Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Времето денес, ќе биде променливо облачно со нестабилни временски услови во текот на денот. Според најавите, претпладне во повеќе делови од земјата ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет, додека кон крајот на денот се очекува постепено намалување на облачноста. Покрај врнежите, значаен елемент ќе биде ветерот. Ќе дува умерен, а на моменти и засилен северен ветер, кој во одредени региони може да ...
Со најниско ниво на слобода на говор во последните 25 години, новинарите го одбележуваат Светскиот ден на слободата на медиумите. Само во 2025 година, поради воени конфликти, загинале најмалку 128 новинари и медиумски работници, од кои најмалку 10 жени. Според последниот извештај на Репортери без граници, се алармира за ширење дезинформации, пад на професионалните стандарди, несоодветен однос на политичките актери кон новинарите и намалена ...
Младиот математичар Македон Димитровски постигна историски успех на Германската математичка олимпијада. Тој освои златен медал во индивидуална конкуренција по математика и златен медал во математички предизвик, а веста ја објави неговиот татко. „Со своите блескави резултати, Мaкедон беше прогласен и во престижната група на ЛАУРЕАТИ — признание резервирано само за најдобрите од најдобрите! Овој неверојатен успех е доказ за врвен талент, ...
Поранешниот премиер Никола Груевски преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на изјавите на министерот за правда во врска со можната постапка за негова екстрадиција од Унгарија. Груевски посочи дека внимателно го следел денешното излагање на министерот, кој говорел за собирање информации од судовите и за чекање на новата власт во Унгарија, со цел да се информира за неговиот статус и евентуално да започне постапка за екстрадиција. Во ...
Пекинг е подготвен да возврати удар врз Европската Унија доколку донесе закон со кој ги исклучува кинеските бизниси од единствениот пазар, изјави висок трговски претставник, објави бриселски Политико. Сè посилната тенденција да се изгради единствена индустриска политика на Европа го провоцира Пекинг, кој, пак, цврсто се држи до политики на државна интервенција дома. Во ретко јавно претставување, на прес-конференција во кинеската амбасада во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од Европската Унија на 25 отсто, тврдејќи дека европскиот блок не го испочитувал во целост трговскиот договор постигнат со САД. „Со задоволство објавувам дека, со оглед на тоа што Европската Унија не го почитува нашиот целосно договорен трговски договор, следната недела ги зголемувам царините за автомобилите и камионите што доаѓаат во ...
Новинарката Елма Годињак (41) денеска е убиена во Сараево а за убиството осомничен е нејзиниот сопруг со кого била во бракоразводна парница Тарик Прусац (49). Тој работел како обезбедување и бил обучен за ракување со оружје. Во минатото бил пријавуван за вознемирување и следење на жртвата. Адвокатката Елмедина Бојичиќ која ја застапувала Елма во бракоразводната парница за Кликс.ба изјави дека таа стравувала за својот живот и дека Прусац не ...
Идниот унгарски премиер Петер Маѓар ја бранеше својата одлука да го избере својот зет за министер за правда, со образложение дека професионалната компетентност на адвокатот е неспорна. Маѓар рече дека Мартон Мелетеи-Барна е вистинскиот човек за функцијата и во својата објава на Икс соопшти дека сопругата на идниот министер ќе направи „уште една жртва“ и ќе се повлече од судиската функција „за да се избегне дури и привид на мешање меѓу ...
Штети кај винови лози и овошки предизвикаа ниски мајски температури во општина Росоман. Оваа информација ја потврди попладнево за МИА, росоманскиот градоначалник Ѓорѓи Крстевски. – Точно е, има дел зафатено, особено ниските делови на територијата на општината. Ќе ја следиме ситуацијата. Првично, има поголеми штети кај лозови и овошни насади, во долните реони. Во меѓувреме, ја следиме ситуацијата. Во контакт сме сите, со советниците во Советот ...
Во италијанскиот планински регион Јужен Тирол, еден од најважните европски центри за производство на јаболка, пролетниот мраз претставува сериозна закана за овоштарниците секоја година. Сепак, локалните овоштари развија прецизен и технолошки напреден систем за заштита кој, иако на прв поглед изгледа како зимска сцена во средината на пролетта, всушност спасува милиони тони овошје. Заштитата од мраз се спроведува во најкритичните моменти, во ...
