Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Директорот Роберт Вељановски и актерката Трајанка Илиева-Вељиќ на денешната прес-конференција ја најавија првата премиера во годината во која Драмски театар го прославува големиот јубилеј – 80 години од основањето на Театарот. Премиерата на претставата „Драми на принцезите – Џеки“ ќе се игра в петок, 13 февруари, во 20 часот на Малата сцена на Драмски. „Драми на принцезите – Џеки“ е монодрама на режисерката Жива Бизовичар од Словенија. ...
На 10.02.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека од објект во изградба на подрачјето на Центар, односно каде се изведувале градежни работи за подземен булевар, во период од еден месец се одземени бакарни кабли со должина од два километри и вредност од околу 200.000 евра. По преземени мерки, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.М.(68) од ...
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Од нив двајца во Скопје и по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола. Возачот во Гостивар е малолетник, како и еден од возачите во Скопје, кој управувал мотоцикл. Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се ...
“Како што најавивме втората фаза активности на ССМ заедно со работниците посветени на зголемување на работничките плати продолжува утре, на ден 12.02.2026 година (четврток) со блокада на Стопанската Комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис Конфедерацијата. Блокадата ќе започне на раскрсницата пред Стопанската Комора во 12 часот, изјави Слободан Трендафилов од ССМ. И да не се грижат, повторно ќе бидеме 21 претставник на синдикатот ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски присуствуваше на обуката за наставници во центарското основно училиште „Свети Кирил и Методиј“, која се реализира во рамки на проектот „Нашите права“, проект на Република Словенија, насочен кон унапредување на образованието за човекови права и правата на детето. На обуката присуствуваа амбасадорот на Република Словенија во земјава Грегор Прескер, лидерот на проектот Бланка Јамнишек, ...
Денес се одржа онлајн состанок меѓу интерната и странската експертска комисија ангажирана од Министерството за здравство, во рамки на процесот за стручна анализа и испитување на посочените кардиолошки и кардиохируршки интервенции. Состанокот го отвори министерот за здравство Азир Алиу, кој ги информираше експертите за досегашниот тек на постапувањето, начинот на прибирање и стандардизација на документацијата за пациентите и целта на ...
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и компанијата „Панекс експо“ ДООЕЛ и годинава потпишаа меморандум за соработка, со кој официјално се потврдува организацијата на „Експо Илинден 2026“. Со овој меморандум се продолжува успешната соработка меѓу Општината и Панекс експо, со што втора година по ред ќе се одржи овој регионален економски саем чија цел е понатамошно зајакнување на локалниот економски развој преку поврзување ...
После завршената комисиска расправа, на денешната пленарна седница финално се усвои предлог-законот на Левица за укинување на дискреционото право на директорите при вработување, известуваат од партијата. Со поддршка од сите парламентарни партии, ова е чекор кон конечно развивање дијалог кога се работи за закони кои се од ОПШТО ДОБРО за сите граѓани. Подобро и прогресивно општество се гради само преку вреднување на трудот на најквалитетните ...
ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ 2026 Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој и оваа година е редок по своите ретки 28 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по ОСМИ пат ќе се обидеме да се сретнеме со храбрите приказни и поблиску да Ве запознаеме со сите оние кои живеат со предизвиците и проблемите кои се невидливи. Ајде да започнеме нова страница во разбирањето и емпатијата, бидејќи ...
На 3 април, на сцената на Македонскиот народен театар, гостува Драмата при Словенечкото народно гледалиште од Марибор (СНГ) со монодрамата „Безгрешна“ (Immaculata), сценско остварување инспирирано од романот „Маријиниот завет“ на Колм Тојбин и создадено како омаж на големиот и прерано починат режисер Томаж Пандур. Гостувањето е дел од програмата со која МНТ продолжува со одбележувањето на својот јубилеј – 81 година од постоењето, во рамки на ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на РС Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово, на околу 45 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.6 Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот најмногу е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината, во ...
Се со цел да се спречи индустриско нелегално производство на медицински канабис и пласман кон нелегалниот домашен и меѓународен пазар, Владата на 149. седница ја разгледа информацијата во врска со лиценци за производство на канабис за медицински цели, ги донесе следните заклучоци: Владата ги задолжи институциите во рамките на своите надлежности да ги преземат сите законски утврдените мерки и активности и да извршат вонредни контроли на сите ...
Владина делегација во состав Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт и врски, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам; Муамет Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање; како и градоначалниците на Општина Охрид и Општина Струга, Кирил Пецаков и Менди Ќира, вчера и денес престојуваа во работна посета на Париз, каде ...
Албанскиот театар – Скопје, во соработка со Францускиот институт во Скопје, ја најавува театарската претстава „Носорози“ од Ежен Јонеско, која ќе се одржи во четврток, 12 февруари 2026 година, со почеток во 20 часот, во Албанскиот театар – Скопје. „Носорози“ е едно од најзначајните дела на театарот на апсурдот и силна алегорија за искушението на конформизмот и губењето на индивидуалноста. Оваа нова продукција на Албанскиот театар – Скопје е ...
Денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини потпишаа Меморандум за соработка за дигитално поврзување помеѓу Вишиот и Управниот суд со јавните органи, преку софтверската платформа ЕПУС. Целта на овој Меморандум е ефикасно и економично постапување во управно – судските постапки, преку создавање услови за навремена размена на акти и списи, поедноставување и забрзување на ...
На веб-страницата на НУ Драмски театар Скопје е објавен годинешниот Конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најуспешен драмски текст од млад македонски автор на возраст до 30 години. Конкурсот ќе биде отворен до 28 февруари 2026 година. Во духот на традиционалната поддршка кон младите драмски уметници и поттикнување на пишување нови драмски текстови, НУ Драмски театар ја доделува наградата во чест на големиот драмски автор, Горан ...
Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе постапува согласно констатираните забелешки и препораки во извештајот за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2024 година на ДСЗИ, изготвен од Државниот завод за ревизија. Имено, во делот на забелешките кои се однесуваат на инспекциските надзори, кои се од техничка природа се дадени насоки до сите подрачни одделенија овие забелешки во иднина да бидат ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието, најави дека покрај Законот за измена на Законот за минимална плата, пратеничката група на СДСМ и коалцијата ќе поднесе и Закон за измена на Законот за административни службеници, со цел да се врати достоинството и независноста на законодавниот дом. „Ќе поднесеме Закон за измена на Законот за административни службеници, ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на договорот на Владата со синдикатите, изјави: „Па овој договор на Владата со синдикатите значи уште еден историски договор, дека во следните две години и неколку месеци, односно почнувајќи од април 2026 до април 2028, околу единаесет илјади луѓе од администрацијата и од службите во судовите и обвинителствата ќе добијат околу 40% повисока плата, ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и претставници на Град Скопје денес одржаа работна средба со делегација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, предводена од Едвард Андерсон, шеф на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците. На средбата присуствуваа и членовите на делегацијата Алексеј Гавриш, Емили Гели и Африм Бајрами. За време на средбата беа разгледани можностите за унапредување на соработката помеѓу Град Скопје и ОБСЕ, со ...
На 10.02.2026 околу 02:45 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во куќа на подрачје на Бит Пазар во Скопје, откако пристигналa екипа од лекар, медицинска сестра и возач по претходно барање за укажување на лекарска помош на женско лице, а кај кое констатирале смрт, сопругот на почината Е.Б.(40) и братот Б.Н.(39), двајцата од Скопје, им упатиле закани. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки на денешната седница на Владата, изјави: „Па да, јас тоа го најавив дека во периодот којшто следи ќе се направи проверка и во други објекти. Денеска на Влада ќе се донесе тоа задолжение. Јас поради други активности нема да ја водам денешната седница, ќе ја води потпретседателот ...
31-вото издание на Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл прикажува загрижувачка слика на долгорочен пад на лидерството во справувањето со корупцијата, со ограничени знаци на напредок. Корупцијата се влошува на глобално ниво, при што дури и воспоставените демократии бележат раст на корупцијата поради пад на лидерството, покажува Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2025 година на Транспаренси Интернешнл, ...
Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски во времето на СЈО се однесувале како авторитети а денес се претставуваат како жртви, додека Кaтица Јанева предметите ги распоредувала по насока на Зоран Заев и СДС, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Според сведочењето на поранешната обвинителка во СЈО Лејла Кадриу на почетокот на работата на СЈО биле избрани само 7 од предвидените 12 обвинители, а останатите 5 биле приклучени за многу кратко време исклучиво само и ...
Јавно предупредуваме за опасни политички маневри кои се случуваат во Македонија. Очигледни се напорите на ВМРО да го рехабилитираат и вратат во земјата осудениот бегалец Никола Груевски. Христијан Мицкоски е привремен чувар на фотелјата за вистинскиот газда на ВМРО. Станува збор за внимателно планирана операција која ги поткопува темелите на нашата правна држава, реагираат од СДСМ. Како се прави сето ова за Груевски да се врати во земјата? ...
ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ 2026 Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој и оваа година е редок по своите ретки 28 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по ОСМИ пат ќе се обидеме да се сретнеме со храбрите приказни и поблиску да Ве запознаеме со сите оние кои живеат со предизвиците и проблемите кои се невидливи. Ајде да започнеме нова страница во разбирањето и емпатијата, бидејќи ...
На сцената на Македонскиот народен театар на 1 април, во рамките на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалиште од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски. Претставата е псевдобиографска комична драма за еден од најславните композитори на сите времиња, напишана од англискиот драматург, сценарист и ...
Утрово започна најавениот протест на чело со Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, кој остро ги критикуваше пратениците обвинувајќи ги дека веќе две години го блокираат синдикалниот предлог за зголемување на минималната и на сите останати работнички плати, за најмалку 600 евра. „Добро утро на сите, освен на пратениците. Зошто освен на пратениците? Затоа што 2 години го блокираа предлогот на ССМ ...
Комуналните инспектори и редари на Општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини. На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар. Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне ...
Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите заинтересирани да аплицираат за поддршка на спортските активности и афирмација на младите спортисти. „Спортот е основа за здрав живот на сите генерации, но најмногу за правилен развој на нашата младина. Фокусот го ставаме токму на тоа, на поддршка и градење на тимскиот дух кај ...