Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Бугарското Народно собрание, по бурна расправа, денеска ја избра новата влада предводена од премиерот Румен Радев, предложена од партијата Прогресивна Бугарија. Пратениците првин го избраа Радев за претседател на Владата. За неговиот избор гласаа 124 пратеници од Прогресивна Бугарија, пратениците од ГЕРБ – СДС беа воздржани, а ДПС, Демократска Бугарија, Продолжуваме со промените и Преродба гласаа против. Вкупно гласаа 230 пратеници. Во ...
Во пештера во морскиот дел јужно од грчкиот остров Лефкада, вчера попладне рибари пронашле поморски дрон со вклучен мотор, а според грчките медиуми располага со детонатори и најверојатно ќе го преземат надлежни од Министерството за одбрана на Грција за дополнителна истрага, јави дописничката на МИА од Атина. Рибарите откако го пронашле, успеале да го извлечат и закотват на пристаниште. Грчкиот весник „Катимерини“ објави дека станува збор ...
Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески денес (8.5.2026 година), ќе оствари средба со претседателката на Европската асоцијација за обезбедување квалитет во високото образование (ЕНКА), проф. д-р. Кристина Гицулика. На средбата ќе се дискутира за вклученоста на бизнис заедницата во системот на високото образование, а фокусот посебно ќе биде ставен на учеството на бизнис зедницата во креирање на студиските програми, соработката во ...
Компанијата „МЕПСО“ ја обжалила одлуката на предарбитражното тело за спорови кое одлучи во корист на компанијата „Енергоинвест“ од Сараево која требаше да го гради интерконекторот кон Албанија. Од МЕПСО се убедени дека ќе ја добијат правната битка со „Енергоинвест“ посочувајќи дека аргументите се на нивна страна. Консултирале и две реномирани адвокатски компании од САД чие мислење е дека МЕПСО има многу јака основа за арбитража. Актуелното ...
Министерката за енергетика Сања Божиновска најавува дека ако е потребно повторно ќе се разговара со ОКТА за продолжување на попустот за дизел горивото од четири денари за литар и за бензините од два денари и по 18 мај кога истекува сегашниот договор. Тоа, како што вели, ќе зависи од случувањата со цените на нафтените деривати на берзите и од војната на Блискиот Исток. -Следиме се што се случува. Нашите мерки моментално се до 18 мај, што значи ...
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а ...
На градскиот плоштад во Тетово денеска ќе се одржи симулациска вежба по повод Неделата на сестринството, во организација на Сојузот на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија (ЗМСТАС), предводен од Здружението „ЗА НАС“ на Македонија. Настанот, како што наведува организаторот, има цел унапредување на подготвеноста и координацијата при интервенции во итни и кризно-уредени ситуации, преку ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во поткастот „Риштази”, порача дека Мицкоски нема право да го блокира европскиот пат на 2 милиони граѓани. Филипче посочи дека членството во ЕУ е повеќедецениски стремеж на државата и граѓаните, и никој нема право да го запре. „Како има тој човек право да го запре повеќедеценискиот пат на државата? Од каде му е тоа право? Што си мисли, дека е монарх некој? Па овде живеат 2 милиони луѓе кои што од 1991 ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во вчерашниот поткаст „Риштази“ на Коха, порача дека иднината на Македонија е во Европската Унија, економскиот развој и стабилноста, а не сиромаштија, изолација и враќање назад како што се случува со Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Филипче посочи дека СДСМ во изминатите години носеше тешки, но државнички одлуки во интерес на граѓаните и стратешките цели на државата. „Што се интересите на сите граѓани? ...
По долго боледување, на 53-годишна возраст почина новинарката на МИА Ирена Радовановиќ, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на внатрешната политика. Новинарската кариера ја започна во неделникот „Фокус“ во 1991 година каде работела до 2001 година, по што продолжува во „Вечер“ како новинар во внатрешно-политичката рубрика. Во 2004 станува дел од редакцијата на „Нова Македонија“, а од 2006 и 2007 на ...
Со шефот на криминалната група, политичкиот дилетант Христијан Мицкоски економијата оди надолу, граѓаните имаат празни фрижидери, празни џебови и сè потежок живот. Додека Мицкоски продава бајки дека Македонија е „трета економија“ во Европа, последните податоци на Статистика покажуваат зголемена инфлација од 5,7% во споредба со истиот месец лани. Тоа е речиси двојно повисока инфлација од еврозоната, каде инфлацијата во април изнесува 3%. ...
