Досега речиси 200 луѓе се повредени во налетот на тајфунот Коину над јужните делови на островската држава Тајван. Повеќе од 200 илјади домажинства останаа без струја а работните места и училиштата останаа затворени, а луѓето останаа дома. Јавниот живот на многу места е парализиран а училиштата и работните места останаа затворени. Коину е втор тајфун што го погоди Тајван годинава. Тајфунот од четврта категорија е проследен со екстремно силни ...

Просечната глобална температура минатиот месец беше 0,93 °C над просекот за септември 1991-2020 година. Ова е најтоплата маргина над просекот за еден месец во последните 83 години записи што ги води Службата за климатски промени Коперник. „Навистина е шокантно“, рече директорот на Коперник, Карло Буонтемпо. „Никогаш не сме виделе такво нешто во ниту еден месец во нашите записи“. Додека јули и август имаа повисоки температури бидејќи според ...

Во извештајот, објавен од Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам, се вели дека на континентот ќе му требаат годишни инвестиции од 140 милијарди евра до 2030 година и 100 милијарди годишно во деценијата потоа за да го постигне тоа, објави СЕЕбиз. Додека поголемиот дел од износот би бил потребен за проширување на ветерните електрани на копно, соларните, водородните и геотермалните извори ќе бидат дополнителни столбови на ...

Големиот пожар во Бријесто, предградие на градот Осиек во Хрватска, е ставен под контрола. Пожарот избувна во вторникот вечерта во компанијата „Драва интернешнл“ откако се запали пластика складирана на отворено на неколку илјади метри квадратни. Гаснењето било напорно, а покрај речиси 200 хрватски пожарникари со 82 возила, на терен имало и бројни противпожарни екипи од Славонија, јавува Хрватската радио телевизија. Во акцијата за гаснење на ...

Во предградието на хрватскиот град Осиек во текот на ноќта избувна пожар од големи размери во фабрика во која се преработува пластика. Неколку илјади квадратни метри пластика, која се чува на отворено, гори, се вели во првиот извештај на припадниците на локалната цивилна заштита. Пожарот се уште не е локализиран, а сите расположливи противпожарни единици се на терен. Жителите на Осиек изутринава добија СМС предупредување да не остануваат на ...

Еден од овие плодови е костенот, кој се истакнува по своите здравствени придобивки. Костенот е различен од другите ореви и плодови во тоа што содржи многу малку масти и масло, а истовремено е богат со сложени јаглехидрати, што го прави идеален избор со ниска гликемиска вредност. Некои од главните здравствени предности на костенот вклучуваат подобрување на меморијата, благодарение на витамините B кои подпомагаат разградбата на јаглехидрати, ...

Нашиот космос е „исткаен“ со галаксии како голема пајажина, но тие не се распределени еднакво, туку се собираат во група. Првично малата маса собира сѐ повеќе материја преку гравитациска интеракција, а оваа област постепено се руши под сопствената гравитација како што станува погуста. Според истражувачите, овие купчиња стануваат погусти додека се рушат, што е опишано како раст. – Тоа е како разбој за ткаенина каде што едно-, две- и ...

Медузата од видот tripedalia cystophora има две очи и околу илјада фоторецептори кои служат како сензорни системи и центри за претворање на стимулите во одговори. Тие им помагаат на медузите да се движат и да наоѓаат плен. Научниците сакале да откријат дали ваков систем на нерви е способен за учење и направиле експерименти во кои медузите требало да научат како да избегаат од затворени кутии. Било заклучено дека медузите научиле како да избегаат ...

Агенцијата за животна средина на ЕУ ги објави податоците од испитувањата направени преку урината кај граѓаните на ЕУ, каде што се гледа високо ниво, далеку над дозволеното на оваа штетна хемикалија. Агенцијата на ЕУ соопшти дека примероците од урина собрани од Европејци во неколку земји откриле дека изложеноста на БПА останува „добро над прифатливото ниво на здравствена безбедност“ и претставува потенцијален ризик за милиони луѓе. Во таа студија ...

На 24 август, Јапонија почна да испушта во Пацификот дел од 1,34 милиони тони отпадна вода што се собрала по цунамито што го осакати објектот во 2011 година. Со ова Јапонија стана еден од најголемите светски загадувачи во моментов. Дали надлежните во Македонија ја проверуваат храната која потекнува од овие предели пред се замрзната риба и морски плодови? „Инспекциите по првото ослободување се завршени. Второто празнење ќе започне на 5 октомври“, ...

Ова во разговор за Денар го тврдат експерти од областа на енергетиката, кои посочуваат дека со мали дополнителни инвестиции, заштедите на електрична енергија во домот можат да бидат и двојно поголеми. Ваквото откритие е особено важно за сите нас кои секој зимски месец буквално „се препотуваме“ додека го отвораме ковертот во кој е испишана цифрата што треба да ја платиме за потрошена електрична енергија. „Не знам дали сте знаеле, ама ние трошиме ...

