Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Подобро е да се запре истрагата отколку да се поднесе обвинение кое нема да издржи судска проверка, изјави државниот јавен обвинител Ненад Савески во врска со случајот „Мазут“. На брифинг со новинарите, Савески ја поддржа одлуката на обвинителката Коларевиќ и посочи дека бил изненаден од реакциите што следуваа по запирањето на постапката. Голем дел од јавноста реагира без да има увид во доказите со кои располага обвинителството. За разлика од ...
Викендов, во сабота и недела, 6 и 7 јуни 2026 година, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во сабота, 6 јуни. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер ...
Полската тенисерка Маја Хвалинска продолжува со изненадувањата на Ролан Гарос откако синоќа се избори за саботното финале. Таа со 2:0 во сетови (7:6 и 6:4) за два часа игра ја совлада Дијана Шнајдер. Полската тенисерка во моментов се наоѓа на 114.место на ВТА листата и со пласманот во финалето влезе во тениската историја. Таа само втората тенисерка која од квалификациите стигнува до финале на Гренд слем турнир, а пред неа тоа и успеа на ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со соопштение се огласи во врска со реакцијата на ФК Шкендија. Соопштението на ФФМ го пренесуваме во целост. Со жалење констатираме дека ФК Шкендија наместо да преземе одговорност за инцидентите што се случија на финалниот натпревар од Купот на Македонија, повторно сме сведоци на обид вниманието да се пренасочи кон ФФМ и нејзините одлуки. Никакви уцени, притисоци или закани нема да ја поколебаат ...
Кинески научници спровеле истражување за развојот на ембриони од цицачи во вселената. Експериментот е дел од мисијата Шенжоу-22, соопштија кинеските медиуми. Според информациите, примероците се вратени на 29 мај, а потоа се транспортирани во истражувачки центри во Пекинг каде што ќе бидат анализирани со цел да се утврдат ефектите од вселенското опкружување врз ембрионот.Истражувањето го врши Институтот за напредна технологија во Шенжен при ...
Рецепт за ликер од ореви кој е добар за штитна жлезда, грлото, дишните патишта, за бронхитис, желудник и за зајакнување на имунитетот. Сега е време да го направитe, кој е одличен и здрав. Состојки: 30 зелени ореви 500 г шеќер 1 литар вотка или квалитетна домашна ракија 2 стапчиња цимет 1 лажица арома на ванила Подготовка: Исецкајте ја кората од лимон. Измијте ги и исушете ги оревите, а потоа исечете ги на четвртини. Измешајте ги сите ...
Секторот за внатрешни работи Штип информира дека во изминатиот период е забележан зголемен број пријави за кривични дела „измама“ и „обид за измама“, при што најчесто на мета се повозрасни граѓани. – Зголемен е бројот на случаи кога непознати лица од странски телефонски броеви се јавуваат на повозрасни лица и вршат измама на начин што на лицата им соопштуваат дека нивни блиски, роднини и слично имаат повреди и треба да им се изврши итна ...
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри пакет помош за Украина и нови санкции против Русија, откако 18 републикански конгресмени им се придружија на демократите при гласањето. Пакетот е усвоен со 226 гласа „за“ и 195 „против“, што претставува прва голема проукраинска мерка изгласана за време на вториот мандат на претседателот Доналд Трамп Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, претходно ги повикал членовите на својата ...
Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека е прерано да се зборува за негово евентуално учество на претседателските избори предвидени за 2030 година, иако Уставот му дозволува повторно да се кандидира. „Навистина, Уставот дозволува кандидатура во 2030 година, но мислам дека е прерано да се зборува за тоа, навистина е многу рано. Во моментов дури и не размислувам за тоа“, рече Путин на средба со раководители на меѓународни новински ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека на САД не им е потребен договор со Иран за да дојдат до збогатениот ураниум од таа земја. „Би можеле да го добиеме веднаш. Не мислам дека би можеле да не спречат доколку решиме да го преземеме, но нема причина за тоа. Ураниумот е закопан“, рече Трамп пред новинарите во Овалната соба. Трамп исто така изјави дека не сака да се сретне со иранскиот врховен лидер, Моџтаба Каменеи, но додаде дека ...
