Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Градот Скопје и Министерството за култура и туризам денес потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на културата, туризмот и културно-туристичката понуда на главниот град. Меморандумот, потпишан од градоначалникот на Град Скопје и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претставува важен чекор во подготовките за „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“ и има за цел посилна институционална координација во развојот и ...
Војната во Иран продолжува да ја тестира отпорноста на банките и претпријатијата во ЕУ, при што растот на цените на енергијата ја зголемува инфлацијата и го нарушува економскиот раст, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). – Сегашниот шок во снабдувањето со енергија носи нагорни ризици за инфлацијата и надолни ризици за економскиот раст – изјави потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гиндос, цитиран во соопштение за медиумите во ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) започнува консултативен процес за предлог националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030, со акциски план за нејзино спроведување. Националната стратегија 2026-2030, како што информираа денеска од ДКСК, претставува клучен стратешки документ за превенција на корупцијата и зајакнување на институционалниот интегритет, подготвен преку широк консултативен ...
Јадранка Клариќ-Кимовска, вински експерт, сопственичка на винскиот бар Wine Berry и основач на Wine Escape, годинава беше дел од судискиот тим на Decanter World Wine Awards 2026 (DWWA), како единствениот претставник од Македонија меѓу судиите на годинешното издание. Decanter World Wine Awards важи за еден од најпрестижните, највлијателните и најрелевантните вински натпревари во светот. На годинашното издание беа оценувани повеќе од 17 000 ...
Квалитетот на јавните политики, нивната предвидливост и начинот на кој се вклучуваат засегнатите страни во процесот на нивно креирање се важни предуслови за подобро деловно окружување, значајни иновации, поголема конкурентност и долгорочно одржлив економски развој. Ова беше во фокусот на работниот дијалог „Редефинирање на креирањето јавни политики: од консултации до заедничко создавање“, организиран од Американската стопанска комора (АмЧам) ...
Само еден од двајца анкетирани планираат да одат на одмор годинава, осум од десет одбираат поекономични типови одмор (викендички, изнајмени соби), додека пак мнозинството ја одбираат континентална Грција, за да ги избегнат трошоците за траекти, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од грчкиот Институт за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина. Од анкетираните, 50 ...
Американскиот трговски претставник, Џејмисон Гриер, синоќа изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира воведување нови царини за партнерите од договорот за слободна трговија меѓу САД, Мексико и Канада (УСМКА). Гриер наведе дека Вашингтон има сериозни нерешени прашања во трговските односи со Канада и оти е неопходно воведување царини поради големиот трговски дефицит. „Ќе мора да воведеме царини додека го имаме овој ...
Меморандум за соработка во областа на циркуларната економија помеѓу УКИМ, заедно со Градежниот факултет и Економскиот факултет и партнерските институции од Северна Рајна-Вестфалија ќе биде потпишан денеска на настан во Ректоратот на УКИМ, на кој ќе присустува и министерката за образование и наука Весна Јаневска. УКИМ, настанот го организира со Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, а Меморандумот ќе биде потпишан ...
Македонијатурист продава дел од своите познати објекти во Скопје, а паралелно инвестира во нова атрактивна локација во Општина Аеродром. Компанијата донела одлука да ги отуѓи хотелите „Бристол“ и „Јадран“, познат и како Арапска куќа, заедно со дополнителен недвижен имот во централното градско подрачје. Одлуката била усвоена на седница на Собранието на акционери одржана на 22 мај, а информацијата е објавена преку Македонската берза. Покрај ...
Американската авиокомпанија American Airlines најави голема модернизација на својата флота, со план повеќе од 500 авиони да бидат опремени со сателитски интернет од Starlink, услугата на компанијата SpaceX. Според најавите, инсталацијата на новиот систем ќе започне следната година и ќе опфати голем број авиони од семејството „Ербас“, вклучувајќи го и модерниот A321neo. Целта е патниците да добијат побрза и постабилна интернет-конекција за ...
