знака се издвојуваат особено затоа што ...

Долгите врски и бракови природно носат несогласувања кои, доколку не се решат правилно, можат да создадат тензии и да ги отуѓат партнерите. Иако темите на расправиите варираат, постојат неколку клучни прашања кои често се повторуваат и можат да предизвикаат сериозни несогласувања меѓу партнерите. Ви ги откриваме четирите најчести теми што можат да станат извор на конфликт меѓу заљубените парови. Пари Проблемите со парите честопати се причина за ...

Од 18 до 22 јуни, паркингот пред „Театар Комедија“ повторно ќе се претвори во највкусната локација во градот – епицентар на улична храна и забава. Не очекува ново, вкусно и возбудливо издание на Skopje Street Food Festival на кое ќе има 13 различни изложувачи на секаков вид на храна. Очекувајте пет дена полни со храна, музика, забава, работилници, дружење и уште многу изненадувања. Музичката агенда е следна: СРЕДА – 18.06. Д.Н.О. Dj Flooder ...

Лубеницата е едно од освежителните овошја што сакаме да ги консумираме во лето. Ладна, сочна и богата со вода, идеална е кога бараме освежување и олеснување од летната жега. Сепак, изборот на вистинска лубеница не е секогаш едноставна задача – многу луѓе се прашуваат како да бидат сигурни дека лубеницата што ја купуваат ќе биде доволно слатка и вкусна. Еден од најважните индикатори за квалитетот на лубеницата е нејзината големина и тежина. Колку ...

Пица ролат е одличен избор за оброк кога немате премногу време за готвење, а не бара никакви посебни кулинарски вештини. Се подготвува од готови кори, а за печење ви се потребни само 15 минути. Рецептот го најдовме на Инстаграм профилот на блогерката за храна Дејана Симиќ Бабовиќ, а таа истакнува дека децата особено го сакаат ова јадење, кое е готово „за миг“. Состојки за два ролати: 500 гр готови кори за премачкување, измешајте 4 јајца со 1 ...

Во четврток (12 јуни), во Македонската Академија на Науки и Уметности, ќе биде отворена изложбата „Три приказни“ на австрискиот уметник Бернхард Холеман (1935-2020) – голем пријател на Македонија и автор со длабока поетска и философска ликовна мисла. Претставени се дела создадени во Македонија, распоредени во три тематски циклуси: Богомолки Во слава на виното Свети Наум како ликовен сон Оваа изложба претставува ретка можност да се согледа ...

Синоќа во македонскиот КИЦ во Белград беше отворена изложбата “Живи артефакти- (АР)тистика”, за која бројната белградска публика покажа исклучителен интерес. Изложбата поддржана од Министерството за култура и туризам ја отвори директорот на КИЦ Белград Васко Шутаров, а авторот на изложбата Филип Јовески и лично им демонстрираше на посетителите, како преку своите мобилни уреди да уживаат во необичниот, но, складен спој, помеѓу македонските ...

На меѓународниот хорски фестивал и натпревар “Црноморски звуци” кој од 4 до 8 јуни се одржа во Балчик, Бугарија, Женскиот хор при МКЦ оствари неверојатен успех со освојување на главната “Гран при” награда. Освен на натпреварот, хорот зеде учество и на концертите на фестивалот како и на мастер предавањата каде се изучуваа нови композиции заедно со другите ансамбли учесници. Ова е уште еден во низата успеси на хорот и маестро Сашо Татарчевски. ...

По објавувањето на ланското дебитантско EP „Isla“, Стотројка со задоволство го претставува и првото долгосвиречко издание на ΚΑΛБΥΛΑ, насловено „Моин“. Промоцијата е закажана за четврток, 12 јуни, во 21 часот, во клубот Ла Кања во старата скопска чаршија. Вечерта ќе ја заокружи електронскиот артист ΜΕΔΑΡСКИ со танцова електроника во живо. „Моин“ на ΚΑΛБΥΛΑ нурнува во племенски, ритуалистички и психоделични звучни пејзажи, нудејќи перспектива на ...

Националната и најстара манифестација од областа на фотографијата, ДМФ 2025 ќе се одржи по 63-ти пат во Културно информативниот центар – Скопје, во организација на Фото Сојуз на Македонија. На 17.06.2025, со почеток во 19:30 часот ќе се отвори настанот со изложба на наградените и примените фотографии и доделување на наградите во трите категории. Ќе бидат изложени 85 фотографии од 36 автори во двата салони што претставува своевиден пресек на ...

Утревечер, со почеток во 20:00 часот во Офицерскиот Дом во Битола, ќе имате можност да го погледнете шестиот концерт за сезоната 2025 на Камерен Оркестар на Битола, Концерт со двајца солисти. Публиката ќе има можност да чуе дела од В.А. Моцарт, Џ. Верди, Џ. Пучини и Е. Шосон во изведба на сопранот Билјана Талевска, а на виолина ќе настапи Валентин Наумов. Специјален гостин на вечерта ќе биде баритонот Кристијан Антовски, кој со својот топол и ...

Факултетот за музичка уметност – Скопје, со огромна чест и задоволство го најавува третото издание на танцовиот фестивал „Credence Dance“. Фестивалот претставува презентација на класичниот балет и современиот танц, презентација на дострелите на танцовата уметност на студентите на ФМУ од Kатедрата за балетска педагогија, нашите алумни, како и гости од САД, Кина, Германија, Италија, Франција и Шпанија. Фестивалот е конципиран во четири изведувачки ...

Музичкиот состав кој долги години успешно функционира на домашниот пазар, „Фидбек Бенд” ја објави својата нова песна која го носи насловот „Пали Запали”, а за истата снимија и видео запис. Станува збор за балада испреплетена со силни емоции и огромна љубов, приказна која ќе допре до многумина. Музиката и текстот се дело на Драган Ристовски – Дац и Гога Вучиќ, аранжманот на Дац, а комплетното аудио заедно со видео запис е во продукција на ...

Пред нас е период на многу попријатно време со пониски максимални дневни температури на воздухот, и тоа поради продорот на посвежа воздушна маса од север кон нашата Македонија. Во ваква ситуација, повремено ќе засилува ветер од северен правец, особено во сабота (14 јуни). Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Сепак, во попладневните часови повремено ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд со ретки ...

Благоја Спиркоски-Џумерко е роден во Прилеп на 6 февруари 1946 година. Тој беше познат македонски театарски и филмски глумец. Џумерко бил член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година сè до неговото пензионирање. Остварил голем број на улоги, меѓу кои најзапаметен ќе остане по улогата на Итар Пејо во ТВ-драмата „Солунски патрдии“. Одиграл улоги и во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, ...

Александар Велјановски е роден на 11 јуни 1990 година во Скопје. Тој е македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Во 2012 година, Велјановски се вработил во Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, каде работи до 2018 година кога преминал во Театар Комедија во Скопје. Велјановски ги остварил филмските улоги: 2013 Старо купуем ТВ-филм 2014 Љубовница ТВ-филм 2014 Тврдокорни ТВ-серија 2014 Кум ТВ-серија 2014 Враќање ...

„Фемина 8“ е препознатлив ликовен проект во кој досега учествувале над стотина македонски и странски ликовни уметници. Препознатлива е по специфичниот карактер и ликовен израз кој во себе содржи повеќе ликовни медиуми, од класично штафелајско сликарство па сѐ до концептуални формати и нови медиуми. Седмото издание на изложбата – „Фемина 8/7 – Истокот и Западот“ е проект на ДЛУМ во соработка со кураторките Јана Манева-Чупоска и Ирена Паскали. Со ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.51
39%
1015
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
2.57
30%
1014
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
31%
1014
weather icon

Софија

26ᴼ / 23ᴼ
1.54
32%
1017
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.93
24%
1015
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 29ᴼ
3.6
52%
1016
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
7.2
48%
1012
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.6
65%
1014
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.03
31%
1014
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
5.14
32%
1016
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
1.03
30%
1015
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
10.8
100%
1013
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052