Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа потпиша извршна уредба со која се забрануваат инвестиции, трговија и финансирање, кои би ги извршувале граѓаните на САД со отцепените региони во источна Украина. – Потпишав извршна уредба за да се спречи Русија да профитира од сериозно кршење на меѓународното право, напиша Бајден на Твитер. Тој изјави дека САД ги продолжуваат консултациите со сојузниците, партнерите и со Украина за следните ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше ситуацијата во Украина. „Загрижен сум. Нашата позиција не е лесна. Политичкиот притисок врз Србија поради одлуката на Путин ќе се зголемува. Само она што го доживеав во последните три дена ги потврдува моите зборови“, рече Вучиќ. „Претстои тежок период за Србија. Денеска по седницата како врховен командант издадов наредба до армијата во секое време да биде на најдобар можен ...

Aмериканскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин начелно се договориле за самит за Украина на предлог на францускиот претседател Емануел Макрон, како можен излез од кризата околу Украина, соопштено е рано утринава. Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека на двајцата претседатели им предложил самит за „безбедност и стратешка стабилност во Европа“. Белата куќа во соопштението наведе дека ...

Социјалната мрежа на Доналд Трамп Truth Social, достапна на онлајн продавницата на Епл од понеделникот, е новиот медиумски канал на екс републикански претседател на САД откако минатата година му беше забранет пристапот до други онлајн платформи. Апликацијата стана достапна за преземање кратко по полноќ по американско време и автоматски се инсталираше на уредите на Епл на претходно регистрираните корисници. Интерфејсот на апликацијата, која се ...

Веруваме дека во следните денови или недели, Русија ќе ја нападне Украина, што вклучува и напад на Киев, главниот град на Украина кој има повеќе од 2 милиони жители. Ова го кажа претседателот на САД, Џо Бајден за време на вчерашното обраќање. Новинарите го прашале дали смета дека Владимир Путин донел одлука дека ќе ја нападне Украина. „Во овој момент мислам дека донел одлука. Уверен сум дека одлуката е да ја нападне Украина“, рече ...

Со оглед на тежината на кривичното дело за кое се товари, јавниот обвинител оцени дека сè уште постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото, па до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор Момчето кое на пешачки премин со автомобил ја удри 24 годишната Викторија Николова, која им подлегна на повредите на лице место, се здоби со обвинение за кривично дело-тешки ...

Пожарот избувнал на брод под италијанско знаме во Јонско Море со 237 патници и 51 член на екипажот на релацијата меѓу грчкото пристаниште Игуменица на северозапад и Бриндизи во источна Италија, извести утринава грчката пристанишна полиција. Сите патници се безбедни и се качени во чамци за спасување, изјави грчкиот државен секретар за трговската морнарица, Костас Кацафадос, за грчкото радио „Скаи“. „Капетанот на бродот Еурофери ...

Матичните лекари денеска ќе примаат само пациенти на кои им е неопходна итна помош, a за останатите „мој термин“ нема да функционира. Тие се незадоволни поради неисполнетите барања околу малата капитација и финансиските шокови кои можат да доведат до затворање на амбулантите. Велат дека со оваа цена на капитацијата по пациент, не можат да издржат да ги покријат своите трошоци. Претседателката на здружението на приватни лекари, Лилија ...

Алина Паш пред неколку дена победи на украинскиот избор Видбир 2022. Требаше да ја претставува Украина на Евровизија со песната „Tini Zabutykh Predkiv“, но не повеќе. Во соопштение објавено на Инстаграм, таа го најави своето повлекување од Евросонг и јасно стави до знаење дека актуелната сага за нејзината посета на Крим во 2015 година е премногу за неа. „Не сакам повеќе да бидам дел од оваа валкана приказна,“ напиша таа ...

„Една може ве поканува да учествувате и да го поддржите протестниот марш на 13.02.2022 година во Скопје со почеток од 13:00 часот со првична собирна локација од „Жена Парк”. Мирниот маршот ќе се движи регулирано се до Министерството за труд и социјална политика. Со ова сакаме да ја искажеме и прикажеме сликата на самохраните и еднородителските семејства пред целата македонска јавност и сите чинители во македонското општество. ...