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ги отфрли наводите што кружат низ западните земји за наводен претстоен напад на Русија врз НАТО, оценувајќи ги таквите тврдења како апсурдни и како „намерна манипулација“, а истовремено порача дека Русија е подготвена за мир со Украина и дека е потребно во преговорите посредник да биде некој што е неутрален. – Која е целта на напад врз Европа и борба против НАТО? Ова не е само бесмислица, тоа е ...
Комесарот за транспорт на Европската Унија, Апостолос Цацикостас, изјави денес дека засега нема знаци за недостиг на авионско гориво во Европа во наредните месеци, и покрај отежнатиот транспорт на нафта преку Ормуската Теснина. Тој рече дека моментално нема проблеми со снабдувањето со млазно гориво во Европа и дека не се очекува недостиг во блиска иднина. Според него, најзагрозени се регионалните аеродроми, а главната загриженост произлегува ...
Австралиските власти запленија повеќе од 100.000 живи егзотични лебарки од комерцијален одгледувач во сојузната држава Нов Јужен Велс во она што официјалните лица го опишаа како најголема заплена на илегални егзотични безрбетници во историјата на земјата. Одделот за климатски промени, енергија, животна средина и вода (DCCEEW) денеска соопшти дека инсектите, чија вредност се проценува на износ до 200.000 австралиски долари (142.000 американски ...
Грчката поддршка за ЕУ перспективата на Западен Балкан, како прашање од национален интерес, ја повтори и истакна претседателот на Грција Константинос Тасулас при пристигнувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, потенцирајќи дека сакаат на север да имаат европско институционално опкружување, јави дописничката на МИА од Атина. – Како што е познато, Грција, веќе со децении, од 2003 година, цврсто ја поддржува европската перспектива на ...
Соединетите Американски Држави најавија значителна промена во својата енергетска стратегија, планирајќи инвестиции од стотици милиони долари за обнова на индустријата за јаглен, вклучувајќи и изградба на нови енергетски капацитети, кои би биле први такви проекти во земјата по повеќе од една деценија. Американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба потврди дека за оживување на овој сектор ќе бидат издвоени 700 милиони долари. Според ...
Во Тиват денеска ќе се одржи Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската Унија и Западен Балкан“, а главна тема ќе биде проширувањето на Унијата. Со собирот ќе претседава претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, кој претходно ги посети земјите од регионот, додека домаќин е претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На Самитот ќе присуствуваат и претседателката на Европската комисија, Урсула ...
Со 72 девојки кои вчера пристигнаа во Центарот за обука на регрути во грчкиот град Ламија и официјално започна доброволното служење воен рок за жени во Грција, во траење од 12 месеци, јави дописничката на МИА од Атина. Можноста и жените да служат воен рок ја соопшти министерот за одбрана Никос Дендиас на крајот на октомври минатата година, а следеше и кампања на Генералштабот на копнената војска на Грција со видео на социјалните мрежи во вид ...
Бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека постојат два можни пристапа за забрзување на членството на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, но дека Софија се залага за процес заснован на реални заслуги и спроведени реформи. Одговарајќи на новинарско прашање пред Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Радев рече дека едниот пат подразбира компромис со критериумите за членство, додека другиот се темели на вистински достигнувања и ...
Доколку Европската Унија сака да испрати силна порака до светот и да дејствува, тогаш земјите од Западен Балкан мора да бидат на иста маса со ЕУ, како што се денес, сè до моментот кога ќе станат полноправни членки на Унијата, изјави албанскиот премиер Еди Рама по пристигнувањето во Тиват. Тој додаде дека процесот на европска интеграција мора да остане заснован на заслуги, но во исто време да се одвива постепено и со нова политичка визија. ...
