Според информациите дадени од познатиот аналитичар Марк Гурман, технолошкиот гигант од Купертино интерно развива проект со кодно име „Campos“. Целта е целосно да се замени застарениот систем „Siri“ со модерен интерфејс што ќе им овозможи на корисниците да водат течен, природен и сложен разговор. Интересно е што „Apple“ не влегува во оваа авантура сосема сам. За да ја стигне конкуренцијата, „Apple“ склучи партнерство со „Google“, па затоа ...

Акциите на „Ubisoft Entertainment“ се во најголем пад во историјата откако производителот на „Assassin’s Creed“ изјави дека ќе откаже игри, ќе затвори студија и ќе ја намали прогнозата, објави „Bloomberg“. Францускиот производител на игри очекува да пријави загуба пред оданочување од 1 милијарда евра во фискалната 2025-2026 година како резултат на реструктуирање предизвикано од еднократно отпишување од околу 650 милиони евра, соопшти ...

Малите продажни објекти, како што се тобако продавниците, киосците, мини маркетите и другите мали семејни бизниси ќе бидат сериозно погодени од новиот Зaкон за заштита од пушење и ќе се соочат со сериозни дополнителни трошоци и загуби поради кои дел ќе треба да отпуштаат вработени, а дел ќе бидат принудени целосно да ги затворат продавниците. Според сопствениците на ваквите мали продажни објекти, одредбите од предложеното законско решение кои ...

Економијата има потреба од раст на населението и формирање нови семејства за да генерира економски раст. Колку и да е привлечно да се замисли помалку луѓе, помали толпи и помалку метеж на патиштата и аеродромите, опасностите од намалување на населението (како опасностите од дефлација) се помалку се зборуваат, но не се помалку опасни. Демографите велат дека бројот на раѓања по жена треба да достигне најмалку 2,1 (т.н. вкупна стапка на ...

Од Асоцијацијата за е-трговија спроведоа истражување за онлајн купувањето во земјите од Западен Балкан. Главните наоди покажуваат дека над 63 отсто од Македонците купуваат онлајн, но тука се отвори и прашањето а тоа е – дали купувачите од земјава се подготвени за е трговија со вештачка интелигенција? Податоците велат дека на ова поле и не сме баш добри. А причина за тоа се неколку работи, а како најбитна е дигиталната инфратруктура. ...

Еден од најточните описи на зимата во Македонија денес не доаѓа од статистика, туку од секојдневен разговор меѓу луѓето: штедиме на греење, се грееме на нерви. Реченица кажана со цинизам. Затоа што зад неа стои проста, а тешка реалнос: платите стагнираат, трошоците растат, а просторот за маневрирање кај семејните буџети одамна е сведeн на минимум. Во просечно македонско домаќинство, платата одамна не е мерка за животен стандард, туку за ...

Кога размислуваме за најзагадените градови во светот, ни паѓаат на ум слики од Делхи или Пекинг, но новите податоци открија акутни проблеми со загадувањето блиску до срцето на Европа, пишува The Guardian. Проф. Андре Прево, од Институтот Пол Шерер (PSI) во Швајцарија, објасни: „Во зима, загадувањето со честички на Балканот е највисоко во Европа. Нивоата на загадување со честички често се повисоки отколку во Пекинг, а во некои денови се меѓу ...

Студот не секогаш доаѓа од времето. Понекогаш доаѓа однатре. Од она чувство што те стега во градите кога детето ќе те праша дали ќе му купиш нова јакна, а ти однапред го знаеш одговорот. „Се срамам што не можам да му купам нова јакна“, напиша една мајка на социјалните мрежи. И тука не станува збор за луксуз. Станува збор за нешто основно. За топлина. За чувство на сигурност. И за срам – збор што ретко се појавува во економските статистики, а ...

Европската комисија во петокот објави дека ќе предложи ново шестмесечно одложување на европскиот пакет реципрочни трговски мерки против Соединетите Американски Држави, во вредност од 93 милијарди евра, кои требаше да стапат на сила на 7 февруари. Пакетот подготвен во првата половина од минатата година, додека Европската Унија преговараше за трговски договор со Вашингтон, веќе беше суспендиран еднаш за шест месеци кога двете страни на ...

Ако губењето на тежината го доживувате како постојана борба со гладот, вагата и чувството на вина – не сте сами. И не сте вие проблемот. Проблемот е што слабеењето сè уште често се прикажува како краткорочен проект што мора да боли, наместо како процес што може да се одржи. Професионални институции како Клиниката Мајо и Медицинскиот факултет на Харвард со години предупредуваат на истото: повеќето луѓе губат тежина на начин што не функционира ...

