Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Македонскиот репрезентативец, Виктор Ташовски ја заврши приказната со ТФТ Скопје и за првпат во кариерата ќе игра надвор од Македонија. Ташовски беше еден од најдобрите играчи на ТФТ во претходната сезона, играше квалитетно во домашното првенство како и во АБА2 лигата, па сега ќе се проба надвор од нашите граници и тоа во редовите на Дубровник. Со емотивна порака на социјалните мрежи, ТФТ ја официјализираше разделбата во Виктор на кого му ...
Тиквеш со убедлива победа над Арсими од 5-1 ја започна новата сезона во Првата македонска лига, но овој триумф не ги трансфер активностите на клубот од Кававдарци кој во меѓувреме официјализираше неколку нови засилувања. Прво беше потврден потписот со Андреј Велков, потоа пристигна Жоао Габриел Фереира Сантос – „Ренатињо“, а последното освежување е Октај Ракипи. -Млад, амбициозен и технички поткован играч, Октај доаѓа во Кавадарци подготвен ...
Един Џеко побара доста повеќе време од потребното за да одлучи дали има смисла да ја продолжи играчката кариера, но откако остави втор мундијал зад себе како капитен на Босна и Херцеговина, очигледно се уште има мотив да игра фудбал на високо ниво. „Босанскиот дијамант“ имаше ужасна прва полусезона во Фиорентина и се доби дека ќе го дочека 40-то роденден во најлошо можно расположение, но преминот во Шалке 04 му даде нова шанса да се ...
Мастерсот во Монтреал е прва голема подготовка за грен слем турнирот во Њујорк, но како и многупати во изминатите години, најдобрите тенисери од врвот нема да се појават во Канада. Покрај планираното отсуство на Карлос Алкарас, учеството во Монтреал го откажаа и Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер, а во период кога нивната одлука е предмет на расправа во тениските кулоари, Саша Зверев се претвори во прв фаворит за освојување на трофејот. Победникот ...
Првото од двете најавни засилување од Реал Мадрид вечерва доживеа промоција во Лондон, а тоа е младиот напаѓач Гонсало Гарсија кој стана прекуброен во проектот на Жозе Мурињо. Голгетерот кој воодушеви со настапите на минатогодишното Светско клупско првенство, минатата сезона добиваше шанса и од Чаби Алонсо и од Алваро Арбелоа, со тоа што сега со овој вториот ќе соработува и во Фулам. По барање на новиот тренер на премиерлигашот, Фулам го ...
Тони Крос ја заврши својата играчка кариера со шест освоени титули во Лигата на шампиони, со што слободно може да се каже дека е еден од најуспешните во историјата на ова натпреварување. Германецот освои една титула со Баерн Минхен и пет со Реал Мадрид, вклучувајќи ги оние три во низа за кои беше еден од најважните во ростерот на Зинедин Зидан. Крос ја заврши кариерата како еден од најдобрите играчи за врска во новата фудбалска историја, а ...
Јувентус ги промовираше Рендал Коло Муани и Керим Алајбеговиќ како големи летни засилувања во краток временски интервал, но уште побрзо договори позајмици на двајца фудбалери кои нема да бидат дел од проектот на Лучијано Спалети. Во период од само неколку часа, Јувентус ги официјализираше постигнатите зделки со Сасуоло и Фиорентина, и тоа за отстапување на Василијe Аџиќ и Жоао Марио. Црногорскиот фудбалер се сели во Сасуоло на позајмица за ...
Бернардо Силва како слободен агент направи голем трансфер во Реал Мадрид, па иако трансферот беше потврден уште пред еден месец, искусниот Португалец денеска за првпат се појави во Валдебебас центарот. Откако ги одработи стандардните лекарски проверки пред стартот на пресезоната, Бернардо им се приклучи на соиграчите и го одработи првиот целосен тренинг, по кој направи и кратко интервју за клупската телевизија. Силва собра огромно искуство во ...
Ханси Флик доби две засилување по мерка во имињата на Антони Гордон и Карим Адејеми и во нив доби продорни и брзоноги крила кои целосно се вклопуваат во неговата филозофија, но од друга страна, каталонците се уште не го решаваат најважното прашање. Барселона се уште не доведе замена за Роберт Левандовски кој се пресели во МЛС лигата и во овој момент неизвесна е и иднината на Феран Торес, па од одлуката која ќе ја донесе новиот светски шампион ...
Џордан Хендерсон направи неочекуван трансфер во Челси во залезот на својата кариера, бидејќи 36-годишниот играч за врска имаше неколку неуспешни епизоди откако си замина од Ливерпул пред три години. Лошата етапа во Ал Етифак продолжи со скромно искуство во Ајакс, Хендерсон не успеа да се наметне и во Брентфорд како што беше тоа случај во Ливерпул, но откако не одигра речиси ниту една минута на Светското првенство, направи трансфер кој никој ...
