Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Комисијата за заразни болести одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер на хантавирус – варијанта андес во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот. Здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата – соопшти Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје, како што се посочува, располага со реагенси за лабораториско ...
Секојдневно сме сведоци на булинг, физички пресметки, закани и инциденти со ладно оружје во училиштата и ученичките домови. Ова повеќе не се изолирани случаи, туку сигнал дека системот за превенција потфрла, а Министерството за образование и наука не превзема активности во заштитата на учениците и безбедноста во училиштата. Нема ниту стратегија, ниту системска реакција. Кога тендерите и финансиските интереси стануваат приоритет, а законите и ...
По падот на режимот на Орбан, новиот премиер Питер Маѓар презема акции и ја ослободува земјата од корупција и од орбановата пропагдандна машинерија. Додека орбановите пропагдни телевизии, меѓу кои и ТВ2 признаваат јавно дека објавувале лажни вести за опозицијата се највува одговорност за криминалните шеми во медиумите и укинување на фрекфенциите. Падот на Орбан ја загрозува целата добро позната медумска пропагданна шема на оската ...
Во Собранието денеска беше промовиран нов портрет на поранешниот претседател Борис Трајковски, а во холот пред пленарната сала е отворена изложба со негови фотографии. Трајковски е државник чиј лик и дело оставија длабока трага во современата македонска историја. Портретот го откри претседателот на Собранието Африм Гаши, а на свеченоста присуствуваа членови на семејството на Трајковски, негови пријатели и соработници, пратеници и бројни ...
Состојбата со насилството во училиштата станува сè поалармантна, а Министерството за образование и наука не презема активности во заштитата на учениците и безбедноста во училиштата. СДСМ побара одговорност од Весна Јаневска и директорите, вондреден испекциски надзор и излезе со 10 итни мерки за системско подобрување на безбедноста на учениците. „Секојдневно сме сведоци на булинг, физички пресметки, закани и инциденти со ладно оружје во ...
Аднан Азизи, пратеник од коалицијата ВРЕДИ, денеска со мнозинство гласови е избран за 8. претседател на Комитетот за односи меѓу заедниците. – Барам да имаме добра соработка во иднина, на конструктивен начин, Комитетот да служи за конструктивни дебати – порача тој, заблагодарувајќи се за изборот што следеше по кусата пауза што беше дадена во рамки на првата седница на Комитетот. Пратениците Азизи и Арбана Пашоли беа предложени за осми ...
Наместо Филков конечно да ги испрати документите за екстрадиција на Никола Груевски, ЗНАМ организира прес-конференции за да продолжи со пропагандата на криминалната група ВМРО. Доволно е со дефокусот. Граѓаните не ги интересираат вашите дневни шоуа и нови теории на заговор. Граѓаните бараат одговор: Дали документите за екстрадиција на Груевски се испратени или не? Имате уште 15 дена до истекот на рокот за исполнување на реформите што Мицкоски ...
Нина е дете кое секој ден го живее во болка. Нејзината состојба поради болеста се влошува, телото слабее, а ризикот од неповратни последици расте. За Нина постои шанса за лекување во САД што може да ѝ го промени животот, но без потребните средства, таа шанса исчезнува. Дел од сумата веќе е собрана, недостасуваат уште 30% од истата. Вкупно потребни средства се 54.361 евра, како и дополнителни средства за патни трошоци, виза и престој. Времето ...
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) најостро реагира на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри и бара истиот веднаш да се стопира и да не се проследува до Собранието. „Донесувањето на ваков закон е ништо друго туку обид за затворање на легалните приредувачи на игри на среќа, монополизација на оваа гранка од страна на власта и поединци кои од тоа имаат голема корист и отворање на нелегалното обложување ...
Фудбалерите на Интер го освоија Купот на Италија по десетти пат во својата историја откако го совладаа синоќа Лацио со 2-0 во финалето во Рим. Интер доминираше од самиот почеток на натпреварот и заслужено го освои трофејот. „Нероаѕурите“ дојдоа во водство во 14 минута со автоголот на Адам, а конечниот резултат го постави Лаутаро Мартинез дваесет минути подоцна. Победничкиот трофеј на теренот го внесоа Кристијан Виери и Ален Бокшиќ, а на ...
Фудбалерите на ПСЖ ја одбранија титулата во француската Лига 1, откако синоќа го совладаа директниот конкурент Ленс на гостински терен со 2-0 и стекнаа недостижна предност од девет бодови на едно коло до крајот на сезоната. Кварацхелија му донесе водство на ПСЖ во 25 минута, а откако Ленс во продолжението пропушти неколку идеални шанси за гол, победата на гостите од Париз ја запечати Мбапе во 94 минута. За ПСЖ ова е вкупно 14 француска титула ...