Една недела нè дели од големото обединување на Албанците во земјата. На 9 Мај, на Денот на Европа, ВЛЕН повеќе нема да биде само сојуз на политички субјекти. ВЛЕН ќе стане една единствена сила, со едно име, еден правец и една мисија, велата од ВЛЕН. „Ова е момент што ја затвора ерата на политичка расцепканост кај Албанците. Со години поделбите им се продаваа како плурализам, а личниот интерес се пакуваше како патриотизам. Тоа време завршува. ...
Некој решил и денес во очај да си ја покрива неспособноста и неподобноста, тука сме ќе се бориме, реагира во објава на Фејсбук поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов откако СВР Струмица му поднесе кривична пријава. СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(36), С.Р.(38), М.Т.(42), С.О.(61) и Ѓ.М.(54), сите од Струмица, поради основано сомневање дека К.К., С.Р. и С.О. ...
Телемедицината ќе биде една од клучните столбови за подобрување на здравствениот систем и справување со недостигот на лекари во земјата, наведува министерот за здравство Азир Алиу во денешното соопштение. Говорејќи за предизвикот со заминувањето на здравствените професионалци од земјата, тој нагласува дека дел од решението лежи во вклучувањето на лекарите од дијаспората преку технологијата. – Денес имаме голем број лекари во дијаспората кои ...
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска упати јавен повик до Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за унгарскиот кредит, по најавите на новиот унгарски премиер Петер Маѓар за ревизија на меѓународните договори. Според СДСМ, политичките промени во Унгарија директно ќе влијаат врз разоткривањето на бизнис релациите во Македонија. „Со падот на пријателот на Мицкоски и негов заштитник, Виктор Орбан, започнува разоткривањето на ...
Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време, информира СДСМ. Заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски во телевизиска емисија изјави дека Заедничката историска комисија меѓу Македонија и Бугарија редовно одржува средби. Како никој за ова не знаеше? Како се состанува, цело време веќе две години, а тоа се крие од јавноста? Што прават ако не договараат внесување на Бугарите во ...
Сите документи потребни за екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски се доставени до Министерство за правда, потврдиле за Телма од Основен кривичен суд Скопје. Од Министерството побарале од Судот да ги достави сите промени кои би можеле да влијаат на постапката за екстрадиција, по што биле испратени потребните одговори и документација. Во моментов против Груевски сè уште се водат и активни, но и веќе завршени судски процеси. ...
Во првите полуфинални пресметки во Лига Европа, фудбалерите на Нотингем Форест триумфираа синоќа над Астон Вила со 1-0 на домашен терен, додека Брага го победи Фрајбург со 2-1. Брага до победата на домашен терен над Фрајбург дојде во судиското продолжение, откако португалскиот тим дојде до почетно водство во осмата минута со голот на Тикназ. Фрајбург не чекаше долго за да одговори и само осум минути подоцна го израмни резултатот со голот на ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потврди на конгресот во Ванкувер дека ќе се кандидира за нов мандат во 2027 година. Во своето обраќање пред делегатите на конгресот, Инфантино ги истакна достигнувањата на ФИФА под негово водство во изминатата деценија. Инфантино рече дека сегашните приходи за периодот 2022-2026 година ќе изнесуваат речиси 12 милијарди евра, а во споредба со времето кога тој го почна своето претседателствување со ФИФА, ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска официјално го претстави новиот дрес на македонската репрезентација со логото на германскиот производител на спортска опрема „Адидас“. Новиот дизајн, како што е соопштено, е специјално персонализиран за македонскиот национален тим, во тесна соработка помеѓу ФФМ и Адидас, а во рамки на програмата на УЕФА за помош на националните асоцијации во спортска опрема (UEFA Kit Assistance Scheme). ...
Грбавиот кит кој помина неколку недели заробен во плитките води крај германскиот брег на Балтичкото Море би можел да биде пуштен подоцна денеска, откако беше одвлечен кон подлабоки води. Податоците за следење покажуваат дека баржата што го пренесува китот се приближува кон најсеверната точка на Данска, премин кон Северното Море, каде што спасувачите се надеваат дека животното, со прекар Тими, може да се врати во отворени води, пренесе ДПА. Во ...