ТФТ допрва ќе треба да ја среди финансиската документација за да добие лиценца од КФМ за натпреварувањето во македонската лига, но во клубот од Тафталиџе остануваат мирни на ова поле и денеска го претставија и третото летно засилување. Финалистот од АБА 2 лигата се подготвува за нова возбудлива сезона и на регионален план, па поради тоа, тимот денеска е засилен и со трет странски играч по Накавион Вајт и Секу Сила. – Со големо задоволство му ...
Ајуб Буади се претвори во име кое изби на првото место на листата на многу големи клубови кои планираат амбициозна трансфер политика ова лето, пред се поради импресивните настапи кои ги прикажа мароканскиот вундеркинд на Светското првенство. Играчот кој пред неколку месеци беше капитен на младинската репрезентација на Франција на крајот избра да игра за Мароко и импресионираше со настапите на мундијалот, а неговото патување на Светското ...
Сеск Фабрегас набрзо ќе добие големо засилување во одбраната за сезоната во која Комо ќе игра премиерно во Лигата на шампионите, и тоа во вид на фудбалер кој беше еден од најдобрите и најстандардните во сезоната за заборав која ја имаше Челси. Трево Чалоба се избори за првотимски статус и беше сигурен стартер на натпреварите кои ги играше Челси минатата сезона, но откако брзо разбра дека Чаби Алонсо има целосно друг концепт за играчи кои ќе ...
Ѓоко Хаџиевски изненадувачки се раздели со Спартак од Варна и тоа беше направено во крајно пријателски услови, но бидејќи до ваков расплет дојде сосема ненадејно и неочекувано, бугарските медиуми почнаа да се ја бараат и вистинската причина за заминувањето. Бугарски „Блиц“ денеска излезе со своја ексклузива и ја „откри тајната“ за заминувањето на искусниот македонски стручњак, кој според нивни извори решил сам да си замине во вистинско време, ...
Феран Торес беше на излезни врати од Барселона и беше речиси сигурно дека ќе направи трансфер ова лето, но ситуациајата драстично се промени откако тој испадна човекот кој донесе втора светска титула за Шпанија. Торес се претвори во национален херој со голот во финалето против Аргентина и Барселона зазема став дека сега нема да го продава Феран, па иако ставот на клубот се промени во период од само неколку недели, оној на напаѓачот е поважен ...
Челси е клубот кој убедливо најмногу троши на трансфер пазарот ова лето, но во своите редови донесе и двајца фудбалери за кои малку кој очекуваше дека ќе ги видиме на „Стемфорд Бриџ“. Покрај големите трансфери на имиња како Морган Роџерс, Максенс Лакроа, Марко Палестра и Валентин Барко за кои беа исплатени милиони фунти, Чаби Алонсо во својот тим побара и доза искуство во фудбалери кои имаат долгогодишно педигра во Премиер лигата. Покрај Дани ...
По трите порази во исклучително тешка конкуренција во групната фаза, македонската кадетска репрезентација ја запиша првата победа на Европското првенство во Белград. Избраниците на Горан Кузмановски денеска одиграа комплетни 60 минути отпочеток докрај, а во такви услови, Италијанците едноставно немаа што да бараат во дуелот со расположените Македонци. Ракометарите до 18 години почнаа да го диктираат темпото од самиот старт, поведоа брзо со ...
Сагата Јан Диоманде ќе продолжи најмалку уште една работна седмица, а потврда за тоа пристигна и од спортскиот директор на Ред Бул Лајпциг кој посочи дека немаат постигнато договор со Реал Мадрид. Иако пред една недела неколку трансфер инсајдерии побрзаа со ексклузивните информации да објават дека Диоманде веќе е нов фудбалер на Реал Мадрид, реалноста во овој момент е дека двете страни се уште преговараат и дека во моментов се далеку од ...
На крајот на овој месец ќе се вратат возбудувањата во Серија А, сезона во која Интер ќе ја има улогата на бранител на тронот од Наполи, Јувентус, Милан, Аталанта, Рома, Комо… „Нероаѕурите“ издоминираа во претходната сезона, ги освоите двата најважни пехари на домашно тло (Серија А и Копа Италија), па за славниот Кристијан Виери нема никаква дилема кој е фаворит за Скудетото. -Интер не се раѓа ова лето, тие веќе се таму, тоа е многу силен тим. ...
Индонезија почнува да станува нова атрактивна дестинација за македонските фудбалери, македонските репрезентативци, па така по Милан Ристовски во оваа земја ќе настапува и Стефан Ашковски. Искусниот Ашковски беше промовиран како нов член на ПСС Слеман, тим кој минатата сезона ја заврши како вицешампион. Ова за Стефан е уште една нова дестинација во кариерата, пред Индонезија настапуваше во Иран, Србија, Кипар, Турција, Ерменија, Грција, ...