Македонскиот ИКТ сектор продолжува да биде еден од најсилните двигатели на економскиот раст во државата, достигнувајќи вкупни приходи од 1,77 милијарди евра во 2025 година и извоз од 676 милиони евра, покажуваат податоците презентирани на првиот македонско-грчки „Digital Bridge & Business ICT Forum“, организиран од МАСИТ и грчката асоцијација SETPE, информира денеска МАСИТ во соопштение што МИА го пренесува интегрално. „Анализата на ...
Управата за јавни приходи (УЈП) и Шведската даночна администрација го одржаа првиот состанок на УО на заедничкиот проект за модернизација. Како што информира УЈП, пректот се реализира со поддршка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA). Состанокот се одржа вчера, а беа разгледани привремениот извештај од почетната фаза на проектот, документите за процена на ризици, како и МЕЛ матрицата за мониторинг, евалуација и учење. ...
Цените на угостителските услуги во мај годинава во однос на истиот месец лани се зголемени за 2.6 %. Во споредба со претходнио месец, пак, цените се повисоки за 0.1 %, објави Државниот завод за статистика. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – мај 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.9 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.7 %. МИА Цените на угостителските услуги во ...
Долго време во високото образование меревме успех со бројот на запишани студенти, со бројот на факултети и со бројот на издадени дипломи, но денес мора искрено да признаеме – на економијата не ѝ треба само диплома. Ѝ треба знаење, вештини, иновации и носечки кадар. Не смееме повеќе да „штанцаме“ програми што не се тесно поврзани со реалниот пазар, беше речено на денешната конференција во Стопанската комора. Како што порачаа учесниците, ...
Неделава ја одбележаа неколку бизнис настани и годишнини на компании кои се членки на Стопанска комора на Северна Македонија. 25 години посветени на успешна приказна која ја обликува дигиталната иднина: Честитки за Nextsense од претседателот Азески и благодарност за Признанието. Остануваме посветени на градење партнерство и доверба во годините што следат, се вели во објавата на СКСМ. Претседателот на Стопанската комора имаше чест да биде дел ...
Денес не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе бидат во интервал од 10 до 17, а дневните од 24 до 32 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен. Се најавува период на ...
Во 21 век информациите станаа поле на борба, дезинформациите се користат како оружје во геополитичките конфликти, а демократиите се исправени пред предизвикот да ја заштитат слободата на говор без да дозволат ширење штетни манипулации, оценува Фабрис Д’Алмеида, историчар, истражувач и професор по историја на медиумите и пропагандата во Францускиот институт за печат (ФИП) при Универзитетот Париз II Пантеон. Во интервју за МИА, раководителот на ...
Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска ќе одржи јавна расправа на тема: „Реформски пакет на Предлог закони за дигитална трансформација на Република Северна Македонија“. На Јавната расправа ќе се дебатира за Предлог на законот за електронските комуникации, Предлог на законот за безбедност на мрежни и информациски системи, Предлог на законот за архивски материјал и архивска ...
„Од диплома до компетенции: новата улога на универзитетите преку поврзување на академијата и економијата“ е наслов на конференцијата, што ќе се одржи денеска во организација на Стопанската комора на Македонија. Конференцијата, како што се наведува во соопштението на Комората, има цел да отвори национален и регионален дијалог за трансформација на високото образование во функција на економскиот развој, конкурентноста, иновациите, задржување на ...
– На одредени гранични премини, во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, постои можност привремено и делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот, односно регистрацијата да се врши без земање биометриски податоци, отстапка што важи до 8 јули годинава, со можност да се продолжи до 6 септември, произлегува од одговорите на пратенички прашања доставени од заменик-министерот за ...
Се слушна ли Мицкоски со некој обвинител да издиктира некое ново чувство? Јавниот обвинител Ненад Савески на брифинг со новинари застана зад обвинителката која го запре случајот „Мазут“ проценет на 167 милиони евра. Но, Савески кажа и една многу важна работа, дека „доколку во иднина се појават нови околности или релевантни докази, случајот може повторно да биде активиран„. Само неколку часа после брифингот на Савески и овие негови изјави, ...