Ноќеска во 00:10 часот во скопското село Катланово, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Д. (57). Како што соопшти денеска МВР, при извршен претрес во неговиот дом со судска наредба, пронајдени се марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. МИА Ноќеска во 00:10 часот во скопското село Катланово, полициски службеници од Единицата за ...
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека „веројатно“ би размислил за повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија. Тој неодамна најави дека Вашингтон размислува и за намалување на бројот на војници во Германија. Трамп остро ги критикуваше сојузниците од НАТО дека не ги испратиле своите поморски сили за да помогнат во отворањето на Ормуска Теснина, која беше затворена за глобалниот поморски сообраќај по почетокот на ...
Американските власти објавија видеоснимка од нападот што се случи за време на гала-вечера во Вашингтон, на која присуствуваше претседателот Доналд Трамп. На настанот со новинарите во саботата, тешко вооружен маж проби безбедносен пункт, по што беше совладан од безбедносните сили. Биле испукани истрели, а Трамп беше итно евакуиран од неговото обезбедување. Федералната обвинителка за Округот Колумбија, Џанин Пиро, изјави дека снимката е ...
Германската полиција минатата година регистрирала најголем број насилни кривични дела мотивирани од екстремно десничарска идеологија од 2016 година наваму, покажува одговорот на сојузната влада на пратеничко прашање од опозициската партија Левица. Според документот, во кој увид имала агенцијата ДПА, германските сојузни покраини до Федералната криминалистичка служба (БКА), заклучно со 31 јануари 2026 година, пријавиле вкупно 1.598 вакви дела ...
Полицијата во Лондон обвини 45-годишен маж за обид за убиство, откако во средата со нож нападнал двајца Евреи во северниот дел на градот. Еса Сулејман е обвинет за две кривични дела „обид за убиство“ и за едно дело „поседување остар предмет на јавно место“, во врска со инцидентот во Голдерс Грин, соопшти Метрополитен-полицијата. Сулејман, кој живее во јужен Лондон, е обвинет и за обид за убиство поврзан со одделен инцидент на улицата Грејт ...
Извршните директори на најголемите светски корпорации лани оствариле реален раст на платите од 11 проценти, додека просечните плати на работниците на глобално ниво пораснале за само 0,5 проценти, покажува новата анализа на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) и „Оксфам“, објавена по повод Меѓународниот ден на трудот. Со други зборови, платите на најплатените директори во светот во 2025 година растеле 20 пати побрзо од платите на ...
Во САД денеска истекува рокот од 60 дена утврден со Законот за воени овластувања од 1973 година, кој му дозволува на претседателот да води воени операции без одобрение од Конгресот. Според законот, американските претседатели имаат 60 дена да реагираат на непосредна закана или напад без претходна согласност од законодавната власт. Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари, а претседателот Доналд Трамп официјално ...
Пожарникари од Германија, Белгија и Франција денеска беа распоредени во Холандија за да помогнат во напорите за справување со голем број пожари кои избувнаа на воени полигони. Како што пренесе ДПА, ова е првпат Холандија да побара странска помош за борба против шумски пожари, според локалните власти. Околу 30 противпожарни возила од Франција и Германија треба да бидат главно распоредени во југоисточниот регион во близина на Ајндховен, додека ...
Наводно проштално писмо на американскиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, чија смрт во 2019 година и натаму предизвикува бројни контроверзии, со години се наоѓа запечатено во судско досие во Њујорк, објави „Њујорк тајмс“. Според весникот, документот го открил поранешниот цимер на Епстин во затворската ќелија, Николас Тартаљоне, кој подоцна бил осуден на повеќекратни доживотни казни во друг кривичен предмет. Тој тврдел ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одбил предлог да носи заштитен елек (панцир), и покрај повеќекратните обиди за атентат врз него, иако потврди дека му било препорачано такво нешто. – Не знам дали би можел да поднесам да изгледам 20 килограми потежок – рече Трамп, одговарајќи на новинарско прашање. Тој додаде дека е „одлично“ што агентот на Тајната служба, кој беше застрелан минатиот викенд за време на обидот за атентат врз ...