Семејство од Скопје бара помош од јавноста по исчезнувањето на повозрасна жена која денеска била последен пат видена во населбата Карпош. Според информациите споделени на социјалните мрежи, жената исчезнала околу 15:15 часот во близина на основното училиште „Петар Поп Арсов“. Во моментот кога била забележана, носела розови тренерки и блуза со црно-бели пруги. Семејството наведува дека жената изгледа како на фотографијата објавена во апелот и ...
Цените на нафтата повторно забележаа остар раст на светските берзи, откако новите судири меѓу САД и Иран предизвикаа стравувања од дополнителна ескалација на кризата на Блискиот Исток и можни проблеми во снабдувањето. На лондонската берза, цената на барелот „брент“ се искачи над психолошката граница од 100 долари, додека американската WTI нафта исто така бележи значителен раст. Аналитичарите предупредуваат дека нестабилноста во регионот ...
По потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу двете влади, имав задоволство да учествувам на сесијата за економски дијалог и вмрежување меѓу институционалните претставници и бизнис-заедницата, каде што беа разгледани конкретни можности за нови инвестиции, проширување на економската соработка и зајакнување на врските меѓу јавниот и приватниот сектор – изјави директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, во врска со денеска потпишаниот Договор ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и нејзиниот хрватски колега, министерот за економија на Република Хрватска, Анте Шушњар, денеска, во Охрид го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во енергетскиот сектор меѓу двете земји. Меморандумот беше потпишан во рамките на работниот дел од посетата на висока хрватска делегација на земјава, предводена од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Во ...
Шефот на ерменската дипломатија Арарат Мирзојан и американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Ереван потпишаа договор за стратешко партнерство помеѓу двете земји. Тие потпишаа и рамковен договор за критични минерали и договор за соработка за предложен транзитен коридор од 43 километри што би поминувал низ јужна Ерменија и Азербејџан за да обезбеди директен пристап до нејзината енклава Нахчиван, а со тоа и до Турција, близок ...
Во рамки на посетата на хрватскиот премиер во Македонија, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на Андреј Пленковиќ, претседател на Владата на Хрватска и на Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Македонија им врачи Награда на Стопанската комора на Северна Македонија за личности кои најмногу допринеле за регионална бизнис интеграција. Наградата е признание за нивиот особен придонес кон поддржувањето на регионалната ...
Иранските државни медиуми денеска ги објавија црвените линии Техеран во преговорите со САД. Тоа се нуклеарната програма, Ормуска Теснина и замрзнатите средства. Иранската новинска агенција (ИРНА) наведе дека „инфраструктурата на иранската нуклеарна програма“ не е предмет на компромис. Иран поседува речиси 400 килограми високо збогатен ураниум, за кој Техеран тврди дека е за мирнодопски цели. Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ...
Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека владите треба внимателно да реагираат на растот на цените на храната и енергијата, за да ги заштитат граѓаните без дополнително да ја поттикнат инфлацијата или да создадат притисок врз државните буџети. Во најновата анализа, економистите на ММФ посочуваат дека актуелниот енергетски шок, поврзан со тензиите на Блискиот Исток и растот на цените на нафтата и гасот, претставува сериозен удар за ...
Глобалната побарувачка за бакар и критични минерали расте, а соседните држави веќе ги активираат своите рударски капацитети. Грција и Бугарија отвораат нови рудници и привлекуваат инвестиции вредни милијарди долари. Во меѓувреме, Македонија сè уште не успева да го стави во функција еден од најголемите рударски проекти во регионот – „Иловица-Штука“, кој останува заглавен меѓу административни процедури, политички пресметки и отпор од дел од ...
Општина Куманово распиша два јавни повика за финансиска поддршка на здруженија кои ќе реализираат превентивни активности во областа на социјалната, детската и здравствената заштита. За овие намени од општинскиот буџет се обезбедени вкупно 650.000 денари. Првиот јавен повик за реализација на социјална, детска и здравствена заштита се однесува на финансиска поддршка за организирање превентивни мерки и активности од областа на социјалната и ...
