Дигиталните контроли на инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) откриле зголемување на даночно затајување во 2025 година, а просечната стапка изнесува 29,7 отсто, за 2,6 проценти повисока од 2024 година, додека пак на прво место се автосервисите, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците од ААДЕ, што ги објавуваат грчките медиуми, шест од десет сервиси за автомобили и мотоцикли (61 отсто) затајувале ...

Ученици, наставници и друг училишен персонал беа евакуирани од десетици училишта во хрватскиот главен град Загреб поради закани со бомби, објави хрватскиот весник „Јутарни лист“. Наставата беше откажана во овие училишта. Слични закани беа примени и во други градови во регионот на Дубровник. Вчера, повеќекратни закани со бомби беа примени и во училиштата во регионот Сплит-Далмација. По полициска истрага, беше утврдено дека заканите биле лажни, ...

Турските власти приведоа вкупно 110 рудари кои почнаа штрајк со глад пред зградата на Министерството за енергетика во Анкара поради неисплатени плати и надоместоци, објави денеска порталот „Туркиш минит“. Рударите го почнаа својот протест пред девет дена со марш од западниот турски град Ескишехир кон главниот град. По пристигнувањето пред Министерството, тие ги соблекоа маиците и шлемовите, прогласувајќи штрајк со глад, по што интервенираше ...

Земјоделецот Межди Зибери од село Радиовце, општина Брвеница минатата година заедно со неговиот син насадиле 1 ха со аронија. Вели дека идејата е на синот кој е доктор по вокација и точно ги знае придобивките од овој плод и позитивното влијание врз организмот. Садниците ги набавиле од Агро Калишта, се информирале за начинот на садење, за растојанието меѓу садниците и меѓу редовите и какви други агротехнички мерки се потребни. Потенцира дека ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 9 степени, а максималната од 14 до 21 степен. Во Скопје, во ...

По долго боледување почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на политиката и правосудството. Таа зад себе остава богата и значајна кариера, која траеше повеќе од три децении. Дувњак својата новинарска кариера ја започна во 1988 година во Македонска радио-телевизија, каде работела две години. Од 1991 до 1999 година беше дел од редакцијата на Нова Македонија, ...

Две жени на возраст од 62 и 56 години побарале помош во Итната медицинска помош број два во Кавадарци, каде биле медицински третирани под сомнеж за труење со заостанати велигденски јајца. Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома, бидејќи, како што рекла, се чувствувала подобро. Оваа информација ја потврди за МИА, доктор Антоан ...

Додека премиерот Христијан Мицкоски се фали дека сме „трета најбрзо растечка економија во Еевропа“ и дека имаме раст од 3 отсто, граѓаните се борат со се поскапиот живот. Синдикалната минимална кошница за април 2026 година достигна речиси 69.000 денари. За само еден месец се покачи за скоро 1.000 денари, а од почетокот на кризата (март) за над 2.300 денари. Инфлацијата повторно расте, а потрошувачката кошница продолжува да поскапува и по ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија порача дека отворањето на поглавјата со Европската Унија суштински важно за иднината на Македонија, затоа што носи пристап до европските фондови што се од директна корист за граѓаните. „Ајде да ги расчистиме овие работи. Што е целиот тој пакет којшто нас ќе ни овозможи да ги отвораме поглавјата и да ги добиеме толку посакуваните и очекуваните и потребни европски фондови, од ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија рече дека актуелната власт со неодговорна и националистичка реторика намерно ги влошува односите со соседите и создава вештачки непријатели, наместо да работи во интерес на државата и на европската иднина на граѓаните. Филипче истакна дека пропагандата на ВМРО не само што не донесе никаква заштита на националните интереси, туку директно ја закочи државата. „Дојде на власт ...

Во изминатата недела е забележано значително зголемување на бројот на деца со респираторни инфекции на детското одделение во Општата болница во Куманово. Лекарите информираат дека дневно се извршуваат околу 80 прегледи, што претставува дополнителен притисок врз педијатриските служби. Началничката на одделението, д-р Маргица Арсовска, посочува дека обемот на работа не е намален уште од септември, но дека во последните денови има нагло ...

