
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Во руски напад со дрон врз автобус во Сумскиот регион загинаа девет лица, а четворица се ранети, соопштија утринава украинските власти, во инцидент што се случи неколку часа откако Москва и Кијив ги одржаа своите први директни мировни преговори во последните три години. „Ова не е само уште едно гранатирање, ова е цинично воено злосторство“, напиша украинската национална полиција во објава на Телеграм. Игор Ткаченко, шеф на воената администрација ...
„Па сè се чини дека во ова петминутно интервју грото од суштинските причини зошто Владата го споменува (Крис) Павловски беа „туширани“ од искрените одговори на гостинот. Или, поедноставно разоткриени се лагите на Владата. Тој нема влијание врз Трамп, нема деловни можности да се врзе за економските и политички големини во САД а одрекува дека има моќ за било какви влијанија на кои ја градеа својата слика за наводните добри иако одложени ефекти од ...
ТЕМА НА ДЕНОТ Пораки од Тирана: Санкции за притисок врз Кремљ, Путин несериозен во врска со мирот 47 лидери од Европа денеска присуствуваат на Европскиот Самит во Тирана. Тие едногласно најавија санкции против Русија и застанаа на страна на Украина. Путин не е сериозен во врска со мирот, ќе бараме безусловно 30-дневно примирје, санкциите се наша алатка за притисок врз Кремљ, беа пораките на Кит Стармер, латвиската премиерка Евика Силина, Урсула ...
Премиерот Христијан Мицкоски и премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер денеска во Тирана постигнаа согласност за договор за стратешко партнерство меѓу двете земји. Двајцата премиери оценија дека договорот ќе значи уште посилна соработка, поцврсти односи и можност за продлабочување на односите. – Драго ми е што имавме прилика да разговараме на овој билатерален состанок. Ова е мошне важно за нас. Имаме цврсти односи меѓу нашите две земји и ...
Европските лидери се согласија со претседателот на САД Доналд Трамп дека е неприфатлив ставот на Русија кон преговорите за прекин на огнот во војната против Украина и планираат заеднички да координираат одговор на тоа, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер. Стармер ова го изјави на самитот на Европската политичка заедница во Тирана. Русија и Украина денеска во Истанбул ги одржаа првите директни мировни преговори од почетокот на војната ...
Францускиот претседател Емануел Макрон објави на „X“ дека Владимир Путин повторно го отфрлил предлогот на САД за безусловно примирје, кое го поддржаа Украина и европските земји. Макрон ја даде изјавата по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, во кој учествуваа и Зеленски, Стармер, Мерц и Туск, веднаш по денешните разговори во Истанбул. -Со одбивањето на примирје и дијалог со Украина, Русија покажува дека не сака мир и ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази жалење за она што го нарече пропуштена можност за мир по кратките разговори меѓу делегациите од Русија и Украина денеска во Истанбул. – Оваа недела, имавме реална шанса да се придвижиме кон завршување на војната – само (рускиот претседател Владимир) Путин да не се плашеше да дојде во Турција, објави Зеленски на X од маргините на самитот на европските шефови на држави и влади во Албанија. I ...
47 лидери од Европа денеска присуствуваат на Европскиот Самит во Тирана. Тие едногласно најавија санкции против Русија и застанаа на страна на Украина. Кир Стармер: Путин не е сериозен во врска со мирот. Важно е да имате апсолутно единство со сојузниците. Треба да имаме прекин на огнот. Ако не дејствуваме заедно во врска со санкциите, нема да има прекин на огнот. Јасно е дека Путин сериозно не сака мир. Ќе разговарам со Зеленски тука, пренесе ...
Иницијативата „Кој е следен“ денеска пред Основното јавно обвинителство побара правда за настраданите во пожарот во Кочани. Од иницијативата поставија бело платно на кое беа испишани имињата на загинатите и повредените во пожарот. – Поминаа два месеца од најголемата трагедија во нашата историја. Најголемата трагедија која се случи пред наши очи. Денес го потсетуваме Основното јавно обвинителство, го потсетуваме системот, ја потсетуваме јавноста ...
