Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп во денешната објава на неговата мрежа „Тру соушал“ ги повика Иран и Израел веднаш да ги прекинат обновените меѓусебни напади – пренесе ДПА. „Израел и Иран мора веднаш да престанат да пукаат. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, наведе тој во објавата. Неговото барање доаѓа откако Иран синоќа го нападна Израел, а Израел утрово возврати. Ова исто така следува по телефонското интервју за „Фајненшел тајмс“ ...
Иран ги прекинува нападите врз Израел откако даде „болен одговор“ за израелските напади врз Либан, соопшти денеска иранската војска на националното радио, пренесе ДПА. Одлуката следи откако во текот на ноќта и утрово Израел и Иран изведоа повеќекратни напади што претставуваше најсериозната ескалација откако во април стапи на сила прекинот на огнот во војната меѓу САД и Израел против Иран. Иран синоќа лансираше ракети кон Израел, како одговор ...
Албанија, која во последните месеци се претставува како еден од најбрзите кандидати за членство во Европската Унија, доби јасно предупредување од Европската комисија поради контроверзниот туристички проект поврзан со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Станува збор за луксузен развоен проект во еколошки чувствителното подрачје Вјоса-Нарта, кој предизвика масовни протести во Албанија и отвори прашање дали Тирана е ...
Во едно од своите најобемни политички обраќања, папата Лав XIV го предупреди шпанскиот Парламент дека ескалацијата на конфликтите, продлабочувањето на поларизацијата и широко распространетото непочитување на човековите права го турнаа светот во длабока криза. Папата Лав, кој неодамна зазеде посилна позиција против правецот што го водат светските лидери, цврсто го повтори своето противење на зголемените воени трошоци на Европа, повикувајќи ги ...
Полска заплени речиси еден тон хероин вреден 52 милиони евра, што е најголемата заплена на дрога во последните години, објавија властите. Британските медиуми пишуваат дека припадници на полската полиција пронајдоа големо количество наркотици во контејнери што пристигнаа од Обединетите Арапски Емирати во балтичкото пристаниште Гдиња, а властите информации за пратката добиле од британската даночна администрација. „Не треба да ви кажувам што би ...
Бродовите моментално плаќаат просечно од 1,5 до два милиона долари такса за да минуваат низ Ормуската Теснина, изјави членот на Комитетот за планирање и буџет на иранскиот парламент, Мохсен Занганех, пренесе иранската агенција Фарс. Потпретседателот на иранскиот парламент, Али Никзад, во мај објави нацрт-план во 12 точки за управување со Ормуската Теснина, потсетува Фарс. Исто така, беше основана нова државна агенција чија задача е да го ...
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, нема друг избор освен да го прифати договорот што САД ќе го постигнат со Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во синоќа објавеното интервју за „Фајненшл тајмс“. „Тој нема никаков избор“, нагласи Трамп. Претходно, американскиот претседател телефонски разговарал со Нетанјаху, објавија израелските медиуми. Американскиот политички портал „Аксиос“ објави дека Трамп пред разговорот изјавил ...
Лидерите на Франција, Германија и на Обединетото Кралство познати како „Европска тројка“, ја поддржаа идејата на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, за „непосреден дијалог“ меѓу Украина и Русија со „активно учество на САД и Европа“, пренесуваат светските агенции. Во заедничка изјава дадена во Лондон, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер оценија дека „тековната ...
Администрацијата на САД ќе се обиде да ги користи иранските средства за земјите од Персискиот Залив за обнова и надомест на штетата предизвикана од Иран во воениот конфликт, изјави извор запознат со тоа прашање, додека Техеран продолжува со напади со дронови по бранот напади врз Кувајт и Бахреин. Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, побара од своите помошници да ја проценат штетата што Иран досега им ја предизвикал на американските ...
