
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Во Дојран почна санацијата и реконструкцијата на колекторскиот систем стар повеќе од 40 години а паралелно тече и постапка за изградба на нова пречистителна станица со што системски ќе се реши собирањето и пречистувањето на отпадните води. Како што истакна градоначалникот на Дојран Анго Ангов колекторскиот систем би требалод а биде готов за рок од 6 до 8 месеци односно пред почетокот на новата туристичка сезона во Дојран ,, До почетокот на ...
Синоќа од 20.00 до утрово до 02.30 часот, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, СВР Струмица и од НЕКМТСЛ, во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал лишиле од слобода 7 лица од Пакистан, поради постоење основи на сомнение дека се сторители на кривично дело „криумчарење на мигранти, согласно член 418-б од Кривичниот законик. ,,Имено, вчера околу 17.00 часот било пријавено дека на 1,5 ...
Странските засилувања на македонскиот шампион ОК Струмица – Хамди Бен Талеб и Саад Ом Хени од Тунис, како и засилувањето Учена Офоха од Канада немаат право да настапат на квалификациониот турнир од ЦЕВ лигата на Шампиони во Бургас Бугарија. Вакво известување стаса од ЦЕВ и покрај известувањата на Управата на ОК Струмица предводен од Владо Милев дека се завршени сите работи околу нивната регистрација и уплата пред турнирот. „Сакам да ве ...
Владата на првата наредна седница ќе расправа за хидросистемот Ѓавато кој заради високите сметки за електрична енергија не функционира околу 18 месеци. Ова го соопшти министерката за животна средина Каја Шукова која подвлече дека се планира и формирање на ново јавно претпријатие кое ќе стопанисува со хидросистемот, кој освен за дотур на вода во Дојранското езеро ќе се користи и за наводнување на земјоделските површини во општините Дојран и ...
Голем број верници ја посетија Црква,,Св. Параскева Петка,, во населеното место Трибичино струмичко, каде се молеа за здравје срека и духовен мир. Црквата потекнува од 1875 година и преставува најживописната во струмичко и земјава со колоритни фрески и иконостас. Заради големиот интерес да се посети црквата Св Петка, во ридско планинското место Трибичино полицијата го регулираше сообракајот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...
Во организација на здружението Еко Росалес во сабота во градскиот парк во Богданци ќе се одржи првиот Фестивал на Југоисточниот регион кој има за цел да ги промовира малите производителите на храна и нивна промоција во Југоистокот. Станува збор за фестивал на кој присутните ќе имаат можност да се запознаат директно со производителите, да воспостават соработка но и да вкусат дел од производите кои ќе бидат изложени. ,,Се очекува на Фестивалот да ...
Струмичките одбојкари заминаа за Бургас во Бугарија каде престојниот викенд ќе бидат дел од квалификацискиот турнир од ЦЕВ Лига на шампионите каде за противници ќе ги имаат тимовите на Невтохимик од Бугарија, Капошвар од Унгарија и Будва од Црна Гора. Ќе се игра три дена секој со секого а само двете најдобри екипи од турнирот во Бугарија ќе останат во натпреварите од Лигата на Шампионите додека трето и четвртопласираниот се преселуваат во Купот ...
Во дворот на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“ во Вељуса денеска беше промовирана Монографијата „Прилози за историјата на Манастирот Вељуса“. Станува збор за капитално дело кое што во себе содржи три најважни прилози кои најсоодветно ги прикажуваат, карактерот и вредноста на Вељушкиот манастир, а тоа се хрисовулите на царот Алексеј I Комнин, Инвентарот (Вревиј) на манастирот со сите негови драгоцености, како и Типикот на ...
Во просториите на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово денеска почна вакцинацијата против сезонски грип. За бесплатна вакцинација се обезбедени се 2 илјади дози четиритипни вакцини , а за комерцијална вакцинација 200 вакцини. „Веќе петта година по ред вакцината за ризичните групи граѓани е бесплатна, а пријавувањето оди преку страницата vakcinacija.mk, или преку матичните лекари. . Што се однесува до комерцијалните вакцини, кои се примаат ...
Градоначалникот на Василево Славе Андонов објави дека годинашнава „Празијада“ ќе биде на 5 ти ноември во кругот на дворот на црквата „Св. Никола“ во Градашорци а за забавниот дел ќе се погрижи Адријана Јаневска. Токму ова пејачка ќе биде задолжена да ги расположи сите посетители кои ќе бидат дел од манифестацијата која има за цел да го промовира производството на праз но и бенефитите кои ги нуди оваа култура. „Задоволство е заедно со Андријана ...
