Кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата од Изборна единица 4, неврохирургот Венко Филипче, вчера при својата посета на Струмица пред своите сопартијци говореше дека како партија СДСМ треба да се обедини кон желбата да се помогне на секој еден наш сограѓанин. „Кога ќе се обединиме повторно околу идеалите и тоа јасно и јавно ќе го кажеме, јас сум сигурен дека ќе победиме на изборите. Ние сме најдобрата опција којашто граѓаните може да ја ...

ПК Ентузијаст од Струмица на 07.04.2024 година (недела) на планината Беласица ќе го реализира меморијалниот планинарски марш „Ванчо Атанасов – 2024“. Станува збор за традиционален марш кој по 25 ти пати ќе се организира од населеното место Костурино до планинарската куќа Дедо Кољо Муртински па симнување до населеното место Свидовица. ,,Патеката е средно-тешка, а вкупната должина е 22 км или 6 часа одење (3,5 ч. искачување и 2,5 ч. симнување), ...

Македонска берза и Капитал Финансиски Центар организираа заеднички настан за подигнување на финансиската писменост на жените. На вчерашната панел дискусија насловена како „Жените и парите – емоција или разум“, преку лични искуства, оваа тема беше разгледана од различни перспективи за да се утврди кога повеќе преовладуваат емоциите, односно разумот при носење финансиски одлуки. На панел дискусијата учествуваа Билјана Станковска Арсова од Капитал ...

Жителите од општинскиот центар Василево кој живеат околу Домот на културата може да се приклучат на изградениот крак од фекалната канализација К1 кој се протега покрај улицата кај Домот на културата . Должина изнесува 753 метри, а Буџетот за неговата изградба во висина од 3 257 961 денари општината го обезбеди од сопствените извори на приходи. Цената за приклучување изнесува 16 000 денари а заинтересираните граѓани за склучување на Договор треба ...

Струмичката болница соопшти дека е обезбедена нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија и истата е ставена во функција за изведување на лапараскопски хируршки интервенции. „Со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно опоравување и пократок престој на пациентите во болница, за разлика од ...

„Не плашете се! Вие го барате Исус од Назарет, Распнатиот. Тој воскресна, не е овде!“ (Марко 16,6) Драги браќа и сестри! Велигден е најстариот и најголемиот христијански празник, кој веќе Раната црква го слави како спомен на Исусовото воскресение. Овој подвижен празник нема одреден датум и секоја година не се слави во исто време, а се паѓа во недела по првата полна месечина во пролетта. Првата полна месечина во пролетта може да биде помеѓу 22 ...

Струмичката Православна Епархија започна со кампања за собирање донации за реконструкција на храмот на Светите Кирил и Методиј во Струмица. Во објавата, велат дека, после неколкуте неуспешни обиди да добијат финансиски средства од министерството за култура, под чија заштита е објектот, немале простор освен да побараат помош од верниците, заедно да го заштитат храмот кој е заедничка радост на сите. – Вековниот храм Божји кој повеќе од 100 години ...

Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2024 година. Летното сметање на времето во 2024 година започнува на 31 март во 02:00 часот, така што со поместување за еден час нанапред времето во 02:00 часот, се смета како 03:00 часот. Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што со поместување ...

Во недела на 31-ви март 2024 година ќе се реализира еко акцијата „Чисти ридови за сите “ која ќе ја спроведе Велосипедскиот клуб „Актив“ во општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село. Оваа година по четврти пат се организира оваа еко акцијата која прераснува во убава традиција токму на почетокот на пролетта. Еве ги локациите, каде ќе се спроведе акцијата: Општина Струмица: – групата ќе започне од РЦСОО „Никола Карев“ во 10:00 часот од ...

Претседателот на Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“, Ристо Тасев и претседателот на Локалниот младински совет на Општина Струмица потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот се однесува на резлизирање на проектот „Читај меѓу редови: Спротивстави се на дезинформации и биди медиумски писмен во ера на дигитални вести!“, којшто го реализира „Медија Флеш“, а во кој активно ќе бидат вклучени и членови на Локалниот младински совет. ...

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,33%, соопшти РКЕ. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се ...