Речиси 10.000 хрватски граѓани побарале да бидат исклучени од учество во игри на среќа откако во август минатата година беше воспоставен Регистарот на исклучени играчи, што им овозможува на лицата зависни од коцкање да им се забрани пристап до сите организатори на игри на среќа во земјата. Според податоците на Хрватскиот институт за јавно здравје (HZJZ), до 25 мај, во Регистарот биле регистрирани 9.615 граѓани, при што речиси 90 проценти од ...
Левичарското националистичко движење „Самоопределување“ на косовскиот премиер Албин Курти води со освоени нешто на 43 проценти од гласовите на вчера одржаните избори. Станува збор за нецелосни прелиминарни резултати од вчера одржаните предвремени парламентарни избори. Податоците засега ги опфаќаат само гласовите од територијата на Косово. Гласањето во дијаспората по пошта и во дипломатските претставништва на Косово во 30 земји беше спроведено ...
Косовскиот премиер Аљбин Курти ги повика сите политички партии на соработка со цел да се надмине 18-месечниот политички застој, откако неговото движење „Самоопределување“ победи на вчерашните парламентарни избори, но не обезбеди доволно мандати за самостојно формирање влада. Според официјалните резултати, „Самоопределување“ освои 43 отсто од гласовите по пребројани 99,4 отсто од гласачките ливчиња на изборите, кои се трети во последните ...
Известителот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, оцени дека Србија, како најголема земја на Западен Балкан, има најголем капацитет да напредува во секоја смисла кон членство во ЕУ, но не го прави тоа и, наместо да отвора нови поглавја од преговорите, постојано отвора нови дилеми и создава тензии кон своите соседи. Каkо што пренесоа српски медиуми, Пицула истакна дека на Србија повторно и е даден грејс период за исполнување на ...
Европската комисија ја предупреди Албанија дека контроверзниот туристички проект во заштитеното подрачје Вјоса-Нарта, кој се поврзува со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, би можел да влијае врз нејзиниот напредок на патот кон членство во Европската Унија, објави Ора њуз, повикувајќи се на Политико. Предупредувањето доаѓа во период кога во Албанија повеќе дена траат протести против изградбата на луксузен туристички ...
Премиерот на Владата на РСМ проф. д-р Христијан Мицкоски со владина делегација, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и градоначалникот на Виница Митко Костадиновски ќе присуствуваат на пуштање во работа на новата фабрика на Винчини за производство на вафли, вредна 8,5 милиони евра, претставена од генералниот директор Глигор Цветанов, кој истовремено е и потпретседател на Стопанската комора. Во рамки на ...
Цените на нафтата утрово нагло пораснаа, откако новите тензии на Блискиот Исток повторно ги зголемија стравувањата од нарушено снабдување. Brent нафтата поскапе за повеќе од три долари за барел и се искачи на околу 96 долари, додека американската WTI нафта се движеше над 93 долари за барел. Пазарите реагираа по обновените израелски напади врз Либан, како и по извештаите за експлозии во Иран. Растот на цените ги избриша загубите од петокот, ...
Република Српска го усвои Правилникот за дополнителни барања за пласирање на пазарот производи што содржат палмино масло и други растителни масла и масти, со кој се воведуваат построги правила за означување и продажба на производи што имитираат млечни производи. Правилникот се однесува на производи во кои млечната маст е делумно заменета со растителна маст, како што се одредени сирења и намази, како и пекарски производи полнети со такви ...
Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8 %, а цените на мало раст од 5.6 %. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај во однос на април годинава, изнесува 0.6 %. Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 1.6 %, Облека и обувки, Храна и безалкохолни пијалаци за 1.0 %, Рекреација, спорт и ...
