Попладнево избил пожар на отворено на границата со соседна Грција во атарот на селото Селемли помеѓу општините Богданци и Дојран и поминува преку фронтовата линија од Првата светска воја. Според директорот на ЦУК Стојанче Ангелов биле слушнати и 4 силни експлозии поради неексплодирани мини од овој период на овој предел. „Досега се слушнати 4 силни експлозии. Тоа што станува збор за реон со неексплодирани мини го усложнува гасењето оти ...

Македонските одбојкари вечерва против Данска во салата Борис Трајковски во Скопје го почнуваат походот за пласман во осминафиналето на Европското првенство кое се одржува во Македонија, Италија, Израел и Бугарија. Ова е нивно трето последователно учество на континенталното натпреварување по учествата во Словенија и Финска. Освен Данска противници на ,,македонските спартанци“ се и селекциите на Црна Гора со која силите ќе ги одмериме на 2 ...

Денес околу 8.30 часот на единствениот телефонски број за итни повици 112 во ЦУК, се јавило лице кое со уште две лица се наоѓало во чамец во Дојранското езеро кое било зафатено од силно невреме при што заради ветрот и брановите чамецот се одалечил далеку од брегот. Како што информираше ЦУК и покрај постојаните обиди трите лица не можеле да воспостават контрола врз чамецот и да се вратат назад на брегот на езерото. ,,Тим на граничната полиција ...

„50 села, 50 приказни“ е името на новиот проект на Владата кој има за цел јакнење на социо-економскиот развој на селата и на руралниот туризам во земјава. Во фокус ќе бидат селата со потенцијал за агротуризам, рурален туризам, социо-економски развој, културно наследство. ,,Главната цел е заинтересираност за развој на туризмот во државата и привлекување македонски граѓани кои емигрирале во странство, да инвестираат во руралниот туризам во своите ...

Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) бара државата да му помогне на туризмот, посебно во делот на хотелиерството. -Оваа година имавме добар прилив во Струга и Охрид. Треба да се делува во тој дел, во туризмот, посебно во хотелиерството, да се зголеми капацитетот во Струга и Охрид, рече претседателот на СКСЗМ, Менди Ќира по денешниот работен состанок со министерот за економија Крешник Бектеши. Како што истакна Ќира, проблемите ...

Започна изградбата на затворениот базен во Струмица кој ќе се наоѓа веднаш до во пам патеката во близина на АТШ Берово во во спортско-рекреативниот дел на градот. Станува збор за инвестиција од 50 милиони денари или 821 илјада евра. Базенот ќе го гради фирмата Битем ДООЕЛ од Скопје а според склучениот договор тој треба да биде готов во рок од две години. Градоначалникот Костадин Костадинов и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче ...

(Комерцијална ПР објава) Од компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ го честитаа Денот на рударите и дадоа признание за макотрпната работа на сите рудари, но истовремено потсетија и на како што велат организираната хајка и напад против рударскиот сектор во Македонија. Директорот за комуникации и односи со јавноста во Еуромакс, Живко Груевски, во Дневникот на Сител ТВ изјави дека перманентните напади врз рудникот Иловица – Штука се резултат на добро ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека од утре следува период на претежно сончево време со умерена облачност и со пониски утрински температури. Само локално ќе има услови за краткотраен слаб дожд. Минималната температура утре ќе биде девет, а максималната 33 степени. Во четврток кон крајот на денот ќе биде значително облачно со слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната ...

Сите учебници кои досега се одобрени за користење од страна на Националната комисија за учебници, се веќе испечатени и интензивирана е испораката до училиштата, информираат во Министерството за образование и наука (МОН). Од таму уверуваат дека согласно акцискиот план, целосно била завршена испораката во југоисточниот регион, а во моментов учебници се распределуваат во училиштата во главниот град и во општините во северниот и западниот дел на ...

Претходно одложената „Италијанска вечер со Павле Камилоски“ како дел од програмата на Струмица Опен Фестивалот ќе се одржи на 30 август (среда), 20.00 часот во Малиот градски парк. Фестивалската магија ја завршуваме во препознатлив италијански шарм. Да ги почувствуваме афтентичните вкусови и да уживаме во италијанска музика и поезија Италијанска вечер со Павле Камилоски на отворена сцена во малиот градски парк Настанот е во организација на ...