Град Скопје поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања против ексградоначалникот Петре Шилегов и поранешната претседателка на Советот, Љубица Јанчева од СДСМ, информира денеска Данијел Апостолоски од прес-службата на Данела Арсовска. Тој тврди дека Шилегов и Јанчева незаконски трошеле пари од градскиот буџет за организирање предновогодишна прослава во кафеана во 2019 година. Поранешната претседателка, тврди ...

Русија соопшти дека повлекла дел од трупите кои учествувале во воените вежби на границата со Украина и ги вратила во касарните, во потег кој се толкува како прв чекор кон можна деескалација на кризата во регионот. Руското Министерство за одбрана во вторникот соопшти дека иако воените вежби на границата продолжуваат, дел од војниците во јужното и западното крило го завршиле своето учество и почнале да се враќаат во касарните. Ваквиот развој е ...

Во експлозија што се случи синоќа во 1.30 часот во зграда во малото гратче ССен Лоран-де-ла-Саланк во Франција, загинаа најмалку седум лица, меѓу кои и деца. Според локалните медиуми, евакуирани се 25 лица. По експлозијата следел пожар кој се проширил на соседните згради. Локалната радио станица France Bleu наведува дека експлозијата се случила во приземјето на зградата, во продавница за храна Во близина на зградата каде што се случила ...

Три лица се заразени со новата подваријанта на омикрон позната како „стелт” од кои две се од Скопје, а едно од Струмица, информираа за МИА од Министерството за здравство согласно податоците од лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институт за јавно здравје. Извршено е секвенционирање на 41 позитивен примерок на SARS-CoV-2 од: Скопје – 13, Тетово – 4, Гевгелија – 4, Велес – 3, Кочани ...

Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1 000 испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата во овој момент Од денеска почнува скрининг-тестирањето по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на ковид-19 има населението во земјава за да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки. Тестирањето се планира да ...

Командантот на територијалната противпожарна бригада Скопје, Звонко Томевски, изјави дека пожарот, кој е една од причините што Скопје остана без струја, кај нив бил пријавен во 17:45 часот како пожар во трафостаница во населбата Пинтија. Но, кога пристигнале на местото виделе дека пожарот не е во трафостаницата, туку надвор од неа, а настанал поради искрење на долноводот. „Во 17:45 часот е добиена дојава за настанат пожар во трафостаница ...

Изгаснат е пожарот што доцна попладнето избувна на стрниште спроти трафостаницата во Пинтија при што голем дел од Скопје остана без струја. Од МЕПСО велат дека напојувањето со електрична енергија било прекинато поради пожарот во близина на трафостаницата за да им се овозможи на противпожарните единици да интервенираат. Претходно, од ЕВН изјавија дека експлозија на високонапонска мрежа на МЕПСО е причината што главниот град потона во мрак. Засега ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го намали ДДВ-то за млечните производи, овошјето, зеленчукот и другата основна храна од 8 на 1 отсто. Мерката доаѓа во позадина на највисоката инфлација во последните 20 години – 48% во јануари. Минатиот месец, претседателот го смени шефот на државната статистика по четврти пат од 2019 година. Турските медиуми објавија дека Ердоган е незадоволен од стапките на инфлација објавени од државната ...

За повеќето од овие обвинети судскиот процес пред првостепениот суд ќе заврши со изрекување пресуда на наредното рочиште откако денеска и тие ќе дадат завршни зборови Откако осум од обвинетите во обемниот судски процес „Титаник“ признаа вина, обвинителката Лиле Стефанова побара условни казни за шестмина од обвинетите меѓу кои Гордана Јанкулоска, Мартин Протуѓер и Билјана Бришковска-Бошковски, а ублажување на предвидените казни за ...

Популарниот композитор Тоде Новачевски ја изгуби битката со тешката болест, канцер. Веста дека починал ја потврди Росана, простувајќи се со него со емотивна порака. На јавноста и е познат по многубројните хитови кои ги направи за сестринското дуо, близначките Маријана и Росана, а во ек на најголемата популарност, заедно со Маријана со која тогаш беа во брак се преселија во Австралија. Таму останаа и да живеат и по разводот, и музичарот до ...