Вчера во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани. Крадењето ...

Во рок од шест месеци или најдоцна до септември, во Струмица треба да се достават пет електрични автобуси кои ќе бидат од марката ISUZU NOVOCITI VOLT произведени лани или годинава. Станува збор за автобуси кои ќе бидат долги околу осум а широки околу два и пол метри. Другите пет електрични автобуси треба да се достават за година и половина. Во техничката спецификација во која Дрнка.МК направи увид, автобусите во Струмица треба да се движат на ...

Синоќа владеачката СДСМ на конгрес ги промовираше листите за претстојните парламентарни избори. Југоистокот со 10 те општини се наоѓаат во четвртата изборна единица, за која носител на листата за пратеници ќе биде Венко Филипче – поранешен министер за здравство а коносител ќе биде Јованка Тренчовска досегашната министерка за труд и социјална политика. Според листите што ги објави ТВ 24, за четвртата изборна единица, после Филипче и Тренчовска, ...

Одбојкарите на Струмица не успеа да дојдат до 10 тата КУП титула откако во финалето беа поразени од Штип УГД со 3:2 во сетови. Одбојкарите од Штип ја прекина доминацијата на струмичани кои со години ја освојуваа двојната круа а оваа сезона не знаеа за пораз. Единствениот го претрпеа токму во големото КУП финале со што мораа да се задоволат со сребрo. Избраниците на Кире Ричлиев одлично го отворија мечот добивајки го првиот сет но штипјани не се ...

Одбојкарките на Струмица жени со максимални 3:0 во сетови славеа во големото финале од Купот на Македонија против Јанта волеј од Скопје и за првпат во својата клупска историја освоија титула. Победата на струмичанки воопшто не беше доведена во прашања. Во сите елементи доминираа над Јанта кој мораше да се помири со изгубени три сета (25-20, 25-12 и 25-14) Душка Здјелар, која во полуфиналето против Работнички имаше 38 поени и денеска беше ...

ЈОУ Библиотека “Ванчо Прке” Виница ја промовираше книгата “Девојчето со лавовско срце”. Станува збор за постхумно дело чиј автор е Симона Стаменкова a коавтор нејзината мајка Драгица Стаменкова. Станува збор за книга создадена од личните белешки, доживувања кои во дневници ги пишувала младата Симона а сега надополнети со записи на нејзината мајка севкупно преточени во несекојдневно, уникатно дело. Читателите вели Драгица ќе нурнат длабоко во ...

МВР соопшти дека синоќа во Богданци се приведени четири лица кои биле во група а за кои полицијата има сомневање дека биле вмешани во купопродажба марихуана за користење. При претрес кај едно од нив, како што информира полицијата е пронајдена одредена количина марихуана. ,,На 22.03.2024 во 19.40 часот во Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода С.М.(19) од Богданци, А.С.(23) од село Црничани, дојранско, М.М.(46) од ...

Во текот на вчерашниот ден (22.03.2024) во периодот од 16.30 до 23.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Струмица, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 118 возачи, од кои 35 за возење без ...

Одбојкарките на Струмица жени во недела ќе играат за КУП титулата откако во полуфиналето славеа против Работнички со 3:2 (24:26, 24:26, 25:22, 25:17, 15:13). Вистинска драма се случуваше во Штип во салата „Јордан Мијалков“ каде струмичанки се вратија од ,,мртвите“ и лавовски се изборија за големото финале Лидерот во првенството Струмица жени ги изгуби првите два сета во кои имаше предност. Работнички со посконцентрирана игра во финишот на првиот ...

Голем број граѓани го посетија Бенли Таш- каменот на плодноста кој се наоѓа меѓу сртот на селата Дрвош и Иловица во општина Босилово. Станува збор за место каде според верувањата сите оние кои ќе можат да се протнат низ отворот на големите камења ќе имаат рожби. Станува збро за народен собир по повод Светите 40 Маченци од Севастија. Паралелно денеска таму имаше и културно- уметнички програма а имаше и посебна трпеза со традиционални ...

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица. На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на ...