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ од полноќ се намалуваат за 2,00 денари, а на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар за литар – соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на „евросупер БС-95“ ќе биде 86,00 денари, „евросупер БС-98“ ќе се продава за 88,00, „евродизелот БС (Д-Е V)“ за 87,00, а „екстра-лесното 1 (ЕЛ-1)“ за ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новата фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини“, инвестиција вредна 8,5 милиони евра на компанијата „Макпрогрес“. На свеченоста беше истакнато дека станува збор за инвестиција реализирана со сопствени средства и кредити од комерцијалните банки, вклучително и дел од кредитната линија обезбедена од Владата. Новиот производствен капацитет е изграден за ...
Министерството за култура и туризам во 2026 година ќе располага со буџет од 12 милијарди и 540 милиони денари, а дополнителни 285 милиони денари ќе бидат обезбедени од приходите од игрите на среќа за поддршка на културата и туризмот – информира денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Љутков на брифингот со новинарите истакна дека со новите законски решенија се обезбедува траен финансиски механизам за развој на филмската ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност претпладне. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со град. Ќе дува слаб до умерен северeн ветер. Минималните температури, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се движат од 9 до 18 Целзиусови степени, а максималната температура од 22 до 33 Целзиусови степени. ...
Без електрична енергија деенска од 08.00 до 12.00 часот ќе останат корисниците од улиците Хо Ши Мин, Приштинска, Призренска, Марко Крале, Љубо Петровиќ и Бутелска во Општина Бутел, инвормира РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од бул. Борис Трајковски – зградите спроти Расадник – Трим и Лум, Елена Лука и други, како и дел од корисниците од ул. Михаил Чаков во општина Кисела Вода. МИА Без електрична енергија деенска од ...
Тажната вест ја објави неговиот брат, д-р Шефкет Зеколи, преку јавно соопштение на социјалните мрежи, информирајќи ги членовите на семејството, пријателите и најблиските за загубата на нивниот близок „Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, неочекувано почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966-2026)“, се вели во соопштението. Според семејството, погребната церемонија ...
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола апелира да не се палат стрништа, сува трева, отпад и други растителни остатоци на отворен простор во Пелагонија. Од ТППЕ Битола посочуваат дека палењето на стрништата и сувата вегетација многу лесно може да прерасне во неконтролиран пожар, особено во услови на високи температури и ветер. Ваквите пожари претставуваат сериозна опасност за шумите, земјоделските површини, домовите и човечките ...
Зголемен е бројот на пациенти во Ургенетен центар Куманово кои бараат помош за справување со тегоби предизвикани од стомачни вируси. Лекарите велат дека честите температурни промени придонесуваат за појава на гастроинтестинални инфекции, а најпогодени се децата и лицата со намален имунитет. Во Ургентниот центар во Куманово, изминатава недела е регистриран значителен пораст на пациенти кои се јавуваат со симптоми како гадење, повраќање, ...
Дискотеката „Пулс“, но и други објекти во градот Кочани, не биле опфатени во плановите за надзор на Дирекцијата за заштита и спасување, беше посочено на продолжението на судењето за пожарот во кочанската дискотека. Во судницата на денешното рочиште за пожарот во „Пулс“ беа презентирани планови за квартални инспекциски контроли, годишни програми и службени документи на Дирекцијата за заштита и спасување, потпишани со името на Шабан Салиу кој ...
Попладнево во западните и југозападните делови имаше локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во околината на Охридско – Преспанскиот, Дебарско – Кичевскиот и Полошкиот регион, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што посочуваат, попладнево продолжува нестабилноста во западните и југозападните делови, а до крајот на денот има услови за појава на нестабилност и во југоисточните делови ...
Во изминатите три дена, Јавното претпријатие „Лајка“ – Скопје го реализираше „Лајка фест – повеќе од настан“, иницијатива чија цел беше на едно место да ги обедини институциите, стручната јавност, организациите и граѓаните околу една тема што со години е присутна во нашето општество – проблемот со бездомните кучиња и потребата од системски, хумани и долгорочни решенија. Фестивалот започна со панел-дискусија во Собранието на Град Скопје, каде ...
До четврток времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР најавуваат дека во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку ...