
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Во месецот кога се одбележува Светскиот ден на животната средина, dm drogerie markt Македонија ги презентираше резултатите и плановите во областа на одржливоста на 14 земји од групацијата dm, истакнувајќи ја силната посветеност на развојот на еколошки одговорни решенија во сите деловни сегменти. Во Извештајот за одржливост за деловната 2023/24 година, групацијата dm изјави дека внимателното користење на ресурсите, намалувањето на негативното ...
Архитектонскиот факултет од Скопје, распиша повик за учество на 34-та сесија на Меѓународна летна школа за архитектура. ЕПИГЕНЕТСКО ЛАЗАРОПОЛЕ Упатства за концептуално уметничко дело Архитектонска работилница со Елиза К. Катанео и Лоренцо Дељи Еспости 28.06 – 06.07. 2025 Во 1966 година, Роберт Морис го напиша својот познат есеј Забелешки за скулптурата во списанието Artforum. Во овој есеј, кој може да се смета за еден од интелектуалните ...
Синоќа во НОБ, Кирил Џајковски имаше концерт на филмска музика – кој беше најавен како омаж на филмот, уметноста и музиката… Присутните во големата сала на Националната опера и балет, беа сведоци на уникатно аудио-визуелно патување низ најдобрите музички мигови од филмската кариера на еден од највлијателните композитори на нашето време – Кирил Џајковски. Концертот беше распродаден за неколку дена, а публиката доживеа вечер исполнета со емоции, ...
Europe House Скопје, Пресврт и Заедно посилни ве канат на отворен разговор со режисерот и тимот на претставата „Ангели во Америка”— моќна и емотивна американска драма, добитник на Пулицерова награда, која зборува за љубовта, стравот, загубата и издржливоста за време на ХИВ епидемијата и општествените промени во Америка во 1980-тите години. Претставата ќе ја има својата премиерна изведба во септември 2025 година во Македонскиот народен театар. ...
Трогодишното партнерство со музејот во Амстердам нуди ново ниво на културно доживување преку Galaxy S25+ Samsung Electronics Co., Ltd. денес го објави почетокот на трогодишното партнерство со Музејот на Ван Гог во Амстердам, претставувајќи уникатна фузија меѓу уметноста и мобилната технологија. Во рамките на оваа соработка, новиот аудио водич на музејот – овозможен преку Galaxy S25+ – им нуди на посетителите иновативен и подлабок начин на ...
Вечерва со почеток во 20:00 часот, во Народниот Театар во Битола ќе биде изведена претставата „Жиголо“ Автор: Игор Кузмановски Режисер и костимограф: Благој Мицевски Драматург: Оливера Павловиќ Автор на музиката: Марјан Неќак Сценограф: Сергеј Светозарев Дизајнер на видео: Владимир Переловски Светло-мајстор: Игор Мицевски Тон-мајстор: Николче Терзиевски Автор на плакатот и видео камера: Сашо Илковски монтажа на видео: марјан георгиевски ...
Glo* уредот, кој е наменет за алтернативни никотински производи**, има голема веројатност да биде користен од актуелните корисници на цигари во САД и огромно мнозинство од нив имаат намера да го користат уредот за да ја намалат употребата на цигари или пак целосно да се откажат од пушењето. Ваков е еден од заклучоците од истражување спроведено во САД, за употребата на помалку штетните производи*** кои користат технологија на загревање на тутун, ...
Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ го објавува вториот конкурс за доделување стипендии „Ацо Шопов“ на млади истражувачи од втор и трет циклус студии. Стипендиите се наменети за оние млади истражувачи во полето на хуманистиката кои во својот пристап ги инкорпорираат вредностите со кои се одликува творештвото на Ацо Шопов, односно: хуманизам, космополитизам, мултикултурализам и интеркултурна комуникација, еднаквост, толеранција и сл., а во доменот ...
Поетската книга „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков во издание на „Фуснота“ ќе биде промовирана во понеделник (16 јуни) во кафе-книжарница „Буква“ со почеток во 19:00 часот. Промоторка на книгата е проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, главен уредник е Маја Којчева Величкова, лектура: Елизабета Коневска, дизајнот на корицата изработи Мите Спасовски, а извадоци од романот ќе чита Светла Јакшиќ. Книгата е објавена со финансиска поддршка од ...
На 21 јуни, Галичник ќе биде домаќин на четвртото издание на ГалИцко фестивал – настан кој се одржува во чест на починатиот диџеј Ицко од Антена 5 радио. Фестивалот од година во година станува сè помасовен и полека прераснува во традиција која ги сплотува љубителите на електронската музика од целата држава. Програмата годинава започнува рано наутро со планинарска тура до Меденица, во организација на I Love Hiking Group – Macedonia, со старт во ...