Легендарната поп пејачка Мадона, колумбиската музичка ѕвезда Шакира и јужнокорејската К-поп група БТС ќе бидат главни ѕвезди на полувремето од финалето на Светското фудбалско првенство, објавија синоќа организаторите. Финалето ќе се игра на 19 јули на „Метлајф“ стадионот во Њујорк и прв пат во 96-годишната мундијалска историја ќе биде збогатено со музички настап. Продуцент на музичката програма е Крис Мартин од „Колдплеј“, чие искуство од ...
Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети го откажа настапот на вториот сезонски грен слем турнир Ролан Гарос, поради повреда на бутот. Минатогодишниот полуфиналист на Ролан Гарос и светски број 10 на АТП ранкингот, имаше проблеми во поразот во осминафиналето од Норвежанецот Каспер Руд на Отвореното првенство на Италија во Рим во вторникот. „По натпреварот, бев на лекарски прегледи кои дијагностицираа повреда на ректусот феморис, што бара неколку ...
Селекторот на македонката машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров очекува исцрпувачки и тензичен натпревар вечерва против Словачка во баражот за пласман на Светското првенство 2027. Лазаров посочи дека македонските ракометари се свесни за важноста на дуелот против неатрактивен, но квалитетен противник. „Влогот е огромен. Изминатата деценија постојано сме присутни на светските и европските првенства и тоа е дополнителен притисок за нас. ...
Аргентинецот Фаустино Оро, честопати нарекуван „шаховскиот Меси“ стана вториот најмлад велемајстор во историјата на шахот на возраст од 12 години шест месеци и 26 денови. Оро на вечната листа најмлади велемајстори го потисна од второто место Сергеј Карјакин (12 години и седум месеци), додека светскиот рекорд на Американецот Абхимању Мишра (12 години, четири месеци и 25 денови) остана за малку недостижен. Успехот на Оро добива уште поголема ...
За сите кои сакаат високи плати и релативно ниски трошоци за живот во споредба со приходите, Лихтенштајн е одлично место за преселба во Европа. Или барем така е според Индексот за преселба без данок е рангирање (Tax-Free Relocation Index) од компанијата „Вилијам Расел“. Жителите на оваа европска држава, сместена меѓу Австрија и Швајцарија, имаат просечна месечна плата од 8.249 евра. Индексот ги идентификува најдобрите дестинации за преселба, ...
Ако барате брз, лесен и вкусен оброк, овие печени тиквички се одличен избор. Комбинацијата од свеж зеленчук, јајца и кремасто сирење создава сочно и ароматично јадење кое е совршено за ручек или лесна вечера. Состојки: 2 тиквички 1 главица црвен кромид 4 јајца 200 грама фета сирење или моцарела 20 мл масло 40 мл павлака за готвење сол бибер сув зачин по вкус рендан кашкавал/пармезан за одозгора (по желба) магдонос Подготовка: Загрејте ја ...
Во семејниот дом во битолската населба Баир изутрината во 06:40 часот, убиена е А.В. (31 г.) од Битола. Од СВР Битола за МИА потврдија дека полициски службеници го привеле нејзиниот сопруг А.Р. (33 г.) кој се сомничи за извршено убиство. – Осомничениот А.Р. во 06:40 часот, со нож ја нападнал неговата сопруга А.В. со која живееле заедно. Од здобиените повреди А.В. починала во семејниот дом, а смртта ја констатирал лекар од Службата за итна ...
Соединетите Американски Држави сметаат на поддршка од Кина за решавање на ќор-сокакот околу Ормуската теснина, изјави државниот секретар Марко Рубио. – Се надеваме дека ќе ги убедиме да одиграат поактивна улога во поттикнувањето на Иран да се откаже од она што го прави сега и што се обидува да го направи во Персискиот Залив – изјави Рубио за Фокс Њуз во претседателскиот авион „Air Force One“ на пат кон Кина. Рубио го придружува американскиот ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, за кинескиот колега Си Џинпинг рече дека е „голем лидер“, и додаде дека му претставува чест што е негов пријател. „Ќе имаме фантастична иднина заедно“, рече Трамп на почетокот на лидерската средба во Пекинг. Тој додаде дека Си е „голем лидер“, истакнувајќи дека „понекогаш луѓето не сакаат кога го велам тоа, но јас сепак го кажувам бидејќи е вистина.“ Кинескиот претседател од своја страна изјави дека е ...
