Со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври. Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна Македонија. Со ...

– По седум години, културата и туризмот повторно се во фокусот на Владата, со јасна цел повторно да бидат препознатливо обележје и двигател на развојот на Македонија. Особено значајно во оваа насока е зголемувањето на средствата за Годишната програма во културата, па така од доделени 768 милиони денари во 2023 година се зголеми на 1 милијарда и 71 милион денари во 2026 година, што претставува раст од речиси 40 проценти – рече Велика Стојкова ...

Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари и е намалена за 156 денари во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 метри квартатни, вредноста на синдикалната минимална кошница изнесува 83 873,00 денари. Најголем дел од трошоците одат за храна и пијалоци – 25.012 денари. Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари и е намалена за ...

ТИТАН Усје продолжува да инвестира во развојот на идните инженерски кадри преку активности што го поврзуваат академското образование со практичната примена на знаењето. Во рамки на оваа заложба, 28 студенти и професори од Градежниот факултет реализираа стручна студиска посета во Солун, Грција. Делегацијата беше предводена од главниот извршен директор на ТИТАН Усје Константинос Николаoу, заедно со претставници од тимовите за готов бетон, ...

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за академската 2026/2027 година. Првиот уписен рок ќе се реализира на 19, 20 и 21 август, а системот за електронско пријавувње веќе е отворен, каде идните студенти ќе можат електронски да ги поднесат своите пријави за запишување. Во писменото соопштение на УГД се вели дека според конкурсот, годинава на Универзитетот се предвидени 3.341 ...

Постапката што Европската комисија ја покрена против Португалија поради неисполнување на целите за рециклирање е уште еден сигнал дека Европската Унија сè построго ќе го следи спроведувањето на еколошките политики. Истовремено, ова е и јасна опомена за земјите кандидати, меѓу кои е и Македонија, дека развојот на ефикасен и транспарентен систем за управување со отпадот повеќе не е избор, туку неопходност. Брисел испрати образложено мислење до ...

Глобалната побарувачка за бакар продолжува да расте, а експертите предупредуваат дека во наредните децении светот ќе се соочи со сериозен недостиг од овој критичен минерал. Според рударскиот инвеститор Френк Џустра, дури и отворањето на шест големи рудници секоја година во следните дваесет години нема целосно да ја задоволи побарувачката на светскиот пазар. Во меѓувреме, Македонија располага со значајни резерви на бакар, што го потврдува и ...

Првичните лабораториски анализи на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажале отстапувања кај мострите од вода земени на четири локации во Гостивар, објави „Слободен печат“, повикувајќи се на свои извори. Според информациите, резултатите веќе се изготвени, но нивната содржина засега не е официјално објавена, бидејќи најнапред ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, кое води постапка за утврдување на причините за епидемијата. ...

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, упати јавна пофалба за работата на македонските дипломати во Брисел, оценувајќи дека забележал позитивни промени во функционирањето на дипломатската мрежа и во пристапот кон претставувањето на државата пред европските институции. Азески во својата објава посочи дека низ долгогодишната кариера често соработувал со дипломатијата и дека за Министерството за надворешни ...

Земјоделците редовно да ги наводнуваат посевите, да ја следат евентуалната појава на болести и штетници и да ги почитуваат препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите на УХМР. Според нив, сите активности кои се итни, треба да се извршуваат рано наутро или приквечер. -Изминатава седмица имавме сончево и топло време со повремени врнежи од дожд на некои места. Топлото време доведува до зголемување на транспирација и ...

Со зголемувањето на бројот на туристи во екот на летната сезона, хрватските власти најавија мерки за побрз проток на патници на граничните премини, со цел да се избегнат повеќечасовни задржувања. Министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ, соопшти дека граничната полиција ќе може привремено да ги поедностави процедурите од новиот европски Систем за евиденција на влез и излез (EES) во ситуации кога ќе се создадат големи ...

На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, додека пак на преминот „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ укажува дека на грчката страна од премините времето на чекање постојано варира ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за одбрана, Законодавно-правната комисија, Комисијата за надворешна поитика и надворешна трговија и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати ...

Такси возач од Гевгелија бил физички нападнат и ограбен во Скопје, откако превезувал двајца патници кои, според договорот, требало да ја платат услугата по пристигнувањето на крајната дестинација. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен во раните утрински часови на 19 јули. Според пријавата на 56-годишниот возач, околу 2 часот по полноќ во неговото возило влегле две лица кои побарале превоз до населбата ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја стабилизира состојбата, да спроведе клучни системски реформи и да реализира значајни инвестиции во културата и туризмот, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение што МИА го објавува интегрално. Во изминативе две години, фокусот беше ставен на воспоставување системски пристап во управувањето со културата и тоа преку стратешко планирање, започнување на законски реформи, финансиска стабилизација и капитални ...

Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денеска ќе се сретне со шаховската велемајсторка Јудит Полгар и ќе ѝ предложи да ја преземе функцијата претседател на државата. Најавата ја објави самиот Маѓар на социјалните мрежи, истакнувајќи дека би му претставувало голема чест доколку Полгар ја прифати кандидатурата. Во својата објава, Маѓар оцени дека Јудит Полгар со децении претставува симбол на талент, истрајност и интегритет и дека Унгарија има ...