Денес во Europe House во Скопје, со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи тематскиот форум на проектот “ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина” на тема „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“. Агенда: 11:00 – 11:30 Регистрација и пристигнување на учесниците 11:30 – 11:45 Добредојде и воведни обраќања од организаторите 11:45 – 12:40 Панел-дискусија: Млади, ...
Македонскиот КИЦ во Белград, на 16 јуни во 18 часот, организира вечер на современа македонска музика насловена како „Извор”. Десет современи музички музички теми ќе бидат изведени од Марко Виденовиќ на пијано, Владимир Лазаревски на обоа и Памела Велкова на виолина. Автор на сите музички теми е Марко Виденовиќ. Овој музички проект е поддржан од Министерството за култура и туризам, организатор на настанот е македонскиот КИЦ во Белград, а ...
Викендов што остана зад нас беше одбележан со отворањето на летна сцена „Славиша Кајевски“ под слоганот „Млади за млади“. На сцената во изминатите три дена настапија шест бендови и изведувачи од новиот македонски музички бран. На 19, 20 и 21 јуни не очекуваат уште шест артисти со кои ќе биде заокружена годинашната програма на летната сцена. На отворањето, директорот на МНТ, Никола Кимовски имаше обраќање кое подолу ви го пренесуваме во целост. ...
Поради продор на поладен воздух од север на висина, од утре (вторник 17 јуни) во нашата Република Македонија ќе дојде до постепена дестабилизација на атмосферата. Во ваква ситуација, ќе имаме повеќе облачност, особено во попладневните и во раните вечерни часови. Локално ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност. Поради загреаната ...
Продуцентската куќа Трето Уво го најавува 14-то издание на Фестивалот BALKAN MUSIC SQUARE во Охрид. Првата вечер на фестивалот се одржa во Скопје на 3-ти Јуни со настап на студентите од џез академијата при УГД Штип во Аудиокултура. Фестивалот ќе продолжи овој викенд традиционално во Охрид и тоа: на 20-ти Јуни со настап на мулти-инструменталистот Даниел Јовески и Голема изложба на фотографии од Охридското езеро. На 21-ви Јуни го прославуваме ...
Борко Лазески е роден во Прилеп на 22 октомври 1917 година. Тој беше истакнат македонски академски сликар. Тој бил еден од првите апстрактни сликари во Македонија. Најпознат е по своите фрески изведени во Скопје, Кичево, Велес, Град Мексико итн. Исто така, тој е автор на повеќе мозаици. Во неговите дела доминираат остри прекршени линии чии контури ги обрабуваат широките полиња на масовните сцени на неговите композиции. Лазески сликал и масло на ...
Петровденски пости Петровденските пости, познати и како Апостолски или Петрови пости, се православни христијански пости што се одржуваат пред празникот Св. апостоли Петар и Павле (Петровден). Секогаш започнуваат по празникот Света Троица (Педесетница), т.е. понеделникот по Духовден Овој пост е востановен во чест на светите Господови апостоли. Во овој пост се пости вака: во среда и петок не се јаде масло и вино; во понеделник, вторник и четврток ...
Зденко Петровски е роден на 16 јуни 1959 година во Скопје. Средно училиште завршил во „Никола Карев“. Тој е фотограф, насочен кон македонската културна музичка сцена, фотографирајќи културни настани кои се случуваат во Скопје и МКЦ. Зденко Петровски е автор на „Момент документ“ – книга со фотографии која ги документира музичките настани одржани во Скопје изминатите 15-тина години (од објавување на книгата). Промоцијата на книгата „Момент ...
Девојката има само 14 години. Актерката Кристина Аплгејт (53) со години отворено зборува за својата борба со мултиплекс склероза, а неодамна открила дека добила уште една катастрофална вест. Минатата година открила дека има 30 лезии на мозокот. View this post on Instagram A post shared by Christina Applegate 🌐 (@1capplegate) „Искрено, не уживам во животот. Веќе не уживам во работите. Ако некој може да ми пријде и да разговара со мене, тоа ми е ...
Калуѓерки споделиле моќно и трогателно сведоштво за тоа како им помагаат на луѓето кои не можат да простат – на другите, на себеси, на животот, секојдневно….гостувајќи во емисија на К1 телевизија. Нивниот пристап, како што велат, не е научен или терапевтски, туку длабоко духовен и заснован на молитва. Тие го преточиле своето искуство во сведоштво кое никого не оставил рамнодушен – ниту публиката во студиото, ниту гледачите во близина на малите ...