Пентагон го запре распоредувањето на повеќе од четири илјади американски војници во Европа, потег што изненади дел од воените претставници, пренесе ДПА. Весникот „Вол стрит журнал“ објави дека таквата одлука била соопштена на состанок на претставници на американската армија со претставници на Европската команда на американската војска (EUCOM). Станува збор за војници што требаше да бидат распоредени во Полска во рамки на планирана ...
Поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој се наоѓа во затвор во САД, затворската ќелија ја дели со уште 18 затвореници. Николас Мадуро Гера, единствениот син на поранешниот венецуелски лидер, во интервју за германскиот магазин „Шпигел“ изјавил дека во истата заедничка ќелија накратко бил сместен и американскиот рапер Текаши 6ix9ine, приведен поради прекршување на условното помилување. Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес ...
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг го предупреди Доналд Трамп против лошото справување со прашањето за Тајван за време на посетата на американскиот претседател на Пекинг, велејќи дека тоа може да доведе до тензии или дури и конфликт меѓу двете земји, според кинеските државни медиуми. Ако прашањето за Тајван се решава лошо, тоа би можело да ги доведе односите меѓу САД и Кина во „многу опасна ситуација“, рече Шји за време на разговорите во ...
Во 2025 година, од 203,1 милиони домаќинства во ЕУ, само 47,4 милиони, или 23,4%, вклучувале деца. Повеќето од нив биле парови со деца (14,7%), други видови домаќинства со деца (5,6%) и самохрани возрасни лица со деца (3,0%), покажуваат податоците на Евростат. Останатите 76,6% од домаќинствата без деца се состоеле од самохрани возрасни лица (37,5% од сите домаќинства), парови (24,1%) и други домаќинства (15,1%). Помеѓу 2016 и 2025 година, ...
Врховниот суд за борба против корупцијата во Украина му изрече превентивна мерка – притвор на поранешниот шеф на претседателската администрација на Володимир Зеленски, Андриј Јермак, со можност да плати кауција од 140 милиони гривни – објави „Укринформ“ повикувајќи се на судијата Виктор Ногачевски. Судијата Ногачевски, пренесува ДПА, денеска пресуди дека Јермак треба да остане во притвор како почетен период од 60 дена, со можност за ...
Вонредната состојба на Унгарија поврзана со војната, која беше прогласена пред четири години под водство на поранешниот премиер Виктор Орбан, официјално завршува денеска, објави на Фејсбук премиерот Петер Маѓар, цитиран од MTI. „Вака се збогуваме со шестгодишното владеење со декрети. Се враќаме во нормалноста“, рече Маѓар. Орбан првпат прогласи вонредна состојба на 24 мај 2022 година, поради војната меѓу Русија и Украина, парламентот ја ...
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска изјави дека Иран не создал никакви пречки за пловидба низ Ормуската Теснина и ги обвини САД за предизвикување блокада во регионот. „Ормуската Теснина е отворена за сите комерцијални бродови, но тие мора да соработуваат со нашите поморски сили“, рече Арагчи во интервју за иранската државна телевизија „Прес ТВ“, објави агенцијата Тасним. Тој оцени дека морезуот во моментов „најмногу пати ...
Иран им дозволи на одредени кинески бродови премин преку Ормуска Теснина откако со Кина беше постигнат договор за иранските правила за управување со мореуз, јави иранската новинска агенција Фарс. Неименуван извор за Фарс изјави дека одлуката е донесена на барањето на шефот на кинеската дипломатија и кинескиот амбасадор во Техеран да се олесни преминот на кинеските бродови низ Ормуска Теснина во согласност со стратешкото партнерство помеѓу ...
Претседателот на Казахстан Касам-Жомарт Токаев и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган денеска во Астана потпишаа 13 нови билатерални договори за соработка во областа на енергетиката, образованието, градежништвото и културата. – Казахстан има специјална улога за енергетската политика, што ја водам изминатите години. Значењето на Транскаспсикиот меѓународен коридор Исток – Запад, што денес е современ еквивалент на Патот на свилата, расте ...
Во март годинава во земјава се евидентирани 73 921 туристи кои оствариле 134 233 ноќевања, објави Државниот завод за статистика Од вкупниот број туристи, 19.7 % се домашни, а 80.3 % се странски. Кај ноќевањата, пак, 26.5 % се од домашните, а 73.5 % од странските туристи. Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.2 %. Кај домашните туристи има зголемување ...