Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемувањето на цената на горивата да има влијание врз инфлацијата, но не големо. Како што изјави денеска, Владата засега интервенира директно од Буџетот зашто вистински се грижи за граѓаните, но има и друг план за следни чекори ако евентуално ескалира кризата. Според премиерот, берзанските цени на бензините, премиум безоловен и дизел, утрово паднаа за 10-на проценти и споредено со првите пет дена од ...
Како одговор на тековната нестабилност на меѓународните цени, ОКТА го продолжува попустот што им се нуди на големопродажните и малопродажните трговци до 6 април, годинава, се вели во соопштението од ОКТА кое МИА го објавува интегрално. Дополнително, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар и истиот ќе стапи во сила од денес, 24ти март 2026 година. Оваа доброволна иницијатива на ОКТА има за цел да им овозможи на трговците овој ...
Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполенти – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса „Воведување уставна жалба?“, Мицкоски рече дека Уставниот суд, најверојатно, веќе размислува како приближно би изгледала архитектурата на специјалниот закон и изрази очекување дека набргу можеби ќе има готов документ и, како што напомена, кога ќе има ...
Расправата на денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ во Кривичниот суд, беше прекината откако адвокатката Анита Бегова, бранителка на обвинетиот Нехад Нухи, ја напушти судницата, незадоволна од начинот на презентирање на материјалните докази на Обвинителството, по што судот и изрече парична казна од 500 евра. На денешното рочиште Обвинителството започна со изведување на материјални докази – околу 180 страници документи поврзани со ...
Граѓаните не гледаат бенефит од намалувањето на ДДВ-то на горивата и нафтените деривати, поради тоа што и покрај намалувањето на ДДВ-то, цените пораснаа, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека се исполни тоа на што предупредуваше СДСМ во изминатите недели, порастот на цените на горивата и нафтените деривати, придонесе за зголемување на цените на храната. “Порастот на цените на ...
Македонија има апсолутно доволно гориво и не размислува да ја ограничи продажбата, иако и луѓе од соседството точат бензин на нашите пумпи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Подмирени се и потребите за струја, но, сепак е можно повлекување мазут од државните резерви. Како што напомена Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса во Уставниот суд, за околу 10 отсто вкупно е зголемен конзумот на гориво во земјава. ...
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во интервју за Независен, предупреди дека намалувањето на ДДВ-то за нафтените деривати не е доволно за справување со енергетската и економската криза, ниту пак ова го решава енергетскиот проблем со која се соочува државата. „Само со намалување на ДДВ не се решава енергетски проблем. Тоа е само лепење на фластер на раната, а не терапија на процесите кои водат до проблемот.“, истакна Битиќи. Битиќи предупреди ...
По повод 17 март – Денот на формирањето на Црвен крст и Денот на крводарителството, денеска во Скопје се организира настан посветен на промоцијата на првата помош под мотото „Култура на безбедност – здрава заедница“. На плоштадот „Македонија“ на поставените едукативни пунктови заинтересираните граѓани можеа да присуствуваат на симулации на прва помош со ПП различни сценарија, кои беа демонстрирани од обучени волонтери и животоспасители, како ...
„Понекогаш тоа што нема коментар, не значи дека некој заборавил да коментира. Едноставно, некои луѓе не заслужуваат да биде коментирани. Ако некој одлучил да прави естрада и циркузант од себе, дозволете му – сите може да го видат и слушнат“, вели премиерот Христијан Мицкоски за вчерашниот случај кога новинар ѝ постави прашање на министерката за овразование Весна Јаневска дали при доаѓањето во Тетово, зела ѝ преведувач од македонски на ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, најави дека на утрешната седница на Централниот одбор на СДСМ, ќе биде презентирана новата предлог-програма на партијата која содржи конкретни мерки и политики за граѓаните, како и планираните активности поврзани со претстојниот Конгрес и меѓународната соработка со сестринските партии на СДСМ. „На утрешниот Централен одбор, освен ...