Нема простор за каква било паника бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани, што е најважно во овој момент. Секторот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на дневна основа е во комуникација со Светската здравствена организација (СЗО) и со Европскиот центар за контрола на болестите, така што на дневна основа ги добива сите податоци што ни се потребни за какво било преземање ...
По пратеникот во Собранието Миле Цеков, уште еден член на ЗНАМ го напушта владејачкото мнозинство, овој пат советничката Мирјана Стеваноска на ЗНАМ во Советот на општина Прилеп. ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа. Оваа група, создадена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски и ВМРО-ОКГ со единствена цел растурање на СДСМ, прво ја предаде својата матична партија, а потоа и своите гласачи со влегувањето во тендер коалицијата со најголемиот ...
СДСМ отворено ја започнува борбата против фабриката за лаги, манипулации и организирана пропаганда на ВМРО-ОКГ, орбановата мрежа на медиуми и армијата ботови кои секојдневно шират говор на омраза, конструкции и невистини. Портпаролката на СДСМ и членка на ИО, Богданка Кузеска, денеска јасно порача дека во случајот со објавените документи на Алфа ТВ за кои не се соопшти дали се фалсификат или се реални „и во двете варијанти подлежат на ...
Финалето на 71. издание на елитното европско клупско фудбалско натпреварување ќе донесе пресметка меѓу Арсенал и бранителот на титулата ПСЖ. Финалето на Лигата на шампиони ќе се игра на 30 мај во Будимпешта на „Пушкаш Арена“. Лондонски Арсенал дојде до финалето без пораз, со 11 победи и три нерешени, и гол-разлика 29-6. Сепак, во нокаут фазата, англискиот тим постигна само шест голови. Три во осминафиналето против Баер Леверкузен (1-1, 2-0), ...
На едно од најстудените и најсурови места на планетава, има сцена како од филм: Темноцрвен поток истекува од глечер на Антарктикот, поради што овој феномен е наречен крвав водопад. Секако, има совршено научно објаснување за тоа. Крвавите водопади се наоѓаат на глечерот Тејлор во сувите долини на Антарктикот. Научниците утврдиле дека црвената боја тука не доаѓа од некое „мистериозно“ загадување, туку од екстремно солената вода, богата и со ...
Здравјето на мозокот во голема мера зависи од начинот на живот, а не само од генетиката и возраста, се наведува во новиот извештај на Американското здружение за срце (AHA). Експертите нагласуваат дека ризикот од деменција и мозочен удар може значително да се намали преку воспоставување правилни животни навики и навремена здравствена грижа. Според извештајот, здравјето на мозокот е нераскинливо поврзано со состојбата на срцето и крвните ...
Брускетите се едноставно, но мошне вкусно медитеранско предјадење кое совршено ги спојува свежината на зеленчукот и аромата на крцкаво потпечениот леб. Оваа варијанта со француско лепче, пршут, домати, босилок и листови од ротквица е лесна за подготовка, а впечатлива. Потребни состојки: 1 француско лепче 150 грама пршут 2 зрели домати рака свежи листови босилок 2 чешниња лук 4 лажици маслиново масло 1 лажица балсамико прелив (прозирен или ...
Ник Норвиц, докторанд на Харвард и поддржувач на кетогената исхрана, одлучил да види што би се случило со неговиот организам откако ќе внесе преголема количина храна. За таа цел, за само еден месец изел дури 720 јајца, што во просек изнесува 24 јајца дневно. По добиените резултати од крвта се увидело дека таканаречениот „лош“ холестерол значително се намалил, што дополнително ги збунило докторите. Значаен дел од експериментот било јајцата да ...
Федералното истражно биро (ФБИ) започна истрага за протекување информации што доведоа до објавување текст во кој се тврди дека директорот на агенцијата, Каш Пател, имал проблеми со алкохолот, објави телевизискиот канал Ем-Ес-Ен-Би-Си (MSNBC), повикувајќи се на информации од Франс прес. Пател во април поднесе тужба за клевета против списанието „Атлантик“ и новинарката Сара Фицпатрик, авторка на текстот во кој се наведува дека неговата позиција ...