На 24.10.2023 во 22.00 часот во Радовиш полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода С.С. (26) и С.В. (26), двајцата од Радовиш. При преглед на патничкото возило „алфа ромео“ со радовишки регистерски ознаки, управувано од С.С., во кое сопатник бил С.В., била пронајдена марихуана, а марихуана била пронајдена и при преглед на С.С. Во службениот разговор во Полициската станица Радовиш С.С. изјавил дека ...
Брера Струмица ќе го дочека Гостивар во една од прволигашките пресметки во осминафиналето на Купот на Македонија. Екипата од Струмица важи за благ фаворит пред дуелот, меѓутоа формата не ѝ оди од рака. Во пресрет на натпреварот, своите очекувања ги изнесе тренерот Џовани Валенти. Италијанецот очекува тежок дуел, повика на претпазливост, но и ја повика публиката да го поддржи тимот. „Знаеме дека Гостивар е одличен тим, го респектираме. Имаат ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисијата за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 81,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 84,00, Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 82,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за ...
Граѓаните за политички теми најчесто се информираат преку интернет – 56 проценти, од кои 90,3 проценти до информациите доаѓаат преку социјалните мрежи, а 28,2 отсто директно од онлајн портал – медиумите, покажуваат резултатите од анкетата Еврометар 2023. Само 13,8 отсто од граѓаните велат дека се информираат од онлајн платформите на постоечките радио станици или тв канали.На прашањето „како се информирате за политички теми“ најмногу или 56,5 ...
Општина Гевгелија парично ги награди пожарникарите од ТППЕ- Гевгелија со по 30.000 денари за нивното учество и пожртвуваност во спасувачката мисија за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Република Турција. Имено, Советот на Општина Гевгелија, на последната 32. седница, по иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, одлучи едногласно од Буџетот на Општина Гевгелија да се издвојат 120.000 денари за ...
Колумна на м-р Митко Лиговски дипл. инг. геолог, главен геолог во Еуромакс Ресоурсес ДОО (Комерцијална ПР Објава) Ние геолозите знаеме колку труд и енергија е потребно да се вложи за една минерална појава да се развие во наоѓалиште и да добие третман на иден рударски проект. Се разбира, не секогаш истражувањата ги даваат очекуваните резултати, меѓутоа кога резултатите се успешни не постои поголема награда за нашата работа. Со својата ...
Заменичката на народниот правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа денеска изјави дека во областа на заштитата од дискриминација, Народниот правобранител наоѓа повреда или незадоволство на граѓаните и чувство на нееднаквост во сите сфери. -Важно е да се напоменат и генералните појави кои уште се присутни во општеството, како што е сегрегација во некои училишта кон учениците Роми, односно постоењето на чисто ромски училишта или чисто ромски ...
Улицата „Ѓорге Велков“ во населеното место Негорци е целосно реконструирана преку годинашната акција на Општина Гевгелија за подобрување на патната инфраструктура. Жителите на Негорци добија асфалтирана улица по завршувањето на изведбените работи за нејзината изградба. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид во градежните активности, а притоа оствари и средба со негорчани, на којашто го изразија задоволството што и ...
На 23.10.2023 на подрачје на oпштина Радовиш полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во координација со вработени од Шумска полиција Радовиш презеле засилени мерки за откривање на бесправно исечени огревни дрва. Притоа, кај Р.Ј. и Е.М. од село Аликоч и Ф.Џ. од село Коџалија, радовишко биле пронајдени бесправно исечени дабови огревни дрва, соопшти СВР Струмица. Од страна на вработени во Шумска полиција дрвата биле одземени ...
Каратистот Спасе Стојанов член на КК „Шихан“ од Струмица деновиве на меѓународен турнир во Копер Словенија се закити со две злата и една бронза. Тој настапуваше во дисциплините џиу кумите – слободна борба како и во ко-го кумите во кои беше неприкосновен. Во сите борби забележа победи додека во третата дисциплина освои бронза. На турнирот учествува каратисти од Словенија и Италија. Со ова Стојанов ја покажа својата подготвеност пред Европското ...
