Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Маркус Рашфорд имаше „дабл-дабл“ (14 гола и 14 асистенции) сезона во Барселона, но и тој негов учинок, придонес за успесите на екипата во минатата сезона не беше доволно да направи перманентен трансфер на „Камп Ноу“, поточно за клубот да ја активира клаузулата и го откупи договорот од Манчестер Јунајтед. Тој како што стојат работите ќе се врати во Јунајтед затоа што е има потпишан договор до 2028 година, но дали ќе остане тука и по крајот не ...
Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за новата сезона, а пред обврските да се зголемат засилувањата добија можност да ги испратат првите пораки, првите импресии за клубот, но и градот Битола. Дел од новајлиите во екипата се Малик Татар и Едвин Џелиловиќ му се радуваат на новиот предизвик и се надеваат дека ќе помогнат да се остварат зацртаните цели. -Атмосферата е супер, сите имаме иста цел. Знаеме дека во Битола се живее за ракометот и ...
Офанзивецот Иван Глигоров е ново засилување за повратникот во најсилната домашна фудбалска конкуренција, екипата на Брегалница Штип. Глигоров во минатото беше дел од „сините“ што значи ова е камбек на добро познато место. -Од Глигоров очекуваме она што најдобро го знае – да “експлодира” во плавиот дрес, да ги тресе противничките мрежи и да донесе многу важни бодови за штипските сини. Му посакуваме добро здравје, одличен гол-ефект и многу ...
Артем Довбик досега ја носеше „9-ката“ на Рома и беше ударен напаѓач во проектот кој започна пред две години, но лошите перформанси кои ги прикажа на „Олимпико“ го натераа Џан Пјеро Гасперини да се откаже од него уште на полусезона. Искусниот стручњак побара нови напаѓачи и други опции во нападот на средина на сезоната, па иако Довбик ја доигра сезоната како член на Рома, сега остана без својот број иако неговиот трансфер се уште не е ...
Челси ќе има доста поинаков изглед под водство на Чаби Алонсо, а по крајот на Светското првенство кое заврши на 19-ти јули, лондонскиот клуб презема покрупни чекори на трансфер пазарот. Пред да заврши мундијалот, најзвучно засилување за Челси беше Марко Палестра од редовите на Аталанта, но откако Челси веќе го претстави Морган Роџерс како убедливо најскап британски трансфер во историјата, денеска претстави уште едно летно засилување. Станува ...
Македонија ќе биде слободна во првото коло од квалификацискиот циклус од втората рунда претквалификации за Европско првенство, но на 30-ти август ќе гостува во Австрија и денеска дозна каде ќе го игра овој натпревар. Домаќинот го одреди градот и терминот во кој ќе се одигра натпреварот меѓу Австрија и Македонија, па избраниците на Жозеп Марија Берокал дознаа дека ќе играт во Виена во попладневен термин од 16:05 часот. Македонија оствари шест ...
Осум играчи на Барселона станаа светски шампиони после успехот на Шпанија на мундијалот во САД, Мексико и Канада, но ако некој треба да жали за тоа што не стави златен медал на својот врат, тоа е малерозниот Фермин кој се повреди пред самиот старт на турнирот. Офанзивниот играч за врска беше дел од списокот на Де ла Фуенте и за очекување беше да има важна улога во шпанскиот тим, но скршеницата на петтата метатарзална коска го принуди да ...
Роберто Де Ѕерби прифати исклучително тежок проект на крајот на минатата сезона и успеа во намерата да го одржи Тотенхем во англиската елита, а откако успешно го направи тоа, доби гаранција од газдите дека ќе му се достават големи парични средства за нови засилување и веќе двапати беше урнат клупскиот трансфер рекорд. Тотенхем потроши 237 милиони фунти за ангажманите на Матеуш Фернандеш (85), Сандро Тонали (100) и Ван Хеке (52), како слободни ...
Алваро Арбелоа го презема Фулам во текот на летото и беше избран за наследник на Марко Силва кои постави високи стандарди во Лондон, па англискиот премиерлигаш побрза за да исполни две желби на новиот менаџер кој има искуство со работење во Реал Мадрид. Пред да биде тренер на првиот тим, Арбелоа работеше со младинскиот тим на Реал Мадрид и познава голем број таленти од школата, а токму еден од нив ќе пристигне во Лондон во пакет со Гонсало ...
Македонската кадетеска репрезентација вчера доживеа колапс во второто полувреме и дозволи голем пресврт на Словенија на отворањето на Европското првенство во Белград, а денеска избраниците на Горан Кузмановски имаа уште потежок испит и претрпеа втор пораз. Ракометарите до 18 години добро го отворија мечот против фаворизираната Франција и парираа во воведните 20 минути до резултат 9:9, но потоа следеше голема серија на „триколорите“ кои во ...
