Во секојдневието полно со обврски, брзата и готова храна често изгледа како најлесно решение. Сепак, домашно зготвената храна останува еден од најздравите избори што можеме да ги направиме за себе и за семејството. Не станува збор само за вкусот, туку за целокупниот однос кон храната и здравјето. Контрола врз состојките Кога готвиме дома, точно знаеме што ставаме во чинијата. Нема скриени адитиви, конзерванси или вишок сол и шеќер. Можеме да ...

Македонската ракометна репрезентација вечер од 18 часот ќе го има последниот натпревар од првата групна фаза на Европско првенство 2026. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Романија. Правдата ќе ја делат словенечките судии Давид Сок и Бојан Лах. Македонците со победа ќе ги зачуваат шансите за пласман во втората фаза. Потребен е триумф со што поголема гол-разлика, а исто таков епилог ќе треба да има на средбата меѓу Данска и ...

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено по претежно влажни коловози, а врнежите од снег се престанати, информираат од ЈП „Македонијапат“. Намалена видливост поради појава на магла е забележана на повеќе планински превои. На Плетвар и во Крушево видливоста е намалена до 50 метри, на превојот Стража до 80 метри, како и на патниот правец Тетово – село Лисец, каде исто така видливоста е до 80 метри. Сите патни правци во ...

Министерство за труд и социјална политика соопшти дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија, 19 јануари 2026 година – Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповест. Согласно најавите, сите трговски објекти, маркети и трговски центри ќе работат согласно редовното работно време. Поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе ...

Следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Утре ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег. Во понеделник и во вторник преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе биде променливо облачно со слаби локални ...

По успешната прва сезона, „Мислотека“ се враќа со нови епизоди, нови предизвици и уште поголема радост за најмладите гледачи. Квизот и понатаму на забавен и интерактивен начин ги поттикнува логичкото размислување, знаењето, брзината и тимскиот дух, создавајќи позитивна атмосфера во која учењето е игра, а знаењето – вистинска авантура. Зад реализацијата стои голем тим на професионалци, кои долг период посветено работеа на подготовките, ...

Денееска сончево време со мала до умерена облачност. Според метеоролозите, во утринските часови по одделни котлини е можна појава на магла, а во текот на денот ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од минимални -6 до максимални 13 степени. Во Скопје се очекува слично време, тивко и сончево, со температура до 9 степени. Од УХМР најавуваат промена веќе од утре: „Викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено ...

Македонската ракометна репрезентација вечерва го започнува настапот на Европското првенство со дуел против кодомаќинот и еден од фаворитите, Данска. Натпреварот се игра во Хернинг од 20:30 часот, а „црвено-жолтите“ влегуваат без страв и со јасна желба за борба. Иако Данска важи за светска ракометна сила, Македонија традиционално знае да одигра храбро кога е најтешко. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров веќе неколку дена се подготвуваат во ...

Во фоајето на Министерството за животна средина и просторно планирање е отворена патувачка изложба со фотографии од најпретставителните единки на балканскиот рис, регистрирани со фото-замки во Македонија, Албанија и Косово. Изложбата ќе биде поставена и во наредните две недели, а ја прикажува една од најретките и најзагрозени мачки во Европа – вид што опстојува токму во овие три држави. Настанот се реализира во рамки на Програмата за ...

Црните дупки се можеби најфасцинантните, но и најстрашни појави во универзумот. Како долг, темен тунел што води кон ништо (или како гигантски ѕид за ѓубре), тие создаваат гравитациска сила толку моќна што ништо во нивна близина – дури ни светлината – не може да избега. Сè што влегува, скоро никогаш не излегува. Затоа, црните дупки се невидливи за човечкото око, како темниот, празен простор околу нив. Научниците знаат дека постојат не затоа ...

Викендот кој ни доаѓа во Македонија ќе ни донесе продор на нов ладен бран од исток и од североисток и истиот ќе услови повторно да имаме пад како на утринските така и на максималните дневните температури на воздухот. Исто така облачноста ќе се зголеми и ќе има слаби локални врнежи кои полека и на пониските места (градовите) ќе преминуваат во снег. И во Скопје и околината за време на викендот кој доаѓа ќе имаме зголемена облачност која ќе ...

