Организацијата „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch) оцени дека Светското фудбалско првенство во САД, Мексико и Канада, што ќе се одржи во јуни и јули, претставува „потенцијална катастрофа за човековите права“. Директорката на организацијата, Минки Ворден, за порталот „ntv.de“ изјави дека турнирот треба да биде воден според рамка за заштита на човековите права. – Но, со сигурност можам да кажам дека, иако Светското првенство можеби и ...

Цените на нафтата продолжија со растот на почетокот на неделава, откако пропаднаа мировните разговори меѓу Иран и САД. Цената на еден барел (159 литри) од северноморската нафта „брент“ за испорака во јули порасна за нешто повеќе од четири отсто и во раното тргување денеска достигна 105,76 долари. Цената на нафтата почна да расте уште кон крајот на минатата недела, откако во четвртокот падна на 96 долари поради надежите за дипломатско решение ...

Според најновите проценки на Светската здравствена организација (СЗО), опасноста од хантавирус за европската јавност е ниска, изјави денеска портпаролот на Европската комисија. Тој додаде дека Комисијата работи на усогласување на европскиот одговор заснован врз научни сознанија. Портпаролот посочи дека вчера биле реализирани четири летови преку Европскиот механизам за цивилна заштита, поврзани со епидемијата на бродот „Хондиус“. – Подготвени ...

Капетанот на крузерот „Хондиус“ (Hondius) денеска им оддаде признание на екипажот и патниците за нивното „трпение, дисциплина и љубезност“ за време на кризата на Атлантикот по појавата на хантавирус на бродот, пренесе ДПА. „Хондиус“ пристигна вчера крај брегот на Тенерифе, по што започна постепеното симнување на патниците и членовите на екипажот. Бродот треба вечерва да отплови од Тенерифе кон Ротердам. – Изминатите неколку недели беа ...

Во Истанбул денеска започнува ново судење против поранешниот градоначалник Екрем Имамоглу, кој се смета за можен противкандидат на актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган. Имамоглу заедно со уште три лица се товарат дека се извршители на кривично дело „политичка шпионажа“. Според обвинението, Имамоглу, неговиот советник за кампањи Неџати Озкан, бизнисменот Хусеин Гун и новинарот Мердан Јанардаг наводно управувале со криминална мрежа ...

Кристијан Шмит вчера потврди дека поднел оставка од функцијата висок претставник во Босна и Херцеговина, а претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), владејачката партија во Република Српска (РС), Милорад Додик, кој беше во постојан конфликт со него, рече дека неговата оставка е потврда дека РС е неуништлива. Германскиот дипломат поднесе оставка по речиси пет години на чело на Канцеларијата на високиот претставник. Тој за ...

Не постои апсолутно никаков страв од ширење на вирусот во Грција, но Грција никогаш не остава никого сам, нагласи министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис за грчкиот државјанин од крузерот „Хондиус“, кој во текот на ноќта беше превентивно префрлен во атинска болница, каде што ќе биде во 45-дневен карантин, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот државјанин, првично со холандски авион беше префрлен во Ајндховен од каде што со ...

Косовскиот министер за надворешни работи и дијаспора Глаук Коњуфца денеска во Брисел изјави дека Косово бара рамноправен и правичен третман од Европската унија. – Овој процес подразбира Косово да добие статус на земја кандидат и да почне преговори за членство во ЕУ. Сакаме да имам рамноправен и правичен третман од ЕУ, посочи Коњуфца пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на Унијата со колегите од Западен Балкан. Тој ...

Тројца турски државјани, кои биле на бродот на кој се регистрирани случаи на хантавирус, денеска ќе бидат вратени во Турција и ставени во карантин – соопшти турското Министерство за здравство преку објава на социјалната мрежа „Икс“. „Во земјата ќе бидат вратени тројца наши сограѓани што престојуваа на меѓународен крузер и чија здравствена состојба внимателно се следи. Во текот на мониторингот, што се спроведува во координација со релевантните ...