Леброн Џејмс конечно донесе одлука и пресече каде ќе ја продолжи кариерата откако ја заврши приказната со Лос Анџелес Лејкерс. Тој беше дел од „езерџиите“ осум сезони, тука ја започна и петатта деценија од животот, но Џејмс не размислува за пензија и во наредните две години ќе го гледаме во Филаделфија Севентисиксерс. Неколку клубови се споменуваа како потенцијални дестинации, се говореше за негово враќање во Мајами Хит каде се гради нова ...
Макс Еберл како директор за спорт во Баерн Минхен даде одговори на сите комплексни прашања кои му ги поставија германските новинари, а истите беа поврзани за планификацијата на тимот и излегдот на конечниот ростер кој ќе го има Венсан Компани. Еберл нагласи дека Баерн ги завршил трансфер операциите кога се во прашање нови фудбалери уште во раната фаза на месец јули, или поточно во моментот кога ги потврди двете летни засилувања уште за време ...
Гери Невил е крајно популарен во друштво на Рој Кин и Јан Рајт како домаќините на емисијата која ја водат за „Скај Спортс“, а бидејќи редовно имаат и доста познати гости, дискусиите кои се развиваат се навистина интересни. Последен гостин на легендарното трио беше Вејн Руни и четворицата проговорија за најдобрите голови кои некогаш се постигнати во Премиер лигата, па добар дел од нив се сложија дека најверојатно најдобар е оној на Паоло Ди ...
Франција доживеа разочарување на крајот на Светското првенство и остана без медал во битката на четирите најдобри, бидејќи откако претрпе пораз од Шпанија, „триколорите“ беа надиграни и од Англија во дуелот за третото место. Последниот натпревар во САД означи крај на ерата на Дидие Дешамп и пред два дена започна новата во која лидер ќе биде Зинедин Зидан, а додека новиот селектор започнува со работа за тоа што следи, најголем дел од ѕвездите ...
Турбулентниот период во италијанскиот фудбал заврши со фаќање на целосно нов курс со нови легендарни имиња како лидери на проектот, бидејќи после одбивањето на опцијата да се ангажира Андреа Пирло како селектор на националниот тим, Федерацијата се најде во позиција да бара и нов технички директор. Паоло Малдини си поднесе неотповиклива оставка во друштво на Леонардо и само после 16 денови ја напушти репрезентацијата, а големиот хаос кој ...
Трансфер пазарот во Англија допрва треба да влезе во главата фаза во месец август, но пред да се расчистат комплицираните операции кои традиционално се оставаат за самиот крај, на крајот на месец јули пристигнува вест која ја изненади цела јавност. Еди Хау првично реши да остане во Њукасл и да го води тимот во далеку изменети услови, па иако на крајот на минатата сезона беше уверен дека ќе ја почне новата на „Ст. Џејмс парк“, во последните ...
Џон Стоунс ја почна и ја заврши својата авантура во Манчестер Сити под водство на Пеп Гвардиола, а уште пред да биде официјализирано заминувањето на Шпанецот, англискиот стопер веќе си бараше нова средина. Стоунс доби информација дека нема да му биде продолжен договорот и после цели десет години го напушти Манчестер, па иако имаше домашни понуди, тој на крајот реши да испроба нешто ново. Англискиот репрезентативец сериозно напредуваше под ...
Марк Кукурелја даде низа ветувања за време на Светското првенство во обидот да биде доста поинтересен за јавноста во својата земја, а откако Шпанија стана светски шампион, голем дел од новинарите, но и самиот селектор побараа од него да си стои до зборот и да го исполни главното ветување. Левиот бек најави дека ќе го истетовира ликот на Луис де ла Фуенте доколку Шпанија освои втора светска титула во својата историја, па откако тоа се случи, ...
ФИФА имплементираше низа нови правила пред стартот на Светското првенство и најави дека дел од нив ќе важат само за турнирот во САД, Мексико и Канада, а ова посебно важеше за контроверзното правило поврзано со задолжителната пауза на средина на полувремињата. Наместо две полувремиња од 45 минути, на изминатиот мундијал гледавме натпревари со четири четвртини, бидејќи триминутната пауза во секое од полувремињата беше задолжителна и се ...
Бруно Фернандеш се уште е на продолжен одмор и се нема приклучено на тренинзите на Манчестер Јунајтед, но пред да биде дел од групата, капитенот веќе е во напредни индивидуални тренинзи за да се адаптира за предизвиците кои следат. Играчот за врска имаше разочарувачко Светско првенство како и сите свои сонародници, но еден сувенир од мундијалот стана доста популарен поради фактот што Бруно го претстави додека тренира на летниот одмор. ...
