Кошаркарите на Струмица ФМП ја забележаа и третата победа во Првата кошаркарска лига на Македонија – група Б, откако во Кавадарци убедлива славеа против домашниот Спортисимо. Момците на Христов и Зетов немаа проблеми за новата победа. Дека ќе биде убедлива покажа првата четвртина која струмичани ја добија со 11:34 а втората ја добија со 16:24. Ниту во продолжението домаќините не може да најдат рамнотежа против играта на Струмица ФМП. Третиот ...

Екипите кои на хартија важеа како фаворити во Првата македонска лига, полека но сигурно ги потврдуваат тие најави. Во прв ред, тоа се однесува за екипите на Вардар и на Струмица ФМП кои имаат максимален ефект по три одиграни кола во оваа конкуренција Вардар го совлада Охрид со 88-70, во дуел во кој водеше во текот на целиот натпревар. Ѓорѓевиќ даде 17, Младеновски 16, Митревски 14, Данев и Стојановски имаа по 13, а Терзиевски уште 12 поени. Кај ...