Најкремастиот десерт што се јаде за 15 минути Потребно е: 10 белки 250 г шеќер 300 г ореви или печени лешници 3 лажици брашно 1 прашок за печиво Фил: 10 жолчки 220 г шеќер 3 пудинзи од ванила 1 лажица нишесте 1 ванилин шеќер 1 литар млеко 270 г маргарин 100 г чоколадо за готвење Плус: 200 г чоколадо за глазура Подготовка: Изматете ги белките во цврст шлаг, додадете шеќер и матете додека не добиете фина, густа, мазна смеса. Додадете го брашното ...
Психологијата на мажите при изборот на партнерки отсекогаш била предмет на истражување, а според експертите, мажите имаат вродена тенденција да набљудуваат одредени физички карактеристики кај жените. Како што објаснуваат, мажите брзо ги проценуваат жените врз основа на визуелни знаци, но нивната перцепција може да се промени со социјалната интеракција. Физичките и личните карактеристики играат важна улога во привлечноста, што значи дека ...
Пит Самрас е едно од најголемите имиња во светот на тенисот, а поради неговата сопруга која се бори со ужасна болест, тој го поминува најтешкиот период од својот живот. Тениската легенда Пит Самрас е во пензија повеќе од 20 години, а оттогаш ретко се појавува во јавноста. Единствените пати кога може да се види е кога шета низ неговата населба за да си земе кафе. Овие ретки појавувања не се изненадувачки кога станува збор за Сампрас, бидејќи ...
Кејт Мидлтон повторно има голема насмевка на лицето. Кејт и целото нејзино семејство се придружиле на прославите по повод роденденот на кралот Чарлс, организирани како годишен воен настап, наречен „Trooping the Colour“, иако кралот всушност нема да наполни 77 години до 14 ноември. Сите очи биле вперени во изгледот на принцезата, а таа пристигнала со својата ќерка, принцезата Шарлот, во соодветни комбинации на облека. View this post on Instagram ...
Утревечер во Македонскиот Народен Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската претстава „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, а во режија на Егон Савин. Сценограф: Весна Поповиќ Костимограф: Роза Трајческа Ристовска Извршни продуценти: Виктор Рубен и Симона Угриновска Превод: Загорка Поп-Антоска Андовска Дијалектна адаптација на текст: Томислав Османли Асистент на режисерот: Шенај Мандак Избор на музика: Егон Савин ...
*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Убавината нема возраст, а тоа го докажуваат овие 4 хороскопски знаци кои со текот на времето стануваат сè попривлечни Зрелоста, самодовербата и искуството работат во нивна корист, додавајќи длабочина на харизмата што ја зрачат. Дознајте подолу дали сте меѓу нив. Велат дека младоста носи убавина, но вистинската ...
Поетот и романсиер Драго Гламузина го водел овој дневник во текот на зимата и пролетта 2022 година. Деновите биле исполнети со настани што ги опишувал ноќе, пред спиење, па затоа и насловот „Ноќниот портир“ органски се споил со книгата. Дневникот на таков начин се претворил во „ноќник“. А што е опишано тука? Ситни домашни проблеми, средби со пријатели, моменти поминати со блиските и со жената „со која спие од неодамна“. Станува збор за живи ...
Во музејот на македонската борба, утре ќе биде отворена ексклузивната изложба Владимир Полежина 1912-1980, од авторот м-р Илија Василески, водич историчар. Низ оригинални фотографии, документи и лични предмети, како и неговото лично досие од Управата за државна безбедност на Југославија и досега необјавувани материјали, изложбата го портретира ликот и делото на Владимир Полежина, како и неговата улога и неговите заслуги во втемелувањето на ...
Денес во големата сала на Националната опера и балет со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да го погледне концертот на филмска музика на Кирил Џајковски. За прв пат во живо со голем филмски оркестар под диригентската палка на Џијан Емин, со учество на солистите Владимир Крстев, Ратко Даутовски, Антоние Вескоски, Андреј Трајковски и Игор Иванов на овој концерт ќе биде изведена музиката од многу домашни и интернационални филмови меѓу кои: ...
Поп-пејачот Јоце Панов на својот You Tube канал објави видео снимка од спектакуларниот концерт по повод 25 години музичка кариера. Колку за потсетување, на 8 март годинава во македонската филхармонија, која беше исполнета до последно место приреди вистинска бура од емоции. Македонскиот поп пејач одлучи да ја израдува својата публика и да им овозможи да уживаат во концертот. Светска сцена, со големи лед екрани и голем симфониски оркестар. Ова е ...