„Lamborghini“ постави нов рекорд во продажбата на автомобили. Оваа година, компанијата направи нешто необично, не кажува колку од секој модел продал. Италијанската компанија за супер автомобили едноставно објави дека продала 10.747 автомобили во 2025-та година. Ова е трета година по ред како брендот ја надминал границата од 10.000, иако се подобрил само за 60 единици во однос на минатогодишниот вкупен број. Се верува дека теренецот „Urus“ бил ...

Мобилните игри долго време се сметаа за неоспорни владетели на „App Store“ и „Google Play Store“. Сепак, според најновите податоци објавени од „TechCrunch“, доминацијата на индустријата за игри е завршена. Главниот „виновник“ за ова тектонско нарушување е вештачката интелигенција (ВИ). Со децении, наслови како „Clash of Clans“ или „Candy Crush“ го генерираа најголемиот дел од нивниот профит преку микротрансакции. Сепак, трендовите во 2025-та ...

Профитот на „Ericsson AB“ во четвртиот квартал ги надмина проценките на аналитичарите, бидејќи напорите на шведскиот производител на телекомуникациска опрема да ги намали трошоците и да ги зголеми маржите се исплатија, објави „Bloomberg“. Прилагодената заработка пред камати, даноци, амортизација и депрецијација (EBITDA) се зголеми за 24 проценти на 12,7 милијарди круни (1,4 милијарди долари), во споредба со претходната година. Тоа беше над ...

САД ќе имаат 25% удел на пазарот на течен гас во 2025-та година и се обидуваат да ја зацврстат својата лидерска позиција, според извештајот за развојот на пазарот на гас подготвен од Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Во него се привлекува вниманието кон бумот на пазарот на течен гас во втората половина од 2025-та година, кога залихите ќе се зголемат за 10% на годишно ниво, или 28 милијарди кубни метри. Ова, исто така, го поддржа падот ...

Доларот ја задржува својата круна како водечка валута во светот и покрај постојаната неизвесност околу политиките на американскиот претседател Доналд Трамп. Уделот на валутата во вкупните меѓународни трансакции се зголеми на 50,5% во декември, во споредба со 46,8% еден месец претходно, според најновите податоци од финансиската платформа „Swift“, цитирани од „Bloomberg“. Тоа е исто така најголемиот удел за американската валута од 2023-та ...

Во просториите на ЕВН Македонија, во присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, беше означен почетокот на проектот ПУЛС – Жените двигатели на енергетската транзиција, кој е насочен кон јакнење на улогата на жените и унапредување на родовата инклузивност во енергетскиот сектор. Со поздравно обраќање, настанот го отвори Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г. Волфганг Маиер, ...

One Macedonia, подружница на унгарската 4iG Групација, официјално ја доби националната лиценца за работа како трет мобилен оператор во земјата. Лиценцата денеска свечено беше врачена на церемонија организирана од Агенција за електронски комуникации (АЕК), со што се означува почетокот на долгорочна стратешка инвестиција во екосистемот за поврзаност на Северна Македонија. На настанот присуствуваа претставници на Агенцијата за електронски ...

Тој без стан, таа без работа, ама свадба од 10.000 евра. На прв поглед звучи како злобна карикатура, но за многу млади парови во Македонија тоа е сурова реалност. Сликата е позната: изнајмен стан или соба кај родителите, нестабилни примања, кредити што демнат уште пред да се земе првиот… и паралелно со тоа свадбена прослава што мора да „личи на нешто“. Да биде голема. Да биде запаметена. Да има музика, декорации, фотографии, видеа, специјални ...

Собранието на Македонија денеска ги изгласа измените на Законот за прекршоци, со кои се овозможува целосно воведување на системот „Безбеден град“. За усвојување на промените гласаа 81 пратеник „ЗА“, додека 19 гласа беа „ПРОТИВ“. Со усвојувањето на законските измени, камерите во Скопје, Тетово и Куманово повеќе нема да служат само за мониторинг, туку ќе бидат директно поврзани со системот за санкционирање. Практично, тоа значи дека прекршоците ...

Како да се справите со лоша циркулација и постојано ладни стапала? Облекувањето во слоеви, топлите пијалоци, волнената облека, удобните водоотпорни чевли, капите, шаловите, ракавиците, не помагаат? Преминете на билни раствори! Лук за ладни стапала Тој ја стимулира циркулацијата и најдобро е да се јаде сиров, но можете да го додадете и во салати, супи, печено месо, риба… Лути пиперки Одличен штит против настинки, а тие исто така ја зголемуваат ...

Отворањето фирма отсекогаш било своевиден тест на храброст, но ако се направи споредба меѓу денес и периодот од пред една деценија, разликите не се само во бројки, туку и во чувството што го има човекот кога ќе застане пред шалтер, банка или компјутер и ќе си каже – ајде, тргнувам. Пред десет години, отворањето фирма во Македонија се продаваше како „лесно и брзо“. И навистина, административно гледано, процесот беше поедноставен отколку во ...

