Наполи периодов одбележува голем јубилеј, односно го прославува стотиот клупски роденден, а претседателот Аурелио Де Лаурентис не крие дека има една голема желба за наредните години. Угледниот бизнисмен го врати Наполи на врвот на италијанскиот фудбал, последните години се освоени две шампионски титули, трофеи во купот и суперкупот, па Де Лаурентис вели дека му недостасува само трофејот во Лигата на шампионите. – Единственото нешто што ми ...

Англиските и шпанските медиуми тврдат дека Манчестер Сити може да го загуби Родри во текот на овој преоден рок, а менаџментот на клубот веќе работи на ангажирањето на фудбалер кој ќе треба да го неутрализира ефектот на ваквата загуба за средниот ред на „граѓаните“. „ЕСПН“ тврди дека Сити е во напредни преговори со Лил за трансферот на Ајуб Буади, момчето кое ги воодушеви фудбалските фанови со своите настапи на последното светско првенство. ...

Јан Диоманде со нетрпение очекува успешен крај на преговорите меѓу РБ Лајпциг и Реал Мадрид за негов трансфер во шпанскиот клуб, но барем засега истите се заглавени. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска е подготвен за новиот и најголем предизвик досега, но новинарот Флоријан Плетенберг тврди дека бундеслигашот не одговорил на последната понуда на Реал. Шпанскиот клуб не добил повратен одговор и менаџментот на Реал бил зачуден од ...

Спортскиот арбитражен суд му ја прекина суспензијата на Михајло Мудрик и му дозволи на фудбалерот да се врати на тренинзите и секојдневната работа во својот актуелен клуб Челси. Украинецот доби четиригодишна суспензија поради позитивен допинг тест и нема одиграно натпревар од ноември 2024 година, но судот во Лозана проценил дека количината на забранетата супстанца и нејзиното влијание во организмот не соодветствувале со должината на казната ...

Промените во Њукасл носат голема реконструкција поврзана со стручниот штаб, но и играчкиот кадар, а „црно-белите“ ќе имаат и нов прв голман. Англискиот клуб ќе плати околу 30 милиони евра за да го доведе Лукас Хорничек, досегашен голман на Брага, кој со своите настапи го привлекол вниманието на менаџментот на Њукасл и ќе добие шанса да настапува во Премиер лигата. 24-годишниот чешки голман имал откупна клаузула вредна 30 милиони евра и Њукасл ...

Лучијано Спалети отворено го критикувал раководството на Италијанската фудбалска федерација за одлуката за поставување нов селектор, ситуација во која како голем победник излезе Роберто Манчини. Паоло Малдини и Леонардо поднесоа оставки како советници откако не помина нивниот предлог за назначување на Андреа Пирло, па заедно со Манчини функција доби ветеранот Клаудио Раниери, кој ќе треба да му помага на новиот селектор во менаџирањето со ...

ФИФА и претседателот Џани Инфантино заработија жестоки критики и реална најава за бојкот на светските првенства од голем број федерации, па тоа го натера првиот човек на федерацијата и неговите соработници да го повлечат планот за соработка со приватни инвеститори. ФИФА предложи план за формирање на нова компанија за да добие сериозна финансиска инјекција, но во позадина тоа подразбираше продажба на дел од правата на светските првенства на ...

Винисиус Жуниор во безброј наврати ја потенцираше својата љубов кон Реал Мадрид на разни начини, па иако Флорентино Перез си даде за задача самиот да го реши прашањето околу Бразилецот, се чини дека трпението го губи и првиот човек на „кралскиот клуб“. Иако има огромни симпатии кон крилниот напаѓач, претседателот на Реал Мадрид проценил дека одлагањето на новиот договор не може да трае вечно, па со оглед на големиот интерес кој го пројавува ...

Леандро Паредес важи за крајно темпераментен и агресивен фудбалер кој често не знае да ги исконтролира емоциите, а тоа најмногу го прикажа по финалето на Светското првенство во Њу Џерси. Паредес тешко се помири со поразот од Шпанија и влезе во директна физичка пресметка со Ерик Гарсија и Гави, па иако имаше право да земе продолжен одмор поради настапот на мундијалот, играчот за врска реши експресно да и се приклучи на Бока која ја почна ...

Поранешниот македонски шампион Работнички почна да ја гради екипата за сезоната 2026/2027, а дел од истата ќе бидат и играчи кои и во претходната го носеа дресот на центарци. Имено Работнички по Дамјан Робев ја продолжи соработката со уште едно име-Лука Петровски. Петровски го натпреварувачката 2025/2026 одигра 16 средби за скопскиот тим со учинок од 7 поени, 1,6 скока и 1,4 асистенции по натпревар. -Со својата пожртвуваност, борбеност, ...