За време на неговото патување на Блискиот Исток, американскиот претседател Доналд Трамп одржа историски состанок со привремениот лидер на Сирија, претседателот Ахмед ал-Шара, од кого очигледно беше воодушевен, и го нарече „млад, привлечен, жилав човек“ со „многу силно минато“, иако претходно, како борец на Ал Каеда, за неговата глава САД распишаа награда од 10 милиони долари, што предизвика силни реакции на социјалните мрежи. НОВО: Трамп штотуку ...
Процесот на проширување не им е неопходен само на земјите од Западниот Балкан, туку и на Европската Унија, за таа да може да расте и економски, но и како глобална сила, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас при пристигнувањето на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана. – Постои тој политички моментум во кој сите сакаат да видат дека процесот на проширување навистина се ...
Пред три дена, на 14 мај, опозициската СДСМ во Собранието поднесе предлог за Законско решение со кое би се обезбедила финансиска помош на семејствата на настраданите и на повредените во пожарот во Кочани. Предлогот не се усвои, односно, доби 18 гласа „за“, еден „воздржан“ и ниту еден „против“, пратениците од власта не гласаа за законот, односно предлогот не ја доби потребната поддршка од пратениците за да се најде на дневниот на собраниската ...
На денешен ден, 16 мај, се одбележува Денот на ромскиот отпор – ден на сеќавање и чест на храброста на Ромите кои се кренаа на бунт против нивното планирано погубување од нацистичкиот режим во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау во 1944 година за време на Втората светска војна. Во текот на Втората светска војна, илјадници Роми беа депортирани, затворани и систематски уништувани од нацистичката машинерија. Еден од најмрачните симболи на тој ...
Украина ќе добие 84 милиони долари од Светската банка за обнова на оштетените станови во војната со Русија, објави Министерството за финансии на 15 мај. На 2 април, премиерот Денис Шмихал објави дека Украина ќе добие 432 милиони долари финансирање од Светската банка за помош во обновата на транспортната инфраструктура оштетена за време на војната. Најновото финансирање е дел од проектот на Светската банка „Поправка на станови за јакнење на ...
Во Тирана денеска се одржува Европскиот политички самит, во кој учествуваат 47 лидери од цела Европа. Веќе пред почетокот на самитот, европските лидери едногласно најавија санкции против Русија, пишуваат албанските медиуми. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека дијалогот меѓу Косово и Србија и ситуацијата на Западен Балкан „дефинитивно ќе бидат тема на дискусија на самитот на Европската политичка заедница во Тирана, пренесуваат ...
Од плоштадот „Скендербеј“ во Тирана, во рамки на во рамките на Европскиот политички самит, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската унија работи на нов пакет санкции против Русија, во обид да го зголеми притисокот врз претседателот Владимир Путин и да наметне прекин на огнот во Украина, пишуваат албанските медиуми. „Санкциите се наша алатка за притисок врз Кремљ. Путин постојано покажуваше дека нема ...
Украински и руски претставници се сретнаа лице в лице во Истанбул, ова е прв пат делегати од двете земји да се сретнат лично од 2022 година, пренесува Би-би-си. Немаше ракувања пред состанокот и има малку очекувања за пробив, но ова е чекор напред, пишува дописничката Орла Герин Турски претставници, вклучувајќи го и министерот за надворешни работи Хакан Фидан, ги олеснуваат мировните преговори Русија и Украина можеби се во иста просторија, но ...
Министерството за здравство попладнево информира дека уште четворица пациенти, кои беа повредени во пожарот во Кочани, се враќаат од странство и ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. – Поконкретно, еден од пациентите пристигна во тек на вчерашниот ден од Софија, двајца пациенти се враќаат денеска од Белград, а четвртиот пациент треба да пристигне утре од ...
Меѓународната конференција „Сребреница – совеста на светот“, во организација на Странката на демократска акција на Македонија (СДА), ќе се одржи утре, 17 мај, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, со почеток во 12 часот. Геноцидот во Сребреница претставува систематско масовно убиство на повеќе од 8.300 бошњачки мажи и момчиња од страна на вооружените сили на босанските Срби во јули 1995 година, за време на Босанската војна. Овој чин останува ...
Во партијата се води силна дебата, мнозинството од структурите не се согласуваат со одлуката на Арбен Таравари да ја напушти Владата и повторно да им се приближи на ДУИ и Европскиот фронт, рече вечерва првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. Меџити во интервју за централниот дневник на Алсат М ја оцени како необјаснива и нетранспарентна одлуката на Таравари, алудирајќи дека можеби е ...
