
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



На локалитетот Орниче кај населеното место Костурино во Општина Струмица но и кај месноста Атици-споменикот кај Црничани Општина Дојран, деновиве екипи на Завод и Музеј Струмица со стручна поддршка од Археолошкиот музеј на Македонија и геофизички тим од соседна Бугарија потврдија дека има неолитски населби. Веста ја сподели Зоран Рујак археолог која за ДрнкаМК потврди дека на ови простори се бележи конутиниран живот, организиран во населби кој ...
29 годишниот Кристијан Марковски од Гевгелија ги освои симпатите на жирито во балканското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и се пласираше во вториот круг од оваа натпреварување. Тој во иднина за оваа музичко натпреварување ќе работи со рокерот Ѓорѓе Давид, кој беше ментор и на победничката од минатогодишното шоу Славица Ангелова од Струмица. Кристијан се престави со песните ,,Ноч ми те дугује“ од Здравко Чолиќ и „Сто кафана“ од Мирза Селимовиќ а ...
До крајот на годинава треба да биде сменет кровот на старата болница во Струмица во надлежност на ЈЗУ Здравствен дом. Станува збор кровна конструкција од 633 метри квадратни а работите ги изведува фирмата „Кими Ибра“ од Кичево за 3 милиони и 300 илјади денари со вклучен ДДВ или за околу 53 илјади евра. Ова фирма го доби тендерот откако понуди најниска цена во конкуренција на седум градежни компании по распишаната Јавна набавка. Паралелно ...
Околу дваесетина изложувачи го презентираа своето хоби или бизнис во рамките на проектот ,,Женска креативна моќ“ што го реализираше ЦИА „Новус“ од Струмица. На предновогодишниот базар во градската галерија, тие ги изложија своите ракотоворби, декорции но и специјалитети, со цел да ги презентираат своите вештини и ја пренесат пораката дека со упорност, труд и љубов може да се успее во тоа што го сакаш Различни плетива, акцесоари, украсни и ...
Од денеска и официјално со Фудбалската федерација на Македонија ќе раководи Масар Омерагиќ кој долго време е во мак фудбалот. По играчката кариера Омерагиќ беше менаџер а беѓе дел од Федерацијата во времето на Харалампие Хаџи-Ристески. „Јас сум еден од вас, човек од фудбалот, знам во која насока треба да го развиваме фудбалот во Македонија . Ова е тимска работа исто како и фудбалот. Треба многу трчање, многу пот за да се постигнат целите.“, кажа ...
На влезот во Гевгелија почна да се гради Мега шопинг центарот кој ќе биде на површина од околу 5 хектар а 20 илјади квадратни метри ќе бидат под тврда градба. Станува збор за шопинг центра кој ќе има над 50 тина разновидни содржини, услуги, модни брендови кои треба да му дадат дополнителен инпут на локалната економија. Како што истакнаа од инвеститорот, до летото идната година се очекува да заврши изградбата на овој центар кој ќе биде и ...
На влезот во Гевгелија почна да се гради Мега шопинг центарот кој ќе биде на површина од околу 5 хектар а 20 илјади квадратни метри ќе бидат под тврда градба. Станува збор за шопинг центра кој ќе има над 50 тина разновидни содржини, услуги, модни брендови кои треба да му дадат дополнителен инпут на локалната економија. Како што истакнаа од инвеститорот до летото идната година се очекува да заврши изградбата на овој центар кој ќе биде и ...
Католичката Црква, на Бадник, со отворање на Светите Врати во базиликата Свети Петар, го започнува своето ходочестие на надежта во благопријатната година Господова, која е позната уште и како Јубилејна или Света Година и е посебен благодатен момент за верниците и животот на Црквата, наведува во божиќната порака Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов. Пораката ја пренесуваме во целост: Покрај благодатта што ја ...
На 20.12.2024 во 16.10 часот во СВР Струмица-ОВР Радовиш бил лишен од слобода Б.И.(39) од село Дедино, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик. ,,На 20.12.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Радовиш од страна на О.Г.(43), началник на ОВР Радовиш било пријавено дека околу 14.00 часот во службени простории на ОВР Радовиш ...
Првиот човек на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов му врачи плакета на ултрамаратонецот Николчо Ѓорѓиев кој е родум од Сушица а времено живее и работи во Швајцарија. Станува збор за спортист кој веќе извесен период ја преставува Македонија на големи натпреварувања во дуатлон (трчање и велосипедизам) а во земјава или во Југоистокот е познат по неговите потфати во чест на легендата – голманот Благој Истатов. ,,Денес, на мое огромно задоволство ...
