Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Поранешниот генерален секретар на СДСМ, Андреј Петров во интервју за Сител оцени дека СДСМ мора да учи од грешките и преку отворена дебата и обединување на членството да се врати на старите патеки. „Во ситуацијата мислам дека на СДСМ му требаат квалилтетни луѓе внатре. Она што не му треба и на СДСМ и на опозицијата се понатамошни делби. Треба да има ентузијазам во раководството на СДСМ, треба да има храброст без храброст ништо не се прави. ...
Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни клиники, рече на прес-конференција на СДСМ, Рената Младеновска,членка на Извршниот одбор. Наместо експресна реакција, наместо објавување на сите информации, наместо одговорност власта со денови молчи. Сè уште нема изнесено целосни информации пред граѓаните, не е објавен извештајот, инволвираните, кои ...
Секоја криза е голема шанса, но само ако се сфатат пораки од народот, порача за ТВ Сител екс генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров. Според него причините за состојбата во СДСМ се повеќеслојни и не е коректно да се каже дека одговорност има само во сегашното раковдоство. Петров смета дека се потребни дебати внатре во партијата и враќање на пасивизираните членови. „Битно е членството кое е разочарано од СДСМ се врати назад а тоа, нема да ...
Сè повеќе автомобили имаат LED светла, кои за многу луѓе се толку силни што им сметаат додека возат. Зимската сезона носи повеќе часови возење во ноќни услови, а тука е и лошото време кое вклучува дожд, магла и снег, или услови на намалена видливост. Истражувањето спроведено од водечката шведска компанија за инспекција на возила Bilprovningen покажува дека осум од 10 возачи се заслепени од светлата на возилата што доаѓаат од спротивната ...
Три лица загинале, а десетици се повредени во Португалија како последица на временските непогоди што ги предизвика бурата „Клаудија“, која денеска зафати и делови од Велика Британија и Ирска, пренесуваат светските медиуми. Според агенциските извештаи, спасувачките екипи во четвртокот ги пронашле телата на повозрасен брачен пар во нивниот поплавен дом во местото Фернао Фер, во близина на Лисабон, покрај брегот на реката Тахо. Се верува дека ...
Ново истражување покажува дека Ирска, Франција и Шпанија се европските лидери во користење на вештачка интелигенција, додека Романија и Грција заостануваат. Европјаните сè повеќе ја прифаќаат вештачката интелигенција (АИ), но новите податоци покажуваат дека интересот значително варира од земја до земја. Од лансирањето на ChatGPT во 2022 година, повеќе од 1,2 милијарди луѓе ширум светот користеле АИ алатки, стои во извештајот на Microsoft. ...
Лана Понтинг, која во тинејџерски години била лекувана еден месец во Институтот „Алан Меморијал“, изјавила дека во таа поранешна психијатриска болница во Монтреал, Канада, била подложена на тајни експерименти од страна на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), и поради тоа ја тужи. Понтинг тврди дека во болницата, каде што била сместена еден месец во април 1958 година, откако судија наредил таа, тогаш 16-годишна, да се подложи ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е во посета на Атина, ќе се сретне со претседателот на Грција Константинос Тасулас, со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и со претседателот на парламентот Никтас Какламанис, а се очекува природниот гас и енергетиката да бидат во фокусот на средбите, додека пак со одлука на полицијата, во текот на денешниот ден забранети се собири и протести во грчката метропола, јави дописничката на ...
Хотел сместен во историскиот центар на Истанбул денес беше евакуиран откако три члена на турско-германско семејство туристи починаа под сомнение за труење со пестициди, пренесуваат турските медиуми. Трагедија по семеен ручек во Ортакој Четирите членови на семејството – Турци кои живеат во Германија – се разболеле во средата по јадење популарни јадења во истанбулскиот кварт Ортакој, на брегот на Босфор. По хоспитализацијата, во четврток ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги ...