Најмалку 13 лица беа повредени кога возач изгуби контрола и се заби во публика собрана пред фудбалски натпревар помеѓу РЦД Еспањол и градскиот ривал ФК Барселона, соопшти полицијата во четврток, пренесува Ројтерс. Полицијата соопшти дека луѓе биле повредени кога возилото се забило во публиката пред фудбалскиот стадион РЦД Еспањол во Барселона на почетокот на натпреварот. Во соопштението на социјалната мрежа X полицијата додаде дека инцидентот не ...
Индија разгледува планови за драматично зголемување на водата што ја црпи од голема река што ги храни пакистанските фарми низводно, како дел од одмаздничка акција за смртоносниот напад врз туристите во април, за кој Њу Делхи го обвинува Исламабад, објави ексклузивно Ројтерс според четири лица запознаени со ова прашање. Делхи го суспендираше своето учество во Договорот за водите на Инд од 1960 година, кој го регулира користењето на речниот систем ...
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик за австрискиот „Профил“ изјави дека се бори за правата на својот народ, но дека против него и некои српски политичари се христијанин Шмит и муслимани „кои би претпочитале да го стават српскиот народ во концентрационен логор како во Втората светска војна“. „Во тоа време, многу муслимани, заедно со Хрватите во редовите на фашистичките усташи, ги прогонуваа Србите. Муслиманите во Босна и Херцеговина ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека рускиот лидер Владимир Путин не бил во право што не присуствувал на разговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул и вети дека ќе воведе нови санкции врз Москва, пренесува Си-ен-ен. Разговорите започнуваат во петок и се прв пат завојуваните страни да одржат директни разговори на кое било ниво откако Москва ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година. Путин ги игнорираше разговорите ...
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Еуроњуз се осврна на економската состојба во Македонија и животниот стандард на македонските граѓани. Според него, како што информираат од владината прес-служба, македонските граѓани живеат тешко, како и останатите жители на регионот, но она што е разлика е дека се враќа надежта. -Граѓаните живеат тешко, како и сите во регионот, но она што е разлика од пред една година е тоа што се враќа конечно ...
Најмалку 50 лица се убиени во пријавената израелска офанзива во северна Газа, според агенцијата за цивилна одбрана управувана од Хамас, пренесува Би-би-си. Палестинците на север велат дека Израел започнал голем копнен, воздушен и поморски напад во раните утрински часови во петокот; Израелската војска сè уште не коментирала Според локалните жители, нападот започнал со бараж од чадни бомби, проследен со интензивно артилериско гранатирање од ...
Премиери, претседатели и високи функционери од 47 земји на европскиот континент се собираат денеска во Тирана на Самитот на Европската политичка заедница. Овој важен настан ќе ги собере лидерите од Лондон до Киев, од Осло до Анкара, за да разговараат за клучни прашања за иднината на Европа. За непречено одвивање на овој настан, Државната полиција презеде низа мерки со блокирање на патиштата и пренасочување на сообраќајот на некои од нив. Денес, ...
Високиот американски дипломат Марко Рубио за Би-би-си, изјави дека САД се „загрижени“ од хуманитарната ситуација во Газа. Неговите коментари дојдоа откако најмалку 114 Палестинци беа убиени во израелските воздушни напади во четврток, соопштија здравствените службеници. На прашањето од Би-Би-Си дали администрацијата на Трамп целосно останува зад природата на воената акција на Израел со оглед на обемот на неодамнешните израелски напади и ...
Граѓани и студенти, кои бараат ослободување на активисти кои се во притвор веќе два месеца, утрово ги блокираа судските згради во Нови Сад и Ниш, а најавени се протести и во Белград и Крагуевац. Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад, пред осум часот утрово, имаше турканица со полицијата која се обидуваше да им овозможи на вработените да влезат. Novi Sad Policija primenjuje nasilje ❗👇 pic.twitter.com/xqKX4kJmTS — Ne lomite mi ...
ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ По посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на Скопје и на Тирана, повторно станува болно јасно каде сме ние, а каде одат другите. На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, Кошта беше дециден: „Уставните измени мора да се случат за да продолжи европскиот пат на Македонија. Нема план Б.“ Истовремено, во Тирана, Кошта заедно со Еди Рама зборува за тоа дека Албанија може да биде дел од ЕУ ...