Утревечер во Домот на културата „Македонија“ во Гевгелија, младата авторка Марија Ќорнакова ќе има изложба на графики чиј уникатен визуелен израз ги истражува границите на современатљ графика, додека младиот Никола Досков исто така од Гевгелија ќе го промовира својот втор албум насловен “Sense Generator“ Ќорнакова во август 2023 година ја претстави изложбата на цртежи и графики насловена „Спознавање“ во рамките на петнаесеттото издание на ...
Јавното сообраќајно претпријатие „СТРУМИЦА ТРАНСПОРТ“ од Струмица објавува Оглас за прибирање понуди од правни субјекти за дистрибуција и продажба на електронски картички издадени од ЈСП „СТРУМИЦА ТРАНСПОРТ“ Струмица за користење на јавен превоз на територијата на општина Струмица, односно град Струмица и населените места: Вељуса, Водоча, Баница, Градско Балдовци, Просениково, Добрејци, Банско, Муртино, Дабиле, Сачево, Свидовица, Куклиш, ...
Првиот човек на Општина Гевгелија Андон Сарамандов на својот фб профил објави фотографии како градот Гевгелија е украсен во новогодишно руво. Според информациите поставени се дел од минатогодишните декоративни елементи а годинава се набавени нови. Станува збор за стотина нови елементи набавени од фирмата Димензија 360 од Скопје за околу 896 илјади денари или околу 14,5 илјади евра. Станува збор за истата фирма која лани ја украсуваше Гевгелија ...
MВР распиша јавен оглас за прием на 600 нови полициски службеници. Од нив 300 ќе бидат примени во Скопје, 40 во Струмица, 30 во Охрид, 35 во Штип, Тетово – 20, Куманово, Битола и Велес -15, во Регионален центар за гранични работи Север – 25, во Регионален центар за гранични работи Запад- 20, во Регионален центар за гранични работи Исток – 20, во Регионален центар за гранични работи Југ- 15 и во Оддел за специјални полициски операции – 50 ...
„Еден милион садници за пет години“ е нова еко акција на Халк Банка, со која е предвидено до 2029 година да бидат засадени еден милион дрвца во земјава како придонес за подобрување на животната средина, поттикнување на колективната свест и обезбедување на почист воздух за сегашните и за идните генерации. Акцијата ја најави директорот на Халкбанка АД Скопје Билал Суџубаши, кој истакна дека основна цел на иницијативата е создавање поодржлива, ...
На 16.12.2024 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишиле од слобода В.Ј.(29), С.А.(28), С.Р.(32) и Т.М.(24), сите од Радовиш. Тие се сомничат дека во декември 2024 година извршиле четири кривични дела „тешка кражба“ во продажни објекти, од кои три на подрачје на Радовиш и една на подрачје на Струмица. Лицата биле задржани во полициските станици во Радовиш и Струмица, а врз основа на судски наредби биле извршени ...
Денес, на свечен начин, со сечење црвена лента, градоначалникот на општина Василево Славе Андонв, заедно со претставници на УСАИД, ЛАГ Беласица -Огражден и Мрежата за рурален развој, го отворија новото детско рекреативно катче. Заедно со веќе постоечкото реконструирано игралиште претставува еден мултифункционален спортско-рекреативен простор во кој ќе уживаат најмладите но и повозрасните жители на населеното место Василево. Опремено е со ...
Училиштата во Босилово и Турново со финансиска поддршка на Бугарската амбасада станаа енергетско независни објекти.Тие добија фотоволтаични панели и почнаа да произведуваат електрична енергија . Општинските власти планираат оваа енергија да ја претворат и во топлинска за затоплување на објектие и да не се користи во иднина огревно дрво. „Нашата стратегија е најпрвин да инвестираме во производство на електрична енергија, а понатаму ќе ...
Управата за јавни приходи ги потсетува сите угостители кои организираат предновогодишни и новогодишни дневни или вечерни прослави и продаваат влезници (резервации) и/или ваучери, должни се да издадат фискална сметка при продажбата на истите, согласно член 2 од Законот за регистрирање на готовински плаќања. Оваа обврска секако се однесува и на сите останати угостители кои ќе остварат готовински промет за други угостителски услуги, истиот да го ...