Нов кластер на заразени од ковид 19 се појави во основното училиште „Лазо Трповски“ во скопската населба Карпош, неофицијално дознава „Фокус“. Според нашите инфорамции, досега има потврдени повеќе од десет наставници кои се носители на опасниот вирус, а уште неколку се уште чекааат резултати. Во моментот во училиштето се испратени инспектори од страна на Државниот санитарен и здрав ствен инспекторат, кои треба да проверат ...

Според МНР членови на навивачките групи на нецивилизиран начин ги остранувале лентите од венците положени од страна на бугарските официјални претставници за време на оддавањето на почит на гробот на Гоце Делчев. МНР официјално ја известило Бугарија дека надлежните институции во Македонија веќе ги презеле сите потребни чекори и постапки за откривање на сторителите на немилиот инцидент, со кој како што наведуваат, е направен обид да се фрли сенка ...

Почитуван г. Џафери, Ви се обраќам во мое лично име и во име на судиите на Уставниот суд за прашање коешто е во интерес на сите граѓани кои очекуваат владеењето на правото да биде врвен приоритет во општеството. Уставот ја дефинира Република Северна Македонија како парламентарна демократија во којашто поделбата на државната власт е темелен принцип, а Уставниот суд како орган на Републиката ја штити уставноста, законитоста и човековите слободи и ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра леснотомасло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит, ...

Министерството за образование демантираше дека нивната интернет страница и компјутерскиот систем бил цел на напад на хакерска група која се пофали дека успеала да го пробие. Од МОН тврдат дека објавените снимки од надзорни камери воопшто не се од простории во Министерството, бидејќи такви камери кај нив воопшто нема. Оваа реакција следува откако на социјалните мрежи се појавија информации дека грчка хакерска група го пробила компјутерскиот ...

Терминот заедничка историја, од бугарска страна се следи како концепција на бугарска нација формирана во средниот век, чиј континуитет продолжува 1000 години, во однос на Македонија, се до 1944 година како континуитет на една бугарска нација, на една нација и на просторот на Македонија. За ова не се согласуваат членовите од македонска страна на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања. Копретседавачот на комисијата Драги ...

Грчката противпожарна служба соопшти дека се пронајдени телата на тројца планинари кои се воделе како исчезнати. Тројцата планинари на возраст меѓу 50 и 55 години во саботата наутро тргнале да се искачат на планината Хелмос, висока 2.355 метри, на Пелопонез, во југозападна Грција, објави АП. Тие го паркирале својот автомобил кај ски-центарот Калаврита, во близина на истоимениот град и оставиле телефонски број за контакт на операторите од ...

Британската кралица Елизабета Втора, во саботата во текот на одбележувањето на 70-годишнината од востоличувањето, изјавила дека би сакала војвотката од Корнвол, Камила (Паркер Боулес) да ја добие титулата кралица сопруга кога принцот Чарлс ќе стане крал. Елизабета Втора истакнала дека 70-годишнината ѝ овозможила да размислува за верноста и лојалноста коишто ѝ го дала британската јавноста. „И кога, за тоа ќе биде времето, мојот син Чарлс ќе ...

Брокулата е најздравата сорта зелка одгледувана уште од времето на антички Рим. Содржи многу корисни микроелементи и витамини, не е висококалоричен производ, па затоа не е изненадувачки што зеленчукот е популарен кај огромен број приврзаници на здрава исхрана. Замрзнувањето е одлична можност да се зачуваат корисни својства подолго време. Сепак, многу е важно да се знаат сложеноста на подготовката на замрзната брокула со цел да се зачува и вкусот ...

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.986 тестови, а регистрирани се 1.493 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 720, Битола – 90, Куманово – 87, Кавадарци – 72, Тетово – 54, Струмица – 44, Прилеп – 43, Велес – 41, Охрид – 40, Штип – 32, Гостивар – 31, Свети Николе – 25, Неготино ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
36%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
1.66
54%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
43%
1015
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
40%
1014
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
0.87
47%
1013
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
1.34
60%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.09
57%
1012
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
50%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
53%
1012
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.09
45%
1013
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.57
56%
1014
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
49%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52