Рома низ целиот овој преоден рок се обидува да доведе засилување во офанзивната линија или поточно на крилните позиции, меѓутоа не успеа да реализира ниту една од целите како Рашфорд и Самервил кои на крајот добија подобри понуди од Фенербахче и Ал Хилал. Сега „волчицата“ се доведува во врска со Антонио Нуса од РБ Лајпциг, ама и таа операција би била над 50 милиони евра и токму поради тоа се бара поевтино решение, опција која може да биде ...
Италијанскиот шампион Интер ангажираше играчи како Џон Стоус, Иван Проведел и Александар Станковиќ во овој преоден рок, а преговара и со Кристијан Ромеро од Тотенхем за негова преселба во Милано. Од друга страна тренерот Кристијан Киву побара да биде засилена една опција до крајот на овој преоден рок, а медиумите денеска најавуваат дека Интер повторно активирал една желба, ангажман на Муса Диаби. Киву директно побара уште едно засилување од ...
Шкендија е последниот македонски претставник во Европа, клуб кој веќе знае со што треба да се соочи на патот до повторување на минатогодишниот успех, влез во главната фаза на Конференциската лига, „Црвено-црните“ веќе ги оставија зад себе Европа и Браво и веќе се фокусира на битката со Хибернијан од Шкотска во третото квалификациско коло. Ако ја мине и оваа рунда, поранешниот македонски шампион знае со што ќе се соочи во плејофот, финалето за ...
Германскиот прволигаш Борусија Дортмунд го комплетираше засилувањето кое треба да донесе магија во офанзивната линија, 18-годишниот Константинос Карецас. Карацес доаѓа во бундеслигашот од редовите на Генк, тим за кој настапуваше во претходните две години и на вкупно 92 натпревари даде 6 гола и забележа 23 асистенции. -Борусија Дортмунд е посебен клуб и сум неверојатно горд што сега можам да го носам црно-жолтиот дрес. Навистина се радувам што ...
Манчестер Сити почнува нова ера, ера без човекот кој им ги донесе најголемите успеси во историјата Пеп Гвардиола кој одлучи дека е време за крај по завршувањето на минатата сезона. Изборот за нов тренер падна на Енцо Мареска, човекот кој во минатото го водеше младиот тим на „граѓаните“, а потоа беше и дел од стручниот штаб на Гвардиола. Италијанецот потоа почна да се гради како стратег, го внесе Лестер во Премиер лигата, па имаше и добри ...
Ливерпул доживеа пораз од Лидс Јунајтед од 4-2 во последниот натпревар на турнејата низ Соединетите Американски Држави. „Црвените“ покажаа повеќе лица на средбата во Чикаго на кого водеа со 2-0, но потоа застанаа и во вториот дел беа „попарени“ од поранешниот клуб на Џани Алиоски. -Мислам дека научивме многу работи. Секако, резултатот не е онаков каков што би сакале, но ова е најкорисниот пријателски натпревар што сме го одиграле. Позитивно ...
Манчестер Јунајтед внимателно ги бира трансферите во овој преоден рок и засега не се одлучи да активира некоја „бомба“, да вложи доста пари во некој играч како некои од екипите во Премиер лигата како Манчестер Сити, Тотенхем, Челси… Најскапите зделки на Јунајтед се Андреј Сантош и Јури Тилеманс за кои беа издвони 85 милиони евра, играчи кои треба да ја освежат средината на теренот. Меѓутоа според некогашниот напаѓач Емил Хески тоа не е ...
Кевин Дурент во септември ќе го прослави 38. роденден, но тој воопшто не размислува за пензија и најдобра потврда тоа е што сака да игра за својата репрезентација на Летните Олимписки Игри кои во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес. Популарниот Кеј-Ди со четири освоини злата е најуспешниот кошаркар на ОИ, меѓутоа тој се уште е гладен и сака нов успех, ново злато со тоа што сака да си го заслужи местото во тимот. -Се зависи од Грант Хил и ...
Италијанскиот прволигаш Јувентус веќе некое време се обидува да доведе квалитетен голман, Емилијано Мартинез од Астон Вила беше прва желба, но калчолигашот никако не успева да пронајде заеднички јазик со премиерлигашот и таа опција како полека да отпаѓа. Како алтернатива се споменува(ше) Зион Сузики, еден од најквалитетните голмани во Серија А во претходната кампања, меѓутоа како што стојат работите Јуве и тука е на добар пат да доживее ...
Тимот на Пелистер продолжува да влече потези на трансфер пазарот, па денеска официјализираше уште едно засилување за престојната 2026/2027. Нов член на „зелено-белите“ е 25-годишниот Виктор Златевски кој доаѓа од редовите на Феникс 2010. Тој е уште едно домашно освежување за Пелистер по Коста Кириловски, Иван Сапунџиев и Благој Димитриев, плус тука е тренерот Тане Спасев, но и Алонзо Едвард Денинг кој има македонско државство. Инаку Златевски ...