Потегот следува две години откако најголемиот светски производител на играчки, Лего го претстави првиот прототип на коцка изработена од ПЕТ пластика, и се фокусираше на истражувања за користење на поодржливи материјали како дел од глобалната борба против климатските промени и за намалување на јаглеродните емисии. На годишно ниво, данската компанија изработува околу 60 милијарди Лего-коцки. Околу 80% од нив содржат ABS, акрилонитрил бутадиен ...

Канцеларијата на германската министерка за внатрешни работи Ненси Фазер вчера објави дека можеби е неопходно да се спроведуваат контроли на полската и чешката граница со цел да се потиснат „криминалните банди“ кои нелегално шверцуваат мигранти во земјата. Во првите осум месеци од 2023 година во Германија барања за азил поднеле околу 204.000 лица, што е 77 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, наведува „Политико“, а зашто тоа се ...

Европа се соочува со „тешка криза во јавното здравје“, при што речиси сите на континентот живеат во области со опасни нивоа на загадување на воздухот, се наведува во анализатра на британскиот весник. Анализата на податоците собрани со помош на најсовремената методологија – вклучувајќи детални сателитски снимки и мерења од повеќе од 1.400 копнени станици за мониторинг – открива страшна слика за загадениот воздух, при што 98 отсто од луѓето живеат ...

Речиси 70 отсто од одгледувањето на памук во Тесалија се проценува дека е оштетено од природната катастрофа „Даниел“, при што се очекува производството во регионот да се намали за најмалку 50-60 отсто, што вкупно ќе влијае на производството во земјата за 15 -20 отсто. Според податоците, од 2,5 милиони памучни круни што се одгледуваат низ целата земја, околу 800.000 хектари (32 отсто) се наоѓаат во Тесалија. Од 800.000 хектари, приближно 410.000 ...

Македонското сирење и млечни производи ќе бидат дел од „Cheese“, најголемиот и најважниот меѓународен настан, светски фестивал посветен на природни сирења, занаетчиски млечни производи што во организација на мрежата „Слоу Фуд“ од денеска се одржува во италијанскиот град Бра. Годинешната прослава на сирење и млечни производи на едно место ќе собере мајстори за сирење, сточари, производители и експерти од целиот свет кои се среќаваат за да ги ...

Темата долго време ја фасцинираше јавноста, но беше избегнувана од мејнстрим науката. Независен тим од 16 истражувачи ги споделија своите прелиминарни набљудувања во мај и заклучија дека постојните податоци и извештаите на очевидците не се доволни за да се извлечат цврсти заклучоци, истовремено повикувајќи на посистематско собирање на висококвалитетни податоци. Малку е веројатно дека денешниот извештај ќе го промени претходниот заклучок ...

Очекуваме многу голем број жртви. Може да достигне од 18 илјади до 20 илјади смртни случаи врз основа на уништените области во Дерна, изјави вчера градоначалникот. Повеќе од 5.300 луѓе загинаа во поплавите во Дерна. Додека спасувачите и роднините продолжуваат да трагаат по преживеани, според Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, околу 10 илјади луѓе се водат како исчезнати. Поплавите во источна Либија, исто така, ...

Здружението „Убавините на Скопска Црна Гора“, в сабота, ќе му се приклучи на настанот „Зора на Љуботен“, кој, по шести пат, го организира планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово. Тие канат да се доживее изгрејсонцето, кое, како што велат, не може да се опише со зборови. – Кога изгрева сонцето таму некаде зад Стара Планина и Рила, може само да се почувствува, но не и да се опише. Чувството е најблиско до она што го имал Бог кога го создавал светот – ...

Според активистите на овие невладини организации, малата хидроцентрала на Дошница ќе го уништи биодиверзитетот и ќе предизвика големи промени врз целиот екосистем на Кожуф. Дошница е последната река во Македонија од која водата се пие и која тече во нечепната природа со богат биодиверзитет. За протестот ќе биде обезбедено организиран превоз од Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, а активистите од другите градови ќе може да ...

Овој наод укажува на постоење на проблем, бидејќи според Меѓународната унија за зачувување на природата, повеќе од една третина од видовите на ајкули и на ражи се соочуваат со истребување поради прекумерниот риболов, уништување на живеалиштата и климатските промени. Еко-туризмот би требало да го помогне зачувувањето на ајкулите преку зголемување на јавната свест и со генерирање на приходи што потоа би се влевале во програмите за конзервација. А ...