На 28.08.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат од село Ињево кон село Дедино, радовишко, В.К.(75) од Радовиш управувајќи патничко возило „хјундаи“ со радовишки регистерски ознаки излетал надвор од патот, соопшти МВР ,,Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.К., констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Радовиш“, ...

Од полноќ дизелот поскапува за денар ипол, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар. Цената на Еуросупер БС-95 се намалува за еден денар, а на Еуросупер БС-98 за половина денар. Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на дизелот ќе биде 81,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 81 денар за литар. Евросупер БС-95 од полноќ ќе се продава по цена од 87 денари за литар, а Еуросупер ...

Фудбалерчињата на „АП Брера Струмица“ од генерацијата 2013 го освоија турнирот „Фер плеј“ во Охрид кој се одржа изминатиот викенд. На турнирот учествуваа детски екипи од седум држави од Европа а дечињата предводени од тренерите Љупче Пенев и Кире Ангеловски се искачија на врвот во конкуренцијата за фудбалери 2013-тата. ,,Надежите на „АП Брера Струмица“ во сите мечеви доминираа а во финалето славеа против струшкиот Јанг Тим. Освен првото место, ...

На 28.08.2023 во периодот од 08.00 до 16.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, соопшти МВР. Притоа, биле констатирани 161 прекршување на брзината, од кои 82 на подрачје на Радовиш, 45 на подрачје на Струмица, 20 на подрачје на Валандово и 14 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 126 пречекорувања на брзината биле ...

Најмалку трипати во годината, русалиите од струмичкото село Секирник ги изведуваат обредните русалиски игри за здравје, срека и берикет во селото но и за продолжување на вековната историја на македонците од кукушко. Облечени во специјална облека- свечена народна носија богато украсена со разни орнаменти , црни волнени капи, црвени шамии вкрстени на градите и плеките но и со сабји – калчки во раце, излегуваат и го шетаат селото за време на Божиќ ...

По три првенствени кола од Втората фудбалска лига на Македонија, гевгелиски Кожуф и радовишки Детонит имаат стопроцентен учинок. Во сите три кола забележаа победи и се во кругот од пет екипи кои имаат по 9 бода. Од Југоистокот, во второто по квалитет фудбалско натпреварување на Македонија, освен овие две екипи учествува и струмичка Беласица која викендов стаса до првата победа над Тетекс. Гевгеличани по победите над Карораман со 3:0 во првото, ...

Во населеното место Секирник се одржаа традиционалните русалиски средби на кои играорци го презентираат фолклорот обичаите и традицијата на македонците бегалци од кукушко. Станува збор за игри и ора кои ги негуваат потомци на децата од македонскиот егзодус во 1913 година а се преставија пет русалиски друштва од земјава. Освен домакините КУД „Русалии“ – Секирник, се преставија и Русалии „Пољаните“ – Петрич, КУД „Танец“ – Миравци, КУД „Јане ...

Вчера околу 11:30 часот во атарот помеѓу селата Дабиље и Робово избувнал пожар на стрниште со површина од околу 2 хектари при што била зафатена и речици целосно изгорена викендица која се наоѓала во тоа подрачје. Информацијата ја потврдија и од полицијата. ,,На 26.08.2023 во 13.30 часот во СВР Струмица е пријавено дека во атар на с.Дабиље настанал пожар во кој била опожарена викендица во сопственост на Н.Т. и Б.Т. од с.Дабиље. Повредени лица ...

Денес православните христијани го слават празникот ,,Успение на Пресвета Богородица“ или познат и како Голема Богородица, кој е еден од 12-те најважни датуми во црковниот календар. Овој празник е поврзан со крајот на земниот живот на Дева Марија и нејзиното повторно обединување со Исус Христос на небото. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири. Според Светото ...

Околу два часа уживаа посетителите на концертот на Симон Трпчески во населеното место Секирник Општина Босилово каде го претстави проектот „Македонисимо“. Дворот на училиштето во родното село на мајка му Нетка беше претесен за жителите на Секирник но и од пошироко кои дојдоа да ги слушаат транскрипциите на македонската традиционална музика во поинаков аранжман од Панде Шахов во соработка токму со Трпчески. Со реализацијата на овој концерт како ...