Граѓаните се соочуваат со сè повисоки цени и сè потежок живот, а владата на Мицкоски нема решенија. Нема зголемување на платите, нема мерки за подобар стандард, економијата тоне. Снемува пари. А кога ќе снема пари во буџетот… ете ни избори. Сѐ што СДСМ го посочуваше изминатиот период се потврдува. Власта шверцерски протнува законски измени на Законот за Влада, сакаат да ја укинат техничката влада односно единствениот механизам за контрола во ...

Почина Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка и уредничка во Македонската радио-телевизија – соопшти нејзиното семејство. Алтипармакова целиот работен век го помина во јавниот сервис, каде што работеше како спикерка, новинарка и уредничка, оставајќи значаен белег во македонското новинарство и медиумскиот простор. Погребот ќе се одржи утре (22 април) во 11.30 часот на гробиштата „Бутел“ во Скопје. МИА Почина Лилјана Алтипармакова, ...

Ќе се ограничат маржата на вештачките ѓубрива и растот на цените на ѓубривата на домашниот пазар. Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, за 10 отсто ќе се намали продажната цена на резервите ѓубрива што продавачите ги набавиле по стари цени. Овие одлуки ги донела Владата на денешната седница, а ќе важат до 31 мај годинава. Дополнително, информира Трипуновски, се воведува и обврска за ...

Лидерството на Зоран Заев и Алексис Ципрас беше пресудно да се постигне Преспанскиот договор, вели американскиот дипломат и посредник во македонско-грчките преговори Метју Нимиц во документарниот филм „Договор со историјата“, што промотивно беше прикажан во Скопје. Во изјава за Рацин.мк, Соња Крамарска, една од авторите на филмот, заедно со Душко Арсовски, вели дека мотивацијата да се направи овој филмски документ е затоа што Преспанскиот ...

Ај честито и злато си, честам ручек, му напишала поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска на неговиот колега Миле Столевски, кој во нејзино име полагал испит за да добие сертификат со највисок степен на доверливост. Пораката е една од оние што денеска ги презентираше Обвинителството пред судот. Според доказите презентирани пред судот, Димотровска му ги дала своите корисничко име и ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ги искажа впечатоците за вчерашниот пораз од Манчестер сити во 33. коло од англиската Премиер лига. Натпреварот се одигра на стадионот „Етихад“ во Манчестер и заврши 2:1 во корист на „Граѓаните“. -Сакавме да постигнеме добар резултат, направивме многу правилни работи за да ја доведеме играта таму каде што сакавме. Имавме големи шанси, но не ги реализиравме и тоа е реалноста, изјави Артета за „Би-би-си“. ...

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за суспензија на теренот на стадионот „Башкими“ во Куманово по инцидентот на вчерашниот натпревар со Струга Трим Лум. Воедно, против ФК Башкими 1947 Куманово и лицето Бурак Хида се покренува дисциплинска постапка, а предметот се доставува на понатамошно постапување пред Дисциплинската комисија на ФФМ. – Фудбалската федерација на Македонија најостро ги осудува сите форми на насилство и ...

„Руски научници развија сензор базиран на графен и полимери, отпечатен на обична канцелариска хартија, кој е способен да детектира дијабетес и други заболувања во реално време преку анализа на издишаниот воздух. Уредот прецизно ги детектира молекулите што претставуваат маркери на болести“, соопшти прес-службата на Институтот за физика на полупроводници (ИФП) „Ржанов“ при сибирското одделение на Руската академија на науките. – Постигнавме ...

Питата со спанаќ е традиционално јадење кое совршено ја спојува крцкавата кора со сочен и фил. Идеална е како појадок, главен оброк или како вкусна закуска, а се подготвува релативно лесно со состојки кои често ги имаме дома. Состојки за кората: 600 грама кори за пита (пожелно малку подебели) За филот: 700 грама младо сирење 600 грама спанаќ (свеж или замрзнат) 3 јајца 2 лажици пченкарно брашно (палента) 2 мали лажички сол 1 мала лажичка ...

„Супер Марио Галаксија – филмот“ трета недела по ред се наоѓа на врвот на бокс-офис листата во Северна Америка, пренесоа американските медиуми. Во текот на изминатиот викенд, продолжението на анимираниот хит „Супер Марио Брос – Филм од 2023 година оствари приходи од 35 милиони американски долари од продажба на билети во киносалите во САД и Канада. Продукцијата, која е дистрибуирана од „Јуниверзал Пикчрс“, досега има вкупна заработка од 747,5 ...