Македонија веќе подолго време се соочува со една непријатна реалност: најниската просечна плата во регионот. Според последните податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната нето плата изнесува околу 45.961 денари, што ја поставува земјата на дното во споредба со државите од поранешна Југолсавија како Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија. Во последните неколку години платите за прв пат имаа посериозна тенденција на раст, но тоа ...

Ако постои јадење кое Македонците го обожаваат, тоа се ќебапите. Иако нивната цена се зголеми така што денес ќе платите околу 300 денари за една десетка со кромид, малку кои нема да се почастат со ова јадење барем еднаш месечно. Но, научна студија покажува дека она што е напишано на парче хартија или пакување многу често има малку врска со она што всушност завршува во тањирот. Во 2022 година, научниците од Универзитетот за еколошки и биолошки ...

Неколку часа по неговиот агресивен говор на Светскиот економски форум во Давос во среда попладне, американскиот претседател Доналд Трамп навести зрак на деескалација во неговиот застој со Европа околу прашањето за Гренланд. Во објава на платформата Truth Social, Трамп објави дека ја повлекува својата закана за воведување тарифи против европските земји, повикувајќи на постигнување „рамка за иден договор“ за автономната територија на Данска, по ...

Американската економија порасна малку побрзо од првичните проценки во третиот квартал, соопшти американската влада, а воедно ги ревидираше и корпоративните профити нагоре. Според ажурираните податоци од Бирото за економски анализи на Министерството за трговија на САД, бруто домашниот производ порасна со годишна стапка од 4,4 проценти, што е најбрзо темпо од третиот квартал од 2023 година. Економистите очекуваа проценката да остане непроменета ...

Европската Унија тивко, но систематски ги заострува правилата за извоз на стари автомобили, а последиците директно ќе ги почувствува и македонскиот пазар. Новата европска регулатива, која веќе се подготвува за имплементација во земји како Германија, Словенија, Италија и уште неколку држави-членки, предвидува сериозни бариери за возила со висока километража и сомнителна техничка состојба. Во пракса, тоа значи дека голем дел од автомобилите што ...

Шведскиот производител „Volvo“ го претстави новиот електричен „SUV“ со средна големина „EX60“, кој е најважниот модел на брендот во последниве години. Тој ќе биде целосно електричен еквивалент на „XC60“ и треба да игра клучна улога во стратегијата на брендот во услови на забавување на побарувачката за електрични автомобили и преглед на плановите за целосна електрификација. Со платформа од 800 волти и импресивни бројки за перформанси, ...

Светскиот туризам достигна ново рекордно високо ниво во 2025-та година и покрај падот на туристичките пристигнувања во Северна Америка, соопшти Светската туристичка организација на Обединетите нации (ОН Туризам), цитирана од АФП. Бројот на меѓународни туристички пристигнувања низ целиот свет достигна 1,52 милијарди во 2025 година, што е зголемување од 4% во однос на претходната година, соопшти организацијата со седиште во Мадрид. Во исто ...

Утрото во Швајцарија за 43-годишниот Оливер Блажев почнува рано. Возот не чека, работниот ден не се поместува, а системот не простува доцнење. „Овде или си точен, или те нема“, вели тој. Веќе неколку години живее и работи таму и, како што самиот признава, одамна ги оставил илузиите дека животот на Запад е лесна приказна со брзи пари. Реалноста е поинаква. Почиста, поуредна, но и многу поскапа. Оливер работи во услужен сектор, работа која во ...

Подоле во целост ви го пренесуваме обраќањето на американската амбасадорка во заминување Ангела Агелер. “Драги мои пријатели, Пред три години пристигнав во Скопје како десетти амбасадор на САД во оваа прекрасна земја. Бев, и сè уште сум длабоко почестена од извонредната привилегија да ја претставувам мојата голема нација во вашата земја. Кога стапив на оваа улога, реков дека имам огромна верба во силата и храброста на народот на Северна ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.57
25%
1015
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
6.5
33%
1016
weather icon

Загреб

33ᴼ / 31ᴼ
2.57
26%
1015
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
3.6
30%
1018
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
4.75
25%
1018
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
1.0
29%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
9.26
42%
1014
weather icon

Тирана

35ᴼ / 34ᴼ
4.63
30%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
3.6
22%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
31%
1019
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 32ᴼ
3.13
22%
1016
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
12.35
60%
1015
Currency

61.4762

Currency

53.2218

Currency

72.0205

Currency

37.6704

Currency

38.3539

Currency

65.3905

Currency

7.89266

Currency

0.63222

Currency

0.33409

Currency

0.52502

Currency

1.11186

Currency

0.55759

Злато

140678.81

Калај

56.34

Иридиум

252383.36

Бакар

13.28

Цинк

0.00

Сребро

2080.30

Паладиум

41731.67

Рутениум

53852.50

Кобалт

45.39

Родиум

282926.57

Алуминиум

3.25

Платина

56103.05