Хрватската социјалдемократска партија се огласи по концертот што го одржа Марко Перковиќ Томпсон на загрепскиот хиподром, наведувајќи дека сите биле сведоци на срам од целиот свет. Како што пренесува klix.ba, во соопштение за медиумите, СДП изјави дека мора јасно да се дистанцира од историскиот ревизионизам. „Наместо да го искористиме вниманието на јавноста и организацијата на концертот како единствена можност силно и јасно да се дистанцираме од ...

Реакција на Коалиција Маргини: Да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не само што не нуди решение, туку го засилува проблемот. Текстот го пренесуваме во целост: „Остро ја осудуваме изјавата на Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца, младите ќе стапуваат во брак, а оние кои што се отселени ќе се вратат“. Ова е далеку ...

Притиснат од огромниот број негативни реакции во јавноста, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема да има воведување на посебен данок за немажени и неженети лица, како што само пред три дена претходно објави самиот тој. Ретерирајќи од сопстената изјава, Мицкоски се извини, како што рече „ ако некој погрешно погрешно ја протолкувал неговата иницијатива“. Нема да има никакво финансиско оптоварување за оние кои се немажени или ...

Беспилотни летала ја нападнале руската црноморска флота во пристаништето Новоросијск во Краснодарскиот крај ноќта на 6 јули, објави рускиот медиум Астра. Украина официјално не коментира за пријавените напади, а Кијив Индипендент. не можеше независно да ги потврди тврдењата. Во градот неколку часа бил огласен воздушен аларм, а воздушната одбрана била активна. Последиците од нападот сè уште се утврдуваат, според Астра. Медиумот, исто така, објавил ...

Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ. Тие се одговорни за нивното молчење, самодоволство и неактивност, пишува Роман Шеремета, вонреден професор по економија на Универзитетот Кејс Вестерн Резерв и поранешен основачки ректор на Американскиот универзитет во Кијив. Шеремета го цитира рускиот дисидент и еден од најголемите шахисти на сите времиња, Гари Каспаров, кој го кажа тоа јасно на Јавниот форум на НАТО: ...

Австралискиот премиер вети дека ќе преземе строги мерки по очигледниот напад со палење во синагога во Мелбурн. Снимките покажаа маж како истура течност на влезната врата од синагогата пред да ја запали во петокот вечерта. Околу 20 луѓе кои вечерале внатре во тој момент биле евакуирани без повредени. Мажот е обвинет и треба да се појави на суд, објави Би-би-си. Полицијата, исто така, се обидува да утврди дали инцидентот е поврзан со напад врз ...

За прв пат по повеќе од една деценија владеење, кинескиот лидер Си Џинпинг – кој го направи БРИКС централен дел од неговиот обид за преобликување на глобалната рамнотежа на моќ – нема да присуствува на годишниот собир на лидерите на големи економии во развој започнува во Бразил во недела, пренесува Си-ен-ен. Истовремено, во Рио нема да биде присутен и рускиот претседател Владимир Путин, кој ќе се приклучи само преку видео врска поради тоа што ...

ОЛИВЕР АНДОНОВ Почитувани мои пријатели, посебно сопартијци, немав намера да ги коментирам погрешните коалициски политики на Мицкоски, но ете, судбина, тој самиот бара ова прашање на погрешни политики (а не постои политика која не ја згреши во оваа година како е премиер) да се стави на дневен ред во една колумна. Дегутантно е веќе да се коментираат и сите „политики“ кои почна да ги тресе зелени секојдневно. Човеков го надмина Заев. Оној Заев што ...

Во војната во Босна и Херцеговина, од 1992 до 1995 година, исчезнале 3.838 жени, според Институтот за исчезнати лица на Босна и Херцеговина. Од институтот, за РСЕ изјавија дека 59 жени исчезнале во геноцидот во Сребреница во јули 1995 година. Када Хотиќ, членка на здружението „Движење на мајките на енклавите на Сребреница и Жепа“, за вели дека е тешко за секоја жена поединечно да утврди како починала. „Секоја има своја приказна. Многумина биле ...

Украина го таргетираше аеродромот Борисоглебск во руската Воронешка област во текот на ноќта на 5 јули, оштетувајќи складиште со наведувани бомби, авиони и други воени средства, објави Генералштабот на Украина, пренесува Кијив Индипендент. На аеродромот се сместени авиони Су-34, Су-35С и Су-30СМ кои Русија редовно ги користи во воздушни напади против Украина, според војската. Нападот наводно уништил авион за обука и борбени авиони, а во тек се ...