На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што почна нејзината дводневна официјална посета на земјата, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателката, што МИА го објавува интегрално. Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба по што следуваше пленарен состанок на македонската и ...
Мицкоски да си ја надмине суетата, нема капацитет да ја води Владата, му порача претседателот на СДСМ Венко Филипче, на премерот Мицкоски, на денешната прес-конференција. „Нека види премиерот во архивите на Владата како работеле нашите влади за време на кризите и нека им излезе во пресрет на граѓаните. Се надевам дека ќе си ја надмине суетата и ќе сфати дека ниту има визија, ниту има капацитет да ја води владата кога укажавме дека овој буџет ...
Голем интерес владее меѓу дебрани по објавениот оглас на Министерството за транспорт, со кој, во Дебар, треба да бидат распределени 47 социјални станови. -До денеска имаме примено 66 барања, но овој број очекуваме да биде поголем, имајќи в предвид дека огласот, кој беше објавен на 27-ми минатиот, трае до 30-ти овој месец. Станува збор за распределба на 47 социјални станови со површина од 34 до 54 квадратни метри, рече за МИА, Арлинда ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер. На средбата се разговараше за унапредувањето на соработката и тековните реформи во областа на земјоделството и руралниот развој, спроведувањето на ИПАРД III програмата, како и за зајакнувањето на институционалните и административните капацитети на ...
СДСМ бара од Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отвори предмет и да го испита непостапувањето на Трајко Славески во законски императивниот рок за избор на вицегувернери во Народната банка. Станува збор за сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот Славески. Според Законот за Народната банка, вицегувернерите ги именува Собранието исклучиво на предлог на гувернерот. Со ...
Реал Мадрид ќе поднесе жалба за суспензијата на играчот од средниот ред Федерико Валверде по неговото исклучување во 29. коло од Ла Лига против Атлетико Мадрид (3:2). Во 77. минута од мадридското дерби, 27-годишниот Уругваец го шутна Алекс Баена одзади во нозете на центарот на теренот, предизвикувајќи играчот од средниот ред на Атлетико да падне на земја. Судијата Хозе Мунуера Монтеро му покажа директен црвен картон на Валверде. ВАР не го ...
Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, е прогласен за тренер на месец март во Ла Лига, објавено е на официјалната веб-страница на Ла Лига. Каталонците ги добија сите три натпревари во март – против Атлетик Билбао (1:0), Севилја (5:2) и Рајо Ваљекано (1:0). Во конечното гласање, 61-годишниот Германец ги победи Диего Симеоне (Атлетико, две победи и еден пораз) и Луис Кастро (Леванте, две нерешени и една победа). Ова е третата таква награда за ...
Се карактеризира со интензивната црна боја на пердувите, клунот, месото но и на внатрешните органи. Само една ваква кокошка чини и до 2.500 долари. Во Европа се повеќе се шири одгледувањето на една многу ретка и многу чудна раса на кокошки која е позната под името Ayam Cemani што во превод значи целосно црна кокошка. Оваа необична раса потекнува од Јава во Инднезија, а во Европа за прв пат е донесена дури во 1998 година и веднаш привлече ...
Едноставен и брз начин да направите посна проја од пченкарно брашно, совршена за појадок, ужина или лесен оброк. Состојки: 100 г обично брашно 1 кесичка прашок за пециво 200 мл масло 500 мл кисела вода 1 лажичка сол Неколку лажици семки по ваш избор (лен, сончоглед, сусам) – по желба Подготовка: Ставете ги двете брашна, прашокот за пециво и солта во сад. Доколку сакате, веднаш додадете ги семките. Истурете го маслото во сувата смеса и добро ...
Познатиот пејач Здравко Чолиќ, како што дознава Курир.рс, утрово бил испрашуван во Вишото јавно обвинителство во Белград, кое води истрага против осомничените за бомбашкиот напад врз неговата куќа. Како што дознаваат горенаведените медиуми, Чола не се придружил на кривичното гонење на осомничените, а за време на испрашувањето изјавил дека не знае кој стои зад нападот бидејќи „никому ништо не должи и нема конфликти“. – За време на ...