Ерлинг Халанд може да биде задоволен со ефектот на Норвешка на последното светско првенство, а во постмундијалскиот период, тој заслужено ги полни батериите користејќи одмор. Додека голем дел од неговите соиграчи веќе работат под водство на новиот менаџер Енцо Мареска. ѕвездата на Манчестер Сити ги посетува европските монденски дестинации, а на една од нив имал случајна средба со Мајкл Џордан. Кошаркарската легенда традиционално со својата ...

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 18 години, доживеа пораз на денешното соочување со Финска (77:98) во разигрувањето за подобар пласман на ЕП – Б дивизија. Избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ го продолжија настапот на турнирот во Хрватска, а денеска Финците уште на полувреме водеа со 55:27 и на тој начин го најавија и конечниот епилог. Во продолжението Македонија немаше сили за пресврт, па мораше да се соочи со нов ...

Раководството на ПСЖ го испрати Канг-Ин Ли во редовите на Атлетико Мадрид, а солидната сума заработена од трансферот ќе биде реинвестирана во фудбалер на слична возраст. Такви се најавите на француските медиуми, кои тврдат дека тренерот Луис Енрике инсистира да му биде Магне Аклиуш, кој во моментов е член на Монако и веќе го потврди својот потенцијал во Лига 1 и другите натпреварувања. Аклиуш направи сериозен пробив со настапите во средниот ...

Холандски Ајакс вечерва објави важна вест за фановите, потврдувајќи дека екипата ќе биде посилна за Јулијан Брандт. Германецот доаѓа како слободен агент откако му истече договорот со Борусија Дортмунд, ситуација поради која беше мета и на други европски клубови од посилните лиги. 30-годишниот Брандт се одлучил да ја продолжи кариерата во Ајакс, тој е веќе петто засилување ова лето, а доаѓа како најатрактивно име со оглед на досегашните успеси ...

Талентираниот Џеси Бисиву од денеска е нов играч на Барселона, со што шпанскиот шампион успеа да го добие потписот на 18-годшиниот крилен напаѓач. Бисиву се наметна со своите настапи во редовите на Клуб Бриж, денеска потпишал договор со Каталонците до 2031 година, по што ќе им се приклучи на подоготвките на првиот тим. Белгиецот бил пречекан од спортскиот директор Деко, па токму со него ќе патува за Англија, каде вечерва Барса игра ...

Бундеслигашот Волфзбург ја прифатил понудата на Рома за трансфер на свој дефанзивец и ќе заработи најмалку 16,5 милиони евра од овој трансфер. Во договорот за Констатинос Кулиракис се вклучени и потенцијални бонуси, а „волците“ би добиле и 20 проценти од неговиот следен трансфер. Германскиот новинар Флоријан Плетенберг потврди дека преговорите меѓу двете страни завршиле успешно и грчкиот фудбалер ќе пристигне на прегледи во Рим, по што треба ...

Промените во сениорскиот состав на Реал Мадрид беа неминовни по неуспешната сезона и посебно по доаѓањето на новиот тренер Жозе Мурињо, а шпанскиот клуб се обидува да најде соодветно решение за сите играчи кои не се во плановите на Португалецот. Покрај разделбата со неколку поатрактивни имиња, Реал денеска потврди дека испратил и еден свој играч во редовите на Фиорентина. Се работи за Виктор Валдепењас, играч кој бил дел од младинската ...

Раководството на Арсенал денеска ги прецизирало и деталите околу најавен трансфер, со кој менаџерот Микел Артета ќе добие големо засилување во средниот ред. На пат кон лекарски прегледи во Лондон ќе биде Бруно Гимараеш, бразилскиот репрезентативец кој само ја надополнува распродажбата на најважните играчи на Њукасл. Играчот за врска самиот побарал да му биде дозволен трансфер во ривалскиот клуб, а Арсенал и Њукасл се договориле за сума од 90 ...

Макс Алегри по само една сезона во Милан и отказ од „росонерите“, прифати да се пресели во Наполи, клуб кој ќе треба да одговори и на дел од неговите барања во преодниот рок. Искусниот стручњак ќе се обиде да го наметне својот начин на работа и концепт во редовите на поранешниот италијански шампион, а медиумите тврдат дека побарал од менаџментот да му го доведе Федерико Гати. Дефанзивецот на Јувентус е еден од милениците на Алегри уште од ...

Бразилската репрезентација не ги исполни своите амбиции на последното светско првенство, а наредниот четиригодишен циклус ќе биде можност за селекторот Карло Анчелоти целосно да подготви тим според своите критериуми и да се обиде да го поправи впчетокот на наредниот мундијал. Нејмар веќе најави дека се повлекува од националниот тим и заминува разочаран од она што се случуваше пред некоја недела, додека Анчелоти потврдил дека СП 2026 значел ...

