Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Машката кадетска репрезентација на Македонија издвојува победа над Фарски Острови од 34:32 во дуелот на Европското првенство во Србија. Ова беше битка од разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на шампионатот, соочување кое го добивме и на тој начин изборивме пласман на Светското првенство. Имавме осцилации во играта пред се во второто полувреме, меѓутоа на крајот успеавме да се вратиме, се соземеме и го заокружиме тоа што го градевме во ...
Шкендија Арачиново не тргна како што посакуваше во Првата македонска лига и веќе на самиот старт доживеа убедлив пораз од Струга Трим Љум (3-0), но тоа не го обесхрабрува новиот прволигаш кој се надева на позитивни резултати во иднина почнувајќи од мечот со Силекс. За таа цел доведе уште едно засилување и дефанзивец од Албанија, поранешен репрезентативец на оваа земја Есин Хакај. Станува збор за искусен играч од одбраната, фудбалер кој ...
Екипата на Евертон го претстави најновото засилување во овој летен преоден рок, засилување кое доаѓа од редовите на англискиот шампион Арсенал-тоа е Кристијан Норгард. Данецот пристигна на „Емирејтс“ минатото лето по шест одлични години во Брентфорд, меѓутоа не се изнаигра во северен Лондон, беше активен на 20 натпревари од кои само 7 во Премиер лигата. Сега тој доаѓа во Ливерпул, во клубот кој верува дека може да помогне со своето искуство, ...
Мо Салах направи изненадувачки потег и на крајот ја прифати понудата на Трабзонспор, па иако ќе заработи огромна сума на пари за две години, многумина останаа разочарани од изборот на египетскиот фудбалски мајстор. Високата плата го направи недостапен за многу големи клубови од топ 5 лигите во Европа и на крајот како најистраен се покажа Трабзонспор, а одлуката да се пресели во овој турски фудбалер посебно го разочара неговиот дежурен ...
Микел Артета веќе долго време е клупата на Арсенал или поточно сега е тренерот со најголем стаж или најдолго е на клупата на еден тим од сите негови колеги во Премиер лигата. Најголемиот успех за Шпанецот дојде минатата сезона кога конечно успеа да го одведе тимот до лигашки пехар и тоа откако Арсенал три години во низа завршуваше на втората позиција. Сега од психолошки аспект треба да биде доста полесно за „топчиите“ и за самиот Артета кој ...
За 21 август е закажан почетокот на новата сезона во Премиер лигата и тоа со мечот меѓу актуелниот шампион Арсенал и повратникот во најсилната англиска конкуренција Ковентри. Меѓутоа има време дотогаш, па од ПЛ преку своите канала и пред се Јујуб ја загреваат јавноста, ја потсетуваат на некои посебни моменти од минатата кампања. Имаме компилација на подзаборавени атрактивни голови, погодоци кои вредат да се погледнат. Уживајте!!! За 21 ...
Сеск Фабрегас најави дека Комо може да има проблем со регистрацијата на играчи за настап во Лигата на шампиони поради строгите правила на УЕФА за нормално функционирање на младинската школа, но и покрај тоа, клубот не губи надеж и има за цел во што подобро светло да се прикаже во елитата. После историската сезона во која Комо избори место во европската елита, јасно е дека тимот на Фабрегас мора да напредува, па денеска пристигнаа две големи ...
Шпанските тимови им одржаа лекција на двата финалисти од Лигата на шампионите оваа вечер, со тоа што Бетис го победи Арсенал со 3:1, а Мајорка го надигра актуелниот европски првак со 3:0. Во еден видно изменет состав со малкумина стартери во тимот, ПСЖ настрада на гостувањето кај новиот второлигаш Мајорка и загуби 3:0, но во еден доста поизрамнет меч кога се стартерите во прашање, Арсенал беше надигран од Бетис. Шпанскиот прволигаш славеше со ...
Еди Хау реши да стави крај на соработката со Њукасл после две турбулентни лета, а откако се раздели со клубот по цели пет години работа на „Ст. Џејмс парк“, клубот тргна во потрага по тренер кој негува сличен стил на игра. Директниот и напаѓачки стил на игра на Еди Хау целосно се совпаѓаше со филозофијата на Њукасл, па „страчките“ проценија дека тимот треба да продолжи во ист правец со тренер кој ќе се држи до главните карактеристики. Од ...
Манчестер Сити го победи тимот составен од фудбалски ѕвезди од Јужна Кореја со 3:1 во подготвителниот натпревар кој се одигра денеска, а бидејќи полека се ближи завршницата од подготовките за новата сезона, играчите имаат се помалце време за да ја темпираат формата во пресрет на првото коло. Сити ќе биде навистина интересен за гледање после десетгодишната етапа во која владееше Пеп Гвардиола, па иако е премногу рано да се извлекуваат било ...