Хрватскиот министер за туризам и спорт, Тончи Главина, ги повика сите фактори во туристичкиот сектор да ги намалат цените за 10 до 20 отсто поради очекуваната тешка и нетипична летна сезона погодена од последиците од војната на Блискиот Исток и нарушувањата во меѓународниот транспорт – пренесе ХИНА. – Сега е моментот за силни промотивни активности и за намалување на цените и маржите во целиот синџир на вредност за да можеме да понудиме ...

Црна Гора е на врвот во Европа според потрошувачката на антибиотици, а експертите предупредуваат дека прекумерната и неправилна употреба на овие лекови го забрзува развојот на антимикробната резистентност и ги прави инфекциите сè потешки за лекување – пренесе МИНА. Податоците на Институт за јавно здравје на Црна Гора и на СИНМЕД, доставени до агенцијата МИНА, покажуваат дека просечната потрошувачка на антибиотици во земјата е 50-ина проценти ...

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 4 денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,78 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 89,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР ...

Делегација на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО учествуваше на четвртиот Белградски енергетски форум (Belgrade Energy Forum – BEF 2026), организиран од Balkan Green Energy News. Настанот официјално почна со поздравно обраќање на Бранислава Јовичиќ, основач и главен уредник на Balkan Green Energy News и извршен директор на Белградскиот енергетски форум. На отворањето се обратија и министерката за рударство и ...

Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на буџетот. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најавува дека ребалансот ќе биде изготвен во согласност со среднорочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата – стабилни јавни финансии, фискална консолидација, инфраструктурен развој, енергетска транзиција и подобар животен стандард за граѓаните. – Во време на сериозна глобална неизвесност, предизвикана ...

Навреда за сите млади, врв на лицемерие и цинизам е повикот на Христијан Мицкоски младите да не се иселуваат. Па младите поради него и криминалната организација ВМРО сакаат да се иселат, поради криминалот, корупцијата, сиромаштијата, немањето систем, партизацијата. Мицкоски им ја краде иднина на младите. Со намерното блокирање на европскиот пат најголема штета трпат младите македонски генерации. Наместо европски вредности и интеграција, ...

Делегација на Британската амбасада во Скопје, предводена од Н.Е. Амбасадорот Метју Лосон, оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, на која домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов. За време на посетата беа презентирани развојот на компанијата, нејзините пласмани и производственото портфолио, а делегацијата ги посети и Музејот на „Алкалоид“, производствените капацитети на ПЦ Фармација и ...

При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад, информираат од Општина Аеродром. -Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно член 130 од Законот. За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност, посочуваат од ...

Одложено е денешното судско рочиште за случајот „Онкологија“ што се води во Основниот кривичен суд во Скопје поради, како што беше кажано, спреченост на техничкиот советник на Обвинителството да присуствува од оправдани причини – неодложни работни обврски. Следното рочиште за случајот е закажано на 1 јуни. Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на ...

Со одлука за одржување главна, јавна и усна расправа, денеска заврши подготвителното рочиште во Основниот кривичен суд против 13-те полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, кои се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“. На почетокот на рочиштето беше констатирано дека една од судијките поротнички е во роднинска врска со сопругата на еден од обвинетите. Судот го одби ...

Апелацискиот суд Скопје денеска на јавна седница ја разгледуваше жалбата на Обвинителството поднесена против ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Обвинителот Дарко Јакимовски оцени дека првостепениот суд не ги анализирал доволно доказите, што, според Обвинителството, упатуваат на негова вмешаност во настаните што претходеле на киднапирањето. Одбраната на Ѓорчевски, пак, остана на ставот дека ...