Евакуацијата на патниците од крузерот на кој избувна епидемија на хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе на Канарските Острови, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи. Се очекува бродот да пристигне на Канарските Острови во сабота. Тенерифе е најблиското пристаниште до кое моментално се наоѓа крузерот. Во меѓувреме, аргентинските власти соопштија дека холандската двојка која почина од зараза со хантавирус на бродот, ...
Федерален судија од Њујорк објави документ опишан како проштална белешка, за која се тврди дека ја напишал Џефри Епстин и во која се наведува: „Убаво е да можеш сам да го избереш моментот кога ќе кажеш збогум“. Епстин, дискредитираниот финансиски инвеститор обвинет за сексуална трговија со малолетнички, беше пронајден мртов во својата ќелија во затвор во Менхетен во август 2019 година, а неговата смрт беше прогласена за самоубиство. Рачно ...
Земјите членки на Европската Унија и законодавците од Европскиот парламент постигнаа договор за олеснување на клучните правила за вештачка интелигенција, вклучително и за одложување на нивната примена, по притисокот од одредени влади и компании. „Кипарското претседателство, кое го претставува Советот, и преговарачите од Европскиот парламент штотуку постигнаа привремен договор за предлогот насочен кон поедноставување и олеснување на одредени ...
Осум новинари исчезнале или биле убиени во Мексико во текот на 2025 година, соопшти во свој извештај британската организација за заштита на новинарите „Член 19“ (Article 19). Во извештајот Мексико е посочено како земја во Латинска Америка со највисоко ниво на цензура и судски притисоци врз медиумите. „Во 2025 година Мексико регистрира едно исчезнување и седум убиства на новинари, со што повторно е на врвот на регионалната листа“, се наведува ...
Патничкиот инфлуенсер Џејк Розмарин се огласи од крстосувачот „МВ Хондиус (MV Hondius) во Атлантскиот Океан, кој е во карантин по сомневање за епидемија на хантавирус – ретка, но потенцијално сериозна болест. На бродот има околу 150 патници и членови на екипажот кои се изолирани со денови, додека медицинските тимови ја следат состојбата и се обидуваат да спречат ширење на заразата. Според достапните информации, некои од патниците веќе се ...
Американскиот автопроизводител „Тесла“ повлекува 218.868 возила во Соединетите Американски Држави поради проблем со доцнење во прикажувањето на сликата од камерата за задниот поглед, што може да ја зголеми опасноста од несреќа, соопшти Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (НХТСА). Сликата од камерата за задниот поглед кај овие возила може да се појави со доцнење кога автомобилот, на пр., ќе се префрли во ...
Сексуалното насилство и силувањата во ЕУ во последните десет години бележат константен раст, достигнувајќи вкупна евидентирана бројка од 256 302 кривични дела поврзани со сексуално насилство, од кои 38 проценти биле силувања во 2024 година. Во Македонија бројот на регистрирани случаи на сексуално насилство се движи од 87 во 2019, до рекордните 151 регистриран случај во 2013 година, покажуваат податоците објавени од Евростат. Во 2024 година ...
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, оцени дека евентуалното приближување на Германија до поседување нуклеарно оружје би претставувало несомнен casus belli (повод за војна) и причина за преземање најшироки мерки на руски одговор во рамките на доктрината за нуклеарно одвраќање. Во текст објавен за РТ, Медведев наведе дека таквиот развој на настаните би предизвикал сериозна загриженост не само во Москва ...
Втор медицински авион за репатријација, кој превезуваше патник заразен со хантавирус од крузерот „Хондиус“ (Hondius), денеска слета во Амстердам по итна евакуација од бродот во близина на брегот на Зеленортските Острови (Кабо Верде). Медицинскиот авион утрово слета на аеродромот „Схипхол“, додека двајца претходно евакуирани патници пристигнаа во Амстердам уште синоќа. Во меѓувреме, холандското Министерство за здравство соопшти дека државјанка ...
На подрачјето на Европска Унија, со исклучок на Данска, денеска стапи во сила нов Закон за заштита на луѓето вклучени во јавното учество од неосновани или злонамерни тужби односно анти-СЛАПП. Акронимот СЛАПП е кратенка од англискиот јазик стратешка тужба против јавното учество (Strategic Lawsuit Against Public Participation). СЛАПП тужбите ги поднесуваат моќни актери – корпорации, политичари, лоби групи, богати приватни лица ги поднесуваат не ...