Актуелната економска состојба, предизвиците со кои се соочува бизнис секторот и мерките за поддршка на домашните компании, беа темите на денешната средба на министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и заменик-министерот Марјан Ристески со претставници на трите најголеми бизнис-комори во државата и Организацијата на работодавачи на Македонија. На средбата присуствуваа Горан Ѓорѓиевски – претседател на Сојузот на стопански комори на ...
Вкупната бруто-произведена електрична енергија во март 2026 година изнесува 531.062 МWh, што претставува 79,6 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Во март годинава се потрошени 667.016 МWh електрична енергија, 16.222 мил. нм3 природен гас, 289 340 тони јаглен и 75.475 тони нафтени продукти. Потрошувачката на природен гас е намалена за 68,1 % како резултат на намалената активност на когенеративните постројки, а за 14,7 % ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за корекција на цените на горивата, според која од полноќ поскапуваат бензините и екстра лесното масло за домаќинство, додека цената на дизелот останува непроменета. Согласно одлуката, за 0,50 денари по литар се зголемуваат цените на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 87,50 денари за литар, додека Еуросупер ...
– Обезбедување одржливи и стабилни јавни финансии на среден и долг рок, спроведување постепена и одговорна фискална консолидација преку намалување на буџетскиот дефицит, зачувување на макроекономската и финансиската стабилност во услови на енергетска и ценовна нестабилност, како и создавање услови за одржлив економски раст и зголемување на економската отпорност на идни кризи. Ова се главните цели на фискалната политика поставени во Фискалната ...
Во Општина Чаир денеска официјално беше пуштен затворениот базен во населбата Топанско поле, проект во вредност од еден милион евра поддржан од Владата и Министерството за спорт. затворен базен во Топанско поле Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити нагласи дека од следната учебна година, на околу 1.800 деца ученици од 5-то и 6-то одделение од оваа општина пливањето ќе им биде задолжителен предмет во наставната програма и базенот ќе ...
Изолирана појава на нестабилност утре и нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер в четврток на повеќе места прогнозира Управата за хистрометеоролошки работи. -Локално утре и во четврток процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град, соопшти УХМР. Според прогнозата на Управата, преодно стабилизирање на времето ќе има ...
Во нов, современ простор во срцето на Скопје, Стопанска банка АД – Скопје ја отвори својата нова централна филијала, сместена во новата управна зграда на Банката. Станува збор за простор создаден да им понуди поудобно и помодерно банкарско искуство на клиентите. Како Банка со најдолга традиција во Македонија, Стопанска банка со овој нов објект отвора ново поглавје во своето работење, комбинирајќи современ дизајн, функционалност и финансиски ...
Количеството превезена стока во товарниот патен превоз во првиот квартал годинава е намалено за 19,4 проценти во однос на истиот квартал од претходната година – објави Државниот завод за статистика. Наспроти товарниот патен превоз, во првите три месеци од годината, во споредба со истиот период лани, статистиката евидентира зглемување на количеството превезена стока во железничкиот превоз за 14,2 проценти, а во воздухопловниот за 34,1 ...
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во првиот квартал годинава во однос на претходниот квартал се зголемени за 0.8 проценти, трошоците за материјали за 1 процент, a трошоците за вработените за 0.4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од годинава, во однос на истото тримесечје од претходната година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се ...
Во време во кое потрошувачите сè повеќе бараат баланс помеѓу вкусот и свесниот начин на исхрана, Виталиа на PLMA Амстердам 2026 ја претстави својата најнова иновација – линијата Elements Air-Popped Crisps. Како дел од еден од најзначајните светски саеми за приватна марка, Виталиа и оваа година беше присутна таму каде што се создаваат идните насоки на прехранбената индустрија. На овогодинешниот PLMA доминираа протеински производи, ...