Христијан Мицкоски и ВМРО-OKГ продолжуваат да лажат дека вметнувањето на малцинствата во Уставот го загрозувало македонскиот идентитет. Ова е чиста манипулација. Вистината е спротивна: Вклучувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет, а не го слабее. Кога сите граѓани, без разлика на етничка припадност, се дефинирани и заштитени со највисокиот правен акт на државата, тоа ја зголемува кохезијата на ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција укажа дека ВМРО со пропагандата што ја спроведува преку своите медиуми се обидува одговорноста за застојот во реформите да ја префрли врз Европската Унија. Филипче посочи дека наместо реални резултати и спроведени реформи, јавноста е сведок на политички спинови и обиди за манипулација со граѓаните. „Муцунски грмнал во Брисел, Тимчо. Ова веќе звучи смешно само по себе. ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека премиерот Мицкоски додека беше во опозиција, лажеше и обвинуваше за криминал за Коридорот 8, додека во фирмата за надзор е влезен кадар на ВМРО. Филипче посочи дека станува збор за значаен инфраструктурен проект кој неправедно беше политизиран и искористен за напади од страна на ВМРО додека беа во опозиција. „Коридорот е добар проект. Тоа беше Коридор за ...

Оваа влада народот го праќа на езера, за тие да летаат на море со владин авион, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека на Владата на ВМРО со погубните политики се повеќе ја изолира државата, граѓаните од ден во ден живеат потешко, додека власта се луксузира. „Од Македонија прават слепо црево на Балканот и не изолираат секојдневно. На граница не може нормално да поминете. На лето ќе се ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети во предметот поврзан со пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а 223 беа повредени. На денешното рочиште обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, а Обвинителството оцени дека полициските службеници со пропусти во постапувањето придонеле за настанување на трагичните последици. ...

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе одлука за исплата на средства за членовите на општинските изборни комисии и на членовите на избирачките одбори за локалните и повторените избори во 11 општини кои имаат блокирани сметки. Станува збор за 107.201.924 денари за општините Арачиново, Делчево, Пехчево, Тетово, Струга, Кривогаштани, Василево, Желино, Гостивар, Врапчиште и Зрновци, а средствата ќе бидат префрлени на ...

Во продолжението на жалбената расправа пред Апелацискиот суд за убиството на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо пред судечкиот совет рече дека првостепената пресуда содржи сериозни пропусти во оценувањето клучни докази, како и во логиката на настаните. Според него, судот не дал анализа за дел од материјалните докази поврзани со подготовките за кривичното дело, меѓу кои и лепливата лента со ДНК од обвинетиот ...

Со активности на армискиот полигон „Криволак“ денеска официјално започна меѓународната воена вежба „Trojan Footprint 26“, најголемата НАТО-вежба за специјални сили што се одржува во Европа, соопштија од Армијата. Вежбата ќе трае до 22 мај 2026 година и ќе се реализира на повеќе локации низ Европа. На полигонот „Криволак“, покрај припадниците на специјалните сили на Армијата, учествуваат и специјални единици од Вооружените сили на САД, ...

Главните ѕвезди на продолжението на култниот моден филм „Ѓаволот носи Прада 2“ остварија огромни заработки за своето враќање на големото платно по цели две децении. Додека филмот продолжува да реди успеси и веќе надмина 300 милиони долари на светските благајни, извори за магазинот „Верајети“ ги открија деталите за хонорарите на водечкото женско трио. Мерил Стрип, која повторно ја толкува улогата на моќната уредничка Миранда Пристли, ...

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека според него – украинскиот конфликт се ближи кон крајот и додаде дека ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски само кога ќе се постигне траен мировен договор. „Мислам дека прашањето се ближи кон крај“, изјави Путин за војната во Украина. На прашањето дали е подготвен да се вклучи во разговори со лидерите на Европската Унија, Путин им рече на новинарите во Кремљ дека го ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
0.41
37%
1017
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
2.21
59%
1017
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
0.7
59%
1019
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
0.79
49%
1018
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
1.71
51%
1016
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
71%
1020
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
5.81
44%
1012
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
0.85
33%
1016
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
1.17
29%
1016
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
55%
1016
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
2.24
50%
1018
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
3.88
67%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.9872

Currency

71.521

Currency

37.0916

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Платина

50476.67

Паладиум

38355.84

Иридиум

233896.68

Калај

50.54

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Злато

129060.56

Рутениум

49029.89

Бакар

12.22

Алуминиум

3.11

Родиум

249168.29

Сребро

1862.96