Со стартот на грејната сезона 72 годишнниот Јосе Црнгаров од Струмица речиси да нема слободен ден. Со својот велосипед и потребната опрема за чистење оџаци постојано е ангажиран од сопственици на куќи, како и од станари од стамбени згради. Тој е еден од ретките во струмичко кој се занимава со овој занает кој го научил како парноложач во некогашна Треска. Сам ги чисти оџаците без асистенти или помошници, бидејки ретко кој од младите сака да се ...
Викендов стартувашe одбојкарското првенство во женска конкуренција во која Струмица ќе партиципира со две екипи кои за оваа сезона најавуваат повторно висок пласман и борба за титули. Наковски Волеј и Струмица Жени се екипите кои ќе играат со намера да не бидат само обични креатори во прволигашката конкуренција. Наковски Волеј во гости кај Вардар Жени славеше со 3:0 во сетови (25:10, 25:09, 25:11) а со идентичен резултат дома Струмица Жени ги ...
Во отсуство на прволигашка кошарка, Струмица оваа сезона ќе има два преставника во Третата кошаркарска лига Исток која брои 11 екипи. Мечевите од ова натпреварување стартуваа минатата недела а викендов се одиграа натпреварите од второто првенствено коло. Кошаркарите на Струмица кои во првото со 80:58 го надиграа тимот на Овче поле на свој терен, во второто славеа над еден од фаворитите за висок пласман во оваа натпреварување тимот на Водњански ...
Струмичките фудбалери одиграа нерешено кај Тетовска Шкендија 1:1 во рамките на 11 тото коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Брера го отвори резултатот во 75 минута кога Леонардо Антонио постигна евро гол на мрежата на тетовчани. Радоста на струмичани кратко траеше бидејки четири минута подоцна Шкендија израмни откако Шала искористи отпадок и ја смести топката во мрежата на младиот Филип Купанов кој во текот на целиот натпревар беше ...
Здружението „Проагро фармери“ кои го организираше Агро саемот во Струмица 2023 ги прогласи најдобрите градинари за оваа година кои на распишан Јавен повик се пријавија со годинашниве произведени количини. Признанија им беа доделени на тројца земјоделци и тоа Борче Ристов од Куклиш, Мите Манев од Робово и Сашко Пандев од Банско. 40 годишниот Борче Ристов гдоинава има 15 декари под домати при што има произведено околу 120 тони домари. Првите ...
52 годишниот српски актер Микица Петронијевиќ кој се бори за подобар статус на лицата со аутизам се одлучи да испешачи околу 800 килоемтри од Аранѓеловац соседна Србија до Хиландер Света Гора во соседна Грција. Тој во понеделникот влезе во Македонија а синоќа преноќи кај струмичкиtе пожарникари и се упати кон Валандово и Дојран. ,,Ова е 26 ти ден како пешачам. Знам која ми е мисијата. Уште два дена ќе сум во оваа убава Македонија и се надевам ...
Околу 200 изложувачи од земјава и странство ќе бидат дел од третиот „АГРО САЕМ Струмица “ на струмичкиот плоштад што го организира здружението „Проагро фармери“. На посетителите ќе бидат понудени разновидни земјоделски производи, нивни преработки, мед и пчеларски производи како и голема палета на земјоделска опрема, механизација, ѓубрива и заштитни средства На Агросаемот кој ќе започне во 11 часот, се планира да има и богата културно уметничка ...
68 ученици од струмичките основни и средни училишта ги добија стипендиите од Општина Струмица и Фондацијата „Заев-едно општество за сите“. Стипендиите се во износ од 2500 денари за средношколците и 2000 денари за основците кои ќе ги добиваат 9 месеци од оваа учебна година. Општината додели 45 стипендии. Струмичкиот градоначалник истакна дека Општината втора година по ред доделува стипендии преку Јавен повик. ,, Овие стипендии се валоризација на ...
На 19.10.2023 во 16.20 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица. Тој се сомничи дека претходно во Струмица, од возило за дистрибуција на цигари одзел повеќе кутии цигари. Кај него биле пронајдени 179 кутии разновидни цигари, соопшти МВР Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ...
Белград, 19 октомври 2023 година – Фармацевтската компанија Галеника, една од најголемите производители на фармацевтски производи во Србија и регионот, го проширува своето работење со преземањето на компанијата Lifemedic d.o.o. од Белград. Со оваа трансакција, Галеника станува сопственик на 100% од српско-словенечката компанија Lifemedic и ја презема ексклузивната дистрибуција на програмата за производи на реномираната италијанска фармацевтска ...