Еди Хау дефинитивно заминува од клупата на Њукасл, информација која беше најавена од медиумите уште вчера, а денеска и потврдена од англискиот клуб. „Црно-белите“ останаа без менаџерот кој ја предводеше екипата последните пет сезони, а Хау го објасни својот потег со изјава во официјалното соопштение. – Откако речиси пет години ги посветив мојот живот, срце и душа на клубот со максимална енергија, чувствувам дека е во најдобар интерес и за ...

Раководството на Челси ја прифати и потврди казната од 10 милиони фунти поради кршење на правилата поврзани со исплати на фудбалски агенти во периодот од 2009 до 2022 година. Првичната казна за лондонскиот клуб изречена од независна комисија беше потешка и подразбираше поголема парична сума и одземање шест бодови, но на крајот Челси помина со условна казна во делот кој не е финансиски. Покрај сумата од 10 милиони фунти, Челси доби условна ...

Ливерпул го победи Рексам на контролниот натпревар во Соединетите Американски Држави, а она што го привлече вниманието на јавноста е конфликтот меѓу двајца фудбалери во ростерот на „црвените“. Доминик Собослаи и Кртис Џоунс влегле во вербален дуел на теренот додека екипата се поздравувала со своите фанови, а барем засега не е целосно јасно што го предизвикало конфликтот. Најсериозната претпоставка е дека Собослаи при напуштањето на играта му ...

Екипата на Шкендија успеа да се избори за продолжување на својата европска сезона, но од клубот денеска потврдија дека остануваат без еден искусен и квалитетен фудбалер. Се работи за Имран Фетаи, кој ќе ја продолжи кариерата во редовите на Динамо Букурешт, клубот кој ја активирал откупната клаузула во неговиот договор и со тоа ги обезбедил услугите на фудбалерот. – Имран Фетаи веќе не е дел од Шкендија, откако романскиот клуб ја исплати ...

Михаило Мудрик последен пат играше официјален фудбалски натпревар во 2024 година, но денеска доби позитивна вест од Спортскиот арбитражен суд во Лозана. Украинскиот фудбалер доби 4-годишна суспензија од Англиската фудбалска асоцијација поради позитивен допинг тест, за кој не беа објавени детали, но документите на судот покажуваат дека се работи за супстанцата мелдониум. Мудрик имал позитивен тест по натпревар на својата репрезентација, по што ...

Барселона се уште не завршила со активностите во овој преоден рок, па додека се чекаат нови засилувања клубот ќе се обиде да се ослободи од играчите кои не се во плановите на тренерот Ханси Флик. Еден од нив е голманот Марк Андре Тер Штеген, асот кој до лани беше капитен на екипата иако вториот дел од сезоната го мина на позајмица во Џирона. Сега искусниот голман одново си заминува со тоа што ќе ја напушти Каталонија по дванаесет години. Се е ...

Касемиро се раздели со Манчестер Јунајтед и во изминатиов период како слободен фудбалер можеше да ги „измери“ понудите кои ги имаше на маса и да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Неговиот избор беше дека е време да се направи голема промена, да се напушти Европа и потпиша за шампионот на МЛС лигата-Интер Мајами. Бразилецот веќе дебитираше против Монтреал, но сега ја имаше официјалната промоција на која јасно посочи дека една од главните ...

Италијанската фудбалска федерација покажа доста слабости и по доаѓањето на Џовани Малаго, а причината за тоа беше изборот на новиот селектор, наследникот на Џенаро Гатузо. Паоло Малдини и Леонардо добија функции како технички директор и советник, па тргнаа во потрага по селектор, први желби беа Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола, откако добија негативен одговор го договорија Андреа Пирло, избор кој не беше прифатен од јавноста и федерацијата ...

Македонската кошаркарска репрезентација ја очекува нова фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година, фаза во која прв предизвик ни е селекцијата на Австрија. Ова е меч закажан на крајот на наредниов месец, а нашиот национален тим може да биде засилен со плејмејкерот Ненад Димитријевиќ кој ова лето потпиша за грчки Арис. Имено македонската куќа на кошарката ја информираше јавноста дека Арис дал зелено светло и нема ...

Ливерпул се уште нема направено некој екстра трансфери во овој преоден рок или поточно е далеку помирно од минатото лето кога на „Енфилд Роуд“ беа потрешени огромни суми на пари за засилувања. „Црвените“ мерат каде треба да вложуваат, па една од целите е да се најде замена за Мохамед Салах или во таа линија е веќе доведен Виктор Муњиз. Во изминатиов период се повеќе се говори за опција Бредли Баркола од Пари Сен Жермен, се споемнува сума од ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75