Јазот меѓу поранешните партнери дополнително се продлабочи. Веста за разводот меѓу Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер продолжува да привлекува големо внимание на јавноста, а како што стојат работите, нивната врска е завршена не само на приватно, туку и на деловен план. Според извори блиски до поранешната двојка, поранешната тениска шампионка и прославениот германски фудбалер одлучиле да стават крај не само на бракот, туку и на сите ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека вчера имало разговори меѓу САД и Иран во кои двете страни се согласиле за „важните точки“од договорот за излез од војната, што, додаде, наскоро би можел да се постигне. Трамп рече дека неговиот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, и беговиот помошник, зетот Џаред Кушнер, разговарале со Иранците во неделата и дека разговорите ќе продолжат и денеска. „Имавме многу, многу силни ...
Спикерот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, негираше дека се воделе разговори меѓу Иран и САД, повторувајќи ја изјавата на Министерството за надворешни работи, пренесоа „Ал џезира“ и Би-би-си. „Не се водени никакви преговори со САД, а лажните вести се користат за манипулација со финансиските и нафтените пазари и за бегство од калта во која се заглавени САД и Израел“, напиша тој на X. Иран бара „целосна и покајничка казна за ...
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска ја поздрави најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека нема да има напади врз иранската енергетска инфраструктура. Калас, која во Абуџа се сретна со нигерискиот министер за надворешни работи Јусуф Маитама Тугар, изјави дека нападите врз инфраструктурата предизвикуваат хаос во регионот и дополнително го ескалираат војната. Трамп ...
Украинското воено разузнавање има „неоспорни“ докази дека Русија продолжува да му обезбедува разузнавачки податоци на Иран, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со шефот на военото разузнавање. „Русија ги користи сопствените капацитети за сигнален и електронски надзор, како и дел од податоците добиени преку соработка со партнерите на Блискиот Исток“, напиша тој на X. Кремљ минатата недела го отфрли извештајот на „Вол ...
Војната на Блискиот Исток доведе до многу нарушувања во системите за снабдување. Цените на енергијата растат, а барел сурова нафта од типот Брент скокна од 71 долар пред три недели на 114 долари. Поради оваа причина, Владата на Хрватска на денешната седница усвои нов пакет мерки за заштита на домаќинствата и економијата од зголемување на цените, во вредност од 450 милиони евра. Една од мерките е продолжување на регулирањето на цените на ...
На 22 март 2026 година, на аеродромот ЛаГуардија во Њујорк, регионален патнички авион Air Canada Express Flight 8646 се судри со возило за итни интервенции додека слетувал по лет од Монтреал, при што загинаа двата члена на екипажот — пилотот и копилотот — а повеќе десетици патници и пожарникари се повредени. Во оваа трагедија, една стјуардеса, пронајдена надвор од авионот и сè уште врзана на своето седиште, преживеа и беше пренесена во ...
Министерството за одбрана на Колумбија денеска соопшти дека воен авион од типот „Херкулес Ц-130“, од американско производство, учествувал во несреќа на југот на земјата, додека локалните медиуми наведуваат дека во леталато се наоѓале околу 110 војници. Министерот за одбрана на Колумбија, Педро Санчез, изјави дека несреќата се случила при полетување од база во колумбискиот дел на прашумата Амазонија, на границата со Перу, додека авионот ...
Во своите први изјави откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека води разговори со Иран за ставање крај на војната, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел „ќе ги заштити своите витални интереси во секоја ситуација“. Во видео изјава, Нетанјаху рече дека денеска телефонски разговарал со „нашиот пријател“ Трамп. – Трамп верува дека постои шанса да се искористат масивните достигнувања на ИДФ (израелските одбранбени ...
Шефот на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол, денеска изјави дека глобалната економија е соочена со „исклучително голема закана“ поради војната во Иран. – Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата на Блискиот Исток има полоши последици за нафтата отколку двата нафтени шока во 70-тите години ...