Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави програмски текст во кој презентира план од пет точки за Србија потенцирајќи дека е потребно да се донесат смели и важни одлуки во наредниот период. Во авторски текст за „Курир“, Вучиќ наведува дека менувајќи се себеси, ја менуваме иднината, која, како што вели, е одредена од работата и од промената на навиките и однесувањето. Тој нагласува дека на Србија и се потребни решителни и сериозни ...

Бугарската претседателка Илијана Јотова се очекува денеска да го врачи мандатот за составување влада, јави БТА. Во вторникот, по завршувањето на консултациите со парламентарните групи, Јотова соопшти дека мандатот ќе биде врачен на 7 мај во 17 часот. За време на средбите се издвоиле неколку теми што политичките сили ги сметаат за клучни приоритети – буџетот, судските реформи и исплатите од Планот за закрепнување и отпорност. „Најважните ...

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова денеска му го врачи мандатот за составување влада на кандидатот за премиер Румен Радев. Радев е номиниран од најголемата парламентарна партија Прогресивна Бугарија во 52. Народно собрание. Според бугарскиот Устав, претседателот, по консултации со парламентарните групи, му го доверува мандатот за составување влада на кандидат за премиер предложен од најголемата парламентарна група. Јотова на 5 мај ...

„Примената на технологијата, дигитализацијата и вештачката интелигенција како двигатели на економскиот развој“ е темата на Германско-македонскиот бизнис самит што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, а во соработка со Германско-македонското стопанско здружение. На настанот, што ќе обедини високи претставници од бизнис-секторот од државава, ...

Инфлација од околу 4 % и раст на бруто-домашниот производ од 3,5 % предвидува Народната банка за 2026 година. За 2027 година проекциите покажуваат дека инфлацијата ќе се намали на 3 %, а растото на БДП ќе достигне 3,8 %. Советот на Народната банка на днешната седница ги разгледа и ги усвои најновите макроекономски проекции, содржани во кварталниот извештај. Во извештајот е заклучено дека светската економија и понатаму се соочува со значителни ...

Ние како Влада дневно ја следиме состојбата и тоа го кажа Меѓународниот монетарен фонд дека како држава сме во првите три во Европа според применетите мерки како процент од бруто домашниот производ, истакна премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите по Германско-макеоднскиот самит во Скопје. Мицкоски посочи дека Владата прави многу повеќе од нашите моментални можности, имајќи ја предвид, какомшто посочи, испразнетата и ограбена ...

Трошоците на животот во април 2026 година, во однос на април лани, бележат зголемување од 5.7 %, а цените на мало раст од 5.0 %, објави Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 1.3 %. Во април 2026 година, во однос на март 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 10.1 %, Рекреација, ...

Раст од 11,43 проценти на производството на електрична енергија од обновливи извори е регистриран во 2025 година во споредба со 2024 година, додека вкупното производство изнесува 6.123 гига ват часови и е практично на исто ниво – покажуваат податоците од Годишниот извештај за работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година што денеска пред новинарите го ...

За три месеци се подигнати околу 400 кредити со поповолни услови при купување прв стан, информираше денеска гувернерот на Народна банка, Трајко Славески, одговарајќи на новинарско прашање, по одржаната прес-конференција. Тој потсети дека Централната банка ја донесе оваа мерка минатата година, а со важност од 1 декември. – Ние ги затегнавме на некој начин, условите, заради заштита од прекумерно задолжување кај граѓаните и на некој начин и кај ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а во југоисточните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. ...

Регионална министерска конференција на тема „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“ ќе се одржи денеска и утре во Скопје, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади во партнерство со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). Конференцијата ќе ја отвори премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на овој настан, во тек на кој ќе се одржат седум панел ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за Стојанче Јовановски, обвинет за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, поврзани со трагедијата од 2 март годинава, кога неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја го загубија животот. Обвинителството, во завршен збор, ...

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој од вчера е во прва официјална посета на Република Северна Македонија денеска со неговиот домаќин министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, ќе оствари тет-а-тет средба, по што е најавена и заедничка прес-конференција. За време на престојот во земјава, генералниот секретар на Советот на Европа ќе се сретне и со највисоките државни претставници, како и со ...

Моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и неговата чудотворна икона во торжествена литија денеска, по 17-ти пат од возобновувањето, ќе ја осветат Струга. Дебарско-кичевската епархија информира дека моштите на светителот од манастирот во Рајчица, свечено ќе бидат пречекани во 13 часот во храмот „Свети Георгиј“ во Струга, каде верниците ќе може да се поклонат. По отслужената вечерна богослужба, со која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско – ...

СДСМ им го честита Денот на полицијата на сите чесни, професионални и посветени полициски службеници кои и покрај притисоците, понижувањата и партизацијата којашто ја прави Тошковски и ВМРО-ОКГ, секојдневно се посветени на безбедноста на граѓаните. Но денес, наместо гордост и доверба, јавноста гледа распад на системот, скандали, насилство, селективна правда и партизирана полиција ставена во функција на заштита на власта и криминалните ...

Основниот кривичен суд донесе пресуда со која Стојанче Јовановски е прогласен за виновен и осуден на 12 години затвор. Според одлуката на судот, обвинетиот бил прогласен за виновен по обвиненијата што му се ставаа на товар во судската постапка. Тој беше обвинет за три кривични дела меѓу кои и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана која скокна од зграда заедно со шестгодишната ќерка Катја. Случајот предизвика големо внимание во ...

Детски роман од 1893 година од американскиот писател Ингерсол Локвуд повторно ја разгоре теоријата на заговор дека синот на Доналд Трамп, Барон Трамп е патник низ времето… Книгата „Чудесното подземно патување на Барон Трамп“ го следи богатото момче по име Барон Трамп, кое живее во замокот Трамп и тргнува на патување во Русија со придружник по име Дон. Овие имиња и мотиви беа предмет на шпекулации на социјалните мрежи во последниве години, а ...

Изјавата на Христијан Мицкоски дека бруталното претепување на жена од неговиот бодигард е „мал престап и системот функционира“ е скандалозна, опасна и недозволива. За Мицкоски, семејното насилство и тепањето жена се „мал престап“. Поразителна порака до сите жени-жртви на насилство во државата. Наместо јасна осуда, Мицкоски избра да го минимизира делото и практично да застане во заштита на насилникот но и на Панче Тошковски. Со вакви ставови, ...

Неопходна е поопсежна анализа на законите поради несовпаѓањето на висината на казните со тежината на последиците во случаите со смртен исход, истакна денеска јавната обвинителка Адела Бојчевиќ, по изрекувањето на првата неправосилна пресуда за Стојанче Јовановски во траење од 12 години затвор за три кривични дела поврзани со континуирано семејно насилство кое резултираше со трагична смрт на неговата сопруга и нивната малолетна ќерка. ...

Загреб е првиот град во Европа што нуди роботакси-услуги, објави хрватската компанија „Верне“, којашто веќе еден месец ја спроведува револуционерната технологија на градските улици. Во соработка со светски реномираната такси-компанија „Убер“ и со системот за самоуправувачко возење на кинеската компанија „Пони.аи“, „Верне“ управува со 10 автоматизирани автомобили за одреден број корисници во градот од 8 април. Услугата засега ја користат околу ...

Портпаролката на СДСМ и членка на ИО, Богданка Кузеска, во емисијата 24 Анализа ја обвини власта за неспособност, лажни ветувања, празен буџет, нови задолжувања и целосна отсеченост од реалните проблеми на граѓаните. Таа посочи дека власта намерно создава страв за ЕУ, за да го дефокусира вниманието од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. „ВМРО постојано создава терен и атмосфера за луѓето да поверуваат дека преговорите со ЕУ се ...

Паника во криминалната организација ВМРО! Загубија над 150.000 гласови поради неисполнети предизборни ветувања, неспособноста да ја води државата, економскиот распад, корупција и криминал. Мицкоски и неговата криминална организација знаат дека времето им истекува. Особено после најавите за почеток на истрагите во Унгарија за бизнисите, перењето пари и нивните медиуми во сопственост на Орбан. Затоа Орбановата пропаганда за ширење лажни вести ...