Првиот човек на општина Гевгелија Андон Сарамандов објави дека е ставен во функција водоснабдителниот систем за населеното место Негорци. Како што соопшти на својата ФБ страна целосно е е изграден цевководот од 6405 метри на кој покрај населното место Негорци линијата го опфаќа и населното место Прдејци. На денешниот чин беше и лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски. Како што истакна Срамандов во мај минатата година со овој ...

Пијанистот Симон Трпчевски заедно со „Македонисимо“ вечерва во Секирник ќе имаат настап во рамките на „Босилово културно лето 2023“. Концертот е закажан во 20 часот во дворото на училиштетото ,,Св Кирил и Методиј“ во Секирник Општина Босилово каде ќе се изведат транскрипции на македонска традиционална музика од Панде Шахов во соработка со Симон Тпчевски посветени на македонскиот народ. Трпчески денеска во Секирник родното село на мајка му Нетка ...

Брера Струмица во рамките на петото првенствено коло и гостува на Брегалница во Штип. На прес конференцијата стратегот Џовани Валенти истакна дека не отстапува од зацртаната цел да се практикува веќе поставената игра. Заради згуснатиот распоред веќе се чувствува замор кај дел од играчите но денешниот тренинг го охрабрил дека Брера може да направи добар резултат и во Штип. ,,Сигурно ќе направиме измени во првиот состав. Но сеуште не сме одлучиле ...

На 24.08.2023 во 19.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, на делницата помеѓу селата Босилово и Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.С.(37) од село Иловица и патничко возило „опел“, управувано од В.И.(21) од село Иловица, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.С., а со ...

Усвоен нацртот на новиот ГУП на град Струмица. Според истиот, наместо досегашните 40 хектари зелена површина предвидени се вкупно 88.35 хектари. Согласно постојната состојба, од јавните зелени површини во градот постојат уреден градски парк со површина од 9,42 ха сместен во северо- западниот дел на градот. Има и помал градски парк во центарот на градот со вкупна површина од 0,45 ха, но и зелени плоштади-скверови со вкупна површина од 2.63 ха. Од ...

Струмичкиот прволигаш Академија Пандев Брера Струмица славеше и против Тиквеш од Кавадарци и ја забележа четвртата првенствена победа. Новајлијата Христијан Малески и младиот Мартин Ѓеоргиевски беа стрелци на головите на мечот на кој тимот од Кавадарци се покажа доста незгоден противник. Струмица по четири кола немаат пораз и се лидери на табелата со скор од 7 постиганти и еден примен гол во четирите меча. Крадењето авторски текстови е казниво ...

Повеќе од 30.000 евра донации за неодамнешните поројни дождови и невремиња беа собрани во акцијата на Друштвото на словенечки и македонски стопанственици. Голем дел од членството, но и други деловни субјекти и индивидуалци, донираа пари и ја покажаа својата хуманост кон граѓаните кои изгубија домови и кон Словенија која ја доживеа најголемата природна катастрофа во својата понова историја и се соочува со сериозно оштетена инфраструктура и ...

Објавена е комплетната програма на второто издание на настанот Get EXITed во прекрасниот градски парк Струмица. EXIT и општина Струмица подготвуваат спектакл за 7 септември, предводени од Џон Њуман, Бурак Јетер и Конструкта, а сега им се придружуваат и Ван Гог, оркестарот Џамбо Агушеви, Лана и The Geors. За време на маратонската забава, овие одлични изведувачи ќе им донесат на посетителите најразлични звуци – од соул, поп и рок, до најголемите ...

На 21.08.2023 во 11.15 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на надвозник од влез на Гевгелија кон булевар „Гевгелија“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(55) од село Богородица и патничко возило „мерцедес“, управувано од М.Т.(35) од село Богородица гевгелиско, соопшти МВР ,,Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници во ...

Струмичкиот прволигаш Брера забележа победа против актуелниот шампион Струга ТЛ и по три првенствени кола тие се единствената екипа во Првата лига без пораз. Ване Крстевски и Марио Врдољак беа стрелци на головите за Брера Струмица која демонстираше одлична и борбена игра на теренот во Струга. Следното коло дома го пречекуваат тимот на Тиквеш Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
28%
1009
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
38%
1009
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
38%
1008
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
25%
1010
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.95
35%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
6.17
43%
1010
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.58
54%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
44%
1010
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
41%
1009
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
1.54
42%
1009
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 20ᴼ
0.51
46%
1011
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52