Шпанија го освои 23. Светско фудбалско првенство и тоа откако во завршниот меч на турнирот ја доби Аргентина со 1-0 со гол во дополнителните 30 минути. Ова беше меч кој на крајот донесе и непотребна тензија и тоа по последниот судиски свиреж, неколку Аргентинци имаа реакции, влегоа во конфликт со Шпанците, а сега тоа однесување може да им донесе казни од страна на ФИФА. Имено Светската фудбалска федерација информираше дека е отворена ...
Џани Инфантино е под голем притисок во изминатите месец дена поради начинот на кој работи и претседава со ФИФА, а контроверзните потези кои ги повлече за време на Светското првенство кулминираа со информација која ја запали светската спортска јавност. Инфантино како прв човек на ФИФА предложи нов проект во кој ќе се продаде дел од сопственичката структура за организација на Светските првенства на моќни луѓе од Америка кои важат за ...
Клаудио Раниери вторпат во животот стави крај на пензијата за да му се стави на служба на фудбалот, првпат поради саканата Рома, а овојпат за да и помогне на Италија во ситуација кога изгледа доста сложена. Легендарниот италијански стручњак се враќа во репрезентацијата во малку поинаква улога, односно не како селектор, туку како технички директор кој ќе треба да воспостави добра конекција меѓу националниот тим, клубовите и сите младински ...
Сезоната 2025/2026 во англиската Премиер лига ќе биде запаметена по титулата на Арсенал, тим кој три години во низа беше вицешампион за да конечно успее прв да мине низ целта и по пауза од 22 години да го донесе лигашкиот пехар во своите витрини. Меѓутоа претходната кампања донесе и доста други интересни моменти, а од официјалниот јутјуб канал се обидуваа да не потсетат, па така имаме компилација со најчудните голови. Хаверц, Усула, ...
Челси е на добар пат да комплетира два изненадувачки трансфери, да потпише договори со двајца ветерани од Премиер лигата, Дени Велбек и Џордан Хендерсон. Брајтон и Брентфорд нема да им прават никави проблеми на Велбек и Хендерсон да слетаат на „Стемфорд Бриџ“ и се очекува за брзо време овие операции официјално да бидат компетирани и објавени. Гери Невил како човек кој редовни ги следи сите случувања на островот смета дека Челси прави ...
Шкендија утре го пречекува Браво во натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига, натпревар на кој клубот од Тетово ќе влезе во негатива од 2-1. „Црвено-црните“ прикажаа добра игра во Словенија, меѓутоа резултатот изостана и сега тоа ќе мора да се промени на средбата на националната арена „Тодор Проески“ ако Шкендија сака пласман во наредната фаза на третото по ранг натпреварување на УЕФА. -Влегуваме за да го добиеме ...
Фудбалерите на Црвена Звезда ја забележаа најубедливата победа на денешните натпревари од квалификациите за Лигата на шампионите. Српскиот шампион со 5-0 го потопи Ларн од Северна Ирска и со вкупни 9-0 се пласираше во третата рунда каде ги очекува Хапоел Бер Шева кој ја доби двомеч битката со Викингур со 3-2. Вечерва за „црвено-белите“ стрелаа Катаи, Арнаутовиќ, Лоизу, повторно Арнаутовиќ и Букари. Пласман во наредатна фаза обезбеди и нашиот ...
Роберто Манчини се враќа на познато место и со позната функција, селектор на италијанската сениорска репрезентација, позиција на која денеска доживеа официјална промоција. Манчини беше прв фаворит на претседателот Џовани Малаго, ама не и на Паоло Малдини и неговиот советник Леонардо кои имаа поинаква визија за која откако видео дека не можат да ја спроведат на дело се повлекоа, па првиот човек на ФИГС си ја исполни желбата. Манчини и ја ...
Барселона е во потрага по гол играч, наследник на Роберт Левандовски и првата желба е Хулијан Алварез, меѓутоа цврстиот став на Атлетико Мадрид и фактот дека се уште не попушта го тераат шпанскиот првак да размислува и за други опции, но и таму се соочување со пречки и удари. Медиумите во изминативе денови пренесоа дека Барса сериозно ја разгледувала можноста за ангажман на Ели Жуниор Крупи од Борнмут, играч кој има 20 години и кој минатата ...
Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Скопје го претстави второто засилување за натпреварувачката 2026/2027, второ освежување по Накавион Вајт. ТФТ со пофали со американско засилување: Атлетизам, енергија, цврста игра во двата правци… Нов член на клубот од Тафталиџе е Секу Сила, ас кој има државјанство на САД и Гвинеја. Сила имал извонредна сезона во Шведска во тимот на Кепинг Старс, поточно истата ја заврши со просек од 21,6 поени и 10,7 ...