Пратениците на денешната 100-та седница со 64 гласови „за”,15 „против” го донесоа Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, кој е дел од реформската агенда. Заменик министерот за правда Ален Дерeбан истакна дека новиот Закон е изработен во транспарентна процедура, вклучени експерти од областа и сите опфатени со неговата примена и е директен одговор на сите детектирани слабости на претходниот закон. – Законот ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави оти е горд на своите фудбалери кои синоќа изборија пласман во финалето во Лигата на шампиони, прво за лондонскиот клуб од 2006 година. „Се гордеам си нив и многу сум среќен. Долго чекавме на ова финале и сум исклучително среќен што го постигнавме пред нашите навивачи. Нашите навивачи се горди на нас“, рече Артета. Арсенал во полуфиналето го елиминираше мадридски Атлетико, откако на реваншот во Лондон ...

Фудбалската федерација на Македонија од денеска до 11 мај во Струмица ќе биде домаќин на развоен турнир на УЕФА на кој покрај македонската репрезентација ќе настапат и женските селекции до 16 години на Косово, Сан Марино и Андора. Натпреварите ќе се играат на терените на тренинг центарот Горан Пандев и во Турново. Избраничките на селекторот Катерина Милеска во воведното коло, попладнево ќе играат против Сан Марино. Во второто коло, в петок, ...

Финалистите во фудбалскиот Куп на Македонија ќе бидат познати денеска по одигрување на реванш натпреварите на двете полуфинални пресметки. Фудбалерите на тетовска Шкендија со гол предност му гостуваат на второлигашот Шкендија Арачиново, откако на првиот натпревар со пресврт триумфираа со 3-2. Вториот второлигаш кој се пласираше во полуфиналето, Охрид, му гостува на Силекс во Кратово, откако првиот натпревар заврши нерешено 1-1. Двата ...

Долгогодишниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не успеа да дојде до своето трето финале во Лигата на шампиони со шпанскиот клуб, откако во вторникот вечер загуби на гостувањето од лондонски Арсенал со 1-0 во реванш полуфиналниот натпревар, по ремито 1-1 пред една недела на „Метрополитано“. „Ако сме елиминирани, тоа значи дека нашите противници заслужиле да одат понатаму. Тие ги искористија своите шанси, вклучително и одличната шанса ...

Истражувачи од Австралија идентификуваа нов изумрен вид коала „со големи, подвижни усни“, по повторното испитување фосили во Музејот на Западна Австралија во Перт. Тим предводен од Кени Травујон, кустос и стручњак за цицачи во Музејот, откри дека фосилите за коишто долго се претпоставуваше дека му припаѓаат на современиот вид коала („Фасколарктос кинерус / Phascolarctos cinereus“), всушност му припаѓаат на претходно непознат посебен вид, сега ...

Вкусни и миризливи палачинки Состојки: 10 лажици брашно 2 јајца малку шеќер малку сол половина млеко и половина вода( додадете во зависност од густината) 1 лажица путер 3 јаболка малку шеќер и путер, мед Подготовка: Направете ја смесата за палачинки од горенаведените состојки, се добиваат 12 палачинки. Се лупат јаболката и се сечат на коцки. Загрејте го путерот и шеќерот на оган, додадете ги јаболката и медот, и покријте за да го испуштат ...

Развивачот на „Чет-ГПТ“, „Опен-АИ (OpenAI)“, се очекува да потроши околу 50 милијарди долари оваа година за развој на компјутерската моќност, според соосновачот и претседател на оваа американска компанија за вештачка интелигенција – ВИ, Грег Брокман. Тој, всушност, ја откри таа бројка во своето сведочење во тужбата поднесена од технолошкиот милијардер Илон Маск, кој е исто така, соосновач на „Опен-АИ“. Имено, Маск тврди дека Брокман и шефот ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.04
32%
1016
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
2.78
46%
1017
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
2.12
53%
1019
weather icon

Софија

29ᴼ / 24ᴼ
2.38
33%
1017
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
1.54
44%
1016
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
63%
1020
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
5.81
40%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
1.33
28%
1015
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
1.49
26%
1015
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
0.45
49%
1016
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
0.89
42%
1018
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 26ᴼ
4.71
81%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.9872

Currency

71.521

Currency

37.0916

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Злато

129060.56

Цинк

0.00

Калај

50.54

Рутениум

49029.89

Алуминиум

3.11

Кобалт

56.29

Паладиум

38355.84

Платина

50476.67

Родиум

249168.29

Иридиум

233896.68

Сребро

1862.96

Бакар

12.22