Временските услови во изминатите денови, со сончеви периоди и повремени локални врнежи од дожд, беа поволни за некои житни култури кои се во фаза на никнење како што е пченицата, велат агрометеоролозите. Според нив, врнежите во овој период се многу значајни, посебно количеството на влага, што е услов за ртење и никнување на семето. -Освен влажноста, и температурата има големо влијание за поникнувањето. Пченицата во некои региони е во фаза на ...
Утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени. Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко ...
Утрешниот ден, 16 ноември 2025, носи појасна енергија и позабрзан ритам во сите сфери. Планетарните влијанија отвораат простор за решителни чекори, а некои знаци добиваат „ветер во грб“ токму таму каде што најмногу им треба. Во продолжение – дневниот хороскоп во кратка, новинарска и јасна форма за секој знак. Овен – „ден кој поставува темпо: овните во офанзива“ Овните влегуваат во ден исполнет со самодоверба. Работните обврски бараат брзи ...
Во организација на Коалицијата „За семејство и живот“ на плоштадот „Скендербег“ во Тирана, одржан беше протест против законот за родова еднаквост, барајќи претседателот Бајрам Бегај да не го не потпишува уредба, бидејќи „ги нарушува вредностите и традиционалната структура на албанското семејство“. Организаторите обвинија дека законот воведува концепти кои, според нив, не се совпаѓаат со албанската култура и традиција и повикаа на поголема ...
Украинската армија денеска објави на социјалните мрежи дека нападнала рускаа рафинерија во близина на Москва, во регионот Рјазан, „како дел од напорите да се намали способноста на непријателот да лансира ракети и бомби“. Рускиот гувернер на Рјазањ, Павел Малков, изјави дека руската ПВО соборила 25 украински беспилотни летала над регионот во текот на претходната ноќ. 🔥🔥🔥 Ukraine reportedly hit a Russian military base and a Kalibr ammo ...
Вториот светски тенисер Јаник Синер го победи Австралиецот Алекс де Минаур во полуфиналето на Завршниот АТП турнир во Торино. Мечот траеше 1 час и 53 минути и заврши со резултат 2-0, по сетови 7:5 и 6:2. Синер сервираше седум аса, не направи двојни грешки и реализираше три од 13 брејк топки. Де Минаур сервираше осум аса, направи две двојни грешки и не материјализираше ниту една од четирите шанси за брејк. Во финалето, 24-годишниот Италијанец ...
Со предлог буџетот за 2026 година има намалување на буџетот на инспекторатот за македонски јазик за 91 %, кој е заснован врз основа на законот за македонски јазик, која сите заедно го донесовме во 2024 година, истакна пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во своето обраќање пред собраниската комисија за финансирање. Таа додаде дека и покрај тоа што владеачкото мнозинство при ребалност вети дека ова нема да случи. Кога со ...
Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете жени се пронајдени на пат помеѓу скоспките села Долно Количани и Батинци, но тие не се странски државјанки, туку се од земјава, соопшти Центарот за управување со кризи. Жените се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. -Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски ...
Од 16:50 часот попладнево сообраќајот на регионалниот пат Р1105 Удово – Валандово е во прекин. Како што информира АМСМ, причина за прекинот е сообраќајна незгода. Сообраќајот на на останатите патните правци се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена ...
Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, даде свое видување за црвениот картон на Кристијано Роналдо во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против Република Ирска (0:2). Роналдо беше исклучен поради удирање со лакт на противничкиот дефанзивец Дара О’Шеј, кој претходно го повлече за дресот 40-годишниот напаѓач на Ал-Наср. – По натпреварот беше тешко да се дефинираат емоциите. Ја видов неговата реакција на провокацијата. ...
Шведската полиција објави дека во моментов верува оти судирот на автобус во Стокхолм во пешаци на тротоар кога загинаа три лица, не бил намерен. Возачот на автобусот е во болница и е уапсен под сомнение за убиство од небрежност. Според шведските медиуми, возачот, чиј идентитет не е откриен, требало да направи пауза за време на работниот ден, но сепак возел. Во петокот, за време на попладневниот шпиц, двокатен автобус се заби во редица луѓе ...