ЕУ ќе го истражува случајот со помошта што производителите на електрични автомобили во Кина ја добиваат од државата. „Цената на овие автомобили се намалува вештачки, преку огромни државни субвенции – тоа го уништува нашиот пазар“, кажа во средата претседателката на комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лaјен, пред Европскиот парламент во Стразбур. Тоа е неприфатливо за европската политичарка. Светските пазари се преплавуваат со поевтини електрични ...

Поплавата беше предизвикана од силна бура што ги скрши браните во близина, предизвикувајќи порој од вода што опустоши четвртина и повеќе од тој медитерански град, однесувајќи ги зградите заедно со нивните жители. Се проценува дека околу 10 000 луѓе се водат како исчезнати. Се верува дека поројот повлекол многумина во морето. Еден жител на Дерна, Мустафа Салем, рече дека досега изгубил 30 членови од своето семејство. Конвои со помош и камиони со ...

Вселенското летало треба да го почне спуштањето Месечината денеска околу 14:15 часот по македонско време. Доколку успее, Индија ќе биде првата вселенска сила која ќе изврши тн. меко слетување на Јужниот Пол на единствениот природен сателит на Земјата. Со ова контролирано слетување на индиското вселенско летало на Месечината, Индија би била четвртата земја што некогаш постигнала таков подвиг. Во мигов, САД, Кина и поранешниот Советски Сојуз се ...

Ексклузивните наоди од некрополата Требенеште, кои во 2019 година во соработка на музеите на Македонија, Србија и на Бугарија, беше поставена во Скопје, како што беше тогаш најавено, го продолжува својот пат и ќе биде претставена пред бугарската јавност, во Националниот археолошки институт со Музеј при Бугарската академија на науките во Софија. Владата ја разгледа и ја усвои и Информацијата од Министерството за култура за реализација на ...

Активни се пожарите кај селата Горно Количани и Драчевица во Општина Студеничани каде е зафатена мешана шума, во село Орланци во Општина Арачиново каде гори ниска шума и во село Мелница во Општина Велес со зафатени борова шума и сува трева. ЦУК соопштува дека се изгаснати 24 пожари, во општините Студеничани, Битола, Прилеп, Кривогаштани, Крушево, Струмица, Радовиш, Струга, Дебар, Велес, Неготино, Кочани, Куманово, Липково, Брвеница и Гостивар. ...

Биодиверзитет: Зошто е важно да има повеќе ликови на „забавата“? Биодиверзитетот не се однесува само на естетиката. Како и луѓето на една обична забава, така и во екосистемот – секој вид има своја улога. Ако недостасува само еден лик во таа разновидност, целиот концепт пропаѓа. А, главните виновници, за жал, сме ние самите – луѓето (најголемото лажно обвинунање!!). Причините се глобални, но почнуваат од секојдневните урбани навики. Ова се ...

Фотографиите доаѓаат околу една седмица откако Индија објави фотографии од површината на Месечината. Двете земји планираат да слетаат научни роботи на јужниот пол на Месечината во следните недели. Првите фотографии направени од руската сонда биле направени на оддалеченост од 310.000 километри од Земјата. Тие покажуваат дека сондата е во добра форма и работи според планот, изјавиле од рускиот Институт за вселенски истражувања. „Луна-25“ треба да ...

Суштеството кое е пронајдено, во близина на Антартикот, помеѓу 66 и 1.170 метри под површината на морето, има 20 пипала кои се покриени со нешто што личи на пердуви. На другата страна има пипала со мали канџи на крајот, кои му помагаат да се фати за морското дно. Тимот научници кои откриле за постоењето на ова чудно суштество забележале и дека тоа може да варира во бојата, од „виолетова“ до „темно црвеникава“. Научникот Грег Роуз, професор по ...

Овој пожар е најсмртоносниот во САД во последните 100 години, објави Гардијан. Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати додека пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарите и спасувачките екипи пребаруваат низ јагленосаните остатоци од историскиот град Лахаина.Грин рече дека обемот на штетата од пожарот е „неверојатен“. Пожарот ги уништи речиси сите згради во градот со 13.000 жители. Живеалиштата на луѓето се тотално уништени и изгорени ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1021
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
100%
1016
weather icon

Загреб

13ᴼ / 12ᴼ
5.66
70%
1015
weather icon

Софија

8ᴼ / 0ᴼ
1.03
54%
1021
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.7
95%
1018
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
2.53
88%
1017
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.06
85%
1018
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1020
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
93%
1020
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.13
93%
1018
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
98%
1015
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1020
Currency

61.52

Currency

52.9172

Currency

69.5755

Currency

34.5843

Currency

37.7509

Currency

66.6288

Currency

7.43977

Currency

0.65459

Currency

0.34237

Currency

0.52489

Currency

1.25027

Currency

0.59572