Во пресрет на претстојните Новогодишни и Божиќни празници, кога оправдано се очекува поголема раздвиженост на лица и возила, Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до граѓаните, посебно до возачите, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да избегнат поголеми задржувања, особено во централното градско подрачје. Потсетуваме дека полициските службеници кои се на терен, секојдневно ќе преземаат како превентивни мерки, така и ...
Горан и Софија Тренчовски од здружението „Астерфест филм фестивал“ од Струмица кои го организираат познатиот и реномиран фестивал „Астерфест“ реагираат по новите обиди од поединици да го присвојат овој фестивал и во името на истиот да аплицираат пред државни и меѓународни институции……. Еве ја во целост нивната реакција…… ПОЧИТУВАНИ По повод најновите обиди за нелегално преземање на нашиот „Астерфест“, промовирање настан што не е организиран од ...
Во среда на 18 ти декември во хотел Аполонија, истоимената Фондација го организира првиот Донаторски кружок во Гевгелија на кој се повикуваат сите правни и физички лица да ја покажат својата солидарност и донираат средства за подобра заедница. Станува збор за филантропски настан на кој граѓаните се собираат на едно место и на еден транспарентен начин преку јавно наддавање, одлучуваат и донираат средства за една од трите инцијативи на граѓански ...
СВР Струмица – ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Г.Ј.(51) од село Црничани, општина Дојран, поради сомнение дека сторил кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или експлозивни материи“ по член 396 од Кривичниот законик. На 13.12.2024, полициски ...
Општина Гевгелија изврши траен отпис на побарувањата по основ на комунална такса од 1078 фирми во висина од 760 илјади евра или 47 милиони денари. Станува збор за давачка позната како фирмарина која даночните обврзници не ја плаќале со години. На предлог на одделението за даноци и такси, Советот на општина Гевгелија донесе одлука да се избришат овие побарувања бидејки нема како да се наплатат. Или фирмите не постојат или поминал рокот за правна ...
Во шест општини од државата, меѓу кои и во Струмица започнуваат серија активности насочени кон отпорност на заедниците на корупција. Ова вклучува намалување на дискреционите овластувања на властите, зголемување на граѓанската контрола, трансапарентноста и учеството на граѓаните во донесување на одлуките. Станува збор за проектот насловен „Заедници со интегритет“ кој беше презентиран од Кристина Колозива виш програмски офицер во Амбасадата на ...
Околу четири тони марихуана запленила полицијата од фирма во валандовското село Јосифово која имала лиценца за производство на канабис за медицински цели, соопшти утрово Министерството за внатрешни работи (МВР). Марихуаната е заплената откако при контрола од страна на надлежните институции било утврдено дека фирмата не ги почитувала стандардите за производство пропишани со Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, односно ...
„Mладите од општина Ново Село стануваат значаен фактор во општествениот живот на Македонија“. Вака објави градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов кој по повод Денот на општината додели плакети и признанија на голем број млади за нивното искрено залагање и вложување на труд и љубов за општината. Тој најпрво ги додели наградите за најдобри творби по распишаниот литературен и ликовен конкурс на тема “Од срце за Општина Ново Село” Плакета по ...
Блесна Новогодишната елка во центарот на Струмица висока 20 метри. Блесна и тунелот, светлечкото небо, светлосните дрвца, украсените грмушки, канделбари кои на плоштадот и центарот на градот му даваат посебна магија. Голем број дечиња присуствуваа на плоштадот на чинот на осветлувањето на Новогодишната елка како и на целиот амбиент со сите светлосни елементи. ,,Започна Новогодишната магија во Стрмица каква што Македонија нема видено бидејки ...
Општина Струмица ги врачи годишните награди Св.15 Тивериополски Свештеномаченици на истакнати физички и правни лица кои со своето дејствување дадоа придонес во афирмацијата на општината во земјава и меѓународен план. Ова признание го добија Љупка Вртева која во Словенија беше прогласена за инженер на годината, Томе Ментинов кој својот работен век го посвети на културните случувања во Струмица. Награда како диплома, плакета и бронзен медал доби и ...
Во недела на 15 ти декември со почеток од 18 часот во Домот на Културата во Босилово ќе се проектира легендарниот филм на Милчо Манчевски ,,Пред дождот“. Станува збор за филм кој има освоено над 30 награди на меѓународни фестивали меѓу кои и Златниот лав, ФИПРЕСЦИ, Индепендент спирит и Номинацијата за Оскар. Вброен е во академската програма на над 200 универзитети и има десетици книги и поглавија во светската стручна литература посветени на овој ...