Македонскиот вицешампион Шкендија утре ќе игра против Хибернијан во шкотска во третото квалификациско коло во Конференциската лига, а стандардната увертира за овој прв натпревар донесе административни проблеми за тетовци. Првиот тренер Артим Положани не отпатува со тимот во Шкотска и не се појави на денешниот прес кој го одржа Куштрим Вока, па не го водеше ни завршниот тренинг пред утрешниот натпревар. Причина за тоа е административен проблем ...
Полните стадиони во Германија се препознатлива глетка за сите натпревари кои се играат во Бундеслигата, но истото важи и за натпреварувањата во вторите и третите лиги и тоа е резултат на една фудаблска култура која ја негува оваа земја со децении. Иако Германија има една од најстабилните економии во светот и жителите можат да си дозволат поскапи билети, клубовите покажуваат класа и постојано демонстрираат дека фудбалот се игра за фановите, па ...
Башкими на ужасен начин ја отвори новата натпреварувачка сезона и прими шест гола на гостувањето во Кратово, натпревар кој го вклучи алармот во Куманово и покрај тоа што стануваше збор за воведна рунда. Катастрофалниот пораз од 6:0 ја натера клупската управа да реагира и да ангажира речиси целосно нов тим, па така денеска беа претставени десет нови фудбалери кои ќе конкурираат во првиот тим на Башкими. Кумановскиот клуб направи голема ...
Леандро Паредес не правеше пауза и експресно се врати на клупските предизвици со Бока Јуниорс, а иако одигра само три натпревари, на два од нив се најде во фокусот поради агресивно однесување. Искусниот играч за врска има краток „фитиљ“ и тоа го покажа и по финалето на Светското првенство, но со таквото однесување продолжи и на настапите за својот клуб. Откако влезе во клинч со главниот судија на мечот со О’Хигинс, Паредес „пожолте“ поради ...
Џовани Малаго спречи ангажман на Андреа Пирло и со таквиот потег предизвика вистински потрес во италијанскиот фудбал, но како што самиот ја закомплицира работата, така реши и самиот да решава работи за кои првично задолжи други луѓе. После само 16 дена во репрезентацијата, Паоло Малдини и Леонардо си поднесоа неотповикливи оставки поради фактот што останаа без својот избор за селектор, па новите директорски функции мораше да бидат пополнети ...
Милан и Интер денеска одиграа без победник во Перт и миланското дерби во Австралија заврши со резултат 1:1, а по средбата пристигна една симпатична сцена која стана вирален хит. Лука Модриќ ги одигра првите минути по крајот на Светското првенство и полека фаќа ритам за тоа што следи, но после одиграни 30 минути, најмногу внимание привлече со реакцијата која ја имаше по последниот судиски свиреж. Модриќ редовно е мета на голем број ривали за ...
По воведните обврски кои ги имаше ова лето во Европската лига, македонската одбојкарска репрезентација се подготвува за најголемото што следи оваа година, настапот на Европското првенство. Селекторот Јошко Миленкоски избра 18 одбојкари и денеска стартуваа подготовките во хотел „Монтана“ во Крушево, па оттаму селекторот ја испрати и првата порака за големиот турнир кој следи. – Мојата методологија на работа е добро позната за секој од вас. ...
Брахим Дијаз се врати на тренинзите на Реал Мадрид по патувањето кое го имаше на Светското првенство и брзо се адаптираше на новите методи кои ги активираше Жозе Мурињо, тренер кој пристигна во шпанската престолнина со цел да ги смири страстите и да ги стави фудабалските ега на големите ѕвезди во втор план. Поради големото искуство и традицијата на освојување трофеи, Флорентино Перез реши да му даде втора шанса на Мурињо во Реал Мадрид, па ...
Атлетико Мадрид е во напредни преговори за продажба на Матео Руџери и Нахуел Молина, а паричните средства кои планира да ги добие за овие двајца фудбалери, има за цел комплетно да ги пренамени за аргентински репрезентативец. Кути Ромеро е на излезни врати од Тотенхем и самиот побара трансфер на крајот од сезоната, па бидејќи сите во клубот сакаат да му ја исполнат желбата, во моментов се чека само понудата која ќе ги задоволи сите страни. ...
Трансфер сагата „Јан Диоманде“ полека влегува во самата завршница, откако денешните преговори меѓу двата клуба завршиле онака како што сите страни очекувале. Познатите инсајдери од Германија и Шпанија уверуваат дека репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска сега има отворен пат кон шпанската престолнина, и тоа како најскап фудаблер во историјата на Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ досега плати најмногу во својата историја за Џуд Белингам ...