Трагично заврши потрагата по тројцата патници кои од саботата навечер се водеа како исчезнати, откако нивното возило било пронајдено превртено во близина на границата со Косово. Според информациите објавени од Алсат, во автомобилот „мерцедес“ со германски регистарски таблички биле пронајдени телата на Ејуп Тернава, Џенет Тернава и Фатмире Шабани. Тројцата последен пат биле видени во Скопје, околу 22 часот, откако заминале од Меѓународниот ...

Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика. Прогресот е околу 80 до 90 проценти и се очекува реконструкцијата да биде завршена согласно утврдениот рок односно до крајот на летото. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека се работи паралелно на четири проекти и дека реализацијата оди добро. – Таму имаме четири проекти што се одвиваат паралелно. Прогресот е некаде меѓу 80 и 90 ...

За денеска е закажан состанок со производителите и со дистрибутерите, на којшто ќе се разговара за продажните и набавните цени на основните производи. Како што кажа во четвртокот министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, по седницата на Економско-социјалниот совет, контролите што ги спроведе Државниот пазарен инспекторат на над 700 производи покажале дека во периодот од мај 2025 година до мај 2026 година, просечните набавни цени кај ...

Собранието денеска ќе ја одржи 115.седница, на чиј дневен ред е и Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна Македонија Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за изменување на одлуката за одобрување продолжување на рокот за ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да ја објави новата одлука за малопродажните цени на горивата, а според движењата на светските пазари се очекува бензините и дизелот повторно да поскапат. Очекувањата за нов раст на цените ги потврди и премиерот Христијан Мицкоски, кој изјави дека Владата веќе ги анализира состојбите, но дека конечната пресметка ќе ја направи Регулаторната комисија за енергетика. Како главни причини за ...

Ирак започна подготовка на нова стратегија за извоз на сурова нафта, со која сака да ја намали зависноста од Ормутскиот теснец – една од најважните, но и најризичните поморски рути за глобалната трговија со енергенси. Министерот за нафта Басим Мохамед Худаир соопшти дека се разгледува изградба на нов нафтовод кој би ги поврзал нафтените полиња во Басра и Киркук со турското медитеранско пристаниште Џејхан. На овој начин, значителен дел од ...

Крушево од денес располага со Центар за услуги, кој ќе им овозможи на граѓаните полесен пристап до електронските сервиси и поддршка при нивната употреба, информираше денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, официјално го отворија новиот Центар за услуги во Крушево. Ова е шеснаесетти ваков објект во рамките на мрежата на ...

На територијата на Општина Гостивар официјално е прогласена епидемија, откако во изминатите денови нагло се зголеми бројот на лица кои побараа лекарска помош поради акутни стомачни тегоби. Иако здравствените служби интензивно работат на утврдување на причините, засега нема официјална потврда што стои зад појавата. Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека здравствените установи и понатаму бележат голем број нови пациенти. Според ...

Иран успеал да извезе околу 70 милиони барели сурова нафта во периодот кога Соединетите Американски Држави привремено ги олесниле санкциите кон неговиот енергетски сектор, објавува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на податоци од организацијата „Обединети против нуклеарен Иран“ (United Against Nuclear Iran). Според проценките, извозот во периодот од средината на јуни до средината на јули достигнал вредност од меѓу пет и шест милијарди ...

Воведувањето на новиот европски систем за евиденција на влез и излез (Entry/Exit System – EES) веќе предизвикува значителни задржувања на повеќе аеродроми низ Европа, а патниците од земјите кои не се членки на Европската Унија се соочуваат со подолги процедури при пасошката контрола. Според аеродромските власти, биометриската регистрација на патниците, која подразбира земање отпечатоци од прсти и фотографирање на лицето, значително го ...

ВМРО-ДПМНЕ денеска упати остри критики до раководството на Општина Гостивар, оценувајќи дека локалната власт сноси политичка одговорност за состојбата поради која голем број граѓани побараа медицинска помош во изминатите денови. Од партијата тврдат дека повеќе од илјада жители на Гостивар, меѓу кои и деца, се јавиле кај лекар со симптоми на стомачни тегоби и труење, а како една од можните причини ја посочуваат исправноста на водата за пиење. ...

Основното јавно обвинителство Гостивар одржува континуирана комуникација со Институтот за јавно здравје. Таму, по барање на јавен обвинител, се спроведуваат тестирања и анализи за проценка на квалитетот на земените примероци од водата од локалниот водовод во Гостивар. Се очекува наодите да бидат завршени утре, со цел да се одреди понатамошниот правец на дејствување, информираат од Обвинителството. “Според објавените информации, извештаите ...

Граѓаните од утре ќе дознаат дали ќе плаќаат уште поскапо за горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика ќе ја објави новата одлука за малопродажните цени што ќе важат во наредните седум дена. Очекувањата се дека бензините и дизелот повторно ќе добијат повисоки цени, како резултат на двата клучни фактори што влијаат врз домашниот пазар – растот на цената на суровата нафта на светските берзи и зајакнувањето на американскиот долар. ...

Во 2024 година, Европската Унија располагала со 15,7 професионални судии на секои 100.000 жители, што претставува пад во однос на 17,7 во 2014 година. Македонија, според податоците од Евростат, во 2024 година имала 20,1 судија на 100.000 жители. Исто како и во ЕУ, и кај нас бројот на професионални судии бележи тренд на опаѓање. Во споредба со 2019 година, кога имало 24,3 судии на 100.000 жители, сега бројката е намалена за повеќе од четири. ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Злато

130856.75