Одбојкарите на Струмица во недела против УГД Штип ќе играат финале за освојување на 10 тата КУП титула. Ова е расплетот откако вчера се одиграа полуфиналните мечеви од оваа натпреварување. УГД Штип беше подобар од Работнички со 3:0 (25:23, 25:20 и 25:18) а избраниците на Кире Ричлиев славеа над Лирија со идентичен резултат по сетови (25:20, 25:14 и 25:16 ) Големото финале е закажано за во недела со почеток во 15 часот а завршницата од Купот се ...

По повод Денот на пролетта денеска 30 тина млади фудбалерчиња на Брера Струмица родени 2016 година засадија зимзелени дрвца околу теренот каде што вообичаено тренираат. Станува збор за акција кој ја иницираше тренерот Никола Костадинов а зад која застана ФК Брера Струмциа обезбедувајки ги потребните средства за садниците и организацијата за реализација на целата акција. Засадени беа околу 20 тина зимзелени дрвца околу теренот каде вообичаено ...

Трета година по ред Општина Босилово, парите за новогодишни репрезентативни матријали ги пренасочува кон екологијата за реализација на акцијата “Овошно дрвце за пластични шишиња!” За таа цел во четврток во сите населени места во ова општина Босилово ќе се дава по еден овошен садник за 30 пластични шишиња. Акцијата ќе се спроведе во периодот од 9 до 12 часот и 30 минути и се планира да бидат поделени околу 1200 овошни садници и тоа слива, праска, ...

Меѓу населените места Ангелци и Водоча во струмичко, во нива засеана со грашок беа поставени две плашила. На дрвени колци беше поставена облека за да изгледа дека навидум има луѓе на нивата. Сопственикот ги поставил за да го заштити семето од птици и други животни. Во отсуство на активни земјоделци по струмичкото поле, плашилата повторно ќе се вратат да го чуват засеаното, кажаа минувачите кои ги фотографираа плашилата кои се реткост во ...

Од четврток до недела во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип ќе се одигра завршницата од Одобјкарскиот КУП на Македонија во машка и женска конкуренција. Познати се полуфиналните двојки во обете конкуренции во кои ќе настапат и екипите на Струмица 47&7, Струмица жени и Наковски волеј. Судејки по досегашниот учинок на струмичките екипи во лигашкиот дел од годинашнава сезона, можно е Струмица како одбојкарски град ова сезона да се закити ...

На 18.03.2024 околу 12.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново, патничко возило „фолксваген поло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 40 годишната В.Д.Т. од село Стиник, општина Ново Село, излетало од коловозот. Од здобиените повреди починало бебе, кое било превезувано во возилото, а смрт констатирал лекар во Медицински центар Струмица. Со телесни ...

Жири комисијата кое го сочинуваат членовите на Организационито одбор на Струмичкиот карневал ги соопшти наградените маски на годинашново издание. Учествуваа вкупно 48 маски од кои 18 беа од странство. Наградниот фонд е 8 350 евра. Категорија над 50 члена во конкуренција беа 4 групни маски Прво место „Илијада“ на СОУ Јане Сандански Струмица Второ место ,, Подморски свет“ Балетско студио Газели Радовиш Трето место „Комедија Дел Арте“ на СОУ ...

Околу 500 дечиња од детски градинки и основни училишта продефилираа на Детскиот карневал што се одржува по повод празникот Прочка, во рамки на карневалските празнувања во Струмица. Поделени во 24 групни маски, дечиња ги преставија своите креации кои ги работеа со своите наставници, воспитувачи и преку песна и настапи апелираа на љубов и весело детство. Најчесто беа маскирани во омилените јунаци од цртаните филмови но и фигури од детски игри. ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1024
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
100%
1023
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1022
weather icon

Софија

9ᴼ / 5ᴼ
2.06
59%
1024
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.12
81%
1023
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 5ᴼ
1.49
88%
1023
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
87%
1023
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
95%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
82%
1023
Currency

61.53

Currency

52.9853

Currency

69.7572

Currency

34.777

Currency

37.9478

Currency

66.5784

Currency

7.47219

Currency

0.65393

Currency

0.34328

Currency

0.52557

Currency

1.25874

Currency

0.599