Лука Модриќ на стартот на месец јуни изгледаше како фудбалер кој е поблиску до пензија, отколку до било кој друг клупски проект, но по крајот на Светското првенство работите се променија и легндарниот Хрват одлучи да игра барем уште една сезона. По силно инсистирање на Милан и тренерот Рубен Аморим, Модриќ се врати во Милано и потпиша нов едногодишен договор со „росонерите“, па сега пред сезоната во која ќе треба да се лечат незараснатите ...
Македонската кошкаркарска Федерација пред извесно време соопшти дека постојат три должници кои не ги исполниле своите обврски за лиценцирање во предвидениот рок, но откако мина и рокот за желба, денеска пристигна информација дека два клуба ги подмириле обврските, а еден нема да биде дел од Суперлигата. Со оглед на тоа што ТФТ Скопје и Маџари веќе најавуваат засилувања и формираат тимови за регионалните натпреварување, јасно е дека овие два ...
Винисиус Жуниор засега не ја прифаќа понудата од Реал Мадрид вредна 22 милиони евра по сезона за продолжување на договорот, а бидејќи целта на Бразилецот е да се приближи до оние 30 милиони евра кои му се загарантирани на Килијан Мбапе, се повеќе се отвора можност тој да биде продаден до крајот на ова лето. Ако не се пронајде компромисно решение меѓу двете страни во наредните неколку дена, за очекување е Флорентино Перез да ги прекине ...
Џани Инфантино доби многу фудбалски непријатели поради заткулисните игри кои ги водеше по крајот на финалето на Светското првенство, откако самиот најави предлог-проект кој ја крена на нозе цела спортска јавност. Првиот човек на ФИФА објави дека се разгледува продажба на дел од првавата на Светските првенства и дека планот е истите да се отстапат на богати милијардери од САД, па откако овој негов план беше „бомбардиран“ од разни Федерации, ...
Стефанос Циципас веќе некое време ја бара посакуваната форма и ритам, но неговиот квалитет, знаење е неспорен и прашање е кога ќе се врати меѓу најдобрите на светот и ќе биде конкурентен за пехари. Гркот низ досегашната кариера има водено доста битки со Новак, вкупно 15 на кои има забележано само 2 победи. Циципас ја фати најдобрата верзија од Ѓоковиќ, па воден од тоа испрати комлименти на адреса на српскиот ас споредувајќи го со славниот ...
Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер размислува и за иднината, па дел од првата екипа во новата сезона ќе бидат талентираните Наум Марковски и Лео Созовски. Се работи за двајца млади играчи во кои клубот има доверба и потврда за тоа е што трета сезона ќе бидат дел од првата екипа. Претходно „зелено-белите“ го ангажираа Тане Спасев за предводник на екипата, а беа доведени Виктор Златевски, Коста Кириловски, Иван Сапунџиев, Благој ...
Манчестер Јунајтед внимателно ги бира трансферите во овој преоден рок, но очекувањата се дека ќе доведе уште некое име со кое дополнително ќе ја засили конкуренцијата. Премиерлигашот во исто време треба да донесе одлука за дел од играчите, дали ќе ги продаде, а во прв план е Маркус Рашфорд. Офанзивецот имаше добра сезона во Барселона, ама шпанскиот тим не го откупи неговиот договор и офанзивецот повторно се враќа на „Олд Трафорд“. Тој од 2025 ...
Премиерлигашот Арсенал ќе го добие потписот на капитенот на Њукасл Бруно Гимараеш што е јасен показател дека „топчиите“ со огромни амбиции ќе ја дочекаат натпреварувачката 2026/2027. Бруно за сума од 75 милиони фунти ќе слета на „Емирејтс“, трансфер со кој Арсенал добие еден проверен, квалитет играч, репрезентативец на Бразил, фудбалер со кој средината на теренот ќе биде уште посилна. Шампионот во успешна акција: Арсенал договори екстра ...
Интер се обидува да состави што подобар тим за престојнава сезона или поточно да го надгради истиот со идеја и цел да се остварат што подобри резултати, да се освојат титули во натпреварувачката 2026/2027. „Нероаѕурите“ се во акција за уште неколку трансфери, засилувања, но во исто време има и понуди за нивните играчи. Реномираната „Газета Дело Спорт“ пренесува дека Интер одбил богата понуда вредна 40 милиони евра од Брентфорд за Александар ...
Наполи и Рома се две екипи кои ќе ја претставуваат Италија во Лигата на шампионите во новата сезона, два клуба кои направија значајни потези на трансфер пазарот. Поранешниот тим на Елиф Елмас се ослободи од левиот бек Мигуел Гутиерез и тоа по само една година. Наполитанците ја прифатија понудата на бундеслигашот Баер Леверкузен вредна 30 милиони евра. Шпанецот пак потпиша договор со „фармацевтите“ до 30 јуни 2031 година. „Волчицата“ од друга ...