Македонската традиционална кујна е длабоко поврзана со начинот на живот, природата и сезоните. Таа се развивала со векови, користејќи едноставни, локални и достапни намирници. Иако денес често се смета дека модерните нутриционистички правила се нешто ново, многу од принципите на балансираната исхрана одамна постојат токму во традиционалната македонска трпеза. Сезонска и природна храна Една од најголемите предности на македонската кујна е тоа ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патниот правец Скопје – Тетово. Сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и ...

Длабоко во Индискиот Океан, недалеку од брегот на Јемен, се наоѓа едно од најнеобичните места на Земјата – островот Сокотра. Оваа дестинација често се нарекува „вонземска“ поради нејзината уникатна природа, каква што не постои никаде на друго место во светот. Остров со сопствен екосистем Повеќе од 30% од растителните и животинските видови на Сокотра не се среќаваат никаде на друго место. Најпознат симбол на островот е дрвото на змејската крв ...

По студениот бран, обилни снегови и длабоки минусни температури, во Хрватска пристигна нова промена на времето, носејќи затоплување и јужен ветер. И во текот на неделата ќе продолжи да се затоплува, со максимални дневни температури во внатрешноста кои веројатно ќе бидат близу десет степени, што е вистински температурен шок со оглед на тоа што вчера наутро во Загреб беше -12. Врвот на студениот бран завршува денес во Србија, која исто така ...

Бучавата и хаосот што се гледаат на снимките од лавини, одрони и кални свлечишта јасно покажуваат колку овие природни појави можат да бидат смртоносни. Калните свлечишта се еден вид одрон, но меѓу лавините и одроните постојат низа важни разлики. Заедничко за сите три појави е силата на гравитацијата, која немилосрдно ги влече масите надолу. Во продолжение ќе објасниме што точно претставуваат овие природни катастрофи и кои се причините за ...

Денеска јавноста беше сведок на еден поинаков пристап на решавање на отворени прашања, нешто што можеби изминатите 35 години државност не се случувало, а тоа е би рекол преку една плодна дискусија во рамките на оваа лидерска средба и во една дебата би рекол која што морам да кажам во одредена мерка беше полна со предлози и идеи, изјави денеска полидерската средба премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски истакна дека за дел од отворените прашања ...

Минатата година, Хрватска забележа намалување на бројот на издадени дозволи на странски работници, главно поради измените на Законот за странци од февруари 2025 година, со кои се заострија условите за работодавачите. Според податоците од Министерството за внатрешни работи, во 2025 година се издадени 170.723 дозволи, што е за 17 проценти помалку отколку во 2024 година, кога беа регистрирани 206.529 странски работници. Најголемиот број странски ...

Членките на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) како општествено одговорни компании, во интерес на заштита на сите граѓани, а особено младите кои се најфреквентни корисници на социјалните медиуми, во согласност со позитивните законски прописи ја известуваат јавноста за зачестени онлајн измами. „Веќе подолг временски период на социјалните мрежи масовно циркулираат лажно креирани дигитални вести кои во суштина се онлајн измама ...

По обилните врнежи на територијата на Република Македонија, состојбата во најголем дел од државата е стабилизирана, а водостојот на реките е во опаѓање. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека состојбата во Битола е нормализирана и дека екипите на ЈП „Нискоградба“ работат на санација на оштетените патишта. – Во Општина Демир Хисар, водата е повлечена во речните корита, но останати се заезерени земјоделски површини во неколку села. ...

Моќната река Амазон не личи на ниту една друга река во светот. Со својата огромна количина вода ја храни амазонската прашума, изградбата на мостови е речиси невозможна, па дури влијае и на нивото на морето во Карипското Море. Освен што е најголемиот извор на слатка вода меѓу реките, нејзината геолошка историја, уникатниот жив свет и влијанието врз човештвото ја прават Амазон една од највпечатливите природни појави на планетата. 1. Некогаш ...

Со свечена програма, денеска во Вевчани започнува традиционалниот Вевчански карневал – еден од најстарите и најавтентични карневалски настани во Македонија и поширокиот регион. Манифестацијата, позната по својата силна сатира и слободен израз, и годинава се очекува да привлече бројни посетители од земјата и од странство. Програмата за првиот карневалски ден, 12 јануари, вклучува музички настапи на групата „Пука козметика“, како и на Лозано и ...