Научници идентификуваа специфична група неврони во амигдалата кои директно предизвикуваат анксиозност, а нивната хиперактивност е поврзана и со развојот на депресија и нарушувања во социјалното однесување, според нова студија на Институтот за невронауки во Шпанија, објавена во списанието „iScience“. Тим истражувачи предводен од Хуан Лерма откри дека невроните во базолатералната амигдала, кога имаат зголемена експресија на генот Grik4, ...
Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, кои ги советуваа своите граѓани да избегнуваат посета на Јапонија. Причината за тензијата се коментарите дадени од новата премиерка на Јапонија, Санае Такаичи, за Тајван. Такаичи, која ја презеде функцијата минатиот месец, му рече на Парламентот дека кинескиот напад врз Тајван би можел да биде „егзистенцијална закана“ за Јапонија што би барала интервенција на јапонската војска. Забелешката ...
Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се има одговорност, да се дознае кој можел да спречи, а не го направил тоа, кои институции задоцниле со реакција, да преземат мерки и да се направи се ваква трагедија никогаш повеќе и никому да не му се случи, побараа денеска родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 30. „Марш за ангелите“, кој овојпат се одржа во Скопје. Маршот почна на пладне на плоштадот „Македонија“, од ...
Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и телевизиски стручњак, Џејми Карагер, го спореди статусот и популарноста на Манчестер сити и Манчестер јунајтед. – Манчестер сити никогаш нема да биде поголем од Манчестер јунајтед. А соперништвото меѓу Ливерпул и Манчестер Сити никогаш нема да биде толку значајно како ривалството меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед. Едноставно нема да се случи, невозможно е, изјави Карагер за „Дејли мејл“. Од сезоната ...
Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим одговори на прашање за тенисерите кои се жалат на нивниот густ распоред. – Не разбирам како некому може да не му се допаѓа нешто што не мора да го практикува. Разбирам дека може да се заморите. И јас сум уморен. Патувам низ светот и гледам различни работи. Мислам, имаме среќа. Секое утро се будам и сум среќен. Ми се допаѓа што сум тука. Дури и да изгубам, не е голема работа. Не знам. Ако сакате да играте ...
Здружението на здравствени работници на Србија денеска ја повика Дијана Хрка да го прекине штрајкот со глад и во соопштението наведе дека „целосно“ ги поддржува студентите на Медицинскиот факултет во Белград кои исто така апелираа до неа да прекине со штрајкот. Денеска е 14-ти ден откако Хрка, чиј син беше меѓу 16-те што загинаа при падот на бетонскат анастрешница на железничката станица во Нови Сад, започна штрајк со глад во близина на ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисиската расправа , предложениот буџет го оцени како неконзистентен, нереален и директно штетен за економијата и граѓаните. Таа нагласи дека буџетот не содржи никакви политики за зголемување на платите, ниту мерки за справување со сè поголемата сиромаштија. „Цените растат, граѓаните должат повеќе, а примаат исто. Наместо да живеат подобро, тие повторно плаќаат повеќе“, рече Лукаревска. Таа посочи ...
Две жени биле нападнати од нивните сопрузи во два одделни случаи, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Куманово. Во СВР Куманово, вчера во 16:40 часот, 57-годишна жена од село во општина Липково пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг. Подоцна во текот на вчерашниот ден во 20:20 часот, 26 годишна жена од Куманово пријавила во полицијата дека нејзиниот сопруг и се заканувал со остар предмет. И за двата случаи ...
На улица „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес, вчера во 08:12 часот го лишиле од слобода 24 годишниот велешанец С.Ј. од Велес. Како што информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска, при контрола на патниот сообраќај со радар полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 109 километри на час во населено место каде што максимално дозволената ...