Израел одлучи да испрати делегација во Катар во недела на блиски разговори со Хамас за најновиот предлог за прекин на огнот во Газа и договор за ослободување на заложниците, пренесува Би-би-си. Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека тој ја прифатил поканата и покрај она што тој го опиша како „неприфатливи“ промени што Хамас сакаше да ги направи во планот презентиран од медијатори од Катар, САД и Египет. Во петокот ...

Илон Маск вели дека основа нова политичка партија, неколку недели откако драматично се скара со американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Би-си-си. Милијардерот објави на својата платформа за социјални медиуми X дека ја основал Американската партија, претставувајќи ја како предизвик за републиканскиот и демократскиот двопартиски систем. Сепак, не е јасно дали партијата е формално регистрирана кај изборните власти на САД. Маск, кој е ...

Стотици спасувачи се распоредени за да бараат исчезнати лица во централен Тексас, откако во ненадејните поплави загинаа 51 лице, вклучувајќи 15 деца, пренесува Би-би-си. Најпогодена област е округот Кер, каде што загинаа 43 лица, а 27 деца се уште се водат како исчезнати од христијански младински камп лоциран покрај реката Гвадалупе. „Работата продолжува и ќе продолжи сè додека не се пронајдат сите“, вети Лари Леита, шерифот на округот Кер. ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави на 5 јули дека рускиот претседател Владимир Путин не изгледа заинтересиран за прекин на војната во Украина, според коментар направен во авионот „Ер Форс Уан“. Трамп повтори дека е „многу незадоволен“ од телефонскиот разговор на 3 јули меѓу двајцата лидери, пренесува Кијив Индипендент. „Се чини дека сака да оди до крај и само да продолжи да убива луѓе. Не е добро. Не бев задоволен од тоа“, им рече Трамп ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Иран не се согласил на инспекции на својата нуклеарна програма или на откажување од збогатување на ураниум. Тој им рече на новинарите во петокот на авионот „Ер Форс Уан“ дека верува оти нуклеарната програма на Техеран е „трајно запрена“, иако призна дека Иран би можел да ја рестартира на друга локација, пренесе Ал Џазира. Трамп рече дека ќе разговара за Иран со ...

Израел продолжи да врши воздушни напади во Газа, неколку часа откако Хамас соопшти дека е подготвен „веднаш“ да започне разговори за предлогот спонзориран од САД за 60-дневен прекин на огнот, јавува Гардијан. Објавата на милитантната исламистичка организација Хамас,ги зголеми надежите дека може да се постигне договор во рок од неколку дена за запирање на убиствата во Газа и евентуално завршување на речиси 21-месечниот конфликт. Денес беше ...

Најновите примери за „омекнување“ на воените злосторства извршени во 1990-тите стануваат јасни штом ќе го вклучите телевизорот, кога ќе го погледнете постојаниот сет гости во медиумите со широка покриеност во Србија,се наведува во статија на Дојче Веле на српски јазик. Телевизијата и весникот Информер го предводат патот. Во нивните емисии често се појавуваат осудени криминалци како аналитичари, како што се Драган Васиљковиќ, поранешен водач на ...

Кина е подготвена да ја зајакне стратешката комуникација и координација со Франција за да поддржи политичко решавање на „украинската криза“ – термин што Кина го користи за да ја опише војната на Русија против Украина, пренесе Укринформ. Ова го изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји за време на брифингот во Париз, по разговорите со неговиот француски колега Жан-Ноел Баро, објави Укринформ, повикувајќи се на Министерството за ...

Закана со бомба беше пријавена денеска во просториите на Собранието на Косово, поради што пратениците и персоналот беа веднаш евакуирани од зградата, јавуваат косовските медиуми. Веста ја потврди пратеникот на Демократската партија на Косово, Абелард Тахири. „Закана за бомба. Не знаеме што се случува, нè замолија да си заминеме“, рече Тахири, додека ја напушташе зградата на Парламентот. Службите за спроведување на законот ја опколија областа и ...

Претседателот на Република Српска, Босна и Херцеговина, Милорад Додик, во петокот доброволно се јави во Обвинителството на Босна и Херцеговина, во придружба на адвокат на одбраната, на сослушување како осомничен во врска со истрагата поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Напад на уставниот поредок, соопшти Обвинителството на Босна и Херцеговина, пишува РС на српски јазик. Додик неколку месеци избегнува апсење врз основа ...