Претставници на Ерих фон Деникен соопштија дека тој починал во болница во Унтерзеен, Швајцарија, еден ден пред објавата на веста на неговата официјална веб-страница. Фон Деникен стекна светска слава во 1968 година со книгата „Кочии на боговите?“, во која изнесе теорија дека древни цивилизации, како Маите и Египќаните, биле посетени од вонземски суштества кои им пренеле напредни знаења. Делото предизвика голем интерес за необјаснети феномени ...

Животинскиот свет е исполнет со видови кои развиле фасцинантни способности за преживување, заштита и размножување. Овие адаптации се резултат на долготрајна еволуција и претставуваат доказ за сложеноста и интелигенцијата на природата. Во продолжение следуваат 15 животни со навистина неверојатни способности. 1. Шумска жаба (Wood Frog) Шумската жаба има способност целосно да замрзне за време на зимата и повторно да „оживее“ напролет. Нејзиното ...

Еден од најактивните вулкани во светот, Килауеа на Хаваи, повторно еруптираше силно, а најновата активност што започна вчера создава импресивни куполни фонтани од лава високи до 12 метри, пишува Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави (USGS) објави драматични снимки од ерупцијата, на кои се гледаат ретко видени куполни фонтани од блескава лава. Заедно со спектакуларната глетка, експертите издадоа предупредување за високите емисии ...

Физичката активност не е важна само за изгледот и телесната тежина, туку има значајна улога и во одржувањето на силен имунолошки систем. Редовното движење му помага на организмот подобро да се брани од инфекции, го намалува ризикот од хронични болести и придонесува за општо чувство на виталност и здравје. Подобра циркулација и побрз имунолошки одговор Кога се движиме, срцето пумпа побрзо, а крвта циркулира поефикасно низ телото. Со тоа, ...

Цените на становите и изнајмувањето продолжуваат да растат низ земјите на Европската Унија, при што разликите меѓу различните членки стануваат сè поизразени. Пазарот на недвижности во третиот квартал од 2025 година покажал значителен пораст: вредноста на становите се зголемила за 5,5%, додека кириите бележат раст од 3,1% во споредба со истиот период претходната година. Податоците на Eurostat покажуваат дека порастот се гледа и на квартално ...

Од 12 ти до 14 ти јануари Вевчани се претвора во сцена а традицијата пак во слобода, градот држава во Македонија е епицентарот на случувањата, карневал кој што генерациски се пренесува над 1400 години. Со ритамот на тапаните и писокот на зурлите, со смеа што е истовремено шега но и порака започнува годината не со календарот туку со како што таму го нарекуваат свети Васиља. Маските на карневалот во Вевчани не се само за критика туку и за ...

Умерените шуми претставуваат еден од најважните копнени биоми на планетата. Тие се карактеристични по умерена клима, висока влажност, обилни врнежи и големо присуство на листопадни дрвја. Промените на годишните времиња имаат клучна улога во нивното функционирање – со доаѓањето на есента температурите опаѓаат, деновите се скратуваат, фотосинтезата се намалува, а дрвјата ги отфрлаат лисјата. Напролет, со потоплото време и повеќе сончева ...

Поради продор на екстремно ладен бран кој полека ќе се спушта од север кон територијата на Македонија ќе дојде до формнирање секундарен циклонски систем над Југоисточна Европа и на големи влажни воздушни бранови кои во Македонија ќе условат да имаме врнежи од дожд и од снег на пониските места и само снег на повисоките населени места и на планините. Во почетокот поради присуство на потопол воздух во горниот слој од атмосферата и поладен воздух ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
2.72
28%
1018
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
2.68
44%
1017
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
2.44
44%
1018
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.49
34%
1019
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
1.65
41%
1018
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
0.45
62%
1018
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
3.58
37%
1014
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
2.19
24%
1016
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.75
26%
1017
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
3.13
40%
1017
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 34ᴼ
6.71
34%
1018
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
4.75
100%
1017
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Рутениум

49029.89

Сребро

1902.84

Родиум

249168.29

Злато

131072.82

Платина

51923.46

Цинк

0.00

Паладиум

38195.09

Кобалт

56.29

Иридиум

233896.68

Калај

50.56

Алуминиум

3.20

Бакар

12.33