Гостиварец вчера возел со брзина од 178 км на час надвор од населено место каде дозволената брзина е 80 километри на час – утврдила полицијата со помош на специјално возило пресретнувач. Возилото е одземено и возачот К.И. (44) ќе се соочи со санкција согласно одредбите од член 297-а и 300-б од Кривичниот законик. – На патот Гостивар – Тетово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик, како и уште еден обид да изврши тешка кражба од истиот објект. Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осмничениот 39-годишен косовски државјанин на 11 април со тесла го скршил стаклото од влезната врата на тобако-маркет во Скопје, влегол ...

Американските сили пресретнаа и презедоа контрола врз товарен брод под иранско знаме во Оманскиот Залив, откако се обидел да ја пробие поморската блокада во близина на Ормуската Теснина, изјави претседателот Доналд Трамп, додека Техеран вети дека ќе одговори. Иран „наскоро ќе одговори“, пренесе Press TV, медиум близок до раководството на земјата, цитирајќи ја врховната заедничка воена команда на Иран, пренесе ДПА. Трамп на својата платформа ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повика на брзи реформи во Унгарија по изборната победа на опозицијата, нагласувајќи дека напредокот е клучен за деблокирање на милијардите евра замрзнати средства од ЕУ. Говорејќи на настан по повод 80 години од весникот „Die Zeit“, таа синоќа изјави доколку Будимпешта не ги исполни условите до крајот на август, би можела да остане без околу 6,5 милијарди евра средства од ...

Цените на нафтата денеска нагло пораснаа, додека обновените тензии меѓу САД и Иран ги потресоа пазарите, пренесе ДПА. Нафтата од типот „брент“ за испорака во јуни се тргуваше за повеќе од 7 отсто повисоко во споредба со претходната недела, достигнувајќи 97 долари за барел, додека американската референтна нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) забележа слични покачувања. На почетокот на ескалацијата кон крајот на февруари, „брент“ се тргуваше ...

Владата на САД ја обнови дозволата за купување санкционирана руска нафта натоварена на танкери за уште еден месец, според документ објавен на веб-страницата на Министерството за финансии. Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД издаде нова дозвола во петокот, според која руска нафта и нафтени производи натоварени на танкери до 17 април можат да се купат до 16 мај, се вели во документот. ...

Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија ги објави на својата веб-страница привремените резултати со обработени 68,34 проценти од протоколите од страна на секциските изборни комисии (СИК) во окружните изборни комисии (ОИК). Податоците се од 7:00 часот наутро по бугарско време (6 по македонско), пренесе БТА. Резултатите од изборите за пратеници во 52-от состав на парламентот, спроведени вчера, ја покажуваат следната распределба: ...

Целосно сме обезбедени за период од два месеци. Ако не се обнови пловидбата низ Ормуската Теснина, ситуацијата потоа ќе стане потешка, изјавил за висок функционер од секторот на рафинерии за грчкиот весник „Катимерини“ во однос на состојбата со резервите на гориво во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот објаснува дека Грција располага со четири рафинерии (две во близина на Атина и една во Солун на „HELLENiQ ENERGY“ и една на ...

Eврокомесарката за проширување, Марта Кос, денеска ќе објави дека Европската Унија замрзнува 1,5 милијарди евра наменети за Србија поради контроверзните судски реформи усвоени од Белград во јануари, објави бриселски „Политико“. Се очекува комесарката Кос да нагласи дека Белград нема да добие ниту еден цент од грантовите на ЕУ наменети за хармонизација со Унијата се додека Венецијанската комисија на Советот на Европа не го објави своето ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
33%
1003
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
3.13
38%
1002
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
52%
1001
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
17%
1006
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.15
43%
1005
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
95%
1001
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.13
59%
1003
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1006
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
40%
1005
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
45%
1005
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
5.66
29%
1002
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
5.66
48%
1005
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Платина

68577.54

Иридиум

253540.09

Сребро

2812.48

Злато

151413.64

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Калај

55.99

Родиум

320703.70

Паладиум

47550.95

Бакар

13.22

Алуминиум

3.64