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 дронови лансирани од Русија од вечерта на 4 јули. Според Укринформ, украинските воздухопловни сили го објавија ова на Телеграм. Почнувајќи од 20:00 часот во петок, 4 јули, Русија лансираше 322 офанзивни беспилотни летала „Шахед“ и други видови дронови-мамки од повеќе насоки, вклучувајќи ги Брјанск, Курск, Орел, Милерово, Приморско-Ахтарск и Шаталово, пишува Укринформ. Главна цел на ...

Деца се меѓу најмалку 24 загинати во ненадејни поплави во Тексас, додека десетици сè уште се водат како исчезнати откако летниот камп за девојчиња беше однесен од вода, соопштија властите, пишува Телеграф. Дури 25 деца сè уште се водат како исчезнати од кампот Мистик покрај реката Гвадалупе, која се искачи 26 стапки за 45 минути преку ноќ. Властите признаа во петокот вечерта дека во моментов не знаат колку луѓе се водат како исчезнати. Екипите ...

Блокадите продолжуваат и денес, според најавите. Во текот на вчерашниот ден, тие беа организирани во бројни градови. Повторно имаше апсења, почнувајќи од утрото. Граѓаните создадоа и „подвижна блокада“ на потегот Нови Београд – Земун. Земунчани ја прогласија Главната улица за пешачка зона во следните 24 часа, пишуваат српски медиуми. Граѓаните во петокот организираа блокади во Паковрац, Бајина Башта, Врање, Смедерево, Крагуевац, Шабац, Зајечар, ...

Поедноставување на граничното преминување, поефикасно и побрзо преминување на границите се овозможува преку „One stop control“ на граничниот премин Табановце – Прешево, помеѓу Србија и Македонија. Денеска, министрите за внатрешни работи на двете држави, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ ги потпишаа протоколите за извршување на гранични проверки на гранични премини кои го потпишаа двајцата министри на настанот. Беа потпишани и протоколот за соработка ...

Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 17% за извоз на храна и земјоделски производи од Европа за време на разговорите во Вашингтон оваа недела, пишува Гардијан. Ваквите царини би погодиле сè, од белгиско чоколадо до путер од Кериголд од Ирска и маслиново масло од Италија, Шпанија и Франција, сите големи продавачи во САД. Првично објавено во „Фајненшл тајмс“, изворите потврдија дека комесарот за трговија на ЕУ, Марош Шефчовиќ, го добил ...

Лекарите во Газа предупредија дека стотици бебиња се изложени на ризик од смрт поради критичен недостиг на млеко за бебиња, бидејќи Израел продолжува да ја ограничува хуманитарната помош што може да влезе во опколениот појас, пишува Гардијан. Д-р Ахмад ал-Фара, раководител на педијатрија во болницата Насер во Кан Јунис, рече дека на неговото одделение му останало само околу една недела формула за бебиња. Докторот веќе останал без специјализирана ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц имаше телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за иницијативата Германија да купи американски системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Украина, потврди денеска портпарол на германската Влада. Разговорот, инициран од Мерц, бил насочен кон поттикнување нови испораки на оружје за Украина, особено системите „Патриот“, откако Пентагон ја прекина испораката на одредени клучни оружја, објасни ...

Проф. д-р Оливер Андонов, кој предава по предметите Тактика на мировни операции, Национална безбедност и Методика на настава со пешадиско вооружување на катедрата за Безбедност и кризен менаџмент на Воената академија, преку Фејсбук објава се обрати до јавноста, особено до почитуваните колеги од академската заедница, во која соопшти дека денес поднел ПРЕТСТАВКА до Државниот Просветен Инспекторат при Министерството за Образование за избор на д-р ...

Организациите „Амнести интернешнл“ (Amnesty International) и „Заштитници на граѓански права“ (Civil Rights Defenders) издадоа заедничка изјава во која наведуваат дека „видеата од српската интервентна полиција како напаѓа мирни демонстранти собрани на уличните блокади и пред универзитетот во Белград се алармантни“. „Има голем број апсења и бројни обвинувања за прекумерна или на друг начин незаконска употреба на сила против студенти – како за ...

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација и поделби. Според новоусвоените измени на Законот за внатрешни работи, резервниот состав ќе се активира во случаи на јавен неред и кризни ситуации. Владината коалиција под контрола на Милорад Додик го изгласа законот по ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
21%
1006
weather icon

Белград

35ᴼ / 33ᴼ
2.06
27%
1004
weather icon

Загреб

23ᴼ / 21ᴼ
0.0
76%
1005
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
3.09
36%
1009
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
2.84
19%
1006
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
3.6
81%
1005
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
5.14
48%
1011
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
4.12
35%
1010
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
5.66
31%
1009
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
3.09
25%
1009
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.03
85%
1